Почитувани граѓани на Дебар и населените места околу градот! СДСМ во Советот на Општина Дебар во изминатите години секогаш била проактивна политичка партија со постојана поддршка и критика кон одлуките донесувани во Советот на Општина Дебар. Нашето учество преку советниците беше значајно во донесувањето на одлуките за развој на општината, постојана поддршка на сите проекти релизирани од страна на Општина Дебар во изминатиот период. Како политичка партија сме во постојан контакт со граѓаните и од контактите со нив заклучивме дека еден од битните проблеми на граѓаните е немањето урбанистички планови за малите населени места. Затоа во наредниот период основна задача ќе биде да бараме урбанизација на сите населени места надвор од градот, заштита на животната средина, чисти улици, изградба на локални патишта и улици во сите населени места и градот Дебар.
Заради потребите на граѓаните за градба на семејни објекти, има потреба од итно донесување урбанистички планови за сите населени места надвор од градот Дебар.
Со донесувањето на урбанистичките планови значително ќе се намалат дивоградбите во Општина Дебар.
Сите граѓани на Општина Дебар
2 години