Почитувани сограѓани,

Изминатите години беа период исполнет со работа, вложување и многубројни предизвици. Имав чест повторно да бидам вашиот глас и вашата сила, да бидам одговорен за развојот на нашата Демир Капија и да ја претворам во општина што секојдневно напредува и се менува на подобро.

Денес, кога ја погледнувам целокупната слика на нашата заедница, гледам успешни резултати што ги направивме заедно – модерна инфраструктура, реконструирани училишта и градинки, развиен туризам и средина во која граѓаните се почитувани и слушнати.

Горд сум што успеавме да направиме од Демир Капија препознатлива мала општина што ја следат успех и динамика во развојот.

Но знам дека нашата работа не застанува тука. Пред нас се нови можности и нови чекори што треба да ги направиме – чекори што ќе ја унапредат економијата, ќе создадат нови работни места, ќе обезбедат почиста и поуредна животна средина и ќе понудат подобри услови за живот за секое семејство.

Со заедничка енергија, доверба и посветеност можеме да ја изградиме и развиеме Демир Капија во уште поубаво место за живеење, инвестирање и создавање иднина за младите поколенија. Научив многу во изминатите два мандата, како од успесите, така и од грешките и денес сум уште посилен, поискусен и подготвен да продолжиме заедно да реализираме успешни проекти што ќе придонесат нашата Демир Капија да продолжи по патот на напредокот.

Со почит и благодарност,

Лазар Петров

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СДСМ И КОАЛИЦИЈАТА – ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА

  • 1. Ивана Лазова
  • 2. Димитар Симитчиев
  • 3. Јулија Иванова
  • 4. Соња Симонова
  • 5. Мустафа Смаилов
  • 6. Александар Јанев
  • 7. Марија Петревска
  • 8. Орданче Дончев
  • 9. Изабела Ристова

Почитувани наши сограѓани, Како кандидати за советници стоиме исправено пред вас и ја бараме вашата поддршка, не поради наш личен интерес, туку за сите нас, за нашата Демир Капија, за заеднички да придонесеме за наша подобра иднина. Сведоци сме дека во изминатиот период Демир Капија бележеше напредок на секое поле, се вложуваше во инфраструктура, во спорт, во култура итн. Но секогаш може повеќе, сѐ уште ни претстои многу работа со која ќе ги подобриме условите за живот во секое населено место. Во иднина ние ќе бидеме вашите претставници, вашиот глас, ние ќе бидеме мостот што поврзува и што гради заедништво меѓу граѓаните и локалната самоуправа. Секој еден граѓанин е важен, секој еден граѓанин заслужува почит, заслужува да биде слушнат, заслужува да биде дел од општественото живеење и дејствување. Затоа сите заеднички да продолжиме по патот на успехот и на просперитетот, да ги довршиме започнатите работи, но и да бидеме креатори на нови успешни приказни што ќе ја направата нашата Демир Капија поубаво место за живеење.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во изминатиот период Општина Демир Капија реализира голем број проекти што значително го подобрија квалитетот на животот на граѓаните. Извршена е реконструкција и изградба на улици, локални и регионални патишта, поставена е нова сообраќајна сигнализација и изградена пешачка патека.

Со многубројни инвестиции во водовод и канализација, како и со изградба на нови каптажи и резервоари, обезбедено е поквалитетно и постабилно водоснабдување и современо управување со отпадните води.

Посебно внимание посветивме на урбаното уредување, јавната хигиена и заштитата на животната средина – со набавка на нова комунална механизација, контејнери, уредување на паркови, спортски и рекреативни простори, како и означување и мапирање на планински патеки. Во областа на културата и образованието е извршена реконструкција и модернизација на Домот на култура, музејот на виното, училиштата и градинките.

Со овие вложувања создадовме подобри услови за живеење, почиста и поуредена општина и поголеми можности за спорт, култура, туризам и одржлив развој.

  • Патна инфраструктура и улици
    • Реконструкција на регионален правец Р29171 и Р29178 (дел од обиколница – 1.150 м)
    • Реконструкција на ул. „Јане Сандански“
    • Локален пат Демир Капија – Попова Кула
    • Улици во Чифлик и Прждево
    • Изградба на улици во с. Бистренци и с. Корешница
    • Реконструкција на пат Демир Капија – Клисура (5 км)
    • Изградба на клучка за поврзување на обиколница со автопат
    • Асфалтирање улици и поставување сообраќајна сигнализација
  • Водовод и канализација
    • Реконструкција и надградба на колекторски системи
    • Изградба на атмосферска и фекална канализација во повеќе населени места
    • Изградба на водовод и канализација во излетничко место Дошница
    • Нов резервоар за вода во с. Корешница
  • Јавна хигиена и комунални услуги
    • Набавка на специјализирани комунални возила
    • 500 пластични канти
    • 20 поцинковани контејнери
    • Контејнери за селекција на отпад
  • Јавно осветлување и енергетика
    • Изградба на улично осветлување на ул. „Обиколница“
    • Изградба на улично осветлување во парк Демир Капија
  • Урбано уредување и паркови
    • Партерно уредување во с. Бистренци
    • Уредување спортски и рекреативни простори
    • Парк по крајбрежјето на р. Бошава со пешачки патеки и урбана опрема
  • Спорт и рекреација
    • Изградба на фудбалско игралиште (I фаза)
    • Означување и мапирање на 10 планински велосипедски и пешачки патеки
    • Уредување качувачки локалитет
  • Култура и образование
    • Реконструкција на Музеј на виното
    • Реконструкција на Домот на културата
    • Реновирање на повеќенаменска сала и набавка на музичко-сценска опрема
    • Целосна реконструкција на училиштето во с. Прждево
    • Адаптација на училиште во Центар за ран детски развој
    • Реконструкција на градинка во с. Корешница
  • Животна средина
    • Реконструкција и изградба на каптажи
    • Нов водовод и канализација во излетничко место Дошница
    • Уредување парк со зелени површини и урбана опрема
    • Набавка на контејнери за селекција на отпад
    • Еко-туристички патеки
    • Инсталирање смарт-земјоделски мерни станици

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто повторно се кандидирате? Што е мотивот?

Основен мотив за мојата повторна кандидатура е самата Демир Капија, нејзиниот напредок, благосостојбата на нашите граѓани, на моите сограѓани, кои досега ми ја даваа својата поддршка и веруваа во мене. Поминавме долг пат, но имаме уште многу пред нас, многу работи се започнати и треба да се довршат, но многу и допрва ни претстојат, потребно е многу време, работа и труд за да се исцрта една успешна приказна, нашата имаше тежок но успешен почеток, сега е потребно тој успех да продолжиме да го градиме во континуитет.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој?

Визијата е најважна, таа е темел за успешно градење на иднината, таа е двигател на промените, плановите и проектите што треба да се направат за успешно работење и напредок на општината. Без визија нема иднина, нема напредок, нема патоказ што води до успех.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму?

Со оглед на тоа дека поголем дел од инфраструктурните проекти се завршени во изминатите два мандата, сега останува да се фокусираме на други приоритети, најголем предизвик е да ги задржиме младите, да отвориме нови работни места, да го подобриме животниот стандард.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се нашата иднина, за жал, како и во голем број општини во нашата земја, и кај нас бројот на млади се намалува, но како што веќе напоменав, наша цел е да ги задржиме тие што останаа, бидејќи иако сме мала општина, можеме да се пофалиме со многу талентирани и успешни млади луѓе што ја градат и ја гледаат својата иднина туку на родното огниште. Имаме успешни млади спортисти, млади актери, млади научници итн. Тие се наша гордост и наша иднина и затоа ќе продолжиме да ја поддржуваме нивната работа како и досега.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните?

Демир Капија е мало место во кое сите се познаваме и во голема мера меѓусебно се почитуваме, а тоа е најважно. Досега сме немале поголеми проблеми и нарушена безбедност, па очекувам тоа да продолжи и во иднина.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење?

Од мој аспект, делумно е така, но не треба да биде така по секоја цена, има работи што не смееме да дозволиме да ни се случуваат, како, на пример уништување на природата и природните убавини, особено не кај нас, бидејќи ние сме општина што изобилува со природа, па затоа сметам дека ни е потребен развој во одредени области од општественото живеење, но како што реков, не по секоја цена.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Во изминатиот период во повеќе наврати презедовме активности за чистење на дивите депонии на територијата на нашата општина. Сметам дека во иднина треба да биде поактивни и да дејствуваме на полето на едукација на населението и подигање на јавната свест за важноста на еколошки чиста и заштитена животна средина.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Само доколку сите работиме чесно и посветено и во интерес на граѓаните, без скриени задни намери за лични придобивки и бенефиции, тогаш да, иако за тоа е потребно труд и време, бидејќи веќе е направена голема штета поради која граѓаните немаат доверба во системот. Ние во изминатиот период многу работевме за подобрување и зголемување на транспарентноста, и успеавме во тоа.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Како што веќе напоменав, наш приоритет ќе биде да ги задржиме младите, бидејќи во нив ја гледам нашата иднина, и не само младите, најпрво мора да ги лоцираме факторите што влијаат за иселување на нашите граѓани, а потоа и да ги отстраниме.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Длабоко во себе се надевам дека моите сограѓани ме запознаа добро во изминатите осум години, и дека барем малку ја препознаваат или ја искусиле на своја кожа мојата посветеност кон нив и кон Демир Капија, мојата желбата да помогнам на секој еден од нив, иако понекогаш тоа не зависи од мене. Моите сограѓани знаат дека поминавме и добри и тешки времиња во кои јас бев секогаш тука за нив и со нив, знаат дека секогаш се добредојдени кај мене за секој еден проблем, дека се сослушани од мене за секоја нивна идеја или предлог. Секогаш се трудам да се изнајде најдоброто решение за проблемите со кои се соочуваат моите сограѓани. Токму затоа сметам дека треба и овој пат да ја добијам нивната поддршка и им давам чесен збор дека секогаш ќе бидам тука за нив и никогаш нема да ги изневерам ‒ исто како и досега.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Програми и Иницијативи – Демир Капија

  • Младите

    Со нашите политики ќе овозможиме модерно образование и работилници за кодирање, дигитални технологии и претприемаштво. Младинските фестивали и културни настани ќе ги поттикнат да ја покажат својата креативност. Младите ќе имаат и простор за спорт – од локални турнири до спортски кампови. На овој начин секое дете, тинејџер или млад возрасен ќе има шанса да учествува, да расте и да се развива во здрава и инспиративна околина.

  • Жените

    Жените во Демир Капија заслужуваат можности да ги остварат своите соништа. Со обуки за дигитални вештини, управување со бизнис и лидерство, секоја жена ќе има шанса да ја покаже својата креативност и компетенција. Нашите културни и уметнички програми ќе создадат простори каде што жените ќе можат да го изразат својот талент и да се поврзат со заедницата. Спортските активности и здравствените програми ќе им помогнат да водат активен и здрав живот.

  • Пензионерите

    Со активни програми за социјална вклученост, културни и образовни работилници, како и здравствени активности, пензионерите ќе останат активни, здрави и вклучени во заедницата. Од креативни работилници и дигитални курсеви, до прошетки и групни активности на отворено – секој пензионер ќе има можност да биде дел од живата, динамична и поддржувачка локална заедница.

  • Лица со попреченост

    Организирање инклузивни образовни работилници, спортски активности со адаптирана опрема, формирање совет за инклузија.

  • Земјоделци

    Формирање советодавен агроцентар за бесплатни совети; мали општински грантови за набавка на опрема, системи за наводнување, органско производство; организирање работилници и обуки за одржливо земјоделство; поддршка при примена на циркуларната економија; создавање простор за промоција, дегустација и изложба на локалните брендови; организирање вински манифестации и вински туристички маршрути.

  • Дијаспора

    Организирање донаторски културни вечери; спроведување програма за поврзување со дијаспората.

  • Животна средина

    Животната средина ќе ја чуваме за идните генерации – со пошумување, чистење на јавни простори и едукативни програми за деца и млади.

  • Транспорт

    Транспортот ќе го направиме поефикасен и еколошки – со велосипедски патеки, пешачки зони и безбедни сообраќајни решенија.

  • Култура

    Културата ќе биде достапна за сите – со фестивали, изложби, музички настапи и менторски програми за млади уметници.

  • Спорт

    Спортот ќе биде за сите генерации – од децата, преку возрасните, до пензионерите – сите ќе можат да учествуваат во локални спортски активности и натпревари.

  • Заедничка визија

    Нашата визија е едноставна: Демир Капија каде што секој граѓанин има глас, секоја идеја има простор за развој, а секоја генерација се чувствува поддржана. Со меки политики, конкретни активности и проекти, ние заедно ќе ги менуваме состојбите. Секоја акција, секој проект и секоја иницијатива се насочени кон подобрување на квалитетот на животот на сите наши граѓани.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на пречистителна станица за отпадни води – Централно градско подрачје на Демир Капија

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современа пречистителна станица за отпадни води што ќе го опфати централното градско подрачје на Демир Капија, каде што отпадните води најчесто доаѓаат од домаќинства, јавни објекти и угостителски капацитети. Предвиден е биолошки третман со МББ-реактори за отстранување органски материи, нутриенти и патогени супстанции. Станицата ќе биде поставена на локација со природен реципиент – реката Бошава. Со оваа инвестиција се обезбедува трајно решение за собирање, третман и испуштање на употребената вода на безбеден начин, со што ќе се заштити животната средина, ќе се унапреди јавното здравје и ќе се создадат предуслови за одржлив туристички и економски развој на општината.

Влијание на проектот:

Заштита на реката Бошава, подобро јавно здравје, усогласување со ЕУ-стандарди и зголемена атрактивност за туризам и инвестиции. Подобрена хигиена и животни услови во рурални средини, заштита на Вардар и земјиштето, поттик на агротуризам и одржливо земјоделство.

Целна група:

Жителите на централното градско подрачје (~3.500 жители), јавните објекти, угостителските и туристичките капацитети.

Рок на реализација:

3 години (подготвителна документација, изградба и пуштање во употреба).

Буџет

Околу 500.000 – 7.000.000 евра (зависно од финалниот проект)

Изградба на off-road патека за велосипедисти и мотори – Демир Капија

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современа, интерактивна off-road патека за велосипедисти и мотори на територијата на Општина Демир Капија, со интеграција на паметни технологии и екоодржливи решенија, прилагодена за почетници, среднонапредни и професионални возачи, со интересни траси, завои, скокови и мостови, означена со интерактивни знаци со QR-кодови за дигитална навигација и статистика во реално време, опремена со екоосветлување со соларни панели, паметни системи за следење на густина и безбедносни аларми, мобилна апликација за регистрација, следење резултати и организирање натпревари, безбедносни бариери, информативни табли, клупи и сенки за одмор, интеграција со постојните туристички патеки, едукативни работилници за млади, пошумување и зачувување на локалниот екосистем, како и можности за организирање локални и регионални натпревари, тим-билдинг активности и промоција на локалната економија преку развој на угостителство, сместување и услуги поврзани со туризмот, обезбедувајќи долгорочна одржливост и минимално влијание врз природната средина.

Влијание на проектот:

Проектот ќе го зајакне спортскиот, туристичкиот и економскиот развој на Општина Демир Капија. Интеграцијата на паметни технологии ќе обезбеди интерактивно искуство, безбедност и едукативен аспект за корисниците. Патеката ќе привлече локални и странски туристи, ќе ги стимулира младите за спортски активности и ќе создаде можности за организирање натпревари и настани. Долгорочно, проектот ќе ја промовира општината како современа дестинација за авантура, туризам и спорт, со позитивно влијание врз локалната економија и заедницата.

Целна група:

Млади и возрасни љубители на велосипедизам и мотори.
Туристи и рекреативци што бараат авантуристички активности.
Локално население што сака да развива спортски навики.
Спортски клубови и натпреварувачи.

Рок на реализација:

2 години

Буџет

150.000 ‒ 200.000 евра

Изградба и на автобуска станица во Демир Капија

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на нова, современа автобуска станица во Општина Демир Капија, со цел да се обезбеди безбеден, функционален и естетски пријатен јавен простор за патниците, туристите и локалната заедница, со лесен пристап од главните сообраќајници и планирана површина од приближно 1.200 м², која ќе опфати чекалници за патници, билетарници, санитарни јазли, паркинг за автобуси и приватни возила, зелени површини и амбиентални решенија за збогатување на урбанистичкиот пејзаж, користење современи градежни материјали и енергетски ефикасни технологии за долготрајност и намалување на трошоците за одржување, инфраструктурни решенија за безбедност како видеонадзор, противпожарни системи и соодветно осветлување на јавните простори, со поддршка од изработена техничка документација, архитектонски и градежни планови и студија за изводливост, овозможувајќи побрза реализација и долгорочно позитивно влијание врз квалитетот на животот и туристичката понуда на Демир Капија.

Влијание на проектот:

Проектот ќе има директно влијание врз зголемувањето на квалитетот на јавниот превоз, безбедноста на патниците и привлекување повеќе туристи, создавање нови работни места во фазата на изградба и експлоатација, намалување на сообраќајниот хаос во централното подрачје, зголемена ефикасност на превозот и естетско уредување на урбаната средина.

Целна група:

Локални жители што користат јавен превоз.
Туристи што ја посетуваат Демир Капија.
Превозни компании и возачи.
Локални стопанственици и бизниси што се во близина на станицата.

Рок на реализација:

18 месеци (од почетокот на градежните активности до пуштање во употреба)

Буџет

350.000 ‒ 400.000 евра

Прогласување на Демир Капија и Демиркаписка Клисура за заштитено подрачје

Опис на проектот

Проектот предвидува заштита на подрачјето на Демиркаписката Клисура и текот на реката Вардар, како и нејзините притоки Бошава, Дошница, Иберлиска Река и Клисурска Река, со цел зачувување и заштита на природните убавини на Клисурата и околните реки, како и заштита на животинскиот и водниот свет на ова подрачје.

Влијание на проектот:

Заштита на природата и реките на територијата на Општина Демир Капија, зачувување на биодиверзитетот и унапредување на еколошката свест кај локалното население.

Целна група:

Жителите на Општина Демир Капија

Рок на реализација:

2 години (2025-2027)

Буџет

Околу 3.000.000 денари

ПРОЕКТИ

Зголемување на ефикасноста во Јавното комунално претпријатие „Бошава“ – Демир Капија преку производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија

Опис на проектот

Јавното комунално претпријатие „Бошава“ планира да воспостави систем за производство на електрична енергија од обновливи извори, преку поставување фотоволтаични панели и користење мали хидропотенцијали, со цел модернизација, зголемување на ефикасноста и намалување на оперативните трошоци. Проектот ќе овозможи дел од потребите за електрична енергија на претпријатието да се обезбедуваат преку сопствено производство, со што ќе се намали зависноста од традиционални извори и ќе се заштити животната средина. Инсталирањето на паметен систем за следење и управување ќе овозможи оптимално користење на произведената енергија, а поставувањето на панели на објектите и близу каптажите ќе обезбеди енергетска независност. Проектот ќе придонесе и за долгорочно намалување на трошоците, создавање дополнителни приходи и подигање на јавната свест за обновливи извори на енергија.

Влијание на проектот:

Проектот ќе има значајно економско, еколошко и социјално влијание, со намалување на трошоците на ЈКП „Бошава“, дополнителни приходи од продажба на вишокот енергија, намалување на емисиите на јаглерод диоксид, зголемена доверба на граѓаните и поттикнување на развојот на локалната економија преку ангажирање домашни компании.

Целна група:

Жителите на Општина Демир Капија, локални бизниси и институции кои ќе добијат пример за примена на обновливи извори на енергија.

Рок на реализација:

2 години

Буџет

230.000 ‒ 250.000 евра

Уредување на крајбрежјето на р. Бошава – Рекреативна и зелена зона за граѓаните

Опис на проектот

Проектот предвидува уредување на крајбрежјето на реката Бошава со цел создавање современа и пријатна рекреативна зона за сите граѓани на општината, со патеки за пешачење и велосипедизам, урбана опрема (клупи, канти за отпад, клупи за велосипедисти), осветлување и озеленување на просторот. Проектот обезбедува безбеден и достапен простор за сите возрасни групи, промовира физичка активност и здрав начин на живот, ја подобрува туристичката атрактивност и се реализира преку комбинација на локални, национални и европски фондови, со можност за приватно вклучување.

Влијание на проектот:

Проектот ќе ја подобри квалитетот на животот на граѓаните, создавајќи безбеден и пријатен простор за рекреација, социјализација и физичка активност, ќе ја зголеми еколошката свест и туристичката атрактивност, а зеленилото и урбаната опрема ќе придонесат за естетско уредување на јавниот простор.

Целна група:

Локални жители на сите возрасти, млади и спортски активности, туристи и посетители, семејства со деца и постари лица.

Рок на реализација:

15 месеци (од почетокот на изградбата до целосна функционалност)

Буџет

150.000 евра

Дневен центар за стари лица

Опис на проектот

Проектот има цел да обезбеди поддршка и подобрување на квалитетот на животот кај повозрасните лица од Општина Демир Капија и околните села преку отворање дневен центар кој ќе нуди дневен престој, здравствена контрола, оброци, социјални активности и психосоцијална поддршка, со пристап за лица со ограничена мобилност и обука за персоналот, поддржан од Министерството за труд и социјална политика, UNDP и локалниот буџет.

Влијание на проектот:

Проектот ќе обезбеди значително подобрување на квалитетот на животот на 65–70 повозрасни лица, преку здравствена контрола, оброци, социјални активности и психосоцијална поддршка, намалување на осаменоста и депресивните симптоми, како и поттикнување на меѓугенерациска солидарност и волонтерски активности.

Целна група:

Повозрасни лица од општина Демир Капија и околните села, главно над 65 години, социјално или здравствено ранливи.

Рок на реализација:

2 години

Буџет

200.000 ‒ 300.000 евра

Програма за детска инклузија и поддршка на семејства во социјален ризик

Опис на проектот

Проектот има цел да обезбеди предучилишна едукација, здравствена и психосоцијална грижа за деца од семејства во социјален ризик, со обезбедување на бесплатна храна, училишен прибор, облека, менторски сесии, психосоцијална поддршка и работилници за развој на комуникациски и когнитивни вештини, како и вклучување на родителите преку обуки и советување со социјални работници и психолог.

Влијание на проектот:

Проектот ќе го зголеми пристапот до образовни и здравствени услуги, ќе намали ризикот од напуштање на образованието, ќе поддржи психосоцијален развој на децата, ќе овозможи стабилна поддршка на семејствата и ќе поттикне долгогодишно позитивно влијание врз инклузијата и намалувањето на сиромаштијата.

Целна група:

50+ деца од семејства во социјален ризик и нивните родители или старатели.

Рок на реализација:

1 година

Реконструкција и асфалтирање на локални патишта во села и индустриски зони на Општина Демир Капија

Опис на проектот

Проектот „Реконструкција и асфалтирање на локални патишта“ има цел да ја подобри пристапноста до селата Челевец, Клисура, Прждево и Корешница и индустриските зони во Општина Демир Капија, преку реконструкција, асфалтирање и технички зајакнувања на критичните делови од патната инфраструктура, со цел побезбедно, побрзо и поефикасно сообраќање, олеснување на транспортот на земјоделски производи и суровини, зголемување на економската активност и подобрување на пристапот до туристички атракции.

Влијание на проектот:

Реконструкцијата и асфалтирањето ќе го олесни пристапот до селата и индустриските зони, ќе овозможи побрз и поефикасен транспорт, ќе ги зголеми туристичките активности, ќе ја намали сообраќајната несигурност и ќе придонесе за долгорочен економски и социјален развој на општината.

Целна група:

Жителите на селата Челевец, Клисура, Прждево и Корешница; локални земјоделци и производители; индустриски субјекти и инвеститори во индустриските зони; туристи и посетители на општината.

Рок на реализација:

Фазно, во период од 24 месеци (2 години), со приоритет на критичните делници

Буџет

Вкупно ~ 300.000 €

Паметен систем за видеонадзор и заштита на јавен простор на територијата на Општина Демир Капија

Опис на проектот

Проектот предвидува воспоставување современ систем за видеонадзор што ќе обезбеди зголемена безбедност и заштита на јавните простори, урбаната опрема и инфраструктурата во Општина Демир Капија, преку поставување мрежа од висококвалитетни камери на централното градско подрачје, паркови, детски игралишта, плоштадот, јавни установи, главни сообраќајници и влезно-излезни точки. Проектот вклучува централен команден центар за следење во реално време, архивирање на видеоматеријали, интеграција со системи за паметен сообраќај и техничка надградба во иднина, со цел превенција и контрола на вандализам, криминални активности и заштита на јавниот имот, како и подобрување на планирањето на инфраструктурни инвестиции.

Влијание на проектот:

Системот ќе ја зголеми јавната безбедност, ќе го намали бројот на вандалски акти и кривични дела, ќе овозможи поефикасна работа на општинските служби и полицијата, и ќе создаде база на податоци корисна за планирање урбан развој, сообраќајни решенија и идни инвестиции, долгорочно подобрувајќи го квалитетот на животот во општината.

Целна група:

Жители на Општина Демир Капија; посетители и туристи; општинската администрација; надлежни институции за јавна безбедност.

Рок на реализација:

12 месеци

Буџет

1.500.000 €

Адаптација на објект „Младински креативен центар – Демир Капија“

Опис на проектот

Проектот „Младински креативен центар – Демир Капија“ ја адаптира напуштената зграда на Македонски железници во модерен простор за младите, со технологија, мебел и пристапност, обезбедувајќи едукација, креативни работилници, културни настани и поддршка за иновативни идеи.

Влијание на проектот:

Младинскиот креативен центар ќе ги вклучи младите во културни и едукативни активности и ќе поддржува локални бизниси.

Целна група:

Локални жители на Демир Капија, посетители и туристи, локални институции и бизниси.

Рок на реализација:

2026 - 2027

Буџет

9.100.000,00 ден.

Изградба на јавен паркинг

Опис на проектот

Проектот „Изградба на јавен паркинг“ создава функционален и безбеден простор на околу 3.000 м² за паркирање автомобили во централното подрачје на Демир Капија. Планирани се асфалтирани површини, ознаки за паркинг-места, пристапни патеки и осветлување за подобрување на сообраќајната инфраструктура и удобноста на граѓаните.

Влијание на проектот:

Проектот ја подобрува сообраќајната инфраструктура и обезбедува организиран и безбеден простор за паркирање.

Целна група:

Локални жители, туристи и посетители, бизниси и јавни институции.

Рок на реализација:

2027

Буџет

3.000.000,00 ден.

Партерно уредување на Долината на кактусите

Опис на проектот

Проектот „Партерно уредување на Долината на кактусите“ има цел создавање уреден, зелен и атрактивен простор за рекреација и одмор. Ќе се постават патеки, клупи, декоративни елементи и осветлување, со што ќе се подобри визуелниот изглед, пристапноста и квалитетот на јавниот простор, поттикнувајќи посети и рекреативни активности.

Влијание на проектот:

Проектот создава атрактивен, зелен и пристапен простор за рекреација, одмор и туристички посети.

Целна група:

Локални жители, туристи и посетители, рекреативци, научници, екоентузијасти и љубители на природата

Рок на реализација:

2027

Буџет

7.000.000,00 ден.

Изградба на рекреативен парк во с. Корешница

Опис на проектот

Проектот „Рекреативен парк во с. Корешница“ создава безбеден и модерен простор на 3.000 м² со детски реквизити, фонтана, клупи и патеки, за игра, рекреација и социјализација на сите возрасти.

Влијание на проектот:

Проектот создава безбеден и модерен простор за рекреација, игра и социјализација, подобрувајќи го здравјето и квалитетот на животот.

Целна група:

Деца и млади, семејства, возрасни и пензионери, туристи и посетители

Рок на реализација:

2026

Буџет

4.000.000,00 ден.

Останати проекти

  • Реконструкција на системот за наводнување
  • Комплетирање на канализациските линии со изградба на прочистителни станици
  • Хортикултурно доуредување на плоштадот
  • Набавка на скип
  • Набавка на возило за прва помош
  • Набавка на трактор со приклучна механизација
  • Поставување хоризонтална сообраќајна сигнализација
  • Реконструкција на сите неасфалтирани улици
  • Инвестирање во обновливите извори на енергија

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Центар

  • Изградба на атмосферска канализација (цела Демир Капија да биде опфатена)
  • Изградба на пристапни рампи на сите јавни површини и во јавните институции
  • Санација на сите оштетени улици
  • Довршување на проектот за училишна кантина
  • Поставување сензорна соба во основното училиште
  • Реконструкција на училишното спортско игралиште
  • Набавка на опрема за кинопроекции
  • Изградба на јавни тоалети
  • Изградба на авантуристички парк
  • Доизградба на фудбалското игралиште во Демир Капија
  • Поставување фитнес-опрема во паркот
  • Поставување соларни панели на сите јавни институции

Специјален завод

  • Замена на секундарна мрежа на водоводниот систем на сите улици вкрстени со ул. „Партизанска“
  • Изградба на тротоари на ул. „Партизанска“
  • Реконструкција на ул. „Димитар Влахов“ и „4 Јули“
  • Изградба на Дом за стари лица

Пиперана

  • Изградба на тротоари на ул. „Првомајска“
  • Реконструкција на ул. „Радњанска“

Корешница

  • Реконструкција на улици
  • Подобрување на водоснабдување
  • Реконструкција на селска чешма
  • Изградба на рекреативен парк за деца
  • Реконструкција на училишно спортско игралиште и фудбалско игралиште

Бистренци

  • Реконструкција на улици
  • Подобрување на водоснабдувањето
  • Уредување на постоен спортски терен

Прждево

  • Фекална канализација со пречистителна станица во с. Прждево
  • Реконструкција на улици
  • Подобрување на водоснабдувањето

Чифлик

  • Уредување на просторот кај споменикот
  • Доизградба на канализациска мрежа

Челавец

  • Реконструкција на локален пат

Дрен

  • Подобрување на водоснабдувањето
  • Фекална канализација
  • Реконструкција на улици

Бесвица

  • Подобрување на водоснабдувањето