СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ТЕАРЦЕ

  • 1. Jован Николовски
  • 2. Зоран Јаковски
  • 3. Дора Сибиноска
  • 4. Мирослав Митовски
  • 5. Наташа Крстеска
  • 6. Зекирија Јамини
  • 7. Христина Ѓорѓевска
  • 8. Ружица Божиновска
  • 9. Мартин Ацовски
  • 10. Илчо Тофиловски
  • 11. Дијана Максимовска
  • 12. Никола Петрушевски
  • 13. Светислав Петровски
  • 14. Валентина Јошевска
  • 15. Дени Исајлоски

Листата на советници ја сочинуваат истакнати лица коишто им се добро познати на жителите на Општина Теарце. Станува збор за неуморни активисти, кои со страст, амбиција, пожртвуваност работaат за остварување на целите, визијата и мисијата на Социјалдемократскиот сојуз во нашата општина. Советничката листа ја сочинуваат лица што го носеа товарот на Општинската организација во најтешкиот период и се бореа за подобар живот на сите жители во Општина Теарце. Кандидатите на оваа советничка листа се гарант за исполнување на планот и целите воспоставени во програмата за идните четири години. Со својата посветеност, трудољубивост, неуморност и ентузијазам ќе работаат како и досега во изминатите четири години за подобра општина и за остварување на секоја точка од програмата што се презентираа во оваа изборна кампања.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Листа на реализирани проекти во изминатиот мандат од страна на СДСМ:

  • Спортска сала во ОУ „Фаик Коница“ во с. Доброште.
  • Изградба на сала за ОУ „Екрем Ќабеј“ во с. Слатино.
  • Започната реконструкција на водоводна мрежа во Теарце - 12,2 км.
  • Изградба на локален пат од с. Доброште до с. Нераште.
  • Регионален пат Непроштено ‒ Пршовце.
  • Заштита од штетно дејство на водите.
  • Издвоени средства за комунална инфраструктура.
  • Нов пат во с. Доброште.
  • Изградба на тротоари на регионален пат Тетово ‒ Јажинце.
  • Реконструкција на локален пат с. Јажинце, спој со регионален пат Тетово ‒ Јажинце.
  • Поддршка на млади земјоделци.
  • Бехатон-плочки во секое населено место.
  • Обезбедени средства за улицата во Шеќер Маало во с. Теарце.
  • Изградба на ново мултифункционално игралиште во с. Лешок.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Нашата визија за Теарце

Мисијата на советничката група е: Функционирање на општината по мерка на граѓаните и обезбедување услови за поквалитетен живот.

Визија: Напредна општина со развиени капацитети за обезбедување поквалитетен живот, со развиен одржлив туризам и здрава животна средина.

Политики за целни групи

Грижа за најмалите


Парк за деца до 10-годишна возраст. Најмалите граѓани на општината, децата сѐ помалку имаат места каде што можат да играат и да се забавуваат. Во неколку делови на општината има паркови за деца, но тие се запуштени и уништени без никој да се грижи за нив. Ќе се уредат централните површини во секое село каде што ќе се постават реквизити за најмалите деца. Ќе се постават нишалки, клацкалки, лизгалки, придружни клупи и слично. На местата каде што претходно имало тие ќе се реновираат и ќе бидат ставени во функција.


Финансирање на пензионерски клуб


Отворањето пензионерски клуб ќе гарантира интеграција на пензионерите. Ќе им се овозможи дружба, играње карти и сл. Таму пензионерите ќе можат да се стекнат со различни вештини, способности и квалификации.


Младинско културно лето


Културата е двигател на општеството и порта што отвора нови светови. Со организирање на годишно културно лето младите како и сите жители на Општина Теарце ќе имаат можности да ги прикажат своите таленти во област на музиката, филмот, драмата, фолклорот, уметноста и слично. Организација на манифестација како младинско културно лето е токму тоа што е потребно за ширење на општествената култура во фолклорна општина со богата историја и традиција како Општина Теарце.

Спроведување еколошки акции


Како општина сместена во срцето на планините што трпат сѐ поголеми повреди како резултат на климатските промени, потребата од спроведување еколошки акции е неминовна. Засадување нови дрвца, давање помош и обновување на веќе засадената шума ќе биде главен приоритет на еколошките акции што ќе се спроведуваат најмалку еднаш во месецот. Чистењето на околината и подигнување на свеста за хигиената во општината ќе претставува приоритет на оваа еколошка акција.


Волонтирање во Општина Теарце


Чест услов при аплицирање за работно место било во приватниот било во јавниот сектор е имањето работно искуство. Со волонтирањето на младите во Општина Теарце ќе се помогне тие да го стекнат работното искуство што е потребно со цел да можат да го започнат својот работен век. Волонтирањето на млади во Општината Теарце ќе помогне младите веднаш по завршувањето на средното или високото образование да се интегрираат во работите на општината и подлабоко да се запознаат со работењето во јавниот сектор. Стекнатите знаења и искуство од волонтирањето ќе им помогне за полесно снаоѓање и интегрирање во општеството. Еден начин за волонтирање може да биде и негата на стари и изнемоштени лица, преку акции од Црвен крст и други хуманитарни организации. Има многу стари и изнемоштени лица што живеат во овој крај, но немаат помош од никој. Ова ќе им овозможи неколку дена во неделата волонтери од Црвен крст да доаѓаат во нивните домови и да им помагаат. А со тоа волонтерите ќе стекнат и некои нови вештини.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ПРОЕКТИ

МЕСНИ ПРОЕКТИ