Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?
Да, загаден е воздухот во зима, а знаеме и зошто. Се палат дивите депонии и граѓаните се греат со несоодветен огрев, кој дополнително загадува. Дел од граѓаните, и тоа поголем дел се греат со отпадоци од фабриките за мебел кој е фарбан и лепен, а во себе содржи многу токсични супстанци.
Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?
Со чесна и транспарентна работа, одговорна администрација ќе се врати довербата кај граѓаните.
Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?
Некорумпирано судство, здравство, образование и покачување на стандардот, како и промени на законските рамки во смисла на санкционирање и казнување.
Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?
Имам чисто минато и дел од визијата што ја имам се моите најголеми вредности, чесност, транспарентност и одговорност кон себе и граѓаните.
