Почитувани сограѓани,

Ви се обраќам со почит кон вас драги пробиштипјани, како ваш сограѓанин кој во изминативе 8 години ја вршев функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, и токму тоа ми даде можност секојдневно да бидам со вас и меѓу вас. Заедно, со ваши сугестии, идеи и насоки реализиравме многубројни проекти, кои ја сменија сликата на нашиот град, му дадовме урбана слика, го направивме пријатно место. Вложивме и работевме многу за да ја подобриме инфраструктурата во нашиот град, отворивме можности за економски развој.

Акцентот го ставивме директно на граѓаните, вложивме многу во социјалната програма, со низа мерки и проекти што се наменети за да го олеснат секојдневниот живот на нашите сограѓани од социјален ризик, со финансиски средства распределени кон нив, како што се субвенции за учениците, бесплатна градинка,

бесплатен оброк за основците, вредносни ваучери, униформи за учениците, еднократна помош за новороденчињата, бесплатен линиски превоз, нега и грижа во домот за повозрасните лица, социјални станови и низа други мерки, кои ги воведовме за да ги намалиме класните разлики, за да помогнеме за подостоен живот, за еднакви можности за сите граѓани.

Драги сограѓани, пред се како ваш сограѓанин ги знам предизвиците и потребите на нашиот град, заедно надминавме многу од нив, но знам дека и заедно можеме да направиме уште повеќе за Општина Пробиштип, затоа ви ветувам дека ќе го вложам сиот мој труд и сето мое искуство, за уште повеќе реализирани проекти, за општина со можности за младите генерации, да останат во својот град, да ги оформат и да ги развиваат своите семејства овде во нашиот Пробиштип.

Со почит и благодарност,

Драган А.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ПРОБИШТИП

  • 1. Весна Ристовска
  • 2. Дарко Кузев
  • 3. Марјан Гичев
  • 4. Д-р Сања Стојмировска
  • 5. Игорчо Мијалков
  • 6. Моника Ангелова
  • 7. Благојче Николов
  • 8. Снежана Петрушев
  • 9. Елена Накова
  • 10. Мартин Ангеловски
  • 11. Симона Јованова
  • 12. Љупчо Благоевски
  • 13. Игорчо Стојанов
  • 14. Марија Денчевска
  • 15. Бале Дурмишовски

Почитувани сограѓани, Пред вас денес стои советничка листа составена од луѓе со различни професии, различни животни приказни и различни генерации, обединети во љубовта кон нашата Општина Пробиштип и искрена желба да продолжиме да ја градиме и да ја развиваме. Нема да ветуваме невозможни чуда, празни зборови или магични решенија. Имаме едно единствено ветување – чесна и посветена работа. Работата е таа што носи резултат, гради улици, градинки, детски и спортски катчиња, работата е таа што носи подобра иднина и ја прави општината подобро место за живеење. Знаеме дека довербата не се добива со убави зборови, туку со дела. Затоа пред вас ќе застанеме со јасна намера – да ја продолжиме борбата за секое маало, секое семејство и за секој еден жител на општината. Ние веруваме дека заедно со вас можеме и мораме да ја изградиме општината како пример во државата каде што нема поделби и привилегии по кој било основ. Ние ветуваме дека Пробиштип ќе остане општина на сите граѓани!

ПРОБИШТИП ЗА СИТЕ!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Реконструкција на патен правец Пробиштип – Стрмош.
  • Рехабилитација и реконструкција на регионалниот пат Пробиштип ‒ Крупиште.
  • Реконструкција на патен правец м.в. Киселица ‒ Ратавица ‒ Злетово‒ Древено ‒ Добрево‒ Пробиштип.
  • Реконструкција на тротоарите на улица „Илинденска“, нови 17 канделабри со енергетски ефикасни светилки и засадување на 70 повеќегодишни јапонски цреши.
  • Нова детска градинка во населба Калниште.
  • Изградба на детски игралишта со придружни елементи за одмор на повеќе локации во Пробиштип и Злетово.
  • Реконструкција на патен правец Древено ‒ Лесново.
  • Изградба на канализациска мрежа и пречистителна станица во Лесново.
  • Реконструкција на повеќе улици во Злетово.
  • Реконструкција на улиците „Македонски револуционери“, „Ванчо Трајков“, „Крсте Мисирков“, „Христијан Тодоровски – Карпош“, „3-ти Април“, улици во старо Калниште и др.
  • Реконструкција на Спомен-парк заедно со повеќенаменско игралиште.
  • Реконструкција на атлетска патека со тартан на градскиот стадион

  • Реконструкција и ставање во употреба на киносалата „Рудар“
  • Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали.
  • Набавка на ново противпожарно возило.
  • Доградба на објект „Срничка“ при ЈОУ ДГ „Гоце Делчев“.
  • Униформи за сите ученици од основно образование на територија на општината.
  • Изградба на повеќенаменско игралиште во населба Камењар, Пробиштип и други урбани содржини.
  • Изградба на нови осветлени места со енергетско ефикасни светилки ,со комплет метални столбови и спојни елементи на улица „Миро Барага“ на влезот на Пробиштип.
  • 3амена на сите улични светилки со нови ЛЕД-енергетски ефикасни на територија на цела општина.
  • Изградба на тротоари низ цела општина.
  • Изградба на туристичко-рекреативен комплекс на брана Пишица со асфалтирање на патот до самата брана.
  • Организирана исхрана без надомест за учениците до 5 одделение
  • Организиран бесплатен јавен превоз од Злетово до Пробиштип
  • Мерки за лицата од социјален ризик и лицата со попреченост
  • Бесплатна детска градинка за лицата во социјален ризик
  • Еднократна парична помош од 20.000 ден годишно за лицата со попреченост

МОЈАТА ВИЗИЈА

Мојот мотив за повторно да се кандидирам за градоначалник доаѓа и е поврзан со мојата визија, отсекогаш својата иднина и својот дом сум го замислувал овде, во Општина Пробиштип. Уште од млад сум вклучен во општественото живеење и секогаш сум давал свој придонес за нашиот град. Моето работно искуство како градоначалник, кој зад себе има два успешни мандата, ми дава потврда дека можам да придонесам за нашиот град, но и ми дава енергија да продолжам заедно со сограѓаните и со своите соработници да работиме за подобри услови за сите граѓани на Пробиштип.

Во изминативе осум години вложивме многу работа и средства во изградба и реконструкција на инфрастуктурни проекти, кои видливо ја променија сликата на Пробиштип, кој не само што доби поурбан лик туку создаде и можности за спорт, рекреација, култура, но и економски развој. Но покрај инфраструктурата, она што со моите соработници го воочивме е подобрувањето на социјалната карта во нашата општина во изминативе години воведовме низа мерки и проекти во оваа сфера, така ќе продолжиме и во следниот мандат, со цел да создадеме еднакви можности за сите сограѓани.

За младите, Општина Пробиштип е меѓу првите пет општини што отворија Младински центар, чија програма ја финансира општината, но имаме и Младински совет и службеник за млади, така што ги исполнуваме речиси сите обврски согласно со Законот за млади, а ова создаде можности за младите да реализираат голем број проекти, да се вмрежуваат и да се стекнат со нови искуства, кои ќе служат за развој на личноста. Општина Пробиштип е позитивен пример во делот на можностите за млади, на што сме особено горди.

Она на што ќе се посветиме во идниот мандат е планирањето на просторот и донесување нови урбани планови за развој на градот. Во овој контекст, акцентот е ставен на јаловишната депонија, за што веќе имаме започнато постапка, со ова ќе се реши и горливиот еколошки проблем којшто нè засега сите во изминативе децении.

Општина Пробиштип со моето осумгодишно раководење целосно ја промени сликата за локалната самоуправа, и општината денес е она што треба да биде - сервис на граѓаните. За работењето и транспарентноста на општината најголем доказ е извештајот од Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер врз општините и планските центри во државата, за транспарентноста на локалните самоуправи, Општина Пробиштип со 93,75 % ја рангира на прво место во регионот и на трето место во Македонија.

Она што општината го нуди како инфраструктура, но и зајакнување на социјалната карта покрај еднаквите можности, има цел да ги задржи младите дома, во нашата општина, со цел тие своите професионални компетенции и квалификации ги реализираат во нашата општина, на тој начин заеднички ќе придонесеме за подобар Пробиштип за сите нас.

Во изминатите два мандата реализацијата на програмите, но и на проекти што неретко не беа опфатени во програмите, подадената рака на секој еден граѓанин, достапноста во секое време, ми дава мотив, но и ми дава легитимитет повторно да ја побарам поддршката од вас мои пробиштипјани, и повторно заедно да продолжиме да го развиваме Пробиштип за сите нас!

Заедно да ги менуваме состојбите!

  • Пензионери - Општински пакет за достоинствен живот на пензионерите
  • Бесплатни систематски прегледи еднаш годишно и општинска услуга „Помош во домот“
  • Млади волонтери и социјални работници што ќе помагаат при набавка, сметки и секојдневни потреби.
  • Бесплатен влез на културни и спортски настани
  • Театар, концерти и спортски мечеви – затоа што културата и дружбата не познаваат години.
  • Еднократна помош за празници
  • 50 % субвенција за набавка на инвалидски колички и скутери на електричен погон за лицата со посебни потреби „Подадена рака за најранливите“
  • 7-дневен летен одмор за сите полуматуранти од општината
  • Екскурзија низ Европа за сите матуранти
  • Ранец со училиштен прибор за секое прваче
  • 6.000 денари субвенција за запишано прваче
  • 3,000 денари стипендија во прва година за секој запишан средношколец во Пробиштип
  • Средношколска картица
  • – 50 % попуст за сите културни и спортски настани во Пробиштип
  • 50 % субвенционирање за набавка на лаптоп или таблет во текот на 4-годишното образование, до 15.000 ден
  • Реконструкција на Градскиот стадион
  • Изградба на балон на мултифункционална игралиште кај паркот
  • Поставување вештачка трева на Ракометното игралиште
  • Мултифункционално игралиште на улицата „Тодор Александров“
  • Игралиште за тенис кај ООУ „Никола Карев“
  • Отворени фитнес-зони
  • Бесплатни уреди за вежбање и активности на свеж воздух за сите граѓани.
  • Општински фонд за младински клубови
  • Финансиска поддршка за екипни и индивидуални спортови за да не згасне младинскиот спорт.
  • Годишен спортски фестивал
  • Голем настан на ниво на Источен плански регион со натпревари, рекреација и промоција на спортот и здравиот живот.
  • Екологија и чиста животна средина - Општински екопакет – „Зелена иднина“
  • Селекција на отпад со нови контејнери низ градот
  • Поставување контејнери за пластика, стакло и хартија – за чиста и современа општина
  • 2 станици за прочистување на отпадни води во Пробиштип
  • Редовни акции за чистење диви депонии
  • Општината секој месец ќе организира акции со училишта, здруженија и граѓани за почисти маала и природа.
  • Засадување на повеќе од 13.000 нови садници дрва
  • Нови зелени површини со урбана опрема
  • Детски игралишта, клупи и фонтанки – простори за дружење и рекреација.
  • 150 ваучери по 20.000 денари годишно за бањска рекреација за пензионери што немаат решенија за бања преку ПИОМ, а имаат пензии под 30.000 ден во општината.
  • Завршување на проектот Дом за стари лица во Пробиштип „Достоинствена грижа за оние што го изградија нашиот град“
  • Социјала и лица со посебни потреби - Општински пакет за еднакви шанси и достоинствен живот
  • Ваучери за храна и хигиенски производи
  • Јавни работи за социјално загрозените лица
  • Бесплатни училишни прибори
  • Субвенционирани училишни екскурзии
  • Обучување и преквалификација
  • Ослободување од комуналии за изградба или доградба на куќа за млади брачни парови до 35 години
  • Субвенционирање на стартап бизнис-идеи до 120.000 денари за млади до 29 години
  • Субвенционирање на бизнис-идеи до 200.000 денари за млади до 29 години
  • Општински младински екопроекти – парични награди за најдобра идеја за чиста и зелена општина
  • Општински фонд за млади уметници и музичари – поддршка за организирање концерти, изложби и фестивали
  • Поставување тартан-патека кај ООУ „Никола Карев“
  • Реконструкција на спортските сали Злетово и СОУ „Наум Наумовски – Борче“ – Софија Петровска
  • Нови спортски игралишта по маалата
  • Кошаркарски и фудбалски терени сомултифункционална подлога и осветлување – достапни за секое дете.
  • Соларни панели на училиштата и градинките
  • За да штедиме енергија и да користиме чиста и обновлива енергија, ќе го зголемиме капацитетот на постојните соларни панели
  • Субвенции за инвертер-клима уреди, печки на пелети и топлински пумпи
  • Поддршка за домаќинствата да се греат поекономично и да се намали загадувањето
  • Субвенции за велосипеди за младите и сите што сакаат здрав и еколошки транспорт
  • Чистење и уредување на речните корита
  • Фонтани и јавни чешми со пивка вода - чиста вода за сите граѓани на најфреквентните места.
  • Санација на јаловишната депонија
  • Општински пакет – „Парите назад кон граѓаните“
  • Субвенции за Инвертер клима-уреди, Соларни системи за топла вода, Семејни фотоволтаични системи за електрична енергија, велосипеди, Енергетски ефикасна столарија, Печки на пелети и топлотни пумпи
  • Прво дете - 10.000
  • Второ дете - 20.000
  • Трето дете - 3 месеци по 30.000
  • Четврто дете - 12 месеци по 30.000

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Реконструкција на градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ со изградба на подземен паркинг-простор з

Опис на проектот

Проектот вклучува комплетна реконструкција на градскиот плоштад „Св. Гаврил Лесновски“ во Пробиштип, изграден пред повеќе од две и пол децении. Градскиот плоштад го претставува срцето на градот и е централна сцена за сите социјални, културни и општествени активности. Во рамките на реконструкцијата се предвидува и изградба на современ подземен паркинг-простор под плоштадот, со што се зголемува капацитетот на паркинг- места во централното градско подрачје. На овој начин ќе се намали метежот и сообраќајниот притисок во срцето на градот.

Влијание на проектот:

Изградба на модерен и привлечен јавен простор – урбан и естетски уреден плоштад.

Подобрување на квалитетот на животот на граѓаните – простор за одмор, дружење и културни активности достапен за сите генерации.

Простор за културни и јавни настани – плоштад што ќе биде современа сцена за концерти, манифестации и собири.

Поттик за економски развој – современ плоштад што ќе привлече повеќе посетители, туристи и нови деловни активности.

Зголемување на паркинг-места во централното градско подрачје, делот од градот каде што има најголема фреквенција на граѓани и возила.

Намалување на сообраќајниот метеж - подобар проток на возила во центарот и поголема безбедност за пешаците.

Полесен пристап до сите јавни и приватни субјекти (институции, банки, маркети).

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација:2026 година

Буџет

100 милиони денари

Техничка вода за сите индустриски капацитети и алтернативни системи за водоснабдување во руралните с

Опис на проектот

Имајќи предвид дека климатските промени имаат сериозно влијание врз глобалните водни ресурси, водата за пиење ќе биде еден од најголемите предизвици на иднината и глобален проблем што директно ќе ја одредува одржливоста на заедницата. Во такви услови, рационалното управување со водните ресурси ќе биде клучен приоритет на општината. Основна цел на проектот е обезбедување техничка вода за сите индустриски капацитети, со што од економски аспект, индустријата ќе оствари значителни заштеди, а истовремено ќе се зачува највредниот ресурс – водата за пиење, која ќе остане достапна исклучиво за граѓаните. Истовремено проектот вклучува и алтернативно водоснабдување во сите рурални средини и изградба на алтернативен систем за наводнување на зелените површини (игралишта, паркови) во рамките на општината.

Влијание на проектот:

Економски придобивки за индустриските капацитети – намалување на трошоците преку користење техничка наместо вода за пиење, при што се создава одржлив модел на управување со ресурси, кој е поевтин и ефикасен.

Заштеда на вода за пиење, како стратегиски ресурс за идните генерации

Намалување на притисокот врз јавниот систем за водоснабдување

Намалување на трошоците за одржување на филтер-станицата

Нормализирање на водоснабдувањето на домаќинствата во летниот период

Алтернативно водоснабдување во прва година во сите рурални средини

Создавање услови за раст и развој на руралните средини - заживување на руралните средини, опстојување и зголемување на сточарскиот фонд, зголемување на производство на земјоделски производи и сл.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

15 милиони денари

Фасадна и покривна реконструкција на постојни колективните згради

Опис на проектот

Имајќи предвид дека повеќето постојни колективни станбени згради во Пробиштип се изградени пред повеќе децении, нивната состојба денес е значително дотраена и бара реконструкција и усогласување со современите енергетско-ефикасни стандарди. Целта на овој проект е да се изврши целосна реконструкција на фасадите и покривните конструкции, со примена на современи материјали и технологии, со што ќе се обезбеди зголемена енергетска ефикасност, подобрени услови за живеење како и нов и модерен изглед на објектите.

Влијание на проектот:

Економски придобивки за станарите – долгорочна заштеда на средства поради намалена потрошувачка на енергија и намалени трошоци за одржување

Заштита на животната средина и намалување на загадувањето

Подобрување на безбедноста на станарите

Подобрување на условите за живеење на станарите

Заштита и продолжување на животниот век на зградите

Модерен и естетски изглед на станбените згради

Целна група: Станарите (директно), сите граѓани (индиректно)

Рок на реализација: Континуирано сите 4 години мандат

Буџет

60 милиони денари

ПРОЕКТИ

Детска градинка во населба Пробиштип

Опис на проектот

Преадаптација и целосно опремување на простор во подрачното основно училиште „Ванчо Трајков“ во населба Пробиштип за две комбинирани паралелки со по 20 деца.

Влијание на проектот:

Со овој проект им ја олеснуваме мобилноста на родителите и отвораме градинка за 40 деца поблиску до нивните домови.

Целна група: Граѓаните од населба Пробиштип

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

6 милиони денари

Реконструкција на планинарски дом на м.в. Црн Врв

Опис на проектот

Поранешната т.н. Ловечка куќичка во м.в. Црн Врв целосно ќе биде реновирана и ќе биде уреден просторот околу неа. Ќе биде опремена со нова столарија и нов мебел во рамките на проектот.

Влијание на проектот:

Ќе го зголеми интересот за овој дел од општината и ќе се направи едно катче за уживање и одмор на сите планинари, ловци и љубители на природата.

Целна група: Сите граѓани (особено планинарите и љубителите на природата

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

5,5 милиони денари

Изградба на капела во Злетово

Опис на проектот

Новите современи времиња бараат нови услуги за граѓаните и за добри и за тешки моменти од нашето живеење. Жителите на Злетово имаат потреба од современа капела за чување и изложување на посмртните останки на починатите.

Влијание на проектот:

Капелата во Злетово е проект од огромно значење за жителите на Злетово. Ќе се овозможи простор во Злетово и нема да има потреба од транспорт пред погребите на релација од капелата во Пробиштип до гробиштата во Злетово.

Целна група: Сите жители на Злетово

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

3 милиони денари

Реконструкција на улици во Средна населба

Опис на проектот

Во Пробиштип во изминатите два мандата реконструиравме многу улици. Во новиот мандат прв приоритет ќе бидат улиците од Средна населба. Ќе се реконструираат улиците:

„Нада Михајлова“

„28 Август“

„Партизанска“ и

„Браќа Миладиновци“

Влијание на проектот:

Проектот безбедносно и визуелно ќе ја подобри инфраструктурата во овој дел од нашиот град.

Целна група: Сите граѓани на Општина Пробиштип

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

25 милиони денари

Паркинг за тешки товарни возила

Опис на проектот

Општина Пробиштип има потреба од паркинг за тешки товарни возила. Поради тоа, на самиот влез на градот од страна на регионалниот пат Штип – Пробиштип ќе изградиме паркинг-простор за тешки товарни возила, ограден и осветлен.

Влијание на проектот:

Ќе влијае врз безбедноста на сообраќајот и ќе има позитивен импакт и кај граѓаните и кај неговите корисници.

Целна група: Сопствениците на тешки товарни возила директно и сите граѓани индиректно.

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

3 милиони денари

Кружни текови на улицата „Миро Барага“

Опис на проектот

Општина Пробиштип за подобрување на безбедноста во сообраќајот ќе изгради три кружни тека на улицата „Миро Барага“, и тоа:

Пред зградата на Агенцијата за вработување и ПИОМ

Пред АМД Пробиштип

Триаголник на влезот во Пробиштип

Влијание на проектот:

Ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

6 милиони денари

Реконструкција на пат Леговец ‒ Ратавица

Опис на проектот

Со проектот се предвидува реконструкција на пат во должина од 3,4 километри и ширина 5,5 метри. Патниот правец Леговец - Ратавица е еден од најкористените патишта во нашата Општина и ќе биде приоритетен проект за реализација во наредниот период поради неговото значење за локалните жители.

Влијание на проектот:

Подобрување на поврзувањето на Пробиштип и Злетово и зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

33 милиони денари.

Реконструкција на патот до село Марчино

Опис на проектот

Ќе се реконструира патот во должина од 2,4 километри и ширина 4,5 метри

Влијание на проектот:

Подобрување на поврзувањето на Пробиштип и село Марчино и зголемување на безбедноста во сообраќајот

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

20 милиони денари

Реконструкција на плоштад во Злетово

Опис на проектот

Злетово е населено место на кое ќе дадеме посебен приоритет во наредните години. Реконструкцијата на плоштадот со дополнителна урбана упрема и место за одмор ќе биде завршено во првата година од новиот мандатот.

Влијание на проектот:

Овој проект ќе има силно влијание за граѓаните на Злетово. Плоштадот кој ќе биде реконструиран со што ќе се даде нов урбан лик на ова населено место.

Целна група: Граѓаните од Злетово

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

9 милиони денари

Парк и дополнителни содржини кај детското катче во Злетово

Опис на проектот

Предвидено е изградба на парк со патеки и места за одмор и релаксација околу детското катче во Злетово. Летниковци и клупи за одмор, фитнес зона на отворено и нови збогатени содржина во просторот наменет за детско катче.

Влијание на проектот:

Проектот ќе придонесе за нов урбан лик на населеното место Злетово и ќе овозможи нови содржини и подобрување на условите за живот на овие наши сограѓани.

Целна група: Граѓаните од Злетово

Рок на реализација:2027 година

Буџет

8 милиони денари

Паркинг простор во Лесново

Опис на проектот

Лесново е најпосетувана туристичка дестинација во општина Пробиштип. Од ден на ден Лесново има се поголем број на посетители, а особено за викендите и празниците. Затоа Лесново има потреба од изградба на нов простор за паркирање на возила.

Влијание на проектот:

Со проектот ќе се овозможи поголем капацитет за паркирање на возила во Лесново, со што ќе се намали гужвата од возила и ќе се овозможи сигурно и безбедно движење на посетителите.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

7 милиони денари

Уредување на Урбан Блок 7.5

Опис на проектот

Урбан Блок 7.5 е делот во кој се изгради социјалната зграда во Пробиштип и неколку деловни и станбени објекти. Дополнително се гради доловно-станбен комплекс. Потребна е целосна урбанизација на овој нов дел од градот. Затоа со проектот предвидено е:

Изградба и асфалтирање на улици

Атмосферска канализација

Изградба на потпорни ѕидови

Изградба на улично осветлување

Влијание на проектот:

Со проектот се урбанизира цел УБ 7.5 и се поврзува со постоечката инфраструктура на градот. Комунално и инфраструктурно се решава целиот Урбан блок 7.5.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација:2027 година

Буџет

30 милиони денари

Уредување на Градски стадион „Рудар“

Опис на проектот

Реконструкција на трибини и поставување на нови пластични столчиња

Терен со вештачка трева

Детска зона

Паркинг простор и

Осветлување на Градскиот стадион со рефлектори

Влијание на проектот:

Со овој проект ќе створиме модерни услови за младите, место за натпревари, тренизи, рекреација, но и за дружење и нови спомени

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

28 милиони денари

Реконструкција на улица „Ленинов плоштад“

Опис на проектот

- Замена на дотраена базалтна коцка

Влијание на проектот:

Со овој проект ќе се реконструира улицата „Ленинов плоштад“ и ќе направиме подобри услови за граѓаните и поголема безбедност во сообраќајот. Бидејќи улицата се наоѓа во централното градско подрачје е од големо значење за граѓанитена Пробиштип.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

6 милиони денари

Детско катче, рекреативна зона и простор за одмор и рекреација на м.в. Шилек

Опис на проектот

Урбанизирање на просторот кај м.в. Шилек во Пробиштип со детско катче со реквизити, рекреативна зона и летниковци за одмор на локалните жители и сите оние што ќе гравитираат во тој дел од градот.

Влијание на проектот:

Подобрување на условите за живот за луѓето коишто живеат во тој дел од градот.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

5 милиони денари

Бесплатен линиски превоз за викенд (сабота и недела) Пробиштип – Злетово – Лесново

Опис на проектот

Бесплатен превоз на сите заинтересирани што сакаат да отидат до Лесново во сабота и недела. Поаѓање од Пробиштип, преку Ратавица, Злетово, Древено до Лесново во утринските часови. Враќање назад по обратен редослед во попладневните часови.

Влијание на проектот:

Ќе се олесни начинот на движење кон нашето најпосетено место Лесново и преку организиран превоз ќе се намали фреквенцијата на приватни возила и ќе се овозможи повеќе паркинг-простор во Лесново за посетителите.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

Нов противпожарен дом

Опис на проектот

Ќе се реновираат и ќе се реконструираат постојните магацини на Дирекцијата за заштита и спасување, кои се наоѓаат во кругот на рудникот „Булмак“ во Пробиштип и ќе се направат нови гаражи за ПП-возилата, а ќе се уреди и работниот простор за пожарникарите.

Влијание на проектот:

Подобрување на условите за функционирање на ПП-службата во Пробиштип.

Целна група: Пожарникари (директно) и сите граѓани (индиректно)

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

8 милиони денари

Нова простории на ЈКП и соодветни услови за техничкиот персонал

Опис на проектот

Ќе се изградат нови пристојни простории за вработените и за возилата на ЈКП „Никола Карев“ во Пробиштип. Старата барака и придружните објекти ќе бидат срушени и на тоа место ќе се изградат нови простории за сите вработени во ЈКП „Никола Карев“.

Влијание на проектот:

Подобрување на условите за работа на ЈКП „Никола Карев“ од Пробиштип

Целна група: Вработените во ЈКП

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

6 милиони денари

Реконструкција на улицата „Брегалничка“ и дел од улицата “3-ти Април“

Опис на проектот

Реконструкцијата на улицата „Брегалничка“ е блиско до градскиот стадион „Рудар“ и е дел од нашата визија за целосна реконструкција и урбанизација на тој простор. Реконструкцијата на улица „3-ти Април“ е предвидена во делот кој не беше опфатен со реконструкцијата во претходниот мандат.

Влијание на проектот:

Овој дел е паралелен со улицата „Плавица“ која е целосно реконструирана и изградени се тротоари и улицата „Доне Божинов“ која е во тек на реконструкција. Оваа населба со ово добива целосно нов лик.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

15,5 милиони денари

Реконструкција на локален пат до селото Кундино

Опис на проектот

Реконструкција на локалниот пат до село Кундино од м.в. Кундинска барака на регионалниот пат Пробиштип – Кратово до селото Кундино.

Влијание на проектот:

Овој локален пат е во лош а состојба и неопходна е негова рехабилитација која ќе влијае на побрзо и побезбедно движење на луѓето и возилата.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација:2026 година

Буџет

10 милиони денари

Реконструкција на локален пат од селото Долни Стубол до селото Горни Стубол

Опис на проектот

Ќе се реконструира локалниот пат помеѓу овие две села, кој е во лоша состојба и неопходна е ногова санација.

Влијание на проектот:

Реализацијата на овој проект ќе придонесе за побрза и побезбедна сообраќајна комуникација помеѓу овие две села.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација:2026 година

Буџет

13 милиони денари

Патека и мост за поврзување на двете маала во населбата Пробиштип

Опис на проектот

Ќе се изградат патеки во двете маала во населба Пробиштип поврзани со мост преку Киселичка река.

Влијание на проектот:

Реализацијата на овој проект кој е барање на жителите од оваа населба ќе придонесе за безбедно движење на децата и возрасните во овој дел од општината.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

4 милиони денари

Изградба на нови паркинг простори кои се предвидени во деталните урбанистички планови

Опис на проектот

Ќе се изградат паркинг простори согласно важечките детални планови и тоа:

Помеѓу улиците „11 Октомври“ и „Никола Карев“ (позади Стокомак)

На градскиод пазар (во делот позади Кит Го маркет)

Кај спортската сала на ООУ „Браќа Миладиновци“

Влијание на проектот:

Реализацијата на овој проект значително ќе ја подобри состојбата со паркинг местата во централното градско подрачје.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

5 милиони денари

Изградба на улица во Калниште од селската чешма до спој со локалниот пат Леговец - Ратавица

Опис на проектот

Изградба и асфалтирање на улица „3-та“ во населба Калниште која започнува од селската чешма и се спојува со локалниот пат Леговец - Раравица

Влијание на проектот:

Реализацијата на овој проект е по барање на граѓаните од овој дел на нашта општина. Со него значително се скратува излезот на овие жители на локалниот пат а воедно се гради и асфалтира целосно нова улица која и сега се користи од локалните жители.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

4 милиони денари

Стационар за бездомни кучиња

Опис на проектот

Општината на парцела на поранешната Кланица ќе го адаптира и целосно ќе го опреми просторот за стационар за бездомни кучиња.

Влијание на проектот:

Со овој проект општината ќе го реши проблемот со бездомните кучиња во целост.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

Продолжување на проектот за изградба на Дом за стари лица во Пробиштип

Опис на проектот

Домот за стари лица во Пробиштип кој беше проектиран и започна со изградба во неискористените простории на Здравствен дом „Нада Михајлова“ наиде на непредвидени пречки и недостиг на средства за негово забршување. Во наредниот период силно ќе се заложиме за обезбедување на средствата преку Министерството за социјална политика, демографија и млади кои иако две години наназад се во Програмата на Министерството сеуште не е распишана јавна набавка за завршување на овој проект.

Влијание на проектот:

Проектот е од огромно значлење за највозрасната категорија на граѓани во општината

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

36 милиони денари

Реконструкција на стадионот во Злетово

Опис на проектот

Со оваа реконструкција ќе биде опфатено:

Целосна реконструкција на постоечките објекти на стадионот

Поставување на подлога од вештачка трева на стадионот и придружни елементи

Осветлување на стадионот

Влијание на проектот:

Имајќи ја во предвид потребата од ваков простор на нашите сограѓани од Злетово со овој проект ќе овозможиме подобри услови за спорт и рекреација на овој простор. Целосно ќе биде променет ликот на овој дел од Злетово и ќе се овозможи користење на истиот и во вечерните часови со поставување на осветлување на истиот.

Целна група: Сите граѓани од Злетово

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

15 милиони денари

Адреналински детски парк во Лесново

Опис на проектот

Проектот предвидува адреналински детски парк во Лесново, најголем во овој делод државата.

Влијание на проектот:

Адреналинскиот парк во Лесново ќе претставува атракција за сите дечиња и ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда во Лесново.

Целна група: Сите граѓани од Злетово

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

10 милиони денари

МЕСНИ ПРОЕКТИ