Во согласност со визијата за инклузивно, модерно и хумано Куманово, следуваат меки политики, активности и проекти поделени според клучни целни групи и области, насочени кон создавање локална заедница што ги слуша, поддржува и развива своите граѓани.
1. МЛАДИ
- Образование: Целосна дигитализација на средните училишта со смарт-училници, бесплатен Wi-Fi и стипендии за талентирани ученици и матуранти.
- Вработување: Програма за кофинансирање на првите работни искуства. Стартап хаб со бесплатни канцеларии и менторска поддршка.
- Активизам: Формализиран Младински совет со право на предлог за младински политики.
- Култура и спорт: Картичка за млади со попусти, Младински фестивал, урбани сали и скејт-зони. Учество во спортски лиги и културни настани.
2. ЖЕНИ
- Економско јакнење: Програми за самовработување, локални субвенции и менторство за жени претприемачи.
- Безбедност и поддршка: Советувалишта за семејно насилство, анонимна поддршка, едукации во соработка со НВО.
- Култура и здравје: Програми за женско здравје и психолошка поддршка. Вклучување на жените во локални одлуки, културни совети и јавни расправи.
3. ПЕНЗИОНЕРИ
- Пензионерска картичка - Поддршка за достоинствен живот на пензионерите!
- Во нашата изборна програма предвидуваме партнерство меѓу локалната самоуправа и здруженијата на граѓаните од трета доба, за да обезбедиме социјални и економски погодности за сите пензионери во Куманово.
- Во соработка со Здружението на пензионери ќе работиме на:
-
- Договори со локални продавници, стоматолози, аптеки, транспортни компании, осигурителни друштва, кина, театри – за постојани попусти и погодности преку пензионерска картичка.
-
-
Создавање регистар на партнери - понудувачи на поволности, објавен на веб-страницата на Општината и на огласни табли во локалните заедници.
-
Организирање годишен Саем на поволности за пензионери во соработка со бизнис-аедницата.
-
Веруваме дека достоинството и квалитетот на животот на постарите сограѓани е обврска и чест за секоја локална власт. Активно стареење: организирани прошетки и едукативни работилници.
- Финансиска поддршка за пензионери приматели на минимална пензија 1.500,00 денари:
- Целта е да се подобри квалитетот на животот на најранливата категорија пензионери преку доделување еднократен паричен надоместок во износ од 1.500,00 денари.
- Средствата се доделуваат согласно со утврдените критериуми, по претходна пријава и проверка на условите за примање минимална пензија, со цел да се овозможи навремена и целисходна помош за овој социјално загрозен дел од населението.
- Развивање денски центри за пензионери што ќе им понудат активна социјализација и рекреација, како и активности за здравје и фитнес (јога, аеробик, пешачење). Центрите ќе имаат психолошка поддршка и активности за развивање хобија (керамика, сликарство, музика и други).
- Достапност на јавните простори: Изградба на адаптирани пешачки патеки со рамни површини и клупи. Секој јавен простор ќе биде направен за да биде пријателски за старите лица, со посебен фокус на нивната безбедност.
- Рампи за инвалидни колички на сите јавни објекти и премини.
4. ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
- Инклузивно образование: Обуки за наставници, асистенти во настава и адаптирани наставни материјали.
- Пристапност: Рампи, лифтови, звучни семафори, пристапен јавен превоз и јавни установи.
- Вработување: Субвенции за вработување, поддршка за социјални претпријатија, обуки за занаети и ИТ.
- Култура и спорт: Инклузивни културни и спортски активности, параспортски настани и креативни работилници.
- Јавно застапување: Кампањи за подигнување на свеста и вклучување во одлучувачки процеси.
5. ОБРАЗОВАНИЕ
- Создавање безбедни, модерни и достапни образовни установи во Куманово, каде што секое дете и млад човек ќе има еднаква шанса за квалитетно образование.
- Поддршка за дигитализација: Опремување на училишта со компјутери, проектори и интернет и воведување е-учење.
- Обуки за наставен кадар: Континуирана едукација за современи наставни методи, дигитални алатки и инклузивна настава.
- Стипендии и поддршка: Стипендии за ученици од социјално загрозени семејства и награди за талентирани ученици.
- Едукативни програми: Организација на бесплатни курсеви (јазици, ИТ, екологија и медиумска писменост).
- Инклузивно образование: Адаптација на училишта за ученици со попреченост и вклучување на образовни асистенти.
- Училишна инфраструктура: Поддршка за реконструкција, енергетска ефикасност и подобрување на санитарните услови.
- Вклучување на родителите и заедницата: Совети на родители, училишни форуми, волонтерски активности и заеднички проекти.
- Натпревари и проекти за ученици:
- „Мојот зелен проект“, „Мојот бизнис-план“ и „Најдобар млад истражувач“.
- 3.000 денари субвенција за среќен почеток на секое прваче.
- -Со средства предвидени во буџетот, ќе докажеме на дело дека е привилегија да се биде првооделенец во Куманово. Нема да зборуваме за иднината – ќе ја градиме заедно, со реални мерки, со конкретни резултати и со визија што ќе ја почувствуваме сите.
- Да ја зголемиме бројката на деца во нашите училишта – Куманово да има сигурна иднина!
- Секоја година учениците што ќе завршат средно образование со највисок успех ќе добиваат општинска стипендија за продолжување на своето високо образование.
- Ова ќе биде наш начин да ги наградиме трудот, знаењето и посветеноста на младите, кои се гордост на нашиот град.
- Младите мора да знаат дека тука се вреднува трудот и дека во Куманово има место за нивниот талент и визија.
6. СПОРТ
Обезбедување финансиска поддршка за тимовите што патуваат на натпревари, со цел да се осигури нивното учество и успешните резултати во различни дисциплини. Поттикнување на спортските клубови да развиваат младински академии за фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други спортови, каде што ќе тренираат нови таленти. Обезбедување финансиска поддршка за младинските тимови за да учествуваат во национални и меѓународни турнири. Организирање на скаутинг-кампови и натпревари за талентирани деца и млади спортисти. Поддршка за спортски клубови и здруженија: Финансиска помош за тренинзи, натпревари и спортска опрема. Професионалните клубови коишто се гордост на градот ќе бидат финансирани еднакво, со додатна поддршка на домашните играчи. Гратис спортски програми: Бесплатни спортски активности за деца, млади, жени и пензионери.
- Училиштен спорт: Организација на училишни спортски лиги и натпревари меѓу училиштата.
„Кумановски шампиони“ е проект со кој ќе почне формирањето на училишни општински спортски лиги за основни и средни училишта во Куманово. Општината ќе ги обезбеди сите потребни материјални и логистички средства за оваа лига. Заедно со професорите по физичка култура ќе ги мотивираме и ќе ги искалиме новите шампиони.
- Мотивација и награди: Годишна награда за „Најспортско училиште“ на Општина Куманово.
- Параспорт и инклузија: Спортски програми за лица со попреченост и поддршка на параспортски клубови.
- Едукација и здрави навики: Спортски кампањи, семинари за здрав живот, програми за антистрес и антизависности.
- Поддршка за спортски настани: Организација на локални турнири, маратонски трки и рекреативни спортски денови.
- Афирмација на спортот во рурални средини: Мобилни спортски програми и донација на опрема во помали населени места
7. КУЛТУРА
- Поддршка за локални културни настани: Финансирање и логистичка поддршка за фестивали, изложби, концерти и уметнички манифестации. Многу поголема и посериозна поддршка на манифестациите „Викенд у Пелинце” и „Мечки мото рок-фест”
- Летни и зимски „Бели ноќи – Урбано Куманово“
Куманово ќе стане град што ќе живее 365 дена во годината! Со организирање летни и зимски „Бели ноќи“, ќе изградиме нова традиција, која ќе ја стави нашата општина на културната и туристичката мапа на Македонија и регионот. Двапати годишно Куманово ќе се претвора во отворена сцена:
- Летни „Бели ноќи“ – концерти, улични фестивали, гастрономија и уметност под ѕвездите.
- Зимски „Бели ноќи“ – празнични базари, зимски концерти, топла кујна и фестивал на светла и 3D-мапинг.
- Вклучување на млади и талентирани уметници: отворени повици и конкурси за млади автори, уметници и културни работници.
- Култура во рурални средини: мобилни културни програми и настани во села и помали населени места.
- Инклузивна култура: културни содржини достапни за лица со попреченост (превод, пристапност и визуелна адаптација).
- Зачувување на културното наследство: едукација и акции за заштита на локални традиции, јазик, обичаи и историски објекти.
- Активна улога на НВО и уметнички здруженија: соработка со здруженија за реализација на културни проекти и работилници.
- Креативни простори: поддршка за отворање културни центри, уметнички хабови и јавни простори за културна размена. „Картичка за култура“ – попусти за кино, театар, концерти.
- Општински фонд за поддршка на млади таленти и уметници.
- Годишни мултикултурни фестивали: Македонски, Ромски, Српски, Турски и Албански денови.
8. ТРАНСПОРТ
Куманово ќе го зголеми квалитетот на животот за своите граѓани и ќе ја зголеми економската конкурентност на општината. Подобрениот јавен превоз, развојот на алтернативни видови транспорт, како и подобрената инфраструктура за патишта и сообраќајна безбедност ќе придонесат за ефикасност и одржливост на транспортниот систем, со намалување на загадувањето, застојот и трошоците за мобилност.
Редовни и достапни линии на јавен превоз:
- Унапредување на системот на јавен превоз, со додавање нови автобуски линии што ќе поврзуваат важни точки во општината, вклучувајќи ги и руралните области.
- Редовност и точност на распоредите за автобусите, како и оптимизација на маршрути, со цел да се намали времето на чекање и да се задоволат потребите на граѓаните.
Поддршка за поголема достапност:
-
Осигурување дека повеќе автобуси ќе бидат достапни за луѓе со инвалидитет или за стари лица, со специјално дизајнирани автобуси (паметни рампи, простор за инвалидски колички);
-
Воведување интерактивни апликации и информациски дисплеи на автобуски станици што ќе го покажуваат точниот временски распоред за автобусите и реалниот статус на пристигнувањето;
-
Поддршка на мерката за бесплатен јавен превоз на граѓаните;
-
Развој на пешачки и велосипедски патеки;
-
Промоција на здрави и еколошки начини на движење.
Безбедност во сообраќајот:
Поддршка за одржлив транспорт:
Информациски системи:
Пристапност на транспортот:
9. УРБАНИЗАМ И ПРОСТОРНО РАБОТЕЊЕ
Со донесувањето на новиот Генерален урбанистички план, Куманово конечно ќе се развива хумано, организирано и согласно со јасни правила. Мојата политика во иднина е јасна: нема повеќе од секоја куќа да никнува зграда во градското подрачје.
Планот предвидува изградба на две нови населби со проширување на општината во два правци:
- од Зелен Рид и Гоце Делчев кон Биљановце, и
- од Тоде Мендол кон Романовце.
Оваа урбанистичка стратегија ќе овозможи систематски и одржлив развој на градот, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на жителите.
10. ЖИВОТНА СРЕДИНА
Да создадеме чист, зелен и здрав град во кој животната средина не е жртвувана за профит, туку е заштитена како вредност.
1. Зелени површини и урбана екологија
Нов „Зелен мастер-план“ за Куманово (2025 – 2029):
-
Катастар на зеленило, целна мрежа на паркови, дрвореди и заштитени подрачја
-
Зголемување на зелените површини на жител:
-
Минимум 2 м² ново зеленило годишно на жител
-
Засадување 50.000 дрвја за време на мандатот (во училишните дворови, булевари, рурални населби, покрај реки и канали)
-
Создавање нов урбан парк на локација на стара фабрика или запуштен простор
-
Субвенции за озеленување на приватни дворови и покривни градини.
2. Отпад и чистота
Затворање на дивите депонии (40+ локации):
-
Механичко чистење, озеленување и поставување видеонадзор;
-
Контрола на јавната чистота – вклучување на инспекциските служби и граѓански пријави преку апликација
-
Поставување нови 1.000 контејнери – одвоено собирање:
-
Пластика, хартија, стакло и биоотпад
-
Рециклажни острови во секој урбан блок
-
Образовна кампања „Селектирај, не фрлај“ во основните училишта.
3. Борба против загадувањето на воздухот
- Сензори за мерење на квалитетот на воздухот во секој дел од градот;
- Јавни извештаи достапни на апликација и панел-табли;
- Забрана за користење дрва/јаглен за јавни установи – транзиција кон пелети и гас;
- Субвенции за инвертери за социјално ранливи семејства;
- Контрола и санкции за индустриски загадувачи во соработка со Државен инспекторат;
- Саем „Еко Куманово“ – промоција на зелени технологии, велосипеди, електрични возила;
- Едукација и свест: Кампањи за рециклирање, штедење вода и енергија и заштита на природата.
- Поддршка за зелени проекти: Пошумување, уредување на паркови и зелени површини.
- Контрола и превенција: Следење на квалитетот на воздухот и водата и превенција на загадувањето.
- Одржлив транспорт: Промоција на користење велосипеди и јавен превоз со ниски емисии.
- Поддршка за обновливи извори: Инсталација на соларни панели и енергетска ефикасност на јавни објекти.
- Соработка со граѓански организации: Вклучување на заедницата во чистење и зачувување на животната средина.
- Засадување 50.000 дрвја за време на мандатот.
11. ТУРИЗАМ
Туристичка промоција на Куманово
Овој проект е да се позиционира Куманово како атрактивна викенд-туристичка дестинација преку организирана туристичка програма, која ги вклучува најзначајните културни, историски и гастрономски вредности на регионот. Проект што ќе го претстави Куманово како викенд-дестинација полна со дух, историја и автентични вкусови! Во соработка со угостителите и туристичките агенции од Куманово, ќе креираме специјална туристичка агенда што ќе ја актуализира и ќе ја развие понудата на градот. Целта на овој проект е да се развие и да се промовира интегрирана туристичка понуда за Куманово.
- Да се зајакне соработката меѓу локалните субјекти: угостители, туристички агенции и институции.
- Да се зголеми бројот на посетители преку викенд-аранжмани.
- Да се поттикне локалната економија и културниот туризам.
- Во текот на посетата на туристите, со овој проект ќе ги откриеме најзначајните знаменитости на Куманово и неговата околина:
- Посета на центарот на Куманово – градот што живее преку своите улици и луѓе
- Црквата „Св. Никола“, Џамијата и Градскиот музеј
- Кумановска Бања – спој на релаксација и историја
- Кокино – мегалитската опсерваторија, четврта по старост во светот
- Манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане
- Манастирот „Св. Прохор Пчински“ – духовен бисер во близина на границата
- И, секако – вкусување на автентичната кумановска храна и дружба со локалните ресторани и жители.
- Зголемена видливост на Куманово како дестинација и вклучување на најмалку 10 други локални бизниси.
12. ПРЕДУЧИЛИШНО ОБРАЗОВАНИЕ
Проширување на опфатот со изградба на 4 градинки:
- Кампањи и активности за зголемување на бројот на деца вклучени во предучилишно образование, особено во рурални и социјално ранливи средини.
Поддршка за родители:
бесплатно згрижување во градинка на деца од семејства во социјален ризик, вклучувајќи:
-
Самохрани родители со ниски приходи;
-
Корисници на гарантирана минимална помош;
-
Родители/старатели невработени или долгорочно невработени;
-
Семејства со лица со попреченост;
-
Семејства од рурални и маргинализирани заедници;
-
Припадници на ранливи етнички групи.
Континуирана едукација на воспитувачи:
Обуки за современи методи на рано учење, инклузија и детска психологија.
Инклузивно образование:
-
Обезбедување услови за деца со попреченост (асистенти, адаптирани простории, сензорни помагала).
-
Подобрување на условите во установите
Родителска едукација и вклученост:
-
Работилници и совети за родители за поддршка на детскиот развој дома.
-
Програми за здрава исхрана и физичка активност:
-
Развивање навики за здрав живот кај децата преку менија и игри што поттикнуваат движење.
13. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА
Формирање локален фонд на социјална помош
- брза еднократна финансиска поддршка за семејства во криза (здравствен проблем, губење работа)
- преку јавен повик со транспарентни критериуми
Преку овие меки политики, Општина Куманово гради социјално праведен, одржлив и младински ориентиран град – со реални чекори кон повисок животен стандард, еднакви можности и зајакнато локално учество. Меките политики во локалната самоуправа се клучен инструмент за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку поддршка на образованието, спортот, културата, транспортот и животната средина. Со инклузивен и одржлив пристап, овие политики овозможуваат еднакви можности за сите, поттикнувајќи здрави навики, социјална кохезија и еколошка одговорност. Активното вклучување на граѓаните и партнерството со локалните организации гарантираат успешна реализација и долгорочен ефект.
14. УГОСТИТЕЛИ
Партнерски однос со угостителите – поддршка и подадена рака
Оваа програмска мерка има цел воспоставување и унапредување на партнерскиот однос меѓу локалната самоуправа и угостителските објекти преку обезбедување систематска и правовремена поддршка во процесот на добивање на сите потребни одобренија и дозволи за легално и квалитетно работење.
Во рамките на мерката се воспоставува јасна и транспарентна постапка за издавање одобренија, која вклучува:
- консултации и информативни сесии со угостителите за законските услови и техничките стандарди што треба да ги исполнуваат;
- обезбедување насоки и поддршка при подготовка и доставување на неопходната документација;
- координација со релевантните институции и инспекциски органи за брзо и ефективно издавање на одобренијата
- редовна комуникација и мониторинг со цел навремено решавање на евентуални пречки во процесот.
Целта на оваа програма е да се овозможи непречено и законско работење на угостителите, со нагласок на брзина, ефикасност и партнерски пристап, кој ја поттикнува довербата и долгорочната соработка меѓу сите вклучени страни.