Почитувани жители на Гази Баба, драги соседи,
Ви се обраќам со искрена почит, со јасна свест за вашите секојдневни грижи, но и со длабока верба дека заедно можеме да создадеме иднина каква што сите ја посакуваме. Јас сум човек од оваа општина — роден, израснат и останат тука. Го чувствувам ритамот на нашите улици, ја знам тежината на секој проблем и, најважно од сè – верувам во потенцијалот што го носиме како заедница.
Во четирите години како директор на ЈКП „Гази Баба“, во периодот од 2018 до 2021 година, секогаш бев достапен и отворен кон сите граѓани, без разлика на нивната политичка, верска или етничка припадност. Моја единствена цел беше — и останува — да им помогнам на луѓето, да го олеснам нивното секојдневие и да придонесам за подобар живот во секое населено место.

Сите знаеме дека не е лесно. Гледаме како некои населени места заостануваат, како секојдневните проблеми стануваат дел од нормалата. Но ние не смееме да прифатиме дека ова е најдоброто што можеме. Време е за вистинска, реална промена.

Знам дека Гази Баба е повеќе од урбана целина – таа е мрежа од живописни села, вредни земјоделци, млади полни со идеи, пензионери што оставиле белег во оваа средина, семејства што заслужуваат подобри услови. Затоа, мојата програма е едноставна, реална, искрена и, најважно од сè, остварлива – насочена кон решавање на вистинските потреби на луѓето.
Гази Баба може поинаку. Може подобро.
Со вашата доверба и со нашата заедничка волја – Гази Баба ќе стане општина за сите нас.
СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ!

Со почит и благодарност,

Влатко Митовски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

  • 1. Александар Вељановски
  • 2. Биљана Муиќ
  • 3. Игор Манчевски
  • 4. Јасминка Георгиева
  • 5. Иван Трајковски
  • 6. Берат Весел
  • 7. Мартина Стојчевски
  • 8. Тони Трајковски
  • 9. Елеонора Аневска
  • 10. Маријанче Недев
  • 11. Споменка Пешова
  • 12. Александар Василевски
  • 13. Зорица Ристовска
  • 14. Гого Ѓорѓиевски
  • 15. Мерис Зверотиќ
  • 16. Ѓоко Ременски
  • 17. Инес Кардалова
  • 18. Тања Димоска
  • 19. Магдалина Христова
  • 20. Љиње Крстевска
  • 21. Милутин Савиќевиќ
  • 22. Метат Исмани
  • 23. Сенат Куриши
  • 24. Габриела Николиќ
  • 25. Драгана Ангеловска
  • 26. Сузана Трпковска
  • 27. Амар Мекиќ

Почитувани жители на Гази Баба,
Како советничка група, решени сме да ја направиме нашата општина подобро место за живеење. Ги знаеме вашите потреби – од инфраструктура, водоснабдување и канализација, до поддршка на земјоделството и развој на руралните средини.
Ќе работиме транспарентно и отчетно, секогаш во ваш интерес. Ќе ги слушаме вашите предлози и заедно ќе донесуваме одлуки. Со вашата поддршка, ќе ги преточиме зборовите во дела и ќе изградиме модерна и просперитетна Гази Баба за сите нас.
Советничка група за Општина Гази Баба – Се бориме за нашиот дом!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Изградена нова детска градинка „Пеперутка“ во Стајковци со 140 места.
  • Проширени капацитети на градинките „Морковче“ и „Калинка“ со дополнителни 140 места.
  • Изградена нова училишна зграда и спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“, започната сала во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
  • Изградена водоводна мрежа во Раштак и Булачани, вакуум-канализација во Јурумлери, примарна мрежа во Гоце Делчев и Трубарево, проект за Смилковци и нова мрежа во Црешево.
  • Целосна реконструкција на булевар „Александар Македонски“ и улица „Благоја Стефковски“.
  • Нови локални патишта Страчинци – Виниче и Булачани – викенд-населба.
  • Целосна реконструкција и опремување на Домот на културата „Димитар Влахов“.
  • Реконструирани улици и изградени 12.000 м² пешачки и велосипедски патеки.
  • Поставени 120 смарт-табли, 910 таблети и изградени 3 сензорни соби.
  • Инвестирани 37 милиони денари во средните училишта и обезбеден грант од Светска банка за патна инфраструктура во Хиподром 2.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Изградба на детска градинка во Сингелиќ.
  • Проект за гасификација на општината.
  • Изградба на културни центри во Маџари, Колонија и Булачани.
  • Проект за топлификација во населбите Хиподром, Триангла, Автокоманда, Ченто и Сингелиќ.
  • Изградба на фекална мрежа со пречистителни станици.
  • Поставување на 30 подземни контејнери.
  • Проекти за енергетско-ефикасни јавни објекти.
  • Изградба на сообраќајни клучки на булевар „Александар Македонски“.
  • Изградба на планинарски дом на Скопска Црна Гора.
  • Изградба на катни гаражи во Автокоманда и Ченто.
  • Изградба на водоводна мрежа за населбите Раштак, Брњарци и Стајковци.
  • Изградба на здравствени амбуланти во Автокоманда и Идризово.
  • Изградба на паркови за миленичиња.
  • Инфраструктурен развој на индустриската зона.
  • Изградба на спортско-рекреативен центар во Железара.
  • Изградба на откупен центар за земјоделски производи.
  • Изградба на булевар „Хрватска“.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто (повторно) се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам затоа што ја сакам Гази Баба. Тука сум израснат и ги научив најважните вредности – чесност, труд и заедништво. Во четирите години како директор на ЈКП „Гази Баба“, бев секојдневно меѓу граѓаните и ги видов вистинските потреби. Ова не е политичка амбиција, туку обврска да придонесам повеќе за мојата општина.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Без визија нема развој. Визијата значи јасна насока и план за подобар живот. Нашата цел е Гази Баба да стане безбедно и удобно место за живеење, а граѓаните да бидат активни учесници во тие промени.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Инфраструктурата е темелот, но мора да инвестираме и во луѓето. Ќе создадеме систем што се грижи за младите, старите, семејствата и лицата со хендикеп. Општината мора да биде вистински сервис за граѓаните.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се иднината. Ќе им понудиме можности за образование, работа, спорт и култура за да останат и да создаваат овде.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста е право. Ќе обезбедиме подобро улично осветлување, уредени јавни простори и координација со институциите за секоја населба да биде сигурна.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Да. Ќе ставиме крај на хаотичниот урбанизам и ќе планираме со зелени зони, велосипедски патеки, јавен превоз и достапни јавни услуги.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Ќе се справиме со дивите депонии и ќе воведеме ефикасен систем за управување со отпад. Ќе ја зајакнеме инспекцијата и ќе ја подигнеме свеста за заштита на животната средина.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Со транспарентност, отчетност и резултати. Ќе воведеме јавни седници, отворени набавки и целосна достапност за граѓаните.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Со подобри услови за живот – поддршка за бизниси, модерни училишта, инфраструктура и здрава средина. Ќе покажеме дека тука има иднина.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Затоа што сум човек од терен, не од фотелја. Секогаш сум бил достапен и подготвен да помогнам. Ќе продолжам со истата посветеност и уште поголема одговорност за вистинска промена.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Заедно ги менуваме состојбите!

Нашата програма не е само список на проекти – таа е одраз на вашите потреби, соништа и секојдневие. Ја создадовме слушајќи ги граѓаните – и во селата и во градските населби. Сега е време за вистински промени, за нова енергија и чесна работа. Нудиме јасна, реална и фер визија за поубава, поорганизирана и похумана општина, каде што секој човек – без разлика каде живее – ќе има еднакви можности за подобар живот.

МЛАДИТЕ – ИДНИНАТА ПОЧНУВА ОВДЕ

  • Бесплатни работилници за дигитални вештини, странски јазици, претприемаштво.
  • Отворање младински клубови и центри во секое населено место.
  • Поддршка за младински спортски и културни настани.
  • Кариера и иднина на дофат – кариерни центри, менторски програми и волонтерства.
  • Формирање младински совети за учество во донесување одлуки.
  • Програми за стартап-поддршка и грантови за млади претприемачи.

ЖЕНИТЕ – СИЛА НА ЗАЕДНИЦАТА

  • Обуки за женско претприемаштво во земјоделството, туризмот и занаетчиството.
  • Помош при аплицирање за грантови и пласман на производи на локални пазари.
  • Здравствени, психолошки и едукативни работилници.
  • Отворање клубови за дружење и поддршка на жени.
  • Програми за реинтеграција и економско зајакнување на самохрани мајки.

ПОСТАРИТЕ ЛИЦА – ПОЧИТ И ГРИЖА

  • Дневни центри за дружење, културни активности и рекреација.
  • Бесплатни здравствени прегледи и советувалишта.
  • Подобрување на пристапноста и урбаниот мебел (клупи, патеки, осветлување).
  • Волонтерски програми за размена на искуства меѓу генерации.

ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ – РАМНОПРАВНО УЧЕСТВО

  • Пристапни јавни објекти и јавен превоз со нископодни возила.
  • Наставна и професионална поддршка за вработување.
  • Поддршка за дневни центри и инклузивни активности.
  • Воведување дигитални алатки и асистивна технологија во образованието.

ОБРАЗОВАНИЕ – ЗА ПАМЕТНА И СПОСОБНА ГЕНЕРАЦИЈА

  • Реновирани училишта со греење, интернет и современа опрема.
  • Нови програми за ИТ, екологија и природни науки.
  • Практична обука за земјоделство и екологија во руралните училишта.
  • Бесплатни едукативни кампови и научни клубови за учениците.

КУЛТУРА – ТРАДИЦИЈА, УМЕТНОСТ, ИДЕНТИТЕТ

  • Реновирање и модернизација на домовите на културата.
  • Поддршка за фолклор, театар, музика и уметност.
  • Организација на локални фестивали и културни настани.
  • Програми за промоција на локалното културно наследство.

СПОРТ – ЗДРАВА И АКТИВНА ЗАЕДНИЦА

  • Нови и обновени спортски терени во сите населени места.
  • Општински спортски лиги и турнири.
  • Финансиска поддршка за спортски клубови и школи.
  • Отворени фитнес-зони и програми за рекреативен спорт.

ТРАНСПОРТ – ПОЛЕСНО, ПОБРЗО, ПОСИГУРНО

  • Оптимизирани автобуски линии за подобра поврзаност.
  • Нови паркинг-решенија и подземни гаражи.
  • Велосипедски патеки и јавни станици за изнајмување велосипеди.
  • Дигитални информации за јавниот превоз и паметна мобилност.

УРБАНИЗАМ – ЧИСТА И ОРГАНИЗИРАНА ОПШТИНА

  • Подобрување на јавната хигиена и систем за селекција на отпад.
  • Нова зелена инфраструктура, паркови и дрвореди.
  • Јавно осветлување и уредување на јавните површини.
  • Поддршка за месни заедници и граѓански иницијативи.

ЕНЕРГИЈА И ЕКОЛОГИЈА – ЗДРАВА ИДНИНА

  • Субвенции за фотоволтаици, термоизолација и енергетска ефикасност.
  • Заеднички екоакции со училишта и граѓани.
  • Заштита и прочистување на водни ресурси.
  • Проширување на зелените површини и намалување на загадувањето.

ВОДОВОД И КОМУНАЛИИ

  • Подобрување и модернизација на водоводната и канализациската мрежа.
  • Континуирано одржување на патната инфраструктура и сигнализација.
  • Поставување паметно улично осветлување.

ЗДРАВСТВО И СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

  • Поголем број лекари и медицински сестри во амбулантите.
  • Организирани превентивни и скрининг-прегледи.
  • Советувалишта и поддршка за ранливи групи.
  • Мобилни здравствени екипи за руралните средини.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Современа претоварна станица за шут и кабаст отпад – чиста и уредна општина

Опис на проектот

Со цел да обезбедиме почиста и поздрава средина, предвидуваме изградба на современа претоварна станица за градежен шут и кабаст отпад. Овој проект ќе овозможи отпадот да се собира, да се селектира и да се подготвува за натамошен транспорт кон депониите, како што е ДРИСЛА или кон постројки за рециклажа.
Со новата станица ќе го подобриме управувањето со отпадот, ќе ги намалиме транспортните трошоци и ќе ја зголемиме ефикасноста на целиот систем. Објектот ќе биде опремен со модерна инфраструктура за безбедно ракување и ќе работи под контролирани услови, согласно со сите национални и европски стандарди за заштита на животната средина.
Оваа претоварна станица ќе биде дел од системот на ЈКП „Гази Баба 2007“ и ќе претставува важен чекор кон поуредена, еколошки свесна и одржлива општина за сите нас.

Влијание на проектот:

Проектот ќе овозможи поефикасно управување со отпадот, почиста средина, намалени трошоци и поголема заштита на здравјето и животната средина.

Целна група: Сите граѓани, околните општини и јавни претпријатија, градежни компании и фирми што вршат транспорт на шут и отпад.

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

24.000.000 ден

Изградба на мост меѓу Гази Баба и Аеродром – нова поврзаност и полесно движење

Опис на проектот

Овој капитален проект ќе ја подобри сообраќајната инфраструктура и ќе ги поврзе улицата „Перо Наков“ од страната на Општина Гази Баба со булевар АСНОМ во Општина Аеродром. Новиот мост ќе создаде важен коридор за движење и значително ќе го намали сообраќајниот метеж, особено на улицата „Благоја Стефковски“ и булеварот „Александар Македонски“, како и товарниот сообраќај кон Кванташкиот пазар.
Мостот ќе биде изграден според највисоки инженерски стандарди, со пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и современо осветлување. Со овој проект ќе се овозможи подобра мобилност, поефикасен транспорт, посилна поврзаност и рамномерен развој на двете општини. Проектот ќе се реализира во партнерство со Град Скопје.

Влијание на проектот:

Новата врска ќе го намали метежот, ќе го подобри протокот на сообраќај, ќе го олесни транспортот и ќе овозможи побрзо, побезбедно и поекономично поврзување на жителите на двете општини.

Целна група: Сите граѓани на Скопје, локални бизниси и потенцијални инвеститори, пешаци и велосипедисти.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

350.000.000 денари

Сопствен стационар за згрижување на животни скитници – хумана грижа и безбедна заедница

Опис на проектот

Со цел да обезбедиме похумано и одговорно управување со животните скитници, предвидуваме изградба на сопствен стационар на територијата на Општина Гази Баба. Новиот објект ќе овозможи привремено сместување, ветеринарна грижа, вакцинација, стерилизација и згрижување на кучиња и мачки скитници.
Стационарот ќе вклучува современи простории за ветеринарни услуги, карантински делови, оддели за сместување и административен простор. Со неговото функционирање ќе се подобри јавното здравје, ќе се намали ризикот од ширење болести и ќе се создадат услови за побезбедна и похумана средина за сите жители. Овој проект ќе придонесе и за развивање на културата за одговорно сопствеништво и грижа за животните.

Влијание на проектот:

Проектот ќе го подобри јавното здравје, ќе ја зголеми безбедноста, ќе го намали бројот на скитници и ќе создаде похумана и уредна заедница.

Целна група: Граѓаните од Општина Гази Баба

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

20.000.000 денари

Ново сообраќајно решение – директно поврзување на Хиподром и Инџиково со автопатот

Опис на проектот

Овој стратегиски проект предвидува изградба на современо сообраќајно решение што ќе ги поврзе населените места Хиподром и Инџиково директно со автопатот. Со тоа значително ќе се олесни сообраќајот на улиците „Благоја Стефковски“ и „Методија Андонов-Ченто“, ќе се намали метежот на постојните излези и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Проектот предвидува современ дизајн со пешачки премини, пристап за јавен превоз и сообраќајна сигнализација согласно со националните и европските стандарди. Новата врска ќе овозможи побрз пристап до главните сообраќајници, ќе го поттикне локалниот економски развој и ќе го подобри квалитетот на животот на жителите.

Влијание на проектот:

Проектот ќе го намали метежот, ќе ја зголеми безбедноста, ќе обезбеди побрз пристап до градот и ќе создаде услови за посилен економски развој.

Целна група: Жителите на Хиподром и Инџиково – директно добиваат побрз и безбеден излез кон автопатот.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

90.000.000 денари

Нов Скопски саем – нова економска можност за Гази Баба

Опис на проектот

Во нашата визија за современа и просперитетна Гази Баба, предвидуваме изградба на нов, модерен Скопски саем со површина од 50.000 до 70.000 м² во близина на обиколницата. Новиот комплекс ќе биде мултифункционален центар со модуларни хали, конгресни сали, изложбени простори, спортски и културни содржини и комерцијален дел.
Стратегиската локација ќе овозможи лесен пристап преку автопат и јавен превоз, со доволно паркинг-капацитет. Овој проект ќе го зајакне локалниот и регионалниот економски развој, ќе ја поттикне промоцијата на домашната индустрија и ќе создаде услови за бизнис-поврзување, туризам и нови работни места.

Влијание на проектот:

Саемот ќе стане нов економски и бизнис-центар, ќе привлече инвестиции, ќе отвори работни места, ќе го поттикне туризмот и ќе ја зголеми конкурентноста на локалната економија.

Целна група: Компании и индустрии, граѓани и посетители, мали средни бизниси, туристи и странски инвеститори

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

600.000.000 денари

Три катни гаражи во Автокоманда

Опис на проектот

Со цел подобрување на урбаниот ред и решавање на проблемот со паркирањето, планираме изградба на три современи катни гаражи во населбата Автокоманда. Две ќе бидат наменети за жителите, со 200 паркинг-места, со што ќе се обезбеди безбедно и уредено паркирање и ќе се ослободи јавниот простор од неправилно паркирани возила.
Дополнително, ќе изградиме една катна гаража наменета за вработените од околните фирми, кои моментално го зафаќаат просторот на жителите. Со ова ќе се воспостави ред, ќе се намали метежот и ќе се подобри сообраќајниот проток. Гаражите ќе бидат модерно дизајнирани, со пристап за лица со попреченост, осветлување и надзорен систем.

Влијание на проектот:

Проектот ќе обезбеди уредено паркирање, ќе го намали метежот, ќе го врати јавниот простор на жителите и ќе создаде подобри услови за живот и работа во Автокоманда.

Целна група: Жителите на населба Автокоманда, дневни патници и работници, дистрибутери и посетители

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

150.000.000 денари

Нова општинска зграда

Опис на проектот

Планираме изградба на нова општинска зграда на местото на руинираниот објект „Ранка Милановиќ“, кој со години е запуштен и преполн со отпад. Новата општинска зграда ќе биде современ административен центар, со пристапни простории, канцеларии, сали за јавни состаноци и услуги за граѓаните. На ова место ќе донесеме нов лик, ќе го трансформираме запуштениот простор и ќе го претвориме во транспарентна и функционална локална власт.

Влијание на проектот:

Ќе се зголеми ефикасноста и функционалноста на општината, ќе се врати достоинството на запуштената локација и ќе се овозможи подобра достапност на услуги за сите жители на Гази Баба.

Целна група: Граѓаните на Гази Баба – сите жители што користат општински услуги, вработените во општината и корисниците на административни услуги.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

500.000.000,00 денари

Реконструкција на културниот дом во Нова Колонија

Опис на проектот

Планираме целосна реконструкција и модернизација на постојниот културен дом во населбата Нова Колонија, кој денес е застарен и нефункционален. Со проектот ќе изградиме современ простор, кој ќе вклучува сала за фолклор, театар и концерти, нова киносала со модерна аудиовизуелна опрема, простории за уметнички и едукативни работилници и простор за културни манифестации.
Објектот ќе добие нова фасада, покрив, внатрешно уредување, сценска и техничка опрема, систем за греење и климатизација, како и пристап за лица со попреченост. Новиот културен центар ќе стане средиште на заедницата – место за дружење, образование, култура и забава.

Влијание на проектот:

Проектот ќе создаде современ центар за култура и забава, ќе го поттикне заедништвото и ќе го збогати општинскиот живот.

Целна група: Жителите на Нова Колонија и околните населби – млади, ученици, пензионери, културни здруженија, семејства и сите љубители на културата, филмот и уметноста.

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

150.000.000 денари

Градинка во Сингелиќ – „Алија Авдовиќ“

Опис на проектот

Изградба на нова современа детска градинка во населено место Сингелиќ, со капацитет од околу 100 деца, која ќе обезбеди безбедна, функционална средина за најмладите жители на нашата општина.
Објектот ќе биде изграден по највисоки стандарди за енергетска ефикасност и детска заштита, со современи занимални, трпезарија, кујна, двор со детско игралиште и пристап за лица со попреченост.
Новата градинка ќе придонесе за подобра достапност на предучилишно образование, ќе им го олесни секојдневието на родителите и ќе создаде услови за правилен развој и социјализација на децата.

Влијание на проектот:

Проектот ќе обезбеди квалитетно предучилишно образование, ќе им помогне на родителите и ќе го подобри животот на семејствата.

Целна група: Деца од предучилишна возраст, родители од Сингелиќ и околните населби, воспитувачи и образовни кадри, кои ќе добијат современ и безбеден простор за грижа и развој.

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

80.000.000 денари

Градинка во Хиподром 2

Опис на проектот

Планираме изградба на нова современа детска градинка во населба Хиподром 2 со капацитет за околу 160 деца. Овој проект е од клучно значење бидејќи населбата брзо се развива, бројот на жители постојано расте, а со тоа се зголемува и потребата за предучилишни капацитети.
Новата градинка ќе обезбеди безбедна и модерна средина за раст и развој на децата, со занимални, трпезарија, кујна, мултифункционални простории и голем двор со игралиште и зеленило. Со нејзината изградба ќе се зголеми пристапот до предучилишно образование, ќе им се олесни секојдневието на родителите и ќе се создадат подобри услови за квалитетно образование и социјализација уште од најрана возраст.

Влијание на проектот:

Проектот ќе одговори на растечките потреби на заедницата, обезбедувајќи простор за 160 деца и подобар семеен стандард.

Целна група: Семејствата со деца од предучилишна возраст во Хиподром 2 и околните населби, воспитувачи и образовен кадар.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

120.000.000 денари

Кружен тек ул. „Благоја Стефковски“ со ул. „Маџари“

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на кружен тек на крстосницата меѓу улиците „Благоја Стефковски“ и „Маџари“, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се овозможи побрзо и поефикасно движење на возилата во еден од најфреквентните делови на општината.

Влијание на проектот:

Со реализацијата ќе се подобри безбедноста на сите учесници во сообраќајот, ќе се намалат сообраќајните застои, ќе се зголеми протокот на возила.

Целна група: Жителите на населбите Маџари, Ченто и сите што секојдневно ја користат оваа сообраќајница, како и јавниот превоз и доставните возила.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

40.000.000,00 денари

Проширување и реконструкција на ул. „Перо Наков“

Опис на проектот

Проектот предвидува проширување и целосна реконструкција на целата улицата „Перо Наков“ со нов асфалтен слој, тротоари, улично осветлување и пешачка зона. Со тоа ќе се зголеми протокот на возила, ќе се намали застојот и ќе се подобри поврзаноста со централното градско подрачје.

Влијание на проектот:

Реализацијата ќе овозможи побрз и побезбеден сообраќај, намален метеж и загадување, полесен пристап до индустриските и станбените зони и подобра поврзаност со другите делови на градот.

Целна група: Жителите на Општина Гази Баба, работниците и компаниите што ја користат улицата за транспорт, јавниот превоз и секојдневните патници кон централниот дел на Скопје.

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

90.000.000,00 денари

ЈКП „ГАЗИ БАБА 2007“ – НОВА ОПРЕМА

Опис на проектот

Нова опрема предвидува набавка на две возила за чистење снег – за општината да не распишува тендер за чистење снег, три камиони за собирање смет од контејнерите за да го надополнува градското комунално, два камиона за миење улици и пет мини возила со метларки. Со тоа ќе се обезбеди редовна хигиена, ќе се стави крај на купиштата ѓубре и ќе се подобри квалитетот на животот во општината. Ќе се обезбеди нова ХТЗ-опрема за сите работници, ќе се зголемат капацитетите на комуналното претпријатие со косачи и лица коишто се грижат за хигиената во општината.

Влијание на проектот:

Проектот ќе овозможи поквалитетни и побрзи комунални услуги, редовно чистење на јавните површини и улиците, намалување на загадувањето и трошоците, подобрување на јавното здравје и создавање на почиста, поуредна и поатрактивна општина за живот и работа.

Целна група: Сите жители на општина Гази Баба, домаќинства, станбени заедници, јавни институции, компании, како и посетители кои секојдневно ги користат јавните површини и инфраструктурата.

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

100.000.000,00 денари

ПРОЕКТИ

Доброволно противпожарно друштво

Опис на проектот

Со цел зголемување на безбедноста и заштитата на граѓаните, предвидуваме формирање и целосно опремување на Доброволно противпожарно друштво со две единици – во Црешево и Трубарево. Новите пунктови ќе располагаат со современ простор, противпожарни возила, униформи и опрема за брзи и ефикасни интервенции при пожари, поплави и други несреќи.
Дополнително, ќе изработиме план за процена на ризик од катастрофи и несреќи и ќе ги мапираме сите критични точки во општината, со што Гази Баба ќе стане првата општина во државата со ваков систем. Нашата цел е граѓаните и нивните домови да бидат заштитени, а општината подготвена за секоја вонредна состојба.

Влијание на проектот:

Проектот ќе обезбеди побрза реакција при пожари и несреќи, ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и имотот и ќе развие култура на волонтеризам и заштита.

Целна група: Локално население, волонтери и активисти

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

18.000.000 денари

Современ сточен пазар

Опис на проектот

Планираме изградба на современ сточен пазар со простор за трговија, ветеринарна контрола и безбедни услови за животните. Лоциран покрај скопската обиколница, пазарот ќе функционира по европски стандарди и ќе обезбеди уреден и контролиран систем на продажба.

Влијание на проектот:

Ќе се поттикне сточарството, ќе се создадат нови можности за земјоделците и ќе се развие локалната економија.

Целна група: Сточарите и фармерите, трговците, дистрибутерите, ветеринарните служби, граѓаните и купувачите

Рок на реализација: 2028 година

Атлетска патека

Опис на проектот

Планираме изградба на современа атлетска патека со тартан-подлога, наменета за професионални спортисти, ученици, рекреативци и сите љубители на трчањето. Патеката ќе биде обележана и приспособена за тренинзи, натпревари и рекреативни активности.
Локација: Хиподром 2

Влијание на проектот:

Ќе се поттикне спортот, здравиот начин на живот и активната заедница.

Целна група: Спортски клубови и професионални атлетичари, ученици, граѓани што бараат пристап до рекреативни површини

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

15.000.000,00 денари

Терени за падел

Опис на проектот

Планираме изградба на првиот современ терен за падел во Општина Гази Баба. Со овој проект ќе промовираме спорт, рекреација и здрав начин на живот. Паделот е брзорастечки спорт во Европа и светот, популарен поради достапноста, динамиката и социјалниот карактер.

Влијание на проектот:

Ќе се збогати спортската понуда, ќе се поттикне активноста на младите и ќе се развие нова спортска култура во општината.

Целна група: Млади и возрасни луѓе, спортски ентузијасти, туристи

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

4.500.000,00 денари

Изградба на јавни тоалети

Опис на проектот

Планираме изградба на современи јавни тоалети на клучни локации – паркови, плоштади и места со висока фреквенција на луѓе. Тоалетите ќе бидат достапни и за лица со попреченост и ќе користат еколошки и одржливи решенија за одржување на хигиената.

Влијание на проектот:

Ќе се зголеми јавната хигиена, ќе се подобри урбаниот ред и ќе се подигне квалитетот на животот во заедницата.

Целна група: Граѓани и посетители, ученици, пензионери и туристи

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

9.000.000,00 денари

Субвенционирање на покриви на станбените единици за колективно домување

Опис на проектот

Планираме субвенционирање на реконструкцијата и санацијата на покриви во колективните станбени згради со учество од 50 %. Со тоа ќе се подобри енергетската ефикасност, ќе се намалат загубите на топлина и влага и ќе се зголеми трајноста на објектите.

Влијание на проектот:

Ќе се подобри квалитетот на домувањето, ќе се намалат трошоците за енергија и ќе се создаде поздрава средина за живеење.

Целна група: Станарите на колективните згради

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

15.000.000,00 денари

Субвенционирање на пумпи за вода

Опис на проектот

Планираме субвенционирање на набавката и замената на хидрофорни пумпи за вода во колективните станбени згради. Со тоа ќе се обезбеди стабилно и континуирано водоснабдување, ќе се намалат трошоците за електрична енергија и ќе се подобри квалитетот на живеење.

Влијание на проектот:

Ќе се зголеми сигурноста на водоснабдувањето, ќе се намалат сметките и ќе се подобрат условите за секојдневен живот.

Целна група: Станарите на колективните згради кои се соочуваат со проблемите со водоснабдување во летниот период

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

10.000.000,00 денари

Кино на отворено – парк-шума Гази Баба

Опис на проектот

Планираме поставување на монтажно кино на отворено во парк-шумата Гази Баба, кое ќе функционира во летниот период како ново место за дружење, култура и забава под отворено небо. Проектот предвидува поставување монтажна сцена, платно, седишта и аудиовизуелна опрема, со цел организирање филмски проекции, културни вечери и семејни настани.
Посебен акцент ќе биде ставен на заштитата на зеленилото и природната средина, при што сите елементи ќе бидат лесно демонтибилни и безбедни за животната средина. Овој проект ќе создаде нова културна традиција и ќе го збогати летниот социјален живот на граѓаните.

Влијание на проектот:

Проектот ќе донесе нови културни содржини, ќе го збогати летниот живот и ќе ја зајакне заедницата.

Целна група: Сите жители на Општина Гази Баба – млади, семејства со деца, ученици, студенти, пензионери и љубители на филмот и културата, кои ќе можат да уживаат во летни проекции, културни настани и дружење на отворено во природна средина.

Рок на реализација: 2026-2029 година

Буџет

10.000.000 денари

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Автокоманда

  • Изградба на две катни гаражи за жителите на Автокоманда со вкупен капацитет од 200 возила и една катна гаража за возилата што се вработени во околните компании со вкупен капацитет од 100 возила и воведување резидентно паркирање.
  • Субвенционирање со 100 % повратни средства за вградување хидрофорни пумпи за вода во зградите каде што станарите немаат притисок за вода.
  • Нов приклучок на бул. „Александар Македонски“ кај Спортската сала во Автокоманда, кој ќе овозможи полесен излез од населбата во утринските и попладневните часови.
  • Комплетна реконструкција на плоштадот во Автокоманда со поставување урбана опрема, нови и современи детски реквизити и смарт-клупи, воведување бесплатна WI-FI зона.
  • Поставување на современи детски реквизити на плоштадот КОЦКА, смарт-клупи, воведување бесплатна WI-FI зона.
  • Забрана за паркирање на службени товарни возила што дополнително го отежнуваат паркирањето на другите патнички возила.
  • Изградба на пешачка патека или т.н. рекреативна пешачка патека, на потегот од пазарот во Автокоманда на ул. „Бапчор“, преку ул. „Јани Лукровски“, ул. „Трифун Хаџи Јанев“ и ул. „Лазар Поп Трајков“, со комплетно нова урбана опрема, ново современо осветлување и пешачка подлога.
  • Изградба на два спортски терена за падел и поставување современи справи за крос-фит на отворено на крајот од ул. „Лазар Поп Трајков“.
  • Проширување на капацитетите на градинката „Детска радост“ за нови 100 места.
  • Изградба на парк за миленици кај спортската сала во Автокоманда.
  • Изградба на современа трибина на игралиштето за мал фудбал во дворот на ООУ „Стив Наумов“.
  • Реконструкција и обнова на изгледот на трговскиот центар во Автокоманда, комплетно реновирање на подот и уредување на просторот со ново осветлување.
  • Комплетно уредување на ул. „Лазар Поп Трајков“ во делот на пешачките патеки, паркинг-просторот ќе се уреди со косо паркирање и уредување на зелениот појас.

Железара

  • Санирање и реконструкција на атмосферската канализација на ул. Гемиџиска.
  • Изведба на подземни контејнери по должината на ул. „Коце Металец“, „Душан Тасковиќ“ и ул. „Гемиџиска“.
  • Реконструкција на ул. „Душан Тасковиќ“.
  • Реконструкција на парковите со поставување современа опрема за наводнување и поставување рекреативни и други интересни содржини за сите возрасти, реконструкција на детските игралишта со нови современи детски реквизити.
  • Изградба на кошаркарско игралиште со специјализирана подлога за кошарка, нови модерни кошеви и рефлектори погодно за играње навечер и организирање баскет-турнири.
  • Реконструкција на пазарот и зголемување на капацитетите на тезгите на пазарот.

Нова Колонија

  • Реконструкција на културниот дом во Нова Колонија, изградба на мултифункционален објект што ќе ги задоволи потребите на населението како од населеното место Нова Колонија, така и на околните населени места што гравитираат во непосредна близина, изградба на киносала.
  • Санирање и реконструкција на фитнес зоната во паркот во Нова Колонија како и дополнително хортикултурно и партерно уредување на истиот, како и редовно одржување и сервисирање на поставените содржини на детското катче во истиот парк.
  • Хортикултурно и партерно уредување на училишниот двор на ООУ „ЊЕГОШ“ како и правење на ново детско игралиште во училишниот двор.
  • Санирање и асфалтирање на долните краци ул.1 и ул.2а како и асфалтирање на улиците кои сеуште не се асфалтирани. Асфалтирање на ул. 3 во торта маало.
  • Комплетна санација на резервоарот за вода и воведување систем за континуирано оддржување.

Јурумлери

  • Довршување со поставување на мрежата за фекалната канализација во целото населено место, а не само во одредени делови.
  • Санирање на ул. 2, ул. 6, ул. 7, ул. 9 и долниот крак на ул. 10 по поставувањето на фекалната канализација како и асфалтирање на улиците што се ископани поради санација.
  • Комплетна замена на уличното осветлување со нови ЛЕД-светилки.
  • Редовно чистење на каналската мрежа низ целото населено место.
  • Решавање на проблемот со дивите депонии и нивна дислокација.
  • Определување на постојано место за отклонување на кабастиот отпад и земјоделскиот отпад и негово редовно отклонување.
  • Поставување на дополнителни три детски игралишта во населеното место, во деловите кај постојното спортско игралиште и две нови локации, реконструкција на постојното игралиште за фудбал и изградба на ново кошаркарско игралиште.

Керамидница

  • Реконструкција на ул. 515 – одводна канализација, комплетно асфалтирање со тротоари и пешачки зони.
  • Реконструкција на улицата пред Основното училиште „25 Мај“ во Керамидница.
  • Изградба на детско игралиште со урбана опрема на парцела кај кружниот тек меѓу Керамидница и Маџари.
  • Изградба на детско игралиште со урбана опрема на парцелата зад спортскиот терен во населба Керамидница.

Хиподром

  • Проширување на клонот „Пони“ на Детската градинка „25 Мај“.
  • Изградба на нова детска градинка во населбата Хиподром 2 капацитет 160 деца.
  • Изградба на парк за миленици во паркот меѓу зградите на ул. „Разлошка“ и ул. „Валандовска“.
  • Уредување на просторот на последна автобуска станица бр. 50, ново зеленило, осветлување и модернизација на постојката.
  • Уредување на парковите со поставување нова урбана опрема и современа опрема за наводнување, со автоматско вклучување во ноќните часови.
  • Изградба на канализациска мрежа и нејзино поврзување во старата населба Хиподром 2.
  • Асфалтирање на ул. „Жан Жорес“ во старата населба Хиподром 2.

Кирил Петрушевски

  • Поставување на комплетно ново детско катче на постојното на ул. „Перо Наков“ со модерна содржина и урбана опрема.
  • Реконструирање на целата ул. „Перо Наков“ – нејзино проширување и асфалтирање.
  • Нова пешачка патека со подлога во должина на целата на ул. „Вера Радосављевиќ“.
  • Кванташки пазар – режимски односно временски дотур на стока во одреден временски период од денот кога е најмалку прометно во тој дел.
  • Бувљак – уредување со тезги и јавни тоалети и самостојно одржување на пазарот и преземање за стопанисување на општината.

Триангла

  • Поставување справи за вежбање (street workout) во дворот на Основното училиште „Наум Наумовски-Борче“.
  • Промена на кантите за џебен отпадок низ цело населено место Триангла.
  • Засадување нови дрвја на ул. „Благоја Стефковски“ кај новите згради и хортикултурно уредување на просторот.
  • Изградба на тротоари и пешачки зони со подлога на ул. „Карл Хрон“ и ул. „Петре Филиповски-Гарката“.
  • Поставување лежечки полицајци на ул. „Петре Филиповски-Гарката“.
  • Изградба на нов модерен парк на крајот на ул. „Карл Хрон“ и парк за миленици.

Маџари 1

  • Асфалтирање на ул. Ордан Поп Јорданов, изградба на пешачка патека со подлога.
  • Реконструкција на детското игралиште и поставување современи детски реквизити на крајот ул. „Ордан Поп Јорданов“ со ул. „Донче Штипјанчето“.
  • Хортикултурно уредување на просторот околу амбулантата, поставување смарт-клупи и воведување бесплатна WI-FI зона.
  • Субвенционирање на дел од мрежата за парно греење.
  • Уредување на тротоарите на ул. „Маџари“, поставување пешачка патека и ново ЛЕД-осветлување.

Маџари 2

  • Реконструкција на краци од ул. „Јужноморавски бригади“.
  • Уредување на просторот на последна автобуска станица бр. 43.
  • Поставување вештачка трева на фудбалското игралиште на ул. „Јужноморавски бригади“.
  • Поставување на осветлување на детско игралиште кај спортска сала „Крсте Мисирков“.
  • Монтажна гаража и обезбедување на паркинг простор за пазарот во Ченто.
  • Реконструкција на ул. „Палмиро Тољати“ со нова фекална и атмосферска канализација и асфалтирање на сите краци.
  • Реконструкција на ул. „Товарник“.
  • Изградба на пешачка патека по целата должина на ул. „Среќко Пужалка“.
  • Изградба на парк за миленици зад „Дим маркет“ (МЕБЛО).

Крсте Мисирков

  • Замена на фекалната и атмосферската канализација и асфалтирање на ул. „Финска“ (кај стадионот „Борис Трајковски“).
  • Рехабилитација на краци од ул. „Финска“.
  • Рехабилитација на краци од ул. „Аслан Селмани“.
  • Изградба на детско игралиште на ул. „Аслан Селмани“ со современи детски реквизити.

Инџиково

  • Реконструкција на фекална канализација и водоводна мрежа на дел ул. „Маџари 2“.
  • Реконструкција на ул. 2.
  • Поставување ново осветлување околу пешачкиот мост кој ги поврзува Инџиково и Хиподром.
  • Уредување и чистење на каналот околу Месната заедница.
  • Асфалтирање на ул. 18 и ул. 22.

Алија Авдовиќ

  • Комплетна санација на водоводната линија на место викано Камник.
  • Изградба на фекална канализација.
  • Реконструкција и асфалтирање на ул. 22 и ул. 28.
  • Изградба на нова детска градинка во дворот на старото училиште со капацитет од 160 деца.
  • Уредување на каналот во Сингелиќ.

Стајковци

  • Уредување на коритото од каналот по должината на ул. 6.
  • Уредување на каналот на крајот од ул. 6.
  • Рехабилитација на ул. 5, ул. 6 и ул. 11.
  • Реконструкција на детското игралиште на крајот од ул. 18.
  • Хортикултурно и партерно уредување на плоштадот во Стајковци.

Страчинци

  • Изградба на прочистителна станица за фекални води.
  • Изградба на еден нов бунар за вода што ќе го зголеми дотокот и капацитетот на водата.
  • Уредување на каптажите за вода, нивно оградување и прогласување на изворите за заштитно подрачје.
  • Изградба на пензионерски дом.

Смилковци

  • Изградба на нов резервоар за вода со капацитет за дополнителни 300 м3 вода.
  • Довршување на фекалната канализација.
  • Комплетна замена на водоводната линија од препумпната станица во Железара до резервоарот за вода во Смилковци во должина од 3,5 км.
  • Изградба на еден нов бунар за вода што ќе го зголеми дотокот и капацитетот на водата.
  • Проширување на патот и изградба на пешачка патека од Смилковци до Црешево.
  • Асфалтирање на краци од ул. „Павле Божинов“.

Брњарци

  • Изградба на трафостаница за континуирано снабдување со електрична енергија на хидрофорните пумпи за вода.
  • Асфалтирање на краци од ул. 1 и ул. 2.
  • Решавање на проблемот со јавниот превоз, субвенционирање на сопствена редовна автобуска линија.

Црешево

  • Изградба на нов резервоар за вода со капацитет за дополнителни 300 м3 вода.
  • Довршување на фекалната канализација.
  • Асфалтирање и санација на краци од ул. 3.
  • Комплетна замена на водоводната линија од препумпната станица во Железара до резервоарот за вода во Црешево во должина од 6 км.
  • Изградба на еден нов бунар за вода што ќе го зголеми дотокот и капацитетот на водата.
  • Осветлување на регионалниот пат од Црешево до Стајковци и изградба на пешачка патека по целата должина.
  • Изградба на Прочистителна станица за фекални води.

Виниче

  • Изградба на фекална канализација.
  • Изградба на прочистителна станица за фекални води.
  • Асфалтирање на крак од ул. „Трајче Здравковски“.

Раштак

  • Изградба на два нови бунара за вода, кои ќе го зголемат дотокот и капацитетот на водата.
  • Уредување на каптажите за вода, нивно оградување и прогласување на изворите за заштитно подрачје.
  • Санација на постојните резервоари за вода.
  • Санација на пречистителната станица за вода.
  • Асфалтирање на краци од ул. 1, ул. 2, ул. 4, ул. 6.
  • Реконструкција и санација на детското игралиште и спортското игралиште со менување на подлога и рефлектори.
  • Воведување сопствена автобуска линија што ќе поминува од Црешево, Булачани и Раштак преку Раштански пат до последна автобуска станица бр. 8.

Булачани

  • Изградба на 2 нови бунара за вода, кои ќе го зголемат дотокот и капацитетот на водата.
  • Уредување на каптажите за вода, нивно оградување и прогласување на изворите за заштитно подрачје.
  • Санација на резервоарите за вода.
  • Реконструкција на водоводната линија 1 во Булачани во должина од 5 км.
  • Изградба на фекална канализација.
  • Комплетно реновирање на Културниот дом.
  • Асфалтирање на ул. 3.
  • Поврзување на куќите од ул. 3 на водоводна линија со хидрофорни пумпи за вода.
  • Изградба на видиковец со урбана опрема на место викано Банево Гумно.

Трубарево

  • Трубарево, левите и десните краци на ул. 1 - асфалтирање, ул. 6 цела, ул. 11 да се пробие и да се поврзе со главната улица, ул. 15 - асфалтирање, сите краци на ул. 38, ул. 30 и ул. 36 одвод и асфалтирање, како и ул. 5 со сите нејзини краци.
  • На ул. 5 кај детското игралиште ќе направиме ново спортско мултифункционално игралиште.

Гоце Делчев

  • Поставување фекална канализација на ул. 206 и ул. 208.
  • Асфалтирање на ул. 206 и ул. 208.
  • Замена на рефлекторите, санација на соблекувалните и изградба на монтажна трибина за ФК Гоце Делчев.
  • Изградба на парк и детско игралиште со современи детски реквизити кај МЗ.

Идризово

  • Изградба на фекална канализација.
  • Асфалтирање на ул. 2 со сите споредните краци.
  • Санација на детското игралиште со современи детски реквизити.