Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?
Не сме осудени. Ќе вложиме во чистење на дивите депонии, редовна хигиена на јавните простори и ќе поттикнеме еконавики кај граѓаните. Преку образовни кампањи, соработка со инспекциските служби и нови еколошки проекти, ќе го направиме Долнени почиста и поздрава средина за живеење.
Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?
Довербата се враќа со дела, не со зборови. Ќе воведеме целосна транспарентност во трошењето на јавните средства, ќе бидеме отворени за јавни расправи и редовно ќе комуницираме со граѓаните. Општината мора да биде сервис за граѓаните, а не привилегија за избраните. Со фер и отчетна работа, можеме да ја вратиме надежта и довербата во институциите.
Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?
Иднина без луѓе ‒ нема. Мораме да создадеме услови што ќе ги мотивираат младите да останат. Ќе вложуваме во квалитетно образование, спорт и културен живот. Ќе поддржиме млади претприемачи и ќе овозможиме перспективна иднина во родното место.
Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?
Јас сум дел од народот, живеам со проблемите и не бегам од одговорност. Не ветувам невозможни проекти, туку работа, интегритет и отворена врата за секој граѓанин. Нашата цел е искрена служба на народот, а не лична корист. Ние ќе го слушаме секој еден, ќе се консултираме и ќе постапуваме онака како што заслужуваат граѓаните.
