МОЈАТА ВИЗИЈА
Зошто повторно се кандидирате? Што е мотивот?
Затоа што гледам дека општината застана токму таму каде што ја оставив кога мојот мандат заврши. Она што денес се претставува како успеси, се всушност моите започнати проекти – тие беа само довршени. Но нови идеи, нова енергија, нов развој – тоа, за жал, го немаше. И затоа верувам дека Зелениково изгуби драгоцено време.
Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?
Веќе еднаш покажав дека со работа, чесност и вистински планови можеме да ја придвижиме општината напред. Сега повторно ја барам вашата доверба, затоа што имам искуство, знам што треба да се направи и имам визија како Општина Зелениково конечно да тргне напред наместо да стои в место. Нашата општина заслужува динамика, развој и иднина – а тоа можеме да го направиме само заедно.
Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти? Колку се важни младите за нашата општина?
За млади брачни парови преку општината ќе доделиме бесплатни градежни парцели ослободени од комуналии каде што ќе можат да си изградат свој дом. Субвенции од 500 евра за секое новороденче. Бесплатна обука и образование за деца и млади за странски јазици и информатички вештини. Буџет за млади, каде што Општината ќе издвои 1 % за Законот за младинско учество и младински политики. Субвенции за електронски уреди за ученици од основното и средното образование што се жители на Општина Зелениково. Формирање Локален младински сове - за младите да се вклучат во процесот на креирање политики за донесување одлуки. Поддршка за млади таленти од областа на културата, уметноста, музиката, спортот и други области. Поддршка во организирањето спортски, културни и други манифестации во насока на промовирањето на општината и ред други активности и проекти во интерес на младите.
