Почитувани сограѓани, драги пријатели од Шуто Оризари,
Во изминатиот период нашата општина се соочуваше со сериозни предизвици. Но денес стоиме пред нова можност – можност за промена, можност за нова насока во која ќе се движи нашата општина. Секој од нас длабоко во себе знае дека Шуто Оризари заслужува подобро – во секое поле.
Вие ме познавате – секојдневно сум присутен меѓу вас. Разговарам со сите, ги слушам вашите проблеми и идеи и заедно споделуваме една заедничка цел: промена на начинот на кој се управува со нашата општина.

Мојата кандидатура за градоначалник се темели врз лично искуство и докажан ангажман. Како член на Советот на Општината сум поднел најмногу предлози и амандмани од сите досегашни советници. Секогаш сум се борел со целото мое знаење и енергија за поразвиена и поправедна Општина Шуто Оризари.

Денес стојам пред вас со цврста посветеност: да овозможиме секој граѓанин навремено, ефикасно и достоинствено да ги остварува своите права и потреби. Во 21 век е недозволиво да има куќи без вода, струја или канализација; урбанистичкиот и сообраќајниот хаос мора да се реши – бидејќи безбедноста на нашите деца и квалитетот на животот ни се најважен приоритет.
Како ваш сограѓанин, пријател и човек кој со срце ја носи Шуто Оризари, имам јасна визија: да изградиме модерна, хумана и функционална општина – со чесно, транспарентно и одговорно управување.
За таа цел ми е потребна вашата поддршка. Заедно можеме да ја вратиме надежта, да ја промениме реалноста и да ја изградиме иднината што сите ја заслужуваме.

Со почит и благодарност,

Едис Хасан

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

  • 1. Рикардо Сали
  • 2. Абдула Мустафа
  • 3. Дијана Милевска
  • 4. Мухамет Сулејман
  • 5. Муслија Рушид
  • 6. Лариса Ахмед
  • 7. Музафер Беџет
  • 8. Елеонора Зекир
  • 9. Авдуш Кајтас
  • 10. Алиса Селимова
  • 11. Елвис Сефер
  • 12. Саманта Фазли
  • 13. Авдо Емини
  • 14. Ибрима Алија
  • 15. Сеат Абаз
  • 16. Нурај Зекир
  • 17. Џенифер Рушити
  • 18. Раим Јакупи
  • 19. Антонијо Фета

Ние сме кандидатите за членови на Советот на Општина Шуто Оризари и се обраќаме директно до вас – нашите соседи. Ја бараме вашата поддршка затоа што знаеме дека нашата општина треба да биде пристојно место за живеење за сите граѓани. Заедно можеме да обезбедиме побезбедни и почисти улици, почиста околина во која живееме, достоен живот за секој жител на Шуто Оризари.

Не ветуваме чуда – но ветуваме работа, чесност и транспарентност. Време е да се слушне гласот на граѓанинот! Со вашата поддршка, можеме да го направиме Шуто Оризари достојно место за живеење!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Реконструкција на главната улица „Индира Ганди“.
  • Фитнес-зона во спортско-рекреативниот центар.
  • Изградба на атмосферска канализација на ул. „Нов живот“
  • Реконструкција на атмосферска и фекална канализација на улиците „Јован Шишков“, „Брсјачка буна“ и „Федерико Гарсија Лорка“.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Нема решение за сообраќајниот хаос.
  • Шуто Оризари речиси е отсечено од јавниот градски превоз и сè поретки се градските автобуси.
  • Ветија, а не го решија проблемот со кучињата скитници.
  • Шуто Оризари е заборавено од власта на ДПМНЕ.
  • Нема решение на проблемот со фекалната канализација и со асфалтирањето на улиците кои се од големо значење за граѓаните на Општина Шуто Оризари.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам затоа што верувам дека можам и умеам да го сменам досегашниот начин на управување со општината. Потребни се крупни промени, но со добар тим, заеднички сили и поддршка од сите граѓани можеме да направиме функционална општина.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој? Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Визијата е столб на квалитетно функционирање на општината. Без неа не може да има напредок и просперитет. Мојата визија за Шуто Оризари е општина по мерка на сите граѓани, која ќе биде ефикасна и функционална, каде што хигиената ќе биде на највисоко ниво, сообраќајниот и урбанистичкиот хаос – минато, возрасните ќе имаат достоинствена старост, а децата безбедно и среќно детство.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Следниот мандат мора да се направат клучни работи. Потребна е секојдневна посветеност во работата и решавањето на проблемите. Како градоначалник, времето ќе го поминувам меѓу моите сограѓани, затоа што само така може најдобро да се разберат нивните потреби.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се нашата иднина. Тоа не е само празна флоскула, туку реалност. Како градоначалник, ќе се залагам нивниот глас да биде слушнат и да бидат поинтензивно вклучени во креирањето на политиките. Мора да создаваме простори што ќе бидат препознаени како места на младите, а со тоа и целата општина.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста на секој граѓанин е една од најважните работи на нашето живеење. Мојот пристап кон ова прашање е сеопфатен - безбедноста не значи само присуство на полиција, туку и имплементација на безбедносни стандарди, превенција, доверба и соработка меѓу институциите и граѓаните.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

За жал, нашата општина е една од најнеурбанизираните во Македонија и тоа ќе биде еден од моите приоритети. Од една страна, доброто планирање на просторот и мобилноста се едни од клучните предуслови за забрзан и одржлив развој, но од друга страна, пак, значително придонесуваат за подобар квалитет на животот на граѓаните. Кога просторот е рационално искористен, а сообраќајот и јавниот превоз се организирани ефикасно, се добиваат повеќекратни придобивки: помал сообраќаен метеж, почист воздух, поголема безбедност, подобра пристапност и поатрактивна средина за живот и работа.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Предлог-мерки

  • Финансиска помош за вршење погреб на социјално-ранливите семејства.
  • Бесплатен курс по пливање за најдобрите основци.
  • Најдобрите 3 студенти ќе добијат стажирање во институција и гратис курс или теретана, техничка поддршка на секој бруцош и 10 % финансиска поддршка за прва рата и пријава на факултет.
  • Целосна директна финансиска поддршка за спортските друштва со буџетска ставка, ресурсна поддршка за сите активности, реквизити и сала за користење.
  • Комплетен нов медијаторски пристап.
  • Апликација и техничка поддршка за вработување во приватен сектор или државна управа.
  • Катастар, болници, ФЗО, министерства - апликација и техничка поддршка за вработување во приватен сектор или државна управа.
  • Бесплатен дуќан во пазарот во Шутка за секој млад брачен пар.
  • Најдобрите двајца средношколци ќе бидат наградувани со возачки дозволи.
  • Ќе се залагаме за подобрување на примарното здравство, со самото тоа што ќе се воведе работа во смени со што ќе има поголема ефикасност.

На секои три месеци ќе има ден на идеи каде што секој граѓанин ќе може да дојде и да елаборира за одредена идеја поврзана со работата и ингеренциите на општината. Секој месец во текот на еден работен ден ќе има приемен ден со странки со што директно ќе се решаваат проблемите и потребите на граѓаните.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Културен дом во Шуто Оризари

Опис на проектот

Проектот има цел да создаде модерен, инклузивен простор за културно изразување и зајакнување на заедницата. Објектот ќе содржи сала за настани, простории за музички, театарски и уметнички работилници, како и мултимедијален центар. Културниот дом ќе овозможи промоција на ромската култура и ќе поттикне соработка меѓу различни етнички заедници. Лоциран во срцето на Шуто Оризари, објектот ќе служи како двигател на културен и социјален развој, особено за младите. Проектот ќе се реализира во партнерство со локални организации и институции, со акцент на одржливост и вклученост на граѓаните во сите фази на развојот. Овој дом ќе биде симбол на иднината, еднаквоста и креативниот потенцијал на заедницата.

Влијание на проектот:

Подобрување на културната инфраструктура во Шуто Оризари.

Целна група: Сите граѓани на Општина Шуто Оризари

Рок на реализација: Крај на 2027 година

Буџет

10 милиони ден.

Парк во Општина Шуто Оризари

Опис на проектот

Проектот има за цел уредување на зелен јавен простор што ќе овозможи рекреација, одмор и дружење за жителите од сите возрасти. Паркот ќе вклучува детско игралиште, пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема (клупи, канти, осветлување), како и засадување дрвја и зеленило за подобрување на квалитетот на воздухот. Просторот ќе биде пристапен за лица со попреченост и безбеден за деца. Проектот ќе придонесе за подобрување на животната средина, социјалната поврзаност и квалитетот на живеење во Шуто Оризари. Ќе се спроведе во соработка со општината, локалните жители и здруженија, со цел паркот да одразува реалните потреби на заедницата и да стане ново омилено собиралиште за сите.

Влијание на проектот:

Место за дружење и рекреација на граѓаните.

Целна група: Сите граѓани на Општина Шуто Оризари

Рок на реализација: Почеток на 2027 година

Буџет

5 милиони ден.

ПРОЕКТИ

Спортско игралиште

Опис на проектот

Овој проект има цел создавање безбеден и модерен простор за спорт и рекреација достапен за сите жители, особено за децата и младите. Игралиштето ќе вклучува терени за фудбал, кошарка и други спортови, како и трибини, осветлување, заштитна ограда и урбана опрема. Просторот ќе биде отворен и слободно достапен, со можност за организирање спортски турнири, школски активности и рекреативни настани. Проектот ќе промовира здрави животни навики, тимска работа и позитивен дух кај младите.

Влијание на проектот:

Проектот ќе го поттикне здравиот живот, спортот и дружењето кај младите и ќе ја зајакне заедницата.

Целна група: Младите на Општина Шуто Оризари

Рок на реализација: Почеток на изградба 2026, промовирање 2027

Буџет

10 милиони ден.

Гинеколошка ординација

Опис на проектот

Проектот предвидува отворање гинеколошка ординација во Шуто Оризари, со цел обезбедување пристапна, квалитетна и редовна здравствена заштита за жените од заедницата. Ординацијата ќе биде опремена со современа медицинска опрема и ќе нуди услуги, како што се гинеколошки прегледи, советување, едукација за репродуктивно здравје, контрацепција и рано откривање заболувања. Проектот има цел да ја намали здравствената нееднаквост, да ги зголеми превентивните прегледи и да ги едуцира жените за важноста на редовната здравствена грижа. Особено ќе бидат поддржани млади девојки и жени од ранливи категории.

Влијание на проектот:

Ординацијата ќе придонесе за подобрување на општата здравствена состојба, благосостојба и информираност на женската популација во општината.

Целна група: Жените коишто живеат во Општината Шуто Оризари

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

15 милиони ден.

МЕСНИ ПРОЕКТИ