Драги мои сограѓани,

Ви се обраќам како градоначалник, но и како човек што секојдневно е меѓу вас, што живее овде, ги чекори истите улици и се соочува со истите предизвици со сите вас. Оваа функција, од првиот ден за мене е огромна чест и одговорност. Ме води чувството на благодарност за доверената доверба, желбата за праведност кон секој еден човек и убеденоста дека Валандово може и мора да успее.

Секоја одлука ја носев водејќи се од јавниот интерес и од желбата за заеднички напредок. Се трудев искрено и совесно да ја извршувам сопствената должност, работев со најчесни намери, го почитував секој граѓанин и посветено се трудев да ги менувам работите на подобро, во секоја област.

Ми беше важно секој човек да има еднаква шанса да успее. Инвестиравме во подобри услови за најмалите, ги поддржувавме највозрасните, се грижевме за ранливите категории кога им беше најтешко, ги подобривме условите во училиштата, ја збогативме културната понуда, ја зголемивме поддршката на граѓанските здруженија од спортот и културата.

Имплементиравме неколку мерки преку кои ги враќавме парите назад кон граѓаните и можеби најважно од сѐ, најдовме сила и се боревме со дискриминацијата во Општина Валандово по секаков основ.

Знам дека понекогаш очекувањата се поголеми, а можностите ограничени. Но никогаш не отстапив од убедувањето да работам чесно и со срце за секој човек од Валандово.

За наредниот период имаме јасен концепт за создавање нови работни места со директна поддршка на општината, одлучни сме кон јакнење на солидарноста, справување со предизвиците по животната средина, инвестирање во нови капацитети за спорт и рекреација, повеќе грижа за возрасните, нови проекти за децата, инфраструктура за секој човек и дополнителни правични мерки за граѓаните.

Заедно да продолжиме да работиме чесно и посветено. За нашето Валандово. За нашиот опстој, дома. Без омраза, без поделби.

Ве повикувам сите да го изградиме Валандово за сите! Бидејќи целта е заедно да победуваме, а не да има поразени.

Искрено ваш,

Перо Костадинов

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ВАЛАНДОВО

  • 1. Надица Недиќ
  • 2. Крсте Тодоров
  • 3. Тања Атанасова
  • 4. Бранко Ѓеорѓиев
  • 5. Ерсан Фетиков
  • 6. Верица Зајкова Стојанова
  • 7. Денис Караелмазов
  • 8. Борче Наков
  • 9. Ѓургица Чичанова
  • 10. Слободанка Ѓорѓова
  • 11. Џошкун Амедов
  • 12. Лепа Костадиноска
  • 13. Сања Павлоска
  • 14. Ацо Минов
  • 15. Ерѓуљ Шакирова

Почитувани граѓани на Општина Валандово,

Валандово за нас е светост. Можноста да бидеме дел од Советот на Општина Валандово ни претставува огромна чест, привилегија и одговорност.

Го сакаме секое наше маало и сите наши природни убавини. Нашите смокви и калинки. Го почитуваме секој еден наш сограѓанин и ветуваме искрена борба за праведна и прогресивна локална заедница.

Преку посветено работење ќе се вложиме за изградба на нова инфраструктура (улици, водоводни и канализациски системи, итн.), за чиста животна средина, како и за поддршка на најмладите, пензионерите, земјоделците, спортистите и бизнис-секторот.

Вашата доверба е наша обврска. Заедно продолжуваме да го градиме нашето Валандово!

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Реконструкција на киносала во Валандово
  • Изградба на канализација во Раброво
  • Изградба на туристичка патека од манастир „Св. Ѓорѓи“ до Исар Кула во Валандово
  • Уредување на рекреативна патека од Пирава до манастир „Св. Ѓорѓи“
  • Реконструкција на тротоари на ул. „Моша Пијаде“ во Валандово
  • Реконструкција на спортски терен на ФК „Ударник“ и фитнес-парк во Пирава
  • Реконструкција на ПОУ „Гоце Делчев“ во Пирава
  • Изградба на нова детска градинка „Детелинка“ во Јосифово
  • Изградба на улица, тротоари и канал на ул. „Моша Пијаде“ во Јосифово
  • Реконструкција на повеќенаменско игралиште и детски парк во Удово
  • Изградба на улици во Валандово, Пирава, Удово, Балинци
  • Изградба на пешачка патека во Марвинци
  • Изградба на улици во Дедели, Калково, Казандол и Чалакли
  • Изградба на пат и канал за поврзување на регионален пат со Горна Маала во Јосифово
  • Изградба на повеќенаменско игралиште во Собри
  • Реконструкција на спортска сала при ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово
  • Реконструкција на училиштни игралишта при ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово и ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово
  • Партерно уредување на влезовите на Валандово
  • Изградба на парк-шума – фаза 1 и 2 во Валандово
  • Изградба на резервоар и доводна водоводна мрежа во Калково
  • Изградба на нов колекторски систем за фекални води во Валандово
  • Изградба на каскади за превенција од поплави на суводолиците во Горна Маала, Пирава и Валандово
  • Ископ на нови артерски бунари за водоснабдување во Брајковци, Балинци и Казандол
  • Набавка на противпожарни одела, опрема, дрон со термална камера и ново возило за прв одговор за ТППЕ Валандово
  • Изградба на капела на новите градски гробишта во Валандово
  • Изработена комплетна техничка документација и обезбедени средства за реконструкција на ПОУ „Даме Груев“ во Брајковци
  • Изградба на инфраструктура на индустриската зона „Раброво“ и индустриска зона „Јосифово“
  • Донесен генерален урбанистички план (ГУП) за град Валандово
  • Донесени детални урбанистички планови (ДУП) за град Валандово – за населба „Странец“, дел од населба „Мечкин даб“, Јосифово, Калково, Пирава, Брајковци, Казандол, Грчиште и Раброво
  • Изработена комплетна документација за изградба на нова детска градинка во Пирава
  • Изработена комплетна документација за изградба на прочистителна станица за фекални води во Валандово
  • Донесена Локална стратегија за млади на Општина Валандово за период 2025 ‒ 2029
  • Подготвена комплетна проектна документација и потпишан договор за изградба на затворен базен во Валандово
  • Бесплатни детски градинки на територија на Општина Валандово
  • Воведена субвенција за запишан средношколец во прва година во СОУ „Гоце Делчев“ Валандово

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто (повторно) се кандидирам? Што е мотивот?

Се кандидирам за градоначалник затоа што верувам дека започнатите процеси заслужуваат да бидат довршени. Верувам во заедничката визија за Валандово и исправноста на целите кон кои стремиме. Во изминатиот период беа поставени основите за системски трансформации и започна процесот на големи промени. Изработивме урбанистички планови, програми и други стратегиски документи за развој. Реализиравме голем број капитални проекти за заедницата, праведно ги распределувавме јавните средства и инвестиравме во сите сфери на општественото живеење. Ги поставивме темелите на солидарно и емпатично Валандово, во кое има место за секој еден човек. Мотивот произлегува од чувството на одговорност да се надгради започнатото и да се осигурат процесите на развој.

Колку е важно да се има визија за општината и за нејзиниот развој?

Да се има визија за општината е од клучно значење за секојдневното управување и влијанието врз општинскиот развој. Визијата дава насока, поставува приоритети и создава принципи за носење конкретни одлуки. Таа не е само идеја за иднината, туку конкретен план што се темели врз реалните потреби на граѓаните и можностите на заедницата. Имаме добро осмислената визија за Валандово, го поврзавме урбанистичкиот развој со економскиот напредок, солидарните мерки со социјалната кохезија и инвестициите во спортот и културата со квалитетот на живот на граѓаните. Вредностите како демократичност, праведност, транспарентност, солидарност и слично се дел од нашиот вредносен систем и за нив продолжуваме да се бориме секаде.

Што мора да се направи во следниот мандат?

Во наредниот период имаме јасен концепт и силно се посветуваме на создавање нови работни места со директна поддршка на општината, јакнење на солидарноста, справување со предизвиците по животната средина, инвестирање во нови капацитети за спорт и рекреација, грижата за најстарите, нови проекти за децата, инфраструктура за секој човек и дополнителни правични мерки за враќање на парите назад кај граѓаните.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се еден од највредните ресурси што ги имаме како активна сила за креирање на сегашноста и иднината. Нивната енергија, креативност и способност да размислуваат ослободени од товарот на горделивоста и себичноста се неопходни за развој и напредок. Потребни им се конкретни можности за образование, вработување, креативен израз и учество во одлучувањето. Општината претходниот период инвестираше во подобри услови за градинките, реконструираше училишта, инвестираше во спортските терени, континуирано ја развиваше културната понуда и безусловно ги поддржуваше талентираните млади луѓе во Валандово. Во наредниот период имаме конкретен план како сето ова да го прошириме и да го интензивираме. Да ги охрабриме младите луѓе да останат во Валандово. Имаме концепт што обезбедува 10 милиони денари за поддршка на нови бизниси годишно, 30 000 денари за новороденче, 5 милиони денари за спортот, организирање културни настани од различен тип и неколку други мерки за поддршка на младите луѓе. Валандово има потреба од своите млади и целосно им се посветува.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста е заедничка грижа. Општина Валандово непрестајно инвестира во безбедни улици, добро осветлени пешачки зони, заштита на децата околу училиштата, превенција од насилство и поддршка за ранливите групи. Моја цел е да создадеме општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно. За наредниот период е предвидена изработка на нов сообраќаен проект за Валандово и населените места, инвестирање во нови тротоарски површини, еднонасочни улици, неколку кружни тека и осветлување на преостанатите сообраќајни точки што претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните. Дополнително опремување на ТППЕ Валандово за намалување на елементарните непогоди. Заедно можеме да ја постигнеме оваа цел.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Урбанистичкото планирање го користиме како алатка за реализирање уреден, функционален и еколошки град. Мобилноста и квалитетниот сообраќаен систем значи уредени улици, поврзаност меѓу населените места, безбедни велосипедски и пешачки патеки и рационално управување со паркирањето. Во следниот период продолжуваме со изработка на детални урбанистички планови за населените места, изработка на нов сообраќаен проект за градот и, се разбира, нови инвестиции во инфраструктурата, кои ќе опфатат трајни решенија за предизвиците со метежот од моторни возила и ослободување на зони за пешаците.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Одговорноста кон животната средина е наш главен фокус. Селекцијата на отпадот е суштинска алатка преку која можеме да дојдеме до трајни и одржливи решенија. Планираме радикални промени на концептот за управување со отпадот и негово раздвојување уште во моментот кога настанува, во домаќинствата, компаниите или институциите.

Планираме набавка на канти за селекција на отпад за секое семејство и секое правно лице, набавка на специјализирани возила, едукација на најмалите и информирање на граѓаните, јасна и континуирана кампања преку медиуми, училишта и локални настани за тоа како се селектира, зошто е важно и што добива секој поединец од тоа.

Суштината на концептот е отпадот да се селектира онаму каде што се произведува и да биде собиран од куќниот праг. Така, значително се намалува количината што завршува на депонии, се штедат ресурси и се намалува загадувањето. Ова е долгорочен процес што бара трпеливост.

Целите се почиста општина, пониски трошоци за управување со отпадот и поздрава животна средина за идните генерации. Сметам дека сме подготвени да почнеме со вистински чекори во таа насока.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Во изминатиот период Општина Валандово е целосно посветена на ова прашање. Како дел од тој процес општината максимално ја зајакна транспарентноста и отвореноста и од општина што беше на дното на транспарентноста, денес е меѓу најтранспарентните институции во државата. Отвореноста и транспарентноста на институциите ја зголемува довербата од граѓаните кон нив и поттикнува на одговорно владеење.

Сакаме заедница на информирани граѓани, создаваме нова култура на владеење и заедно го унапредуваме нашето општество. Општина Валандово денес е пример за отвореност, меѓународно е наградена за позитивни промени и уверен сум дека ќе продолжи да напредува. Тоа е поставен стандард од кој ниту јас ниту граѓаните нема да отстапат.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Иселувањето е сериозен проблем за секоја помала средина. Нашата цел е да создадеме услови за достоинствен живот дома: нови работни места преку поддршка на земјоделството и малите бизниси, современа инфраструктура и дигитализација, инвестиции во образованието и младите, поддршка за младите семејства и квалитетни социјални услуги. Со сигурност, перспектива и развој ќе ги задржиме луѓето во своето родно место.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Се трудам искрено и совесно да ја извршувам својата должност. Работам со чесна намера, го почитувам секој граѓанин и давам сѐ од себе како градоначалник да ги променам работите кон подобро. Верувам дека луѓето ги препознаваат резултатите зад нас и го поддржуваат концептот што го спроведуваме.

Максимално сум посветен на јавниот интерес, работам чесно и се обидувам секогаш да носам праведни одлуки. Тоа се вредностите од кои нема да отстапам и во иднина. Ги повикувам граѓаните да ми ја дадат поддршката и да продолжиме заеднички да го развиваме Валандово, како место каде што сме се родиле и сме решиле да создаваме иднина за нас и за нашите деца.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Нашата визија за развој на општината

Нашата визија за развој на општината се темели врз принципите на одржлив раст, социјална правда, транспарентност и инклузивност. Веруваме дека само со систематски пристап, континуиран дијалог со граѓаните и јасно дефинирани приоритети, може да се постигне подобар квалитет на животот за сите. Во продолжение ги презентираме клучните мерки и активности по сектори што ќе ги спроведеме за модернизација и напредок на општината.

Земјоделство

Земјоделството како основна гранка во руралните средини ќе биде приоритет за локалниот економски развој.

  • Субвенционирање мали и средни земјоделци
  • Техничка поддршка и обуки за модерни методи
  • Поддршка на органско и локално производство
  • Локални пазарни простори за пласман
  • Инвестиции во наводнување и патна инфраструктура

Социјална заштита

Секој граѓанин има право на достоинствен живот. Нашата цел е подадена рака за секој човек и ниту еден заборавен.

  • Нов дневен центар за лица со попреченост
  • Финансиска поддршка за лица со попреченост
  • Финансиска помош за семејства во ризик

Образование

Квалитетното образование е темелот на иднината.

  • Реконструкција на основните училишта (Марвинци, Калково, Брајковци, Башибос)
  • Поддршка за дигитализација на наставата
  • Стипендии за најдобрите ученици
  • Финансиска поддршка за првачиња
  • Финансиска поддршка за средношколци

Пензионери

Пензионерите заслужуваат достојна старост со активно вклучување во општеството.

  • Дом за стари и изнемоштени лица
  • Пензионерски клубови и дневни центри
  • Финансиска поддршка за активности

Млади

Младите се иднината на општината и носители на промените.

  • Локални младински центри и co-working простори
  • Финансирање стартапи и претприемачи (10 милиони денари годишно)
  • Културни и спортски манифестации за млади
  • Вклучување на младите во советите на општината

Услуги и транспарентност

Општината треба да биде ефикасна, достапна и отворена кон граѓаните.

  • Дигитализација на услугите (е-општина)
  • Јавни седници на Советот со видеопренос
  • Онлајн платформа за предлози и приговори

Спорт

Спортот е основен за здрав живот и заеднички дух.

  • Реновирање и изградба на спортски терени (Валандово, Пирава, Јосифово, Удово, Чалакли, Брајковци, Дедели)
  • Поддршка на спортски клубови и училишни лиги
  • Поддршка на локални натпревари и манифестации
  • Програми за рекреативен спорт за сите возрасти
  • Фитнес паркови во градот и населените места

Култура

Културата го чува идентитетот и ја збогатува заедницата.

  • Промоција и развој на „Фолк фест Валандово“
  • Локални културни настани, фестивали и изложби
  • Поддршка на уметници и културни друштва
  • Реновирање и модернизација на библиотеката
  • Нова просторија за музички таленти
  • Културно-уметнички настани во населените места

Животна средина

Заштитата на животната средина е инвестиција во здравјето и иднината.

  • Зголемување на зелените површини
  • Канти за селекција и отпад во секое домаќинство
  • Едукативни кампањи за екологија
  • Затворање диви депонии и зелени зони
  • Фотоволтаици на сите јавни објекти
  • Парк-шума – нови фази
  • Нов градски парк во Валандово
  • Парк зони во Јосифово и Пирава

Модернизација на јавни објекти

Модерни, енергетски ефикасни објекти значат подобри услови за граѓаните.

  • Енергетска ефикасност на јавни објекти
  • Фотоволтаични панели на институции

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ВАЛАНДОВО ЗА СИТЕ

Опис на проектот

Овој проект има цел да обезбеди сеопфатна поддршка за различни категории граѓани и организации во општината, со фокус на економскиот развој, унапредување на спортот и културата, како и подобрување на квалитетот на животот на пензионерите и на младите семејства.

Цели на проектот

  • Поддршка на бизнис-секторот преку стимулирање на отворање нови работни места.
  • Поттикнување на граѓаните што имаат идеја да започнат сопствен мал или семеен бизнис.
  • Финансиска и програмска поддршка на културно-уметничките друштва и спортските здруженија за поквалитетни активности.
  • Поддршка на пензионерите преку финансирање на нивни проекти и активности.
  • Помош за младите брачни парови преку значително зголемување на еднократната помош за новороденче.

Планирани средства за распределба на годишно ниво:

  • 10.000.000 денари – финансиска поддршка за започнување мали и семејни бизниси.
  • 5.000.000 денари – поддршка за спортски клубови и културно-уметнички друштва.
  • 2.000.000 денари – за активности и проекти на пензионерските здруженија.
  • Зголемување на еднократната парична помош за новородено дете од досегашните 5.000 денари на 30.000 денари.

Со реализацијата на овој проект, општината ќе направи значаен чекор кон економско зајакнување, културен и спортски развој и социјална поддршка на граѓаните.

Влијание на проектот:

Проектот ќе поттикне нови вработувања, поддршка за отворање нови бизниси, ќе ги развие спортот и културата и ќе ја подобри социјалната сигурност на семејствата и пензионерите.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2025 ‒ 2029 година

СИГУРНО И БЕЗБЕДНО ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Капитален проект што вклучува серија инфраструктурни и функционални решенија што треба да придонесат до поголема безбедност за граѓаните на улиците во градот Валандово.

Проектот предвидува:

  • Сообраќајно решение со голем кружен тек на булеварот „Првомајска“ во Валандово.
  • Изградба на мал кружен тек на ул. „Маршал Тито“ на раскрсница кај полициската станица и мал кружен тек на ул. „Каме Полизов“.
  • Отворање нови 150 паркинг-места на различни локации во централното градско подрачје.
  • Воведување еднонасочен сообраќај во централниот дел од градот.
  • Реконструкција на тротоарите низ градот и населените места.
  • Обновување на постојната и поставување нова хоризонтална и вертикална сигнализација на критични места во Валандово и населените места во Валандово.

Влијание на проектот:

Проектот ќе доведе до значително подобрена сигурност и безбедност на сите граѓани што се движат низ улиците на Валандово, без разлика дали се во својство на пешаци или возачи, урбана естетика и безбеден сообраќаен систем.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2028 година

ЕКОВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Преку овој капитален проект ќе се воведе комплетно нов систем на собирање и управување со отпадот во Општина Валандово.

Старите контејнери ќе заминат во историјата. Досегашниот начин на депонирање на отпадот во контејнери ќе се замени со собирање отпад од секој дом. Сите домаќинства во Општина Валандово ќе добијат канта за комунален отпад и канта за селектиран отпад, а преземањето на отпадот ќе се врши во одреден дел од неделата за секоја населба посебно.

Проектот во целост опфаќа:

  • Набавка на канти за секое домаќинство
  • Модернизација на објектот на ЈП „Комунален сервис“ Валандово и поставување фотонапонска централа
  • Набавка на нови специјализирани возила за собирање отпад
  • Уредување на депонијата „Сува река“ со можност за привремено складирање селектиран отпад
  • Организирање едукативни кампањи за селектирање отпад
  • Систем на казни за неправилно депонирање отпад

Влијание на проектот:

Проектот ќе придонесе за почиста и поздрава животна средина, чисти и уредени улици низ населените места и одговорни и среќни граѓани.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2027 година

КУЛТУРНО И УРБАНО ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Овој концепт предвидува реконструкција на Домот на културата „25 Мај“ Валандово во модерен и урбан објект во кој ќе можат да се пронајдат сите.

Проектот вклучува:

  • Реконструкција на градската библиотека „Гоце Делчев“ во мултифункционален простор, со простор за читатели, катчиња за деца, соба за уметници и музичари.
  • Достоинствена и автентична сала за свечености.
  • Реконструкција на конференциската сала во модерен простор каде што Советот на Општина Валандово, како и сите граѓани и организации што имаат потреба за одржување состаноци и настани, би имале соодветно место за одржување на своите активности.
  • Нови урбани фестивали и унапредување на постојните.
  • Изградба на музеј во Валандово.

Исто така, концептот опфаќа и реконструкција на фестивалската сала во Чалакли, реконструкција на културните домови во населените места, поддршка и промоција на културните настани низ населените места.

Влијание на проектот:

Со овој проект ќе се отворат повеќе функционални простори каде што граѓаните ќе имаат активности од најразличен вид. Ќе се подигне нивото на култура и ќе се отворат можности за развивање вештини кај младите таленти.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2029 година

ЗДРАВО И СПОРТСКО ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Овој капитален проект предвидува оформување голема спортско-рекреативна зона во долниот дел на градот.

Проектот вклучува:

  • Комплетна реконструкција на градскиот фудбалскиот стадион, изградба на трим-патека, помошно игралиште и нови елементи.
  • Изградба на балон-сала за мал фудбал со подлога од вештачка трева на местото на спортскиот терен на СОУ „Гоце Делчев“.
  • Изградба на затворен базен, кој е во фаза на реализација.
  • Изградба на голем градски парк со површина од 15.000 м², кој ќе вклучува многу зеленило и урбана опрема за рекреација.
  • Изградба на спортско-рекреативни зони во населените места:
    • Изградба на игралиште со вештачка трева, парк и реконструкција на училишно игралиште во Пирава.
    • Реконструкција на фудбалското игралиште на ФК „Црвена Ѕвезда“ и изградба на парк со амфитеатар во Јосифово.
    • Реконструкција на фудбалско игралиште на ФК „Младост“ Удово.
    • Изградба и реконструкција на спортски терени во Брајковци, Балинци, Раброво, Чалакли и Дедели.

Влијание на проектот:

Целта на овој проект е да се создадат современи услови за спорт и рекреација, да се поттикне физичката активност кај сите генерации, да се промовираат здрави животни активности, како и да се подобри квалитетот на урбаниот простор и животната средина.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2029 година

ПРОЕКТИ

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕСТИВАЛСКАТА САЛА ВО ЧАЛАКЛИ

Опис на проектот

Фестивалот „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“ е традиција и идентитет на Општина Валандово, кој се одликува по својата уникатност и мултикултурализам.

Со реконструкција на фестивалската сала ќе се создаде траен и функционален простор за одржување на фестивалот, која ќе може да се користи и за други настани, како што се концерти, театарски претстави, работилници и општински активности. Со овој проект се вложува во културното богатство на локалната заедница и се испраќа порака за почит, поддршка и зачувување на етничката и културната разноликост во општината.

Влијание на проектот:

Преку овој проект ќе се зачува и ќе се промовираат традицијата, културата и обичаите на локалното турско население, ќе се поттикне развојот на културниот туризам и заедничкото живеење.

Целна група

Население од турска националност и други граѓани.

Рок на реализација

2027 година

АВТЕНТИЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАДОТ ВО ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Проектот предвидува целосна реконструкција на градскиот плоштад со автентична реставрација на архитектонските и културно-историските елементи, како и изградба на нова подземна и надземна инфраструктура за модерен, функционален и атрактивен јавен простор.

Влијание на проектот:

Целта е подобрување на функционалноста на градскиот плоштад, со подобра естетика и достапност, враќање на автентичниот изглед на објектите, како и креирање соодветен простор за социјални и културни настани.

Целна група

Сите граѓани

Рок на реализација

2029 година

„УРБАН ФЕСТ“ ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Воведување нов културен и модерен фестивал во Валандово преку кој културно-забавниот живот во општината ќе го подигне на повисоко ниво со светски диџеи, уметници и музичари, кои ќе бидат дел од овој настан што ќе ги обедини младите од Валандово и регионот на едно место.

Влијание на проектот:

Преку овој проект ќе се збогати културно-забавниот живот во Валандово и регионот и ќе придонесе за зголемување на туристичката програма на нашата општина.

Целна група

Млади

Рок на реализација

2026 година

ИЗГРАДБА НА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ЧАЛАКЛИ

Опис на проектот

Изградбата на првата детска градинка во Чалакли е да овозможи рано детско образование и згрижување за децата од Чалакли и околните села, да се поддржат младите семејства и работно ангажирани родители, како и да се обезбеди рамноправен пристап до воспитно-образовни установи за сите во општината.

Овој проект исто така е симбол на почит и грижа кон сите етнички заедници во општината и вложување во иднината на најмладите жители на Чалакли и околните села.

Влијание на проектот:

Проектот ќе доведе до социјална инклузија и еднакви можности, ќе ја зајакнува локалната заедница преку интеграција во образовниот систем од најрана возраст и ќе го унапредува социјалниот, емоционалниот и интелектуалниот развој на децата.

Целна група

Граѓаните на Чалакли и околните села

Рок на реализација

2029 година

ИЗГРАДБА НА ДОМ ЗА СТАРИ И ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА

Опис на проектот

Домот за стари и изнемоштени лица е установа што нуди сместување, грижа и поддршка за постари лица што не можат самостојно да се грижат за себе или кои немаат блиски роднини што можат да им помогнат.

Овој вид институција им овозможува професионална грижа и подобрување на квалитетот на животот на старите лица. Тие се и поддршка за семејствата коишто го посакуваат најдоброто за своите најблиски, но не можат секојдневно да им бидат на располагање.

Влијание на проектот:

Проектот ќе обезбеди безбедна, удобна и достоинствена средина за повозрасните, со соодветна нега, храна, лекови и социјални активности.

Целна група

Возрасни лица

Рок на реализација

2029 година

ИЗГРАДБА НА МУЗЕЈ ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Со изградба на модерен археолошки музеј, ќе се создаде центар за заштита, презентација и едукација на јавноста за богатата историја на нашиот крај.

Музејот ќе опфаќа постојана изложба на артефакти, мултимедијален центар за виртуелна прошетка низ археолошките локалитети, простории за научни работилници и истражувања, сувенирница со локални производи и реплики на артефакти и туристички инфоцентар.

Влијание на проектот:

Проектот има цел да ги заштити и да ги промовира археолошките богатства, да го развие културниот и едукативниот туризам со импакт врз локалната економија, да создаде едукативен центар за ученици, студенти и истражувачи и да ја зајакне свеста за локалното наследство кај населението.

Целна група

Сите граѓани.

Рок на реализација

2029 година

МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ТППЕ ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Проектот опфаќа целосна реконструкција на противпожарната станица, подобрување на условите за работа на пожарникарите, обезбедување современи технички и административни простории, санација на гаражниот дел и набавка на нови современи возила со соодветна техничка опрема.

Влијание на проектот:

Ефикасна и подготвена ТППЕ е од клучно значење за безбедноста на граѓаните, имотот и животната средина. Инвестирајќи во ТППЕ ги заштитуваме човечките животи, го зголемуваме капацитетот за брза интервенција и создаваме достоинствени услови за нашите пожарникари.

Целна група

Сите граѓани.

Рок на реализација

2029 година

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНИОТ СИСТЕМ ВО ВАЛАНДОВО

Опис на проектот

Проектот предвидува целосна реконструкција на водоводниот систем за град Валандово, Раброво, Чалакли и Дедели со замена на дотраени линии и реконструкција на пумпна станица стари повеќе од 40 години, со нови цевководи, современа технологија за следење, зголемен притисок и квалитет на водата, како и нови водомери со радиочитање за поголема доверба кај корисниците.

Влијание на проектот:

Овој капитален проект ќе овозможи сигурно и квалитетно водоснабдување за сите домаќинства, намалување на загубите на вода и дефектите на старата мрежа, како и подобрување на условите за живот, хигиена и здравје.

Целна група

Граѓаните на Валандово, Раброво, Чалакли и Дедели.

Рок на реализација

2029 година

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПОУ „29 НОЕМВРИ“ КАЛКОВО

Опис на проектот

Реконструкција на основното училиште во населеното место Калково ќе опфаќа реновирање на училниците, обнова на санитарните јазли и другите простории, како и поставување нов покрив и фасада за подобрена енергетска ефикасност на објектот, нов училиштен мебел и целосно уредување на училишниот двор.

Влијание на проектот:

Реконструкцијата на училиштето во Калково има цел да ги подобри условите за образование на најмалите, да создаде модерна и безбедна средина за настава и да овозможи еднакви услови за децата од ова населено место со останатите.

Целна група

Граѓаните на Калково.

Рок на реализација

2029 година

ДЕТСКИ ПАРКОВИ ЗА СИТЕ

Опис на проектот

Изградбата на детски паркови е инвестиција во најмладите и во иднината на нашата општина. Изградбата на овој тип објекти ќе обезбеди сигурно и уредено место за игра, социјализација и развој на децата, а воедно и простор за дружење на семејствата и заедницата. Со цел еднаквост на сите деца, се предвидува изградба на паркови во сите населени места, каде што во претходниот период не беа изградени.

Влијание на проектот:

Целта е подобар квалитет на живот, безбедна средина за деца и зајакнување на заедништвото во општината.

Целна група

За децата

Рок на реализација

2029 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Валандово

  • Изградба и уредување на локација за градски парк од 15 000 м2
  • Реконструкција на градскиот фудбалски стадион на ФК „Победа“ Валандово
  • Изградба на балон-сала за мал фудбал
  • Изградба на нова трим-патека
  • Реконструкција на централното градско подрачје
  • Отворање нови паркинг-места
  • Уредување на патеката од градскиот пазар до парк-шумата
  • Реконструкција на градската библиотека
  • Отворање музеј на Валандово
  • Изградба на парк-шума – наредни фази
  • Изградба на адреналински парк во парк-шума
  • Уредување на парк за миленичиња во парк-шума
  • Изградба на инфраструктура во новите урбанизирани делови на градот
  • Изградба на улица од населба Мечкин Даб до новите гробишта со крак за поврзување со Албанска Маала
  • Реконструкција на улица „Иво Лола Рибар“
  • Изградба на улица и уредување на просторот околу детската градинка „Калинка“
  • Уредување на тротоари
  • Реконструкција на патот до манастирот „Св. Ѓорѓи“
  • Изградба на паркови низ градот
  • Изградба на кружен тек на булевар „Првомајска“
  • Изградба на мал кружен тек на улица „Маршал Тито“ кај полициската станица
  • Изградба на мал кружен тек на улица „Каме Полизов“
  • Реконструкција на објектот на ТППЕ
  • Асфалтирање сокаци низ градот
  • Поставување паноа со слики низ булеварот „Првомајска“ и улица „Моша Пијаде“
  • Изградба на парк на збратимени општини
  • Изградба на парк „Фолк фест Валандово“
  • Воведување на манифестацијата „Урбан фест“
  • Реконструкција на водоводниот систем

Пирава

  • Изградба на спортско-рекреативна зона
  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари на влезовите во селото и централните улици
  • Изградба на капела и проширување на месните гробишта
  • Асфалтирање локални улици
  • Уредување на просторот пред ПОУ „Гоце Делчев“ Пирава
  • Инфраструктурно уредување на индустриска населба
  • Реконструкција на училишните игралишта

Јосифово

  • Реконструкција на фудбалското игралиште на ФК „Црвена Ѕвезда“ Јосифово
  • Изградба на рекреативна зона со парк и амфитеатар
  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари на влез во селото и централните улици
  • Изградба на капела и проширување на месните гробишта
  • Асфалтирање локални улици
  • Изградба на резервоар за водоснабдување
  • Реконструкција на домот на културата
  • Осветлување на улицата од регионален пат до Горна Маала
  • Осветлување на регионален пат кај м.в. Расадник

Горна Маала

  • Асфалтирање локалните улици
  • Изработка на проектна документација и изградба на канализациски систем
  • Изградба на детски парк

Удово

  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари на влез во селото и централните улици
  • Асфалтирање локални улици
  • Урбанизирање на просторот кај Домот на културата
  • Изградба на детски парк во Долно Удово
  • Изградба на фитнес парк во Горно Удово
  • Реконструкција на фудбалското игралиште на ФК „Младост“ Удово
  • Уредување на месните гробишта
  • Уредување на паркинг-просторот во Градец
  • Автентична реставрација на месната црква во Градец
  • Уредување на патеката до манастирот „Св. Атанасиј“ во Градец
  • Осветлување на новоизградените улици

Калково

  • Реконструкција на ПОУ „29 Ноември“ Калково
  • Реконструкција на локален пат од Калково до регионален пат
  • Асфалтирање локални улици
  • Изградба на детски парк
  • Изградба на водовод – фаза 3
  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари на влез во селото и централната улица

Бојмиски Реон

  • Изградба на парк и игралиште во Брајковци
  • Реконструкција на ПОУ „Даме Груев“ Брајковци и училишното игралиште
  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари по регионалниот пат
  • Асфалтирање на локални улици во Брајковци, Балинци, Марвинци и Грчиште
  • Реконструкција на игралиште за мал фудбал во Балинци
  • Реконструкција на ПОУ „Мито Симеонов“ Марвинци
  • Изградба на мала спортска сала во Марвинци
  • Реконструкција на Домот на културата во Грчиште
  • Изградба на улици до месните гробишта
  • Уредување на месните гробишта
  • Партерно уредување на патека до археолошкиот локалитет Исар Марвинци

Раброво

  • Асфалтирање локални улици
  • Изградба на детски парк
  • Реконструкција на повеќенаменско игралиште
  • Модернизирање, канализирање на атмосферски води и уредување на тротоари на влез во селото и централната улица
  • Уредување на месните гробишта
  • Изградба на локален пат Раброво – Валандово

Собри

  • Асфалтирање локални улици
  • Реконструкција на Домот на културата
  • Уредување и продолжување на кејот
  • Изградба на улица до месните гробишта

Чалакли, Дедели, Башибос, Казандол, Кочули и Прстен

  • Реконструкција на фестивалската сала на „ХИД БАХ ШЕН ФЕСТ“
  • Изградба на детска градинка во Чалакли
  • Реконструкција на базен за вода и водоводна линија до Чалакли
  • Реконструкција на фудбалското игралиште во Чалакли
  • Асфалтирање локални улици во Чалакли, Дедели, Казандол, Башибос, Кочули и Прстен
  • Изградба на детски парк во Чалакли, Дедели и Казандол
  • Изградба на канализациски систем во Чалакли
  • Проширување на локалниот пат од Чалакли до регионалниот пат
  • Реконструкција на Домот на културата во Дедели
  • Реконструкција на игралиштето во Дедели
  • Изградба на детски парк во Дедели
  • Осветлување и асфалтирање на локалниот пат од Дедели до регионалниот пат
  • Уредување на етнотуристичка населба во Башибос