СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА СТУДЕНИЧАНИ

  • 1.Елвира Мекиќ
  • 2. Емир Беровиќ
  • 3. Ергин Азиз
  • 4. Севдаиљ Рушиди
  • 5. Мерима Тутиќ
  • 6. Абдула Мемедовски
  • 7. Шачир Ибиши
  • 8. Вахудин Мекиќ
  • 9. Сениха Чеховиќ
  • 10. Мефаил Бакиу
  • 11. Семир Бишевац
  • 12. Самра Рушиди
  • 13. Елзин Ризвановиќ
  • 14. Алан Ќеховиќ
  • 15. Нусрета Саитовиќ
  • 16. Ахмед Скоко
  • 17. Фадил Гегиќ
  • 18. Хатиџе Рамадани
  • 19. Нусрет Пашалиќ

Почитувани сограѓани,
Со заеднички чекори, со работа и одлучност, заедно ги менуваме состојбите во нашата општина. Како советничка група на СДСМ, ние не седиме со скрстени раце. Ние излегуваме на терен, слушаме, разговараме и дејствуваме.
Нашата мисија е јасна - да создадеме подобра, пофункционална и праведна општина за сите жители на Студеничани.

  • Инвестирање во образованието - нови градинки, спортски сали и подобри услови за децата.
  • Модерна инфраструктура - асфалтирани улици, водовод, канализација и осветлување.
  • Поддршка за младите, обезбедување здравствена заштита на жените и земјоделците - преку конкретни мерки и проекти.
  • Чиста, зелена и уредна средина - затоа што квалитетот на живот значи и здравје.
  • Транспарентна и отчетна работа во Советот - затоа што секој денар треба да биде наменет за граѓаните на нашата општина

Ние не ветуваме празни зборови. Ние работиме со дела што се гледаат и со политики што ги чувствувате.
Ви благодариме за довербата! Со ваша поддршка, ќе продолжиме да менуваме - чесно, одговорно и заедно!
Со почит,
Советничка група на СДСМ Студеничани

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Изградба на ООУ „Алија Изетбеговиќ“ по најсовремени стандарди, со осум училници, четири кабинети, лифт за деца со посебни потреби, голема аула за одржување приредби и манифестации под целосен видеонадзор. Училиштето е обложено со термичко-изолациска фасада и сопствено парно греење, како и сопствен паркинг. Капацитетот на училиштето е 250 ученици во една смена, а целокупната инвестиција е вредна 60 милиони денари.
  • Промена на прозорци и врати на постојното основно училиште „Алија Авдовиќ“ и решавање на проблемот со загревањето на училиштето. Со овој зафат трошоците за греење се намалени, а е решен проблемот со губењето на часовите за учениците, особено во зимскиот период поради студените училници. За реализација на овој проект средства беа обезбедени од Јапонската амбасада.
  • Исчистен каналот во с. Љубош, кој поради обрасната трева, имаше застој на отпадни води. Организирани чистења на тротоарите за полесно движење по автопатот.
  • Реализирана акција на прочистување на речното корито на Маркова Река и делумно санирана.
  • Поплочени 5 улици во с. Батинци и изготвен проект за поплочување на тротоари во с. Љубош.
  • Повеќекратна помош на најранливите категории жители преку донации на храна, средства за лична хигиена и облека.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Конкретно за нашата општина оваа власт нема ништо, баш ништо направено.

Имаше изготвено проект и означено место од градоначалникот за изградба на спортско игралиште и беа обезбедени средства за негова изградба од Агенција за спорт и млади, но сето тоа пропадна во вода со опструкцијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедно да ги менуваме состојбите!

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Фискултурна сала во рамките на ЦОУ „Алија Изетбеговиќ“

Опис на проектот

Изградба на нова современа спортска сала во рамките на ЦОУ„ Алија Изетбеговиќ“-Љубош.
Со оваа инвестиција ќе обезбедиме:
- Современи услови за настава по физичко образование за сите ученици, во безбеден и затоплен објект, соодветен за цела учебна година.
- Можност за воннаставни и спортски активности, училишни натпревари и тренинзи.
- Отвореност на салата за користење од страна на младински и спортски клубови во попладневните часови.
- Целосна опременост со реквизити, соблекувални и санитетски јазли.
- Објект со енергетска ефикасност и пристапност на сите ученици, вклучувајќи ги и лицата со попреченост.

Љубош и учениците на ЦОУ „Алија Изетбеговиќ“ го заслужуваат тоа.
Со ваша поддршка оваа спортска сала ќе стане реалност, а не само ветување.

Влијание на проектот:

Одвивање на нормална настава по физичко образование на нашите деца како што и заслужуваат. Доста беше губење часови по физичко образование веќе неколку години, особено во зимските месеци.

Целна група: Сите ученици од училиштето

Рок на реализација: 2027 година

Детски градинки

Опис на проектот

Изградба на нови детски градинки - инвестиција во иднината.

Како дел од нашата посветеност за подобра иднина на секое дете и секое семејство, ние се обврзавме на:
- Изградба на нови модерни детски градинки во нашите села што ќе ги исполнуваат сите стандарди за безбедност едукација и грижа за најмладите.
- Градинките да бидат со голем капацитет да нема деца што ќе чекаат ред т.е. да бидат на листи за чекање.
- Вработување стручен и обучен кадар, со поддршка за постојана едукација на воспитувачите и негувателите.
- Инвестирање во екоградба и енергетска ефикасност, со цел градинките да бидат безбедни, здрави и економски одржливи.
- Обезбедување бесплатна градинка на деца од семејства со ниски приходи, како дел од нашата социјална и семејна политика.

Влијание на проектот:

Веруваме дека инвестицијата во детската заштита е најважна инвестиција што може да ја направиме - затоа изградбата на нови градинки е врвен приоритет во нашиот мандат.

Во нашата општина нема ниедна градинка, децата се носат во Кисела Вода, ако се најде место.

Целна група: Нашите најмали, како и родителите кои спокојно ќе ги извршуваат своите работни обврски

Рок на реализација: 2027 година

Решавање на проблемот со немањето вода во с. Долно Количани

Опис на проектот

Во с. Долно Количани во 21 век – нашите сограѓани сè уште пијат вода од цистерни, се бањаат со садови и кофи и без капка вода за основните потреби. Ова не е срам за една општина - ова е неправда што трае со години.

Нема правда додека:
- Децата растат без пристап до чиста вода.
- Жените и старите секој ден влечат кофи како во минатиот век.
- Семејствата се борат со жед и хигиенски ризици во летни горештини.
Како советничка група на СДСМ, јавно и одговорно бараме:
- Итно започнување постапка за проект за водоснабдување во Долно Количани.
- Привремено, но редовно и организирано снабдување со цистерни, а не само пред избори.
- Вклучување на државни институции и средства од централниот буџет
Ќе ја отвораме темата на секоја седница и нема да отстапиме додека секој дом во Долно Количани не добие вода.

Влијание на проектот:

Водоснабдувањето е основно човеково право, па затоа незамисливо е во 21 век едно населено место во непосредна близина на главниот град, да биде без чиста вода за пиење. Затоа, со овој проект ќе се реши еден горчлив проблем што го имаат жителите на Долно Количани.

Целна група: Жителите на с. Долно Количани

Рок на реализација: 2028 година

ПРОЕКТИ

Канализација покрај регионалниот пат Батинци ‒ Љубош и решавање на проблемот со атмосферската вода

Опис на проектот

Жителите покрај регионалниот пат заслужуваат канализациска мрежа.

Во 21 век, покрај регионалниот пат низ Батинци и Љубош, жителите се без основна канализациска мрежа.
- Некои домови се снаоѓаат со стари или нефункционални септички јами.
- Повеќето, без избор, ги испуштаат отпадните води директно во Маркова Река.
- Реката се претвори во отворен колектор со загадување, неподнослив мирис и опасност за здравјето.
Ова не е инфраструктурен проблем - ова е еколошка катастрофа во најава и јавно здравствен ризик за целото население.
Како советничка група на СДСМ, со полна одговорност и поддршка од граѓаните, бараме изработка на целосен проект за канализациска мрежа за населението покрај регионалниот пат.
- Интегрирање на системот и изградба на прочистителни станици.
- Вклучување на државни и европски фондови за финансирање.
- Привремени, но регулирани решенија за отпадните води сѐ додека трае изградбата.
- Активна улога на инспекциите - да се спречи директно истекување на отпадните води во Маркова Река.
Батинци не смее да биде заборавена зона без канализација.
Со ваша поддршка, ќе се избориме канализацијата да биде реалност, не луксуз.

Влијание на проектот:

Обезбедена канализација, почиста околина и поздрава средина

Целна група: Целото население

Рок на реализација: 2027 година

Изградба на речно корито на Маркова Река

Опис на проектот

Маркова Река некогаш природна гордост и извор на живот - денес претворена во дива депонија и канал за отпадни води.

Сведоци сме на сѐ поголемата узурпација на речното корито од мали инвеститори, нелегално истекување на отпадни води од приватни фирми, како и фрлање смет од страна на несовесни и неодговорни поединци.
Ова не е само еколошки проблем - ова е закана за јавното здравје, за животната средина и за иднината на нашите деца.
Како советничка група од СДСМ ќе бараме итно:
- Спроведување инспекциски надзор врз објектите што испуштаат отпадни води.
- Чистење и санирање на загадените делови од речното корито.
- Јавно обелоденување на фирмите што загадуваат - одговорност мора да има.
- Поставување контејнери и организирана едукација на граѓаните против нелегално фрлање отпад.
- Изработка на долгорочен план за уредување и заштита на Маркова Река во соработка со институциите и еколошки организации.
Ние нема да останеме неми. Нашата борба за здрава животна средина продолжува - гласно одговорно и во интерес на сите наши жители.
Со ваша поддршка ќе ја вратиме Маркова Река на жителите на нашата општина.

Влијание на проектот:

Чиста и здрава животна средина

Целна група: Сите жители на с. Батинци

Рок на реализација: 2027 година

Гинеколошки ординации во две поголеми села во нашата општина

Опис на проектот

Во општина Студеничани живеат илјадници жени, но нема ниту една гинеколошка ординација, а значи:
- Жените патуваат километри за основен преглед.
- Младите девојки немаат пристап до едукација и превентивна заштита.
- Бремените жени се принудени да одат во Скопје или Драчево за секоја контрола.
- Ризиците за здравјето растат – а институциите молчат.

Ова е запоставување, ова е дискриминација. И ова мора да се смени.
Како советничка група на СДСМ, со целосна поддршка од граѓаните ќе бараме:
- Отворање на најмалку две гинеколошки ординации во рамките на јавното здравство, на територијата на Општина Студеничани.
- Соработка со Министерството за здравство и Здравствен дом – Скопје за обезбедување кадар и простор.
- Мобилни гинеколошки пунктови додека не се обезбеди трајно решение.
- Кампањи за превентивни прегледи и гинеколошка едукација.
- Рамноправен пристап до здравје – без разлика село, град или финансиска состојба.
Здравјето на жената е здравје на семејството и на заедницата!
Жените од Студеничани не бараат привилегии – бараат основна грижа, почит и здравствена заштита.
Ние нема да молчиме – ќе бараме, ќе предложиме, ќе притискаме – сè додека оваа неправда не се исправи.

Влијание на проектот:

- Подобрување на пристапот до здравствена заштита.
- Намалување на смртноста кај новороденчињата.
- Превенција и рано откривање болести.
- Едукација и подигање на свеста.
- Подигање на животниот стандард на жителите во руралните средини.
- Создавање работни места и економски развој на средината.
- Зголемување на довербата во здравствениот систем.

Целна група: Жените

Рок на реализација: 2027 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

МЗ Батинци

  • Водовод во Дрешница.
  • Отворање гинеколошка ординација.
  • Изградба на канализација на регионалниот пат.

МЗ Љубош

  • Изградба на детска градинка.
  • Спортска сала во ЦОУ „Алија Изетбеговиќ“.
  • Изградба на игралиште за деца.

МЗ Количани

  • Водовод.
  • Поплочување на неколку помали улици.

МЗ Студеничани

  • Изградба на детска градинка.
  • Гинеколошка ординација.