Почитувани мои сограѓани,

Oсобено ми е драго што ја имам честа да бидам кандидат за градоначалник на Општина Берово, затоа што верувам дека нашата општина има потенцијал за развој и затоа што сум секојдневно меѓу граѓаните и ги познавам предизвиците на Берово. Моето професионално искуство, мојата мотивација и желбата за работа ќе придонесат да се создаде средина во која секој мој сограѓанин ќе има шанса за подобар живот. Ќе ја вложам целата своја енергија за силен развој на градот, подобар животен стандард, а ефективноста, продуктивноста и експедитивноста ќе бидат приоритети за беровчани да го почувствуваат благодатот на нашиот град. Во текот на мојата професионална кариера, како дипломиран машински инженер, бев успешен стопанственик во услужната дејност, каде што со посветеност и квалитетна услуга изградив доверба кај граѓаните и кај деловните партнери. Со моето менаџирање со ЈПКР „Услуга“ Берово, покажав дека со чесно управување и јасна визија може да се постигнат реални и мерливи резултати. Воведов подобра организација на работата, оптимално користење на ресурсите и редовна грижа за јавната чистота, водоводната и канализациската мрежа, како и за одржување на јавните површини. Придонесов претпријатието да стане поефикасен и посигурен сервис за жителите на Општина Берово. Како иден градоначалник на Општина Берово, секојдневно, вложувајќи го сето свое искуство, посветено ќе работам на развивање на градот Берово и околината, на целосно решавање на клучните проблеми во општината.

На тој начин Берово ќе биде инклузивен, модерен, еколошки безбеден град, со подобрен животен стандард за сегашните и за идните генерации, со квалитетни услуги за граѓаните. Заедно со вас, нашиот град ќе го направиме дом каков што заслужуваат и во кој сакаме да растат нашите деца. Мојата предизборна програма е базирана врз реални основи и проекции за остварливи проекти што се од големо значење за сите нас, но и за туристите што секојдневно го посетуваат нашиот град. Ќе се реализираат голем број политики на локално ниво, мерки и проекти што ќе придонесат за остварување на стратегиските приоритети на Берово.

- Поддршка на младите, образованието и спортот;

- Урбан и рурален развој со подобра патна и комунална инфраструктура;

- Грижа за најранливите категории и подобрување на животниот стандард;

- Отвореност, демократија и овозможување полесна достапност на општинските услуги.

Ние ќе опстоиме и ќе продолжиме силно напред, со искреност кон секој граѓанин на нашата општина. Ќе работиме како и досега, доследни на кажаното и искрени кон својот народ, остварувајќи го ветеното. Нашата визија, нашиот концепт нудат реални решенија, развој и просперитет.

Со почит и благодарност,

Илија Рунтевски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА БЕРОВО

  • 1. Горан Ружински
  • 2. Игорчо Жежовски
  • 3. Емилија Галабовска-Биљарска
  • 4. Гоце Ружински
  • 5. Лилјана Бојчовски
  • 6. Жарко Мирчовски
  • 7. Мустафа Алимановски
  • 8. Живка Бојчовска-Каламадевска
  • 9. Ристе Станојски
  • 10. Маја Костадинова
  • 11. Борче Ужевски
  • 12. Емилија Попова
  • 13. Маја Зелнички
  • 14. Влатко Аврамски
  • 15. Јованка Василевска-Петрушева

Почитувани наши сограѓани, Како кандидати за советници во Советот на Општина Берово и како ваши сограѓани, сме дел од вашето секојдневие, добро ги познаваме потребите, но и проблемите на секој од вас. Нашата општина има потенцијал за развој, за секојдневно подобрување на инфраструктурата, социјалната сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место. Ќе се залагаме за одлуки што ги штитат интересите на сите граѓани и носат конкретен напредок во задницата. Преку конструктивни предлози и иницијативи ќе дадеме свој придонес за поефикасно и функционално работење на општинските институции. Ќе бидеме ваш мост до локалната власт, ќе ги пренесуваме вашите идеи, предлози и барања и ќе се бориме да бидат слушнати, прифатени и преточени во конкретни дела. Нашата определба е јасна: транспарентна, отчетна и чесна работа во интерес на сите граѓани на Берово. Заедно можеме да изградиме подобра општина за сите. Ве повикуваме да ни ја дадете вашата доверба, поддршка и вашиот глас за да продолжиме со развојот на нашето убаво Берово.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Целосно реконструиран кеј на р. Брегалница преку проект за меѓугранична соработка со Општина Струмјани, Р Бугарија
  • Изграден нов урбан парк кај Основен суд во Берово
  • Изградба на филтер-станица на Беровско Езеро
  • Реконструкција на дел од ул. „23 Август“ во центарот на Берово
  • Изградена ул. „Плачковица“ во Берово
  • Реконструиран дел од ул. „Јуриј Гагарин“ Берово
  • Изградба на ул. „Прохор Пчински“ Берово
  • Реконструкција на водоводна линија на ул. „Даме Груев“ Берово
  • Реконструирана 3та ламела во Дом за стари лица
  • Изграден е покриен градски пазар. Асфалтирани улиците: „Бел Камен“, „11 Октомври“, „Малешка“, „Марксова“, „Карпош“, „Крушевска Република“, „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Берово
  • Поголем дел од туристичка населба Абланица покриен со улично осветлување
  • Доградена со 4 нови занимални детската градинка „23 Август“
  • Асфалтирани ул. „Димитрие Туцовиќ“ и колско-пешачка улица како спој на ул. „Балканска“ и ул. „Братство и единство“
  • Изграден паркинг-простор кај детска градинка „23 Август“
  • Изградени три крака од ул. „Јане Сандански“
  • Реконструиран е тротоарот на ул. „Маршал Тито“ од полициската станица до кружниот тек
  • Асфалтирани повеќе улици во с. Двориште
  • Изградба на локален пат Владимирово ‒ Мачево
  • Поставена нова водоводна линија во с. Смојмирово
  • Изградена фекална канализација во с. Мачево
  • Реконструирани и асфалтирани повеќе улици во с. Русиново.
  • Целосно реконструирана ул. „Моша Пијаде“ во Берово
  • Реконструиран дел од патниот правец Берово ‒ Клепало
  • Променета е столаријата на општинската зграда и на Домот на културата
  • Поставени фотоволтаични панели на пречистителната станица за отпадни води
  • Набавка на нови и половни возила и противпожарна опрема за потребите на ТППЕ Берово.
  • Целосна реконструкција на ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ Берово
  • Подигнато е спомен-обележје на загинатите бранители од Берово во конфликтот во 2001 година.
  • Изградба на нова улица „Жан Кофол“ во населба Ширината во Берово
  • Реконструкција на ул. „3“ во туристичка населба Беровско Езеро покрај детското одморалиште
  • Реконструкција на водоводната линија, дел од секундарната водоводна мрежа и поврзување со нов резервоар во туристичка населба Беровско Езеро
  • Опремена сензорна соба во Дневниот дневниот центар за лица со попреченост
  • Континуирана реализација на проект за подобрување на социјалните услуги за нега и грижа на стари лица во домашни услови
  • Реконструкција и уредување на површини во ООУ „Никола Петров Русински“
  • Реконструкција на дел од водоснабдителната мрежа во с.
  • Асфалтирани улици во с. Митрашинци
  • Изграден локален пат Берово ‒ Црвен Брег ‒ Абланица
  • Набавка на возила и опрема за потребите на ЈПКР
  • Целосна реконструкција на филтер-станица за вода за пиење во Берово
  • Изградба на отворен канал за атмосферска вода покрај ул. „Вељко Влаховиќ“ во Берово
  • Изградба на улично осветлување на ул. „Индустриска“ во Берово
  • Изградба на улично осветлување на улица „Дамјан Груев“ во Берово – фаза 1
  • Изградба на уреден отворен канал за атмосферска вода покрај улица „Вељко Влаховиќ“ во Берово
  • Реконструкција на водоснабдителна мрежа во село Владимирово за крак Ј4-ПХ-17 крак Ј1-ПХ22
  • Изградба на тротоари на ул. „Моша Пијаде“ („Зоран Бубевски“) – (лева страна) од спој со веќе постоен тротоар до спој со тротоар на ул. „Маршал Тито“ Берово
  • Изградба на електрична инсталација за осветлување на улица „Даме Груев“ - Берово
  • Изградба на крак од ул. „Мирче Ацев“ - Берово
  • Реконструкција на локален пат Црвен Брег - Берово
  • Реконструкција на дел од ул. „Јане Сандански“ с. Русиново
  • Реконструкција на ул. „Гоце Делчев“ с. Ратево
  • Реконструкција на дел од ул. „Димитар Влахов“ - с. Русиново
  • Изградба на дел од секундарна водоводна мрежа во ТН „Беровско Езеро“
  • Реконструкција на дел од ул. „Јане Сандански“ крак 1 и 2 во Берово
  • Изградба на пешачка патека - спој на ул. „Дедо Иљо Малешевски“ и ул. „Кочо Рацин“ во Берово
  • Изградба на улично осветлување на влезот во градот Берово од ШС „Малешево“ Берово до бензинска станица на „Макпетрол“
  • Реконструкција на крак 3 од ул. „Козара“ во Берово
  • Реконструкција со партерно уредување на просторот околу Градски пазар во Берово
  • Реконструкција на улица „Енгелсова“ – Берово
  • Регулација на дел од коритото на отворен канал/дол во с. Будинарци дел 1
  • Изградба на улично осветлување во туристичка населба Беровско Езеро – трета фаза
  • Реконструкција на улица „Индустриска бр. 3“ - Општина Берово
  • Изградба на тротоари на ул. „Дамјан Груев“ од ул. „Маршал Тито“ до влез на градските гробишта во Берово
  • Изградба на паркинг-простор на улица „Партизанска“ во Берово
  • Реконструкција на уреден отворен канал за атмосферска вода, на улица „23 Август“ во Берово
  • Успешна организација и реализација на ЕТНО ПЛОШТАД ФЕСТИВАЛ со богата културно-уметничка програма
  • Успешна меѓуопштинска соработка со збратимени општини од повеќе држави
  • Континуирана финансиска поддршка преку мерки предвидени во програмата за образование
  • Континуирана финансиска поддршка преку мерки предвидени во програмата за социјална заштита
  • Континуирана финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија предвидени во програмата за спорт
  • Успешна организација и реализација на фудбалски натпревари преку ОФК „Малеш“
  • Континуирана финансиска поддршка преку мерки предвидени во програмата за култура

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Мојата визија за Берово е општина којашто е во целосна функција на граѓаните, со секојдневно подобрување на инфраструктурата, социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот и грижа за секое населено место. Се кандидирам за градоначалник на Општина Берово затоа што верувам дека можам да продолжам со развојот на Берово, внесувајќи нова енергија, поддршка за локалната економија и вистинска грижа за секој граѓанин. Мотивот доаѓа од секојдневните средби со граѓаните, задоволството што го искажуваат за досегашното владеење со локалната власт и желбата за свој придонес во креирањето на идните политики и решенија за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Верувам дека со знаење, искуство и чесен пристап можеме заедно да направиме реални, видливи и трајни промени во мојата општина.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Имањето визија за општината е од суштинско значење за нејзиното подобро функционирање и долгорочен развој. Токму тоа го покажа сегашниот градоначалник на Берово, а јас сакам да го продолжам тој пат внесувајќи нова енергија и нови идеи. Визијата претставува насока и јасна цел ‒ што сакаме да постигнеме како заедница, како ќе ги подобриме условите за живот. Визијата треба да биде дел од пошироката визија за општеството во целина. За да може една општина да функционира и да се развива успешно, неопходно е сите заеднички да придонесуваме кон подобро општество. Успешна приказна се гради преку стабилно општество, а стабилно општество создава услови за напредок на секоја општина.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Она што сметам дека мора да се направи е дигитализација на општинските услуги, односно воведување нов начин на управување, со DMS (document menagment sistem), отворен, ефикасен и ориентиран кон потребите на граѓаните. Исто така, сметам дека општината треба да биде целосно отворена и насочена кон потребите на граѓаните. Затоа, ќе продолжиме со воведување нови мерки што ќе бидат од големо значење за сите категории граѓани. Инфраструктурните проекти се значајни и потребни, но вистинската промена доаѓа од градење систем што ќе создава можности за младите, ќе го поддржува локалниот економски развој и туризмот, ќе го поттикнува граѓанското учество и ќе обезбеди професионална, достапна и стручна локална администрација во која граѓаните имаат доверба.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се најважни двигатели на развојот. Тие се носители на нови идеи, енергија, иницијатива и промени. Нашата иднина зависи од тоа колку ќе успееме да ги задржиме, да ги мотивираме и да ги поддржиме да придонесуваат во својата заедница. Младите ќе бидат активни учесници и партнери во носењето одлуки. Инвестицијата во младите е инвестиција што секогаш носи резултати, и тоа не само за нив туку и за цело општество.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста на граѓаните е најважната алка во системот и сметам дека Берово е мало место каде што проблеми од ваков карактер можат да се решаваат со заедничко инвестирање и несебично вложување во превенцијата за општата безбедност на граѓаните. Со целосна посветеност и несебично залагање од страна на сите инволвирани институции одговорни за општата безбедност на граѓаните и советите за превенција што дејствуваат на територијата на општината, ќе придонесеме за општата безбедност на граѓаните, особено безбедноста на младите во нашата општина.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Доброто планирање на просторот и мобилноста се клучни фактори за брз развој. Кога просторот се планира паметно и функционално, се создаваат услови за балансиран економски, социјален и еколошки развој. Мобилноста, пак, од друга страна, е директно поврзана со продуктивноста, пристапноста до услуги и подобрување на животниот стандард. Во тој дел, неопходно е да се направат неколку конкретни чекори:

- Ревизија на урбанистичките планови

- Воспоставување ефикасен систем за урбанистичка дисциплина

- Обезбедување современа сообраќајна мрежа/p>

- Инклузивно планирање, со вклучување на сите инволвирани страни, особено инвеститорите и бизнис-заедницата, како и стручната јавност.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

За среќа, Берово е место што може да се пофали дека е еколошки чисто и изобилува со недопрена природа. Веќе подолго време системски дејствуваме и имаме голем напредок во унапредување на системот за селектирање на отпадот и веќе двапати сме прогласени и за најдобра ЕКООПШТИНА во земјата. Сметам дека треба да го одржиме она што го имаме постигнато досега, но секогаш треба да се стремиме кон уште подобро преку:

- Поголема инспекциска контрола

- Санкционирање на загадувачите

- Зголемени зелени површини

- Подигање на свеста за заштита на животна средина особено кај децата

- Едукација на граѓаните.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Довербата на граѓаните може да се гради само со чесна, отчетна и доследна работа и не со зборови, туку со конкретни дела. Кога граѓаните добиваат соодветна и навремена услуга, имаат доверба во институциите. Општина Берово континуирано се наоѓа на врвот на листата за транспарентност и отчетност. За да се оправда довербата кај граѓаните, неопходно е:

- Брза и навремена реакција за пријавените проблеми

- Избегнување на административните бариери

- Љубезен и професионален однос на јавната администрација

- Дигитализација и поедноставување на административните услуги.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

За да го спречиме иселувањето и да ги мотивираме граѓаните да останат во родниот крај, пред сѐ, треба да им се гарантира социјалната сигурност, функционалното здравство, квалитетното образование и интересни содржина за младите. Потребно е зголемување на поддршка на мали и семејни бизниси, стимулирање на локалното претприемаштво со грантови, привлекување инвестиции и, се разбира, за сето наведено е неопходна модерна и достапна инфраструктура што ја поврзува општината со регионот, па и пошироко.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Гласот од моите сограѓани е потврда дека ќе ми ја дадат довербата за реализирање на мојата визија за развој на Берово и Малешевијата, поткрепена со иновативни, инфраструктурни и мерки што ќе го подобрат стандардот и животот на сите граѓани. Не ветувам невозможни нешта, ветувам работа, одговорност, грижа и партнерски однос. Гласот даден за мене, како семеен човек, со успешен приватен бизнис и видливи способности за менаџирање во јавниот сектор, е потврда колку ни е важен нашиот дом, нашата заедница, за Берово да биде дом на сите генерации. Ве повикувам заеднички да продолжиме да создаваме, да креираме и да докажеме дека успесите се должат на заедничко дејствување, чесна работа и труд. Вашата поддршка значи достоинствен и квалитетен живот, подобро утре и поубаво Берово со кое ќе се гордееме ние и идните генерации.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Во мојата визија за поодговорна општина, во интерес на потребите на граѓаните, еден од клучните приоритети е унапредување на животниот стандард на населението од социјален ризик во Општина Берово. При спроведувањето на мерките за социјална политика на Општина Берово, услугите се инструменти што треба да се развиваат, да се унапредуваат и да се воведуваат нови услуги, во сите области на активност. Мерките кон граѓаните коишто Општина Берово во изминатиот период успешно ги реализираше и покажаа позитивни резултати, ќе продолжам да ги реализирам со соодветно зголемување на средствата, согласно со животниот стандард.

Социјални политики:

  • Зголемување на еднократната парична помош за новородено дете на 15 000 денари.
  • Зголемување на еднократна парична помош на семејства со лица со посебни потреби на возраст до 26 години на 15 000 денари.
  • Зголемување на финансиската поддршка на социјалната услуга за сместување во згрижувачко семејство на 30 000 денари за згрижувачко семејство. Воедно за време на мојот мандат ќе работам на натамошен развој и унапредување на социјалните услуги преку воведување нови социјални услуги:
  • Центар за активно стареење;
  • Центар за дневен престој за лица со попреченост;
  • Центар за жртви на семејно насилство. Во мојата визија за поодговорна и хумана општина, еден од клучните приоритети е грижа за оние на кои најмногу им е потребно – жртвите на семејно насилство, самохраните мајки, ранливите жени и деца.
  • Затоа, како кандидат за градоначалник, се обврзувам дека ќе почнеме со иницијатива за отворање регионален шелтер-центар во Берово – безбеден простор за привремено згрижување, психосоцијална поддршка и правна помош за сите на кои им е неопходна заштита и нов почеток.
  • Центарот ќе биде отворен 24/7;
  • Ќе има тим од стручни лица: психолог, социјален работник, правник;
  • Ќе работиме во партнерство со државни институции, невладини организации и донатори, ќе овозможиме вистинска поддршка, а не само декларативна грижа. Исто така, воведување нови мерки, особено за најранливите социјални групи:
  • Субвенционирање на 50 % од износот за престој на децата во ОЈУДГ „23 Август “ Берово.
  • Финансиска поддршка на самохрани родители за обезбедување училиштен прибор на почетокот на учебната година во износ од 10 000 денари;
  • Поттикнување на жените за активно вклучување во општествениот живот и започнување мал семеен бизнис;
  • Еднократна финансиска поддршка од 2 000 денари за пензионери со минимална пензија. Во рамките на своите надлежности и можности, ќе посветам големо внимание за развој и непречено одвивање на воспитно-образовниот процес и унапредување на условите за учење во двете основни и средното училиште, кои се наоѓаат на територија на Општина Берово.

Образование:

  • Мотивирање на учениците за постигнување високи резултати во областите за кои покажуваат интерес со доделување стипендии за постигнати резултати;
  • Развивање и следење на талентот и дарбата кај учениците и поттикнување на нивната креативност преку формирање фонд за млади уметници;
  • Зголемување на субвенционирањето за првачињата и учениците од прва година средно образование на територијата на Општина Берово на 8 000 денари.
  • Продолжување на реализација на досегашните мерки и активности: субвенции за обука на теоретски и практичен дел за полагање возачки испит од Б-категорија, еднократна парична награда за одлични ученици (матуранти и полуматуранти), еднократна парична награда за прогласен ученик на генерација, еднократна парична помош за студенти запишани на државните универзитети во Република Северна Македонија, награда за најдобри ученици Роми од основно и средно училиште.
  • Создавање инклузивна и достапна средина за учениците со попреченост, односно целосно инклузивни училишта со пристапни рампи, приспособување на санитарните јазли и поставување лифтови со цел обезбедување непречен пристап до сите простории. Берово заслужува план со јасна насока: да ги задржиме луѓето тука, да донесеме посетители и туристи, да ги оживееме улиците и чаршијата. Младите се двигатели на општествениот развој, носители на нови идеи и технологии. Младите ќе ја имаат целосно мојата поддршка за активирање на Локалниот совет за млади и отворање Младински центар во просториите на поранешна месна заедница во Берово.
  • ОПШТИНАТА ЗА ВАС - Вашите потреби, наш приоритет Од посебно значење за мојата општина и моите сограѓани ќе биде олеснувањето и подобрувањето на општинските услуги преку отворање мобилни канцеларии во месните заедници каде што граѓаните ќе добијат соодветни услуги (плаќање данок за имот, сметка за вода, пријава на проблем).
  • Преземање соодветни решенија за решавање на проблемот со бездомните кучиња.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на канализациска мрежа и прочистителна станица во туристичка населба Беровско Езеро

Опис на проектот

Изградбата на канализациска мрежа и прочистителна станица во туристичка населба Беровско Езеро е од суштинско значење за задоволување на елементарните потреби на корисниците.

Образложение на проектот:

Беровско Езеро е акумулација од каде што Берово и населените места во општината се снабдуваат со вода за пиење, а таму се наоѓа туристичката населба Беровско Езеро. Заради заштита од загадување со канализациски отпад на Беровското Езеро, потребно е доизградба на канализациската мрежа заради заштита на истек на фекалии во езерото. Изграден е главниот колектор, а со овој проект се предвидува доизградба на секундарната канализациска мрежа, со што целосно ќе се прифатат отпадните води и еколошки ќе се заштити езерото.

Влијание на проектот:

- Подобрување на квалитетот на водите, прочистување на отпадните води;

- Спречување истекување на отпадните води;

- Заштита на животната средина.

Целна група:жителите на Берово и околината и туристите

Рок на реализација: 2027година

Реконструкција и адаптација на киносала

Опис на проектот

Некогаш бевме сведоци на постоење на подобро културно живеење на овие простори каде што секој викенд се организираа филмски проекции и други културни збиднувања. Денес зградата на киносалата е руиниран простор во самиот центар на градот. Отворањето младинскиот културен центар ќе вклучи целосно реновирање на зградата на поранешното кино. За првпат по долго време младите ќе добијат место каде што квалитетно би го исполниле своето време, место за дружење и развој на нивните креативни способности. Мултифункционалната сала ќе биде новата душа на нашиот град, простор каде што ќе се создава, ќе се доживува и ќе се негува културата, па наскоро центарот на Берово ќе го добие своето најмодерно катче.

Образложение на проектот:

Со проектот се предвидува изградба на модерен и современ енергетски ефикасен објект, за сценска и културна дејност, за одржување различни настани, набавка на модерна и современа аудиовизуелна опрема, како и сценска и техничка опрема за филмски проекции, презентации, концерти, конференции, театарски престави и слично.

Целна група: жителите на Општина Берово и посетители и туристи во Општина Берово

Буџет

115.354 817,00 денари

Уредување на речното корито на реката Брегалница и изградба на пешачка патека на потегот од Кафтанци до манастирот „Св. Богородица“

Опис на проектот

Продолжување на веќе постојната пешачка патека и уредување на кејот на р. Брегалница на потегот од Кафтанци до манастирот „Св. Богородица“

Образложение на проектот:

Обезбедување безбеден дел за пешачење на луѓето и уредување на овој дел од градот

Влијание на проектот:

Уредувањето на речното корито има големо влијание врз животната средина, заштита од поплави, локалната заедница и поддршка на туризмот

Целна група: сите граѓани и туристите

Рок на реализација: 2028 година

Реконструкција на објектот на старата гимназија и адаптација на просторот околу неа како спортски центар

Опис на проектот

Реконструкција на објектот стара гимназија и уредување и адаптација на просторот околу неа како спортски центар

Образложение на проектот:

Објектот старата гимназија располага со внатрешни и надворешни просторни површини коишто во моментот не се искористени и е потребна делумна реконструкција. Просториите во објектот се поволни за потребите на населението, особено за младите, за развивање спортски и културни активности. Исто така, просторот односно дворната површина на објектот е потребно да се доуреди и да се адаптира како надворешен спортски центар.

Образложение на проектот:

- Можност за одржување спортски настани

- Поттикнување на младите за разни спортски активности

- Подобрување на локалната инфраструктура

Целна група: млади - туристи

Рок на реализација: 2027 година

Промена на ДУП и ГУП со зона за мало стопанство со поволни можности за нови инвеститори

Опис на проектот

Генерален урбанистички план (ГУП)

Влијание на проектот:

Овој значаен стратегиски документ дава насоки за правилен развој на градот преку
сеопфатен пакет на мерки и стандарди потребни за да се постигне тоа, а исто така
овозможува и поширока визија за правилното планирање на градот во наредниот период.
Генералниот урбанистички план исто така ја прикажува пошироката визија за намената на
градежното земјиште (приватно и во сопственост на државата), планираната
инфраструктура, како што се патната мрежа, комуналната инфраструктура (електрика,
водовод, канализација и сл.), како и заштита на веќе изграденото културното наследство со
вградување посебни мерки и методи на заштита и конзервација.

Изработка на Генерален урбанистички план на Берово, во површина од 285 ha до 300 ha.

Опис на проектот

Детален урбанистички план (ДУП)
Согласно со законските регулативи измена и дополна на Детален урбанистички план од 3 ha
до 30 ha:
- Измена и дополна на ДУП на Берово за централно градско подрачје (плоштад во Берово);
- Измена и дополна на ДУП за локалитет Стара автобуска станица – Берово;
- Измена и дополна на ДУП за локалитет Полициска станица – Берово;
- Измена и дополна на ДУП за станбено-деловен комплекс –кеј на реката Брегалница –
Берово;
- Измена и дополна на ДУП за етнопарк – Етносело – Берово.
Урбанистички план за села (УПС)

Урбанистички планови за селата сѐ уште не се изготвени за четири селски населби на
територијата на општината.
- Изработка на УПС за с. Смојмирово;
- Изработка на УПС за с. Мачево;
- Изработка на УПС за с. Будинарци;
- Изработка на УПС за с. Митрашинци.
Урбанистички план вон населено место (УПВНМ)
- Изработка на УПВНМ за туристички локалитет Абланица;

Влијание на проектот:

- Развој на општината
- Поддршка на нови инвестиции и економски развој
- Создавање функционални и безбедни простори за живеење

Целна група: - жителите на Општина Берово

Рок на реализација: 2028 година

ПРОЕКТИ

Набавка на мултифинкционално противпожарно возило и реконструкција на објектите на ТППЕ

Опис на проектот

За непречено извршување на работните задачи на професионалните пожарникари,
потребно е да се изврши реконструкција на објектите на ТППЕ со што би се подобриле
условите за работа за навремено и професионално извршување на работните задачи.
Формирање на Доброволното противпожарно друштво на територијата на општина Берово
со членови кои се имаат здобиено со потребното искуство и знаење за превенција и
интервенции.

Образложение на проектот:

Со набавката на мултифункционално противпожарно возило ќе се овозможи непречено
функционирање и реакција, како и брзо и ефикасно справување со пожари. 

Реконструкција на објектите на ТППЕ Берово со цел подобрување на безбедноста,
ефективноста и одржливоста на противпожарните служби.
Формирањето на Доброволното противпожарно друштво на територијата на општина
Берово ќе биде формирано за превенција и интервенции за следниве ситуации:
Превенција од пожари;
Гаснење пожари;
Справување со елементарни непогоди (поплави, земјотреси и слично);
Еколошки акции;
Поддршка на други организации во хуманитарни цели.

Влијание на проектот:

- Подобрени услови за поефикасно извршување на работните задачи

Целна група: 

- граѓаните
- пожарникарите

Рок на реализација: 2027 година година

Реконструкција на фудбалските терени на ОФК „Малеш“

Опис на проектот

За непречено извршување на работните задачи на професионалните пожарникари,
потребно е да се изврши реконструкција на објектите на ТППЕ со што би се подобриле
условите за работа за навремено и професионално извршување на работните задачи.
Формирање на Доброволното противпожарно друштво на територијата на општина Берово
со членови кои се имаат здобиено со потребното искуство и знаење за превенција и
интервенции.

Образложение на проектот:

Со набавката на мултифункционално противпожарно возило ќе се овозможи непречено
функционирање и реакција, како и брзо и ефикасно справување со пожари. 

Реконструкција на објектите на ТППЕ Берово со цел подобрување на безбедноста,
ефективноста и одржливоста на противпожарните служби.
Формирањето на Доброволното противпожарно друштво на територијата на општина
Берово ќе биде формирано за превенција и интервенции за следниве ситуации:
Превенција од пожари;
Гаснење пожари;
Справување со елементарни непогоди (поплави, земјотреси и слично);
Еколошки акции;
Поддршка на други организации во хуманитарни цели.

Влијание на проектот:

- Подобрени услови за поефикасно извршување на работните задачи

Целна група:

- граѓаните
- пожарникарите

Рок на реализација: 2027 година

Уредување на просторот на автобуската станица во Берово

Опис на проектот

Уредување на просторот на автобуската станица во Берово

Образлижение на проектот:

Овој дел од градот што се наоѓа во близина на централното градско подрачје, по
престанокот на функционирањето на автобуската станица е целосно запуштен и
нефункционален и се користи како привремен паркинг-простор. Затоа е потребно урбано да
се уреди и опреми како простор што ќе им понуди на туристите и на жителите на Берово дел
за одмор и рекреација.

Влијание на проектот:

- Урбано уредување на просторот
- Подобрени услови за рекреација и одмор

Целна група: 

- граѓаните
- туристите
- младите

Воспоставување нова социјална услуга - Центар за активно стареење

Опис на проектот

Во мојата програма за подобро Берово стои грижата за нашите највозрасни сограѓани.
Продолжуваме со реални проекти што ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот.
Активниот центар за стареење ќе биде современ, топол и безбеден простор во Берово,
наменет за пензионерите и за постарите лица. Центарот ќе им понуди дневни активности,
здравствени и психосоцијални услуги, дружење, образовни и културни содржини – сè што
значи активно и исполнето стареење.

Образложение на проектот:

- Организирани дневни дружења и работилници (музика, ракотворби, кулинарство)
- Предавања за здрав начин на живот и превенција од болести
- Лесна физикална терапија и активности за одржување на подвижноста
- Советувалиште со социјален работник и психолог
- Посебен простор за интергенерациска соработка (дружење со млади)
- Намалување на чувството на осаменост и изолација кај повозрасните
- Поттикнување активно учество во заедницата
- Подобрување на менталното и физичкото здравје на постарите
- Негување на достоинството на секој наш граѓанин, без оглед на годините
*Со ваша поддршка, Берово ќе стане општина што се грижи за сите генерации.
*За достоинствена старост и активна иднина – глас за развој, глас за грижа.

Влијание на проектот:

- Подобрен социјален живот на старите лица
- Вклучување на старите лица во општествениот живот

Целна група: - стари лица над 65 години

Урбанизација на просторот околу Домот за стари лица во Берово и проширување на сместувачките капацитети

Образложение на проектот:

Домот за стари лица „д-р Иван Влашки“ ќе ги зголеми своите просторни капацитети со цел
задоволување на потребите на граѓаните и корисниците на услугите. Урбанизацијата на
просторот околу домот ќе овозможи побезбедно движење при дневните прошетки на
корисниците.

Целна група: старите лица, нивните семејства, невработени лица што чекаат вработување

Создавање имиџ и брендирање на регионот МАЛЕШ како атрактивна туристичка дестинација

Опис на проектот

Малешевијата располага со атрактивно, природно и културно наследство што овозможува
развој на културен екотуризам, активен туризам со промоција на традиционалната
гастрономија. Една од поголемите перспективи, односно креирање имиџ на општината е
заштита на културното богатство, заштита на природните реткости, со цел да се зголемат
можностите за привлекување локални и интернационални туристи.
- Изградба на репрезентативен, урбано уреден и осветлен пат од црквата „Успение на
Пресвета Богородица“ Берово до влезот кон туристичка населба Абланица - патот
кон Беровско Езеро, која ќе биде дополнителна промоција на туристичката понуда на
Берово, здравиот животен стил, активниот и рекреативен туризам. Проектот е наменет
за планинари и спортисти, домашни и странски туристи, а придобивка ќе имаат
спортските и планинарски клубови, придонесувајќи за развојот на планинарскиот
туризам.

- Поставување монтажни дрвени бараки за продавање локални производи.
Изградба на нови модерни спортски терени во околината и пешачка патека околу
езерото, која ќе биде осветлена.
- Летниковци на повеќе места во заштитените подрачја за одмор и рекреација на
посетителите.
- Виртуелен туристички водич низ Берово.
- Промовирање на туризмот со лоцирање и маркирање патеки за планински
туризам.
- Развој на туристичка понуда што ќе ги привлече туристите преку развојот на
екотуризам, зимски туризам, рурален туризам, планински туризам,
гастрономски туризам.
- Изработка на студија за идентификување на потенцијалните брендови што ги
нуди овој регион, со цел нивно ширење на домашниот и на странскиот пазар.
- Изработка на студија за брендирање и програма за брендирање на регионални
производи, како што се храна, манифестации, настани.
Овозможување подобар пристап и движење на туристите низ Општина Берово.
- Обновување и дополнување на туристичка сигнализација.
Берово располага со огромен потенцијал на шумски патеки што ќе овозможат планински
спортови и со соодветно мапирање, обележување и уредување ќе дадат придонес за
развој на туризмот.
- Изградба на пешачко-велосипедска патека од туристичката населба Абланица
до туристичка населба Беровско Езеро и патеката околу Беровското Езеро со
летниковци и видиковци со урбана опрема.
Изградбата на пешачко-велосипедска патека од туристичка населба Абланица до
туристичката населба Беровско Езеро и патека околу Беровското Езеро и поставување
урбана опрема ќе придонесе за развој на туризмот, привлекување туристи ентузијасти за
планинско-пешачки спортови и уживање во прекрасните предели на нашите планини.
- Уредување на јавни површини со урбана опрема и поставување на СМАРТ-табли
на кои ќе се акцентира важноста за подигање на свеста на населението од разни
сфери.
- Поставување СМАРТ-клупи за полнење на мобилни телефони.
Развојот на туризмот во голема мера зависи од способностите, знаењата и
компетенциите на луѓето вклучени во туризмот. За таа цел, потребна е едукација и
континуирана надградба на лицата што работат во областа на туризмот, но и едукација и
зајакнување на капацитетите на локалното население.

Влијание на проектот:

- Организирање и презентација на саеми;
- Поддршка на културни и спортски манифестации;
- Промовирање на гастрономијата како дел од културата на регионот;
- Промоција на манастирска тура;
- Промоција и одржување на постојните пешачко-велосипедски патеки;
- Изработка на промотивен материјал од областа на туризмот;

Целна група:

- жителите на Општина Берово
- туристите

Рок на реализација: 2028 година

Буџет

Вредноста на проектот се предвидува да изнесува 14.000.000 денари, а за негова
реализација дополнително ќе се изготви соодветен проект, кој, секако, ќе биде од огромна
важност за сите граѓани на Берово.

Подобрување на енергетска ефикасност и зачувување на животната средина

Опис на проектот

Енергетиката, вклучувајќи ги сите нејзини сегменти, има големо влијание врз правилниот и
континуиран развој на општината и поради тоа е приоритет на сите позначајни економии.
Стратегиските цели на општината се фокусирани на подобрување на инфраструктурата,
употреба на еколошки горива и користење обновливи извори на енергија и обезбедување
енергетска ефикасност, грижејќи се за подобрување и за унапредување на животната
средина и условите на живот на нејзините граѓани.
Во таа смисла се предвидуваат проекти за подобрување на енергетската
ефикасност, автоматизација и дигитализација:
1. Инсталирање (или изградба) на постројка за производство на електрична енергија
на доводниот цевковод до филтер-станицата, која исто така ќе врши аерација (збогатување
со кислород) на суровата вода.
2. Изготвување студија за потребите за воспоставување нови технолошки операции и
процеси во производството на вода за пиење (предозонирање, регенерација на активен
јаглен и др.), со кои ќе се подигне нивото на третман и економично користење
и управување со ресурсите.
3. Дигитализација и автоматизација на управувањето со дистибутивната водоводна мрежа
со
SCADA во улога на подобрување на менаџментот со водните ресурси.
4. Приклучување на село Ратево на регионалниот водовод и автоматско управување преку
SCADA.
5. Обезбедување стабилно водоснабдување во селото Двориште и постојан дигитален
мониторинг.
6. Заштита на Беровско Езеро со собирање на отпадните води од угостителските објекти во
канализациска мрежа и изградба на ПСОВ .
7. Изготвување хидрогеолошка студија за процена на потенцијалот за наоѓање
алтернативен извор за водоснабдување на Општина Берово.

Образложение на проектот:

Со намалување на потрошувачката на енергија, воведување еколошки начини на
производство на енергија (фотоволтаици и сл.), со намалување на трошоците за енергија, 

сите жители што живеат во неа ќе имаат директни придобивки од направените заштеди, ќе
се спречат јаглеродните емисии со што ќе се придонесе кон зачувување на животната
средина во општината како еколошки чиста средина.

Влијание на проектот:

Спречување на штетните емисии што влијаат врз животната средина

Целна група: жителите на Општина Берово

Реконструкција на објект на кајакарски клуб на Беровско Езеро

Опис на проектот

Реконструкција на објектот на кајакарскиот клуб на Беровско Езеро

Образложение на проектот:

Проектот предвидува целосна реконструкција и преадаптирање на објектот со цел да се
овозможи заживување на езерскиот туризам, со што би привлекле повеќе туристи и
ентузијасти на водените спортови.

Целна група: 

- туристите
- граѓаните на Берово и околината

Оградување на градските гробишта во Берово

Опис на проектот

Со цел уредување, заштита и достоинствено одржување на градските гробишта, Општина
Берово планира реализација на проект за целосно оградување и обележување на 

периметарот на гробиштата, согласно со урбанистичкиот план и потребите на локалното
население.
*Да се обезбеди јасна гранична линија на просторот на гробиштата;
*Да се спречат неовластени влегувања, оштетувања и несоодветна употреба на просторот;
*Да се овозможи безбедност и мир за граѓаните што доаѓаат да им оддадат почит на своите
блиски;
*Да се подигне нивото на јавна хигиена и организација во просторот.

Образложение на проектот:

Активности опфатени со проектот:
*Подготовка на терен и чистење на периметарот;
*Изработка и поставување метална или бетонска ограда, со висина и дизајн приспособен
кон локацијата;
*Поставување влезна порта со обележани работни часови и информативна табла;
*Означување на просторот со соодветна сигнализација.

Влијание на проектот: 

Очекувани резултати:
*Уреден, чист и безбеден простор со јасни граници;
*Подобрување на општото визуелно и културно чувство за почит кон јавните гробишта;
*Зголемена доверба кај граѓаните за грижата на општината кон јавниот простор.

Целна група:граѓаните на Берово и околината

Лифтови во училиштата ‒ инклузивни училишта – пристапни за сите!

Опис на проектот

Едно од основните човекови права е правото на еднаков пристап до образование. За жал, многу училишта и денес не се целосно приспособени за ученици, наставници или родители со телесна попреченост или со намалена подвижност. Како дел од нашата програма за подобрување на условите во образовните установи, предвидуваме:

*Поставување лифтови во сите училишта со повеќе ката, со цел обезбедување непречен
пристап до сите простории;
*Приспособување на влезовите и санитарните јазли во училиштата за лица со попреченост;
*Создавање инклузивна и достапна средина за сите ученици, без разлика на нивните физички
способности;
*Промоција на еднаквост, инклузија и достоинствен третман на секое дете – затоа што секој
ученик заслужува да се чувствува добредојден и поддржан.

Влијание на проектот:

Оваа иницијатива не е само техничко подобрување – тоа е морална гаранција за праведно
општество што не остава никого зад себе. Ќе работиме посветено на трансформација на
училиштата во целосно достапни и безбедни простори за сите!

Целна група: 

- учениците
- граѓаните на Берово и околината

Инфраструктура што поврзува и штити

Опис на проектот

Во општината постојат голем број запуштени, обраснати и тешко проодни пристапни патишта –
до домови, имоти и, секако, шумски патишта. Овие патишта не смеат да останат занемарени.
Тие не се само патеки – тие се линија на живот, безбедност и економски потенцијал. Тоа не е
само прашање на удобност, туку сериозен проблем што влијае врз безбедноста, квалитетот на
живот и вредноста на имотите.

Образложение на проектот:

- Изработка на сообраќајно решение на ул. „23 Август“ кај Нешовци
- Реконструкција на ул. „Пролетерски бригади“ во Берово
Без пристапни патишта, противпожарните служби се спречени навреме да интервенираат,
особено во шумските подрачја каде што ризикот од пожари е висок;
- Секој уреден пат значи повисока вредност на имотот – не само што се подобрува пристапот
туку се отвораат и можности за искористување, инвестиции и развој;
- Шумските и земјоделските патишта се клучни за економијата во руралните подрачја, за
стопанисување со шумите и полесен пристап до ресурси;
- А секој граѓанин заслужува безбеден, уреден и функционален пристап до својот имот – без
разлика дали живее во центарот или во најоддалеченото село.

- Започнување со санација и пробивање на пристапни и шумски патишта, со приоритет таму
каде што постојат безбедносни и економски ризици;
- Воспоставување регистар на сите пристапни и шумски патишта и креирање план за нивна
долгорочна одржливост;
- Соработка со институциите и сопствениците на приватни шуми за заедничко подобрување на
шумската инфраструктура;
- Обезбедување редовно одржување и расчистување на патиштата, особено во
пожароопасните сезони.

Влијание на проектот:

Ова не е само инфраструктурен проект – ова е стратегија за заштита на животот, имотот и
природата и чекор кон поразвиена и поврзана општина.

Целна група:

- туристите
- граѓаните на Берово и околината

МЕСНИ ПРОЕКТИ

МЗ с. Владимирово

    • Приклучување на новата водоводна линија
    • Партерно уредување на просторот на сред село - мегдане
    • Канализација - Владимирски пат

МЗ с. Митрашинци

    • Изградба на канализациска мрежа во с. Митрашинци
    • Изградба на улица во Кацарска Маала
    • Фекална канализација и пречистителна станица – Митрашинци

МЗ с. Ратево

    • Поврзување на с. Ратево на регионалниот водовод
    • Мост на Три Реки
    • Крак од улица „Маршал Тито“

МЗ с. Русиново

    • Реконструкција и проширување на влезен локален пат Џердо – Русиново
    • Улица „Јане Сандански“, Русиново
    • Партерно уредување на просторот на сред село - мегдане
    • Изградба на резервоар

МЗ с. Двориште

    • Обезбедување стабилно водоснабдување во село Двориште и постојан дигитален мониторинг
    • Реконструкција на постоен резервоар за вода за пиење
    • Примарна канализациск мрежа
    • Крак од улица во Баскалска Маала

МЗ с. Будинарци

    • Фекална канализација и пречистителна станица – Будинарци

МЗ с. Мачево

    • Пренамена и адаптација на новата училишна зграда во дом за стари лица

МЗ с. Смојмирово

    • Адаптација на општинска зграда за центар за млади и пензионери
    • Пренамена на училиштето во дом за стари лица