Опис на проектот
Проектот „Инклузија на лица со попреченост“ има цел да обезбеди поддршка и да ги подобри условите за живот на лицата со попреченост во Општина Бутел. Првиот дел од проектот ќе вклучува приспособување на јавните објекти (општински згради, паркови, јавни простори) за лица со попреченост, вклучувајќи изградба на пристапни рампи, поставување приспособени тоалети, како и подобрување на пристапот до јавниот транспорт. Вториот дел ќе опфати организирање работилници и едукативни настани што ќе помогнат во интеграцијата на лицата со попреченост во сите аспекти на општественото живеење – работни места, образование и заеднички активности.
Клучна компонента е формирање Дневен центар за поддршка на лица со попреченост, кој ќе обезбедува:
- дневен престој во стимулативно, безбедно и пристапно опкружување,
- психосоцијална и стручна поддршка,
- дефектолошки и логопедски интервенции,
- активности за социјализација и интеграција во заедницата.
Центарот ќе функционира како општинска установа, со професионален тим (дефектолог, психолог, социјален работник, медицински техничар, негуватели и волонтери). Дополнително ќе се организираат обуки за родителите и кампањи за подигање на јавната свест.
Одржливост:
- Вклучување на Центарот во редовен општински буџет
- Можности за кофинансирање преку меѓународни фондови и грантови
- Јавно-приватни партнерства со компании за општествена одговорност
- Обука на волонтери и програми за практична настава (во соработка со факултети и училишта)
Влијание на проектот:
Проектот ќе има значително позитивно влијание врз животниот квалитет на лицата со попреченост, обезбедувајќи им поголема независност и пристап до јавни услуги и активности. Ќе се поттикне социјална инклузија, ќе се намали дискриминацијата и ќе се создадат еднакви можности за сите граѓани. Дневниот центар ќе обезбеди поддршка и за децата со попреченост од училишна возраст, имајќи предвид дека образовните асистенти обезбедени од Министерството за образование имаат само 4-часовно работно време.
Целна група:
Лица со попреченост и нивните семејства, како и целата заедница во Општина Бутел, која треба да научи како да ги поддржи овие лица.
Рок на реализација:
12 месеци
Буџет
5.000.000 денари, распределени за приспособување на инфраструктура, обуки, работилници и кампањи за свест.