Загадување и јавна чистота – осудени ли сме на ѓубре и отровен воздух?
Апсолутно не. Но мора да има одговорно управување. Ќе се зголеми контролата врз загадувачите, ќе се чистат дивите депонии и ќе се вложува во обновливи извори на енергија. Чистата животна средина не е луксуз – таа е здравје за нашите деца.
Доверба во институциите и борба против корупцијата?
Довербата во институциите е ниска, но мора да се врати. Решението е во транспарентноста и отчетноста. Граѓаните мора да знаат каде оди секој денар. Само така ќе имаат доверба.
Како градоначалник ќе воведам целосно отворени податоци за општинскиот буџет, јавните набавки како и за сите одлуки што ќе ги носи општинскиот Совет на седници отворени за сите граѓани, со можност и за физичко присуство, а секако и редовна можност за советнички прашања ‒ а не како досега.
Иселувањето и наталитетот – имаме ли иднина без луѓе?
Нема општина без луѓе. Затоа мора да го задржиме населението преку економски развој, поддршка за семејствата, подобрени услови за младите и враќање на довербата во институциите. Ако младите видат перспектива тука, тие ќе останат.
Нашата должност е да создадеме средина во која секое семејство ќе има причина да остане, а секое дете ќе ја гледа својата иднина овде, а не надвор.
Зошто граѓаните да гласаат за вас?
Затоа што јас, Петар Спасов, не ветувам празни зборови ‒ јас имам искуство, знаење и докажани резултати. Бев градоначалник и покажав дека можам да работам чесно и успешно. Она што ме разликува од другите е тоа што секогаш сум со граѓаните, ги слушам нивните потреби и работам заедно со нив. Со вашата доверба, ќе изградиме поуспешна и посреќна Општина Ново Село.
