Почитувани сограѓани,

Со чест и одговорност ви ја претставувам мојата изборна програма ‒ плод на долгогодишно искуство, посветеност и љубов кон нашата заедничка Струмица. Верувам дека секој од вас ќе се пронајде во неа, затоа што е создадена со мисла за секое маало, секое семејство и секој граѓанин.

Гордо сум вложувал во општината преку спортот ‒ како дел од Фудбалскиот клуб „Беласица“, граѓанските здруженија, како претседател на Ловното друштво „Беласица“, потоа како пратеник, претседател на Советот и како обичен граѓанин. Струмица отсекогаш била мојот мотив, мојата одговорност и мојата обврска.

Како кандидат за градоначалник, понесен од искуството и визијата, подготвен сум заедно со вас да направиме нов исчекор во развојот на нашата општина.

Знам дека само со конкретни, реални и остварливи проекти, визија заснована врз искуство, знаење и искрена волја за работа, Општина Струмица ќе продолжи да чекори на врвот. Ќе бидам достапен, отворен и посветен на секој проблем и секоја идеја.

Ќе бидам глас на сите вас. Секоја улица, секое населено место и секој човек се важни. Ќе работам со и за граѓаните, отворено, одговорно и чесно. Заедно ќе ја водиме Струмица напред – таму каде што заслужува да биде.

Струмица заслужува да биде поубава, подобра и поразвиена општина. А тоа можеме да го постигнеме сите ние заеднички.

Ви благодарам однапред за довербата.

Ваш,

Марјан Д.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА СТРУМИЦА

  • 1. Миле Гогов
  • 2. Танкица Митрева
  • 3. Лазо Манев
  • 4. Софија Димитријева
  • 5. Илија Патриков
  • 6. Павлина Димитрова
  • 7. Христијан Ефтимов
  • 8. Селда Исмаилова
  • 9. Шефкет Асанов
  • 10. Вања Изова Велева
  • 11. Милица Манчева
  • 12. Зоран Спсасов
  • 13. Гале Галев
  • 14. Злате Стојановски
  • 15. Мери Туџарова
  • 16. Јане Вучков
  • 17. Илија Стојанов
  • 18. Александра Митева
  • 19. Љубинка Чонева
  • 20. Васко Стојков
  • 21. Емилија Крстева
  • 22. Марија Јанева
  • 23. Живко Андреев

Како кандидати за советници во општинскиот Совет, наша задача е да им излеземе во пресрет на интересите на граѓаните. Да ги слушаме вашите потреби и да ги преточиме во конкретни решенија во Советот. Веруваме дека општината е заеднички дом и секој предлог и секој проблем ќе биде наш предизвик за работа. Ќе продолжиме да бидеме вашиот јасен глас со цел заедно да создадеме подобра, посигурна и почиста средина што ќе биде во интерес на сите граѓани. Само со работа, чесност и транспарентност можеме заеднички да ја движиме општината напред.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во изминатите 20 години, под раководство на СДСМ во Општина Струмица се реализираа многубројни капитални проекти што значително го унапредија квалитетот на животот на сите граѓани.

Инфраструктура:

    • Водоводи и канализации во сите населени места;
    • Прочистителни, колекторски и атмосферски системи;
    • Нови булевари, мостови и тротоари;
    • Катна и подземна гаража + 1000 нови паркинг-места;
    • Смарт ЛЕД улично осветлување;

Образование и грижа за деца:

    • Реконструкција на сите училишта;
    • Ново крило во СОУ „Јане Сандански“;
    • Нови градинки во Струмица, во с. Муртино и с. Куклиш;
    • Проширување на постојните градинки;

Јавни простори и спорт:

    • Нов Градски плоштад;
    • Спортски сали и игралишта;
    • Скејт-парк, „памп-трак“ полигон за велосипеди, фитнес и детски зони;
    • Уредени градски паркови, амфитеатар и езерце;

Екологија и отпад:

    • Полуподземни контејнери;
    • Бесплатни канти за сите домаќинства;
    • Нови комунални пунктови;

Други значајни проекти:

  • Гасификација – прва системски гасифицирана општина;
  • Индустриски зони со комплетна инфраструктура;
  • Ново ЈП за транспорт и стационар за бездомни кучиња.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Не е реализиран ниту еден капитален проект, освен уредување на Градскиот парк и изградба на подвозникот на улица „Сандо Масев“ во непосредна близина на општинската зграда.
  • Други капитални проекти не се започнати ниту реализирани.
  • Во текот на владеењето на СДСМ во општината, локалната опозиција, поддржана од централната власт, единствено се занимава со притисоци, закани и ширење лажни вести;
  • Кога централната власт е под раководство на политичките опоненти, Општина Струмица останува максимално изолирана, а се блокираат и проекти започнати од локалната власт предводена од СДСМ. Во овој период Македонија се најде на четврто место на листата на најсиромашни земји;
  • Не е направен поврат на ДДВ;
  • Нема волја за справување со економските предизвици и финансиските проблеми што ги имаат граѓаните;
  • Голем број ветувања остануваат неисполнети;
  • Погрешните политики што ги води централната власт придонесуваат за зголемено иселување на младите од државата;
  • Нема соодветни инвестиции во приватниот сектор и не се зголемува продуктивноста.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам бидејќи имам јасна визија за развој на општината и силна мотивација да придонесам за подобар живот на моите сограѓани. Ги познавам сите делови од Струмица и секое населено место во регионот. Имам обврска пред граѓаните на Струмица - да обезбедам безбедна, чиста и економски развиена средина.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Визијата е неопходна за секаков вид развој. Општина Струмица мора да има стратегија што се вклопува во пошироката визија за општеството, бидејќи само така може да се обезбеди долгорочен напредок.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во твојот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Инфраструктурните проекти се важни, но тие не се доволни за целосен развој. Потребни се и проекти за економски развој, подобрување на квалитетот на животот, проекти што ги вклучуваат младите, но и повозрасните граѓани, проекти поврзани со културата, за поддршка на спортот, а секако и одржливи еколошки решенија.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се двигатели на секој напредок. За да ги задржиме во државата, мора да им овозможиме пристап до квалитетно образование, можности за вработување и самовработување, како и активен живот во спортот и културата.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Потребни се конкретни мерки за поголема безбедност на улиците: подобро улично осветлување, зголемено полициско присуство, видеонадзор, како и едукација за сообраќајната култура. Заедно, со активни акции мора да работиме за превенција на сообраќајните прекршоци.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се направи во следниот период?

Да, планирањето и мобилноста се клучни. Струмица веќе располага со јавен превоз и велосипедски патеки, што е одлична основа. Сепак, потребно е подобрување на нивната функционалност и поврзаност — зголемување на фреквенцијата и воведување дигитални системи за распоред и плаќање. Кај велосипедските патеки, важно е редовно одржување, проширување на мрежата кон приградските населби и овозможување безбедни раскрсници. Урбанистичкото планирање треба да биде координирано со овие системи со цел да се намали употребата на автомобили и да се поттикне одржлива мобилност.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓунајзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не сме осудени да живееме во нечистотија и загаден воздух, но мора итно да дејствуваме: чистење на дивите депонии, ригорозна контрола на загадувачите, засадување зеленило и активно вклучување на граѓаните во еколошка едукација.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба?

Да, со нулта толеранција кон корупцијата, зголемена транспарентност и отворени податоци. Активната комуникација со граѓаните ќе ги донесе резултатите што ќе ја вратат довербата.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места?

Без луѓе, нема иднина, и тоа е факт. Лично ќе се заложам секој еден млад човек да добие шанса во Струмица и околните населени места. Нашата општина ќе биде двигател на нови можности и ќе создаде поволни услови за младите да започнат сопствени бизниси и да егзистираат тука, во своето родно место.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Затоа што нудам јасна визија, конкретен план и искрен пристап, со целосен фокус на резултати и на интересите на граѓаните, а не на лични или партиски интереси. Моето искуство во локалната самоуправа, како и моето животно искуство, создаваат доверба кај народот. Сакам да им се оддолжам на сите граѓани на Струмица за нивната поддршка и доверба, и со својата енергија да го продолжам напредокот, како што тие го правеа за мене сите овие години.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Нашата визија за Струмица

Струмица ја гледаме како општина со развиена економија, модерно земјоделство, силен туризам и стабилен систем на социјална заштита. Визијата е да создадеме локална средина каде што секој граѓанин ќе има еднакви можности за образование, работа и квалитетен живот, со истовремено зачувување на природата и културното наследство.

  • Локален економски развој – интегриран систем на општина, бизнис-сектор, образовни институции и граѓански сектор:
    • Поддршка на мали бизниси и стартапи (фондови, обуки, менторство, дигитални алатки)
    • Образование за пазарот на трудот (преквалификации и нови вештини)
    • Вработување на млади и ранливи категории (самовработување, претприемаштво)
    • Дигитализација на општински услуги и економска промоција
  • Земјоделство – столб на економијата:
    • Стручна и едукативна поддршка за модернизација
    • Органско и организирано земјоделство за извоз
    • Финансиски стимулации и пазари за мали и млади земјоделци
    • Дигитална платформа за директен контакт со купувачи
  • Туризам – двигател на економски раст:
    • Мапирање и дигитализација на туристички и културни објекти
    • Означување патеки за планинарење, велосипедизам, рекреација
    • Промоција на гастрономија, традиции и настани
    • Инфо-точки со бесплатен интернет на клучни локации
  • Социјална и детска заштита – социјална правда како основа:
    • Развој на институции за социјална заштита
    • Поврзување со образованието, здравството и пазарот на труд
    • Поддршка за пензионери, самохрани родители и семејства во ризик
    • Програми за инклузија и борба против дискриминација
    • Локални услуги: помош во домот, лични асистенти, психолошка поддршка
  • Инклузивност за лицата со попреченост:
    • Пристапни улици и тротоари со закосени рабници
    • Повеќе рампи и полесен пристап до институции
    • Стипендии и зголемени надоместоци
    • Звучна сигнализација за слепи лица
    • Обуки и работилници за родители, лица со попреченост, работодавци и јавноста
    • Инклузивна урбана опрема во новиот парк (лулашки, клупи)
  • Наш пристап – 4 столбови:
    • Функционална и безбедна општина: модерна инфраструктура, јавен превоз, урбанистички планови во интерес на граѓаните.
    • Одржлива економија и туризам: поддршка за бизниси, земјоделство, туристички капацитети.
    • Чиста и здрава животна средина: чистење диви депонии, пошумување, современи системи за отпад.
    • Социјална сигурност и еднакви шанси: силни институции, достапни услуги, инклузија на сите граѓани.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на филтер - станица за вода за пиење за населено место Банско

Опис на проектот

Проектот вклучува изградба на филтер-станица за добивање чиста вода за пиење за најголемото населено место Банско. Со овој проект се предвидува реконструкција на постојната филтер-станица за добивање пивка вода за пиење. Постојната филтер-станица е со помал капацитет и со постара методологија на прочистување на водата. Со реализацијата на овој проект ќе добиеме филтер-станица со поголем капацитет на филтрирање вода и со посовремена технологија на прочистување, со што ќе бидат задоволени потребите како на жителите на најголемото населено место Банско, така и натуристичките капацитети што ги имаме во с. Банско.

Влијание на проектот:

Подобрување на квалитетот на водата за пиење за жителите од населено место Банско и посетителите на туристичките капацитети во овој дел на општина Струмица.

Целна група: Жителите на Банско, како и посетителите на туристичките места.

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

600.000 EUR

Реконструкција на порој „Крушевска Република“ на потегот од кружен тек ЕВН до улица „Климент Охридски“ (Реконструкција на канал за атмосферски води на дел од улица „Крушевска Република“ втора фаза (од км 0+571.81 до 1+144.00)

Опис на проектот

Регулација на атмосферските води од источниот дел на градот, при што со реконструкцијата на овој канал ќе обезбедиме собирање и одводнување на атмосферските води од најнискиот дел на градот којшто е изложен на чести поплавувања при обилни врнежи од дожд. Овој проект претставува продолжување со уредувањето на поројот „Крушевска Република“ на потегот од кружен тек ЕВН до ул. „Климент Охридски“. Со реконструкцијата на овој порој ќе се обезбеди побрзо собирање на атмосферските води од поголемиот дел од градот, а особено ќе се реши проблемот со поплавување на најнискиот дел од градот. Со проектот е предвидено отворениот атмосферски канал да биде покриен, со што ќе се добие современа пешачка зона, со предвидени површини за зеленило. Ќе се овозможи и двострано проширување на сообраќајниците покрај поројот, со што ќе добиеме комплетно уреден простор во овој дел од градот.

Влијание на проектот:

Реконструкцијата на каналот овозможува поефикасно одведување на атмосферските води, уредување на пешачката зона и проширување на сообраќајниците, со што се добива пофункционален простор за граѓаните.

Целна група: Жителите на Општина Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

100.000.000 ден.

Уредување на порој „Крушевска Република“ на потегот од ул. „Климент Охридски“ (транзитен пат) до вливот на реката Тркајна

Опис на проектот

Со реконструкција на овој потег ќе обезбедиме подобар проток на водите што се сливаат во поројот на „Крушевска Република“. Овој проект претставува продолжување со уредување на поројот на потегот од ул. „Климент Охридски“ до вливот во реката Тркајна. Досега се изведени околу 400 метри, а останато за реализација е околу 1000 метри. Со уредувањето на овој дел од каналот ќе се обезбеди побрзо одведување на атмосферските води кон главниот реципиент река Тркајна, а со тоа се постигнува значајно намалување на ризиците од поплави во град Струмица при интензивни врнежи. Исто така покрај уредениот канал може да се предвиди и изведба на шеталишта и патеки за рекреација со поставување соодветна урбана опрема.

Влијание на проектот:

Уредувањето на поројот „Крушевска Република“ ќе има позитивно влијание врз животната средина, безбедноста и намалувањето на ризиците од поплави, како и уредување на просторот во овој дел од градот.

Целна група: Жителите на Општина Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

Изведба на атмосферска канализација и заштита од поплави на населено место Муртино

Опис на проектот

Населеното село Муртино честопати е погодено од поплави при врнежи од дожд бидејќи е испреплетено со повеќе канали што условува потреба од изведба на атмосферска канализација. Со овој проект е предвидена изведба на атмосферска канализација и реконструкција на постојните канали за одведување на атмосферските води во населеното место Муртино. Муртино како рамничарско населено место често е изложено на поплавувања и поради неговата географска поставеност. Со реализацијата на овој проект ќе се овозможи ефикасно прибирање и одведување на атмосферските води со што ќе се спречи задржување на водата по улиците и ширењето на непријатен мирис.

Влијание на проектот:

Изведбата на атмосферска канализација и реконструкција на каналите во с. Муртино ќе го подобри квалитетот на животот, ќе овозможи заштита на околината и намалување на ризиците од поплави.

Целна група: Жители на населеното место Муртино

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

135.000.000 ден.

ПРОЕКТИ

Социјална населба – Турско Маало – трета фаза (Изградба на објекти со намена домување за сместување

Опис на проектот

Со овој проект се врши дислокација на дивата населба на ул. „Климент Охридски“ во Струмица. Проблемот трае со децении. Проектот започна во 2020 г. и е во третата фаза. Првата фаза (100 милиони денари) е завршена. Во втората се реши водоснабдувањето. Подготвени се проекти за 26 од предвидените 118 куќи.

Влијание на проектот:

Решавање на проблемот со дивоградбите и зголемена безбедност за жителите од оваа населба.

Целна група: Жителите на ул. „Климент Охридски“

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

96.000.000 ДЕН.

Изградба на улица „23 Октомври“, покрај „Свети Илиски порој“ во должина од околу 2 200 метри.

Опис на проектот

Проектот овозможува поврзување на стариот дел од градот со новите урбани блокови преку изградба на сообраќајници од двете страни на „Свети Илиски порој“. Во тек е првата фаза. Предвидени се и мостови поради вкрстувања. Ќе се намали метежот во центарот и ќе се подобри поврзаноста на градот.

Влијание на проектот:

Ќе се подобри брзината и квалитетот на сообраќајната поврзаност во градот и намалување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Целна група: Жителите на градот Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

50.000.000 ДЕН.

Изградба на улици со комплетна подземна инфраструктура во новиот урбан блок 41/1

Опис на проектот

Во Струмица ќе се гради нова населба наменета за станбено живеење што се наоѓа во северниот дел на градот. Општина Струмица веќе е подготвена за започнување со реализација на овој проект, односно Секторот за Урбанизам, комунални работи и градежно земјиште ги има изготвено сите потребни проекти. Со овој капитален проект се предвидува изградба на повеќе улици со комплетна подземна инфраструктура односно канализација, водовод и улично осветлување во новиот Урбан Блок 41/1.

Влијание на проектот:

Со реализација на овој проект ќе изградиме нова модерна урбана населба со целата потребна инфраструктура за нејзино урбано функционирање.

Целна група: Сите жители на Општина Струмица, особено жителите што ќе градат објекти и ќе живеат во новата населба.

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

140.000.000 ДЕН.

Продолжување со изградба на ученички дом – интернат во СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица

Опис на проектот

Станува збор за сериозна општинска инвестиција значајна за учениците коишто доаѓаат од други населени места и престојуваат во Струмица. Капацитетот ќе вклучува 98 ученици, простор со сопствена кујна и што е особено важно ‒ адаптирани соби за лица со телесен инвалидитет што дополнително оди во прилог на признанието што го доби Струмица за најуспешна општина за спроведувањето инклузија во Македонија.

Влијание на проектот:

Подобрување на училишниот стандард на учениците и обезбедување услови за остварување подобри резултати во текот на нивното образование.

Целна група: Ученици

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

90.000.000 ДЕН.

Продолжување со изградба на нов Градски пазар на Г.П. 5 Блок 9 Општина Струмица

Опис на проектот

Граѓаните на Општина Струмица и пошироко во регионот ќе имаат нов, современ градски пазар којшто ќе биде и најголемиот пазар во Македонија. Вкупната површина на која се гради новиот пазар е 43.000 м2, од кои 8.200 ќе бидат покриени, а ќе има 527 тезги, а се планирани и 250 паркинг-места.

Влијание на проектот:

Уредување на просторот околу новиот градски пазар со имплементација на сообраќајно решение, како и изградба на целосна подземна инфраструктура.

Целна група: Жителите на Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

50.000.000 ДЕН.

Изградба на атмосферска канализација за населено место Просениково

Опис на проектот

Поради фактот што населеното место Просениково е поголемо рамничарско место, често при зголемени врнежи од дожд доаѓа до појава на поплави, при што од голема важност е изградбата на атмосферска канализација.

Влијание на проектот:

Проектот има влијание врз животната средина, инфраструктурата и локалната заедница, најмногу преку намалување на ризикот од појава на поплави.

Целна група: Жителите на населено место Просениково

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

57.000.000 ДЕН.

Изградба на Фекален колектор УБ35-УБ42 (од населба Струма преку Софилар до зона Север)

Опис на проектот

Проектот вклучува изградба на фекален колектор УБ35-УБ42 од населба Струма преку Софилар до зона Север се со цел да се постигне одведување на фекалните канализациони води за потребите на новите урбани блокови.

Влијание на проектот:

Проектот има позитивно влијание врз животната средина, здравјето на населението и инфраструктурата.

Целна група: Жителите на Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

50.000.000 ДЕН.

Инвестирање во индустриските зони во Општина Струмица

Опис на проектот

Поддршка на бизнис-секторот и на луѓето кои работат во овие зони и тоа:

• Пробивање на улици и изградба на комплетна инфраструктура во Урбаните Блокови 17/1 и 17/2 (Пеликатник)

• Изградба на фекална канализација и асфалтирање на улици во Урбан Блок 19 (Лукоил)

• Изградба на тротоари во Урбан Блок 3 и 5 (зона Север)

Влијание на проектот:

Подобрување на инфраструктурата во индустриските зони со цел подобрување на пристапот и поразвиена индустрија во Струмица.

Целна група: Бизнис - заедницата

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

50.000.000 ДЕН.

Реконструкција на локален пат Струмица – Просениково

Опис на проектот

Проектот за реконструкција на локалниот пат Струмица – Просениково ќе вклучува повеќе активности што ќе доведат до целосна модернизација и подобрување на патната инфраструктура, како, на пример, реконструкција на патната површина и обновување на патните знаци и целокупната сигнализација.

Влијание на проектот:

Проектот значително ќе влијае во подобрувањето на инфраструктурниот квалитет и транспортната мрежа во овој регион, со што ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Целна група: Жителите на Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Буџет

40.000.000 ДЕН.

Изградба на културен дом во населено место Вељуса

Опис на проектот

Проектот вклучува изградба на нов културен дом во населеното место Вељуса со соодветна структура и опрема со цел задоволување на потребите за одржување разни активности, како што се состаноци, работилници и разни културни манифестации.

Влијание на проектот:

Ќе се обезбеди простор за културни, образовни и општествени активности, што е клучно за развојот на културата и општествениот живот во Струмица.

Целна група: Жителите на Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Реконструкција и ревитализација на Цареви кули

Опис на проектот

Проектот вклучува реконструкција и ревитализација на Цареви кули како значајно културно и историско обележје и вклучува реконструкција на ѕидовите и кулите, како и приспособување на просториите за современа употреба.

Влијание на проектот:

Проектот ќе има големо влијание во заштита на културното наследство, развојот на туризмот, образованието и локалната економија.

Целна група: Жителите на Струмица

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

Реализација на проекти во образованието (училишта и детски градинки)

Опис на проектот

• ООУ „Видое Подгорец“ – Струмица

- Целосна реконструкција на спортска сала (паркет, покрив и греење)

- Буџет за награди за деца за натпревари

• ООУ „Никола Вапцаров“ – Струмица

- Котли за замена

• ООУ „Даме Груев“ - Куклиш

-Поставување термофасада на основното училиште

• ООУ „Св.Кирил и Методиј’’ – Дабиља

- Изградба на спортска сала

- Изградба на нови тоалети во училиштето.

• Детска градинка ЈОУДГ „Детска радост“ - Струмица

- Реконструкција на покрив во Клон 3

- Реконструкција на Клон 6

- Продолжување на јавниот повик за ослободување од плаќање на членарина за самохрани родители.

Влијание на проектот:

Проектот има влијание во подобрување на квалитетот на образовниот процес и за децата од градинките и за учениците, како и наставниците од овие основни училишта.

Целна група: Деца и ученици

Рок на реализација: 2025 ‒ 2029 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

УЗ/МЗ: 1

  • Изградба на заобиколница со цел растоварување на сообраќајот на бул. „Климент Охридски“
  • Реконструкција на атмосферска канализација
  • Хортикултурно уредување, садење дрвја и друга вегетација за заштита од бучава и прав предизвикана од сообраќајот на пофреквентните улици, повеќе зелени паркчиња на повеќе места, како и зелени острови во централните градски подрачја
  • Субвенционирање на енергетски фасади на индивидуални и колективни домаќинства и замена на азбестните покриви
  • Дигитализирање на сите услуги и информации за граѓаните, да бидат лесно достапни на SMART-табли, вклучување алатки за директна комуникација на граѓаните со градоначалникот и самата општина

УЗ/МЗ: 2

  • Хортикултурно уредување на малото пазарче и околниот простор со клупи за одмор
  • Дислоцирање на Турските гробишта и уредување околу нив
  • Одржување на постојните детски и спортски игралишта (кај ООУ „Никола Вапцаров“)
  • Нови паркчиња со детско игралиште
  • Уредување со клупи и канти за отпадоци по ул. „Младинска“
  • Уредување на каналот (порој) од ЕВН до Транзитниот пат
  • Хортикултурно уредување на дворовите на зградите кај ООУ „Никола Вапцаров“

УЗ/МЗ: 3

  • Решавање на проблемот со тесните улици кај поројот Крушевска Република, кај Момин Бунар
  • Промена на изливните цевки за атмосферски води
  • Реконструкција на улиците „Пиринска“ и „Кирил и Методиј“
  • Реконструкција на Момин Бунар

УЗ/МЗ: 4

  • Реконструкција и уредување на патеката Св. Илија
  • Реконструкција и осветлување на улици
  • Чистење и уредување на Св. Илиски Порој
  • Фекални и атмосферски канализации на местата каде што е потребно

УЗ/МЗ: 5

  • Хортикултурно уредување на дворното место околу воените згради
  • Повеќе паркинг-места за лица со инвалидитет
  • Улично осветлување и реконструкција на улици
  • Реконструкција на детските игралишта во паркот

УЗ/МЗ: 6

  • Детско игралиште на ул. „МХЈ’’
  • Доизградба на Интернатот во кругот на СОУУД „Димитар Влахов“
  • Уредување со клупи и канти за отпадоци околу Општата болница на ул. „Младинска“ и ул. „Панче Пешев“
  • Улично осветлување и реконструкција на улици
  • Јавна чешма на ул. „Панче Пешев“, во близина на Општата болница

УЗ/МЗ: 7

  • Улично осветлување и реконструкција на улици
  • Реконструкција на плоштад „Гоце Делчев“ со хортикултурно уредување
  • Поставување СМАРТ-чешми во централното градско подрачје
  • Поставување детски играчки и урбана опрема зад зградите на бул. „Маршал Тито“

УЗ/МЗ: 8

  • Реконструкција на тротоари, улици и улично осветлување
  • Реконструкција на поранешно детско игралиште на ул. „Маршал Тито“
  • Реконструкција на ул. „Бетовенова“

Населено место Добрејци

  • Асфалтирање на улици
  • Втор слој асфалт на игралиштето во училиштето
  • Тампонирање на полски патишта
  • Подобрување на уличното осветлување
  • Атмосферска канализација
  • Тротоар и реконструкција на главната улица

Населено место Банско

  • Завршување на фекална канализација
  • Филтер-станица за вода
  • Повеќенаменско игралиште
  • Асфалтирање на улици
  • Редовно чистење на депонијата
  • Лежечки полицајци пред училиштето и црквата
  • Замена на старо и поставување ново улично осветлување
  • Капела
  • Градинка
  • Рушење на домот

Населено место Белотино

  • Асфалтирање на главната улица
  • Подобрување на уличното осветлување

Населено место Вељуса

  • Завршување на фекална канализација
  • Бетонирање улици
  • Асфалтирање улици
  • Континуирано одржување на споменикот на борците и редовно уредување на јавните површини во населеното место
  • Соодветна сообраќајна сигнализација
  • Поставување клупи и канти за отпадоци

Населено место Водоча

  • Изградба на фекална канализација
  • Асфалтирање нови улици и обнова на стари руинирани улици и нивно проширување
  • Парковско уредување со клупи и детски играчки
  • Чистење и уредување на речното корито
  • Улично осветлување
  • Реновирање на спортското игралиште
  • Изградба на селски трем
  • Одржување на гробиштата

Населено место Дабиле

  • Завршување на фекална канализација
  • Пренамена на постоен канал во автобуска постојка за учениците
  • Поставување ограда и тротоар пред училиштето
  • Чистење на атмосферскиот одводен канал
  • Санирање на сите прокопи и асфалтирање улици
  • Реконструкција и одржување на парковите
  • Поставување детски лулашки во централниот парк

Населени места Дорломбос и Мемешлија

  • Асфалтирање или бетонирање на главниот пат
  • Улично осветлување

Населено место Куклиш

  • Оградување на спортската сала и ставање во функција на парното греење во салата
  • Обновување на спортското игралиште во рамките на салата
  • Изградба на ободни атмосферски канали над селото со цел спречување поплави
  • Редовно чистење на атмосферските канали
  • Асфалтирање улици
  • Реконструкција на дел од водоводот и зголемување на капацитетот на резервоарот за вода
  • Редовно чистење на депониите
  • Изградба на парк во близина на градинката
  • Изградба на тротоари на главниот пат

Населено место Муртино

  • Атмосферска канализација
  • Изградба на парк во центарот на селото и пред домот на културата
  • Реконструкција на мостот
  • Редовно чистење и оградување на депонијата

Населено место Свидовица

  • Асфалтирање улици
  • Јавно осветлување
  • Фекална канализација
  • Тротоар на главната улица

Населено место Просениково

  • Асфалтирање улици
  • Атмосферска канализација
  • Проширување на урбанистичкиот план
  • Редовно чистење и оградување на депонијата
  • Редовно чистење на атмосферските канали
  • Улично осветлување

Населено место Баница

  • Фекална канализација
  • Игралиште
  • Асфалтирање улици
  • Улично осветлување
  • Подобрување на системот за пивка вода

Населено место Градско Балдовци

  • Приклучување на фекална канализација
  • Атмосферска канализација
  • Реконструкција на улици
  • Улично осветлување
  • Детско игралиште

Населено место Попчево

  • Реконструкција и асфалтирање улици
  • Улично осветлување

Населено место Рич

  • Улично осветлување
  • Реконструкција на улици
  • Изградба на детско игралиште
  • Реконструкција на главниот пат

Населено место Раборци

  • Ставање во функција на новиот водовод
  • Редовно чистење на депониите
  • Асфалтирање улици
  • Улично осветлување

Населено место Костурино

  • Асфалтирање и реконструкција на улици
  • Улично осветлување
  • Чистење депонии
  • Уредување на парк пред домот на културата

Населено место Сачево

  • Фекална и атмосферска канализација
  • Улично осветлување
  • Реконструирање на мост на влезот на селото

Населено место Габрово

  • Улично осветлување
  • Реконструкција на улици