Колку се важни младите за нашата општина?
Младите во Виница се клучни за развојот и иднината на општината. Тие носат нови идеи, енергија и иновации што го движат напред локалниот развој. Влијанието на младите се чувствува во образованието, културата и спортот, што ја збогатува заедницата. Инвестирањето во нивниот потенцијал значи сигурна и успешна иднина за Виница.
Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?
Општата безбедност во Виница е предизвик, особено поради непочитување на сообраќајните правила, како што се прекумерна брзина, неносење кациги и сл. Недоволната контрола од страна на полицијата и лошата инфраструктура, како што се неосветлените улици и недоволно обележаните пешачки премини, ја влошуваат ситуацијата. За подобрување, потребни се поинтензивни контроли, подобрување на сообраќајната инфраструктура и едукација на граѓаните за важноста од безбедно однесување.