Почитувани пријатели, соседи и граѓани на Општина Карпош, Се кандидирам за градоначалничка затоа што оваа општина заслужува вистински лидер што слуша, дејствува и испорачува. Заслужуваме општина и институции што ќе работат напорно заедно со вас, слушајќи ги вашите потреби и идеи. Јас верувам во моќта на граѓаните и затоа заедно може да го направиме Карпош подобро место за живеење.
Карпош отсекогаш бил вибрантен и полн со живот, со култура, со едукација. Некој некогаш мора да почне да го враќа тоа. Нека биде сега. Нека бидам јас.
Моите дела говорат поартикулирано од секое прашање, појасно од секој наратив, подлабоко од секоја дилема. Во мојата професија нема место за колебање, комфор и импровизација. Таму каде што секундата прави разлика меѓу животот и смртта, каде што секоја одлука има тежина и последица, грешката не е дозволен луксуз.

Во тој свет рационалноста и прецизноста не се избор, туку се предуслов. Тоа не се стекнува само со академско знаење. Тоа се гради низ секоја борба за живот, низ секој здив што сум се обидела да го задржам и секоја човечка судбина, на која сум застанала на патот на загубата.
Во мојата секојдневна работа одлуката не се одложува, туку се презема. Одговорноста е непосредна и секојдневна и затоа сум убедена дека можам многу да направам, а заедно можеме да сработиме за доброто на сите нас.

Карпош ни припаѓа нам, на карпошани, не на политичките елити или на приватните интереси. Затоа, ниту еден градоначалник не може сам. Тој треба да биде воден од гласот на граѓаните.
Ветувам дека мојата присутност ќе биде постојана во вашите секојдневни животи, не само во време на кампањата, туку и секој ден во наредните четири години.
Во наредниот период ќе дојдам во сите маала, ќе тропнам на вашите врати и ќе ја побарам вашата доверба и вашиот глас, но, пред се, ќе го чујам вашето мислење, вашите потреби. Заедно можеме да го направиме Карпош и почист, и позелен, и побезбеден, за сите нас и за нашите деца. Заедно можеме да ја доживееме вистинската љубов за Карпош.
Ајде заедно да ја изградиме иднината на Карпош!

Со почит и благодарност,

Маја Мојсова Мијовска

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА КАРПОШ

  • 1. Владимир Бислимовски
  • 2. Вера Бужаровска
  • 3. Радослав Трошановски
  • 4. Милена Ристевска Илиоска
  • 5. Јахји Мемедов
  • 6. Борис Чурлинов
  • 7. Снежана Наковска
  • 8. Јовица Јанковиќ
  • 9. Симона Пашоска
  • 10. Зејнел Куч
  • 11. Биљана Дончевска Витошевиќ
  • 12. Љубе Јовановски
  • 13. Сашка Цветковска Маџовска
  • 14. Златко Анѓелески
  • 15. Лидија Салом
  • 16. Горан Поповски
  • 17. Виолета Смилевска
  • 18. Андреј Караев
  • 19. Сузана Тодоровиќ
  • 20. Огнен Бошњаковски
  • 21. Роберт Босилковски
  • 22. Владимир Калевски
  • 23. Даниела Трпкоски Николовска
  • 24. Дарко Миновски
  • 25. Мица Хочевар
  • 26. Саша Трајковски
  • 27. Томе Глигоровски

Ние, советниците од листата за советници на СДСМ Карпош со сета сила ќе се бориме општина Карпош да биде достојно место за живеење. Ќе се вложуваме секојдневно во интерес на граѓаните од Карпош, да ја подобриме инфраструктурата, да се зголемат капацитетите на градинките и училиштата, да се развијат што повеќе зелени површини. Ќе се заложиме за Карпош со повеќе паркинг места, со поквалитетен воздух, со хигиена на високо ниво и нема да дозволиме урбанизација на оптшината. Исто така, ќе работиме на збогатување на културниот и спортскиот живот во Карпош. Заедно можеме да дадеме поддршка на малите бизниси. Ќе се заложиме за побезбедни улици. Ќе ги поддржуваме младите во нивните креативни идеи и заложби. Секојдневно ќе го сослушаме секој граѓанин, секоја негова потреба, ќе излеземе со конструктивни решенија и барања во Советот на Општина Карпош. Ќе се грижиме и за највозрасните жители на нашата општина и за сите оние кои имаат било каква потреба.
Ветуваме чесна и транспарентна работа.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Во изминатите четири години, СДСМ ја немаше честа и одговорноста да управува со Општина Карпош, ниту имаше сериозна можност да влијае врз работата, бидејќи Советот на Општината го контролираше противничката партија.

Затоа, во оваа пригода, ќе потсетиме што беше реализирано во периодот 2017 – 2021 година, кога градоначалник беше Стефан Богоев, како кандидат на СДСМ.

  • Изведена е водоводна мрежа на локалитетот Момин Поток, во вредност од 11,0 милиони денари
  • Реконструирана е ул. „Даскал Камче“, во вредност од 0,5 милиони денари
  • Реконструиран/асфалтиран е крак од ул. „Никола Тесла“, во вредност од 1,1 милион денари
  • Реконструиран и асфалтиран е паркингот на бул. „Партизански одреди“ бр. 79-81, во вредност од 0,8 милиони денари
  • Реконструирана е ул. „Њуделхиска“, во вредност од 3,2 милиони денари
  • Реконструирани се улиците „Атинска“, „Римска“ и „Карпошово востание“, во вредност од 6,1 милион денари
  • Реконструиран е дел од ул. „Варшавска“, во вредност од 3,6 милиони денари
  • Реконструирани се тротоарите на ул. „Веселин Маслеша“, во вредност од 0,8 милиони денари
  • Поплочени се 23 споредни улици/краци во Бардовци, во вредност од 13,8 милиони денари
  • Реконструирано е спортското игралиште во ООУ „Јан Амос Коменски“, во вредност од 1,2 милиона денари
  • Реконструирани се спортските игралишта во Бардовци и во ООУ „Војдан Чернодрински“, во вредност од 1,4 милиони денари
  • Изградена е Детската градинка „Мајски цвет“ (ул. „Женевска“), во вредност од 10,6 милиони денари
  • Изградена е Детска градинка во дворот на ООУ „Аврам Писевски“, во вредност од 28,6 милиони денари
  • Изведена е водоводна мрежа и атмосферска канализација на новопроектираната улица „3“ (УЗ Тафталиџе 1), во вредност од 1,3 милиони денари
  • Реконструиран е дел од ул. „Даскал Камче“, во вредност од 0,4 милиони денари
  • Изградена е новопроектираната улица „3“ (УЗ Тафталиџе 1), во вредност од 5,1 милиони денари
  • Реконструирана е ул. „Бранислав Нушиќ“, во вредност од 0,5 милиони денари
  • Поставени се средства за забавување на сообраќајот низ Општина Карпош, во вредност од 1,0 милион денари
  • Реконструиран е тоалет за лица со попреченост во ООУ „Аврам Писевски“, во вредност од 0,4 милиони денари
  • Реконструирано е спортското игралиште во ООУ „Братство“, во вредност од 0,3 милиони денари
  • Реконструирана е секундарната водоводна мрежа во Средно Нерези, во вредност од 4,4 милиони денари
  • Реконструирана/Асфалтирана е ул. „Вангел Дину“, во вредност од 1,3 милиони денари
  • Саниран/Асфалтиран е паркингот на ул. „Атинска“, во вредност од 0,9 милиони денари
  • Саниран/Асфалтиран е крак од ул. „Скупи“ (УЗ Злокуќани), во вредност од 0,6 милиони денари
  • Саниран/Асфалтиран е дел од ул. „Ловќенска 4“, во вредност од 1,5 милиони денари
  • Саниран/Асфалтиран е крак од ул. „Вич“, во вредност од 2,6 милиони денари
  • Санирана/Поплочена пристапна патека од улица „Варшавска“, во вредност од 0,5 милиони денари
  • Саниран/Асфалтиран е паркинг во Карпош 3 (Бул. „Партизански одреди“ бр. 106), во вредност од 1,5 милиони денари
  • Санирани се спортските игралишта во УЗ „Трнодол“ и ООУ „Лазо Трповски“, во вредност од 1,7 милиони денари
  • Санирано е кошаркарското игралиште во ООУ „Лазо Трповски“, во вредност од 1,4 милиони денари
  • Санирани се тоалетите во Детската градинка „Мајски цвет“ (УЗ Тафталиџе 1), во вредност од 2,0 милиони денари
  • Санирана е фасадата на Детската градинка „Мајски Цвет“ (УЗ Тафталиџе 1), во вредност од 12,4 милиони денари
  • Адреналински парк на Вардар 800 милиони евра инвестиција.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Во УЗ Карпош 4, од вкупно 16 ветени проекти, во изминатите 4 години е реализирано само едно. Но затоа, пак, не се поставени рампи со далечински управувач за сите станари на паркингот пред ТЦ „Антико“; не се заменети лифтовите во висококатниците; не се реконструирани фасадите на кулите на ул. „Никола Парапунов“ бр. 1, 3 и 5, ниту, пак, на хармониките на ул. „Волгоградска“ и ул. „Вич“, ниту на сите руски згради; не е изграден затворен пливачки базен во ООУ „Петар Поп Арсов“, ниту е хортикултурно уреден дворот: нема нов парк, детско игралиште, нов скејт-парк, ниту, пак, центар за стартап-фирми.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто (повторно) се кандидирате? Што е мотивот?

Мојот мотив е повеќе од јасен. Сакам општината во која живеам да биде место што ќе зрачи со благосостојба, сакам урбана зелена општина што ќе им служи на граѓаните, сакам уредени безбедни игралишта, сакам ред во урбанизацијата и здрава и чиста средина. Познавајќи ги сопствените капацитети и квалитети секогаш фокусирана на барање решенија, убедена

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Една од најважните работи е поседувањето визија за општината. Но визија без реализација е ништо друго, освен празно ветување. Од друга страна, општината е дел од поширокото општество и затоа е неминовно да се поседува и визија за општеството.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Инфраструктурните проекти се неминовни, но треба да бидат приспособени кон потребите на граѓаните на општината. Сметам дека како институции, секогаш потфрламе со одржувањето, независно дали се тоа зелените површини, местата за одмор, комуналната чистота или, пак, нешто друго. Тоа граѓаните го чувствуваат секојдневно при барањето паркинг-место, додека шетаат низ запуштените зелени површини со искршени или без канти за отпадоци, додека нивните деца играат во нефункционалните и, за жал, небезбедни детски игралишта или руинирани спортски терени. Затоа велам – инфраструктурни проекти, да, но прво да го средиме постојното зеленило, да ги реконструираме игралиштата, да ги санираме паркиралиштата.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се еден од најважните столбови во општеството. Кај нив е силата и од нив треба да учиме како да размислуваме во денешното модерно време. Тие се рационални критичари, но сметам дека нема да ни дадат уште една шанса ако повторно ги разочараме. Едноставно сме должни да им понудиме подобро општество за да ги задржиме во земјата и заедно со нив да направиме пристојно место за живеење.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Општата безбедност зависи од многу фактори, но и од креирањето и спроведувањето на локалните политики. Ако безбедноста на децата ни е најважна, тогаш во близина на градинките и училиштата ќе мора да се постави соодветна сигнализација и ограничувања, со кои ќе се забави сообраќајот на возилата.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Доброто планирање е клучот на современата општина. Избрзани решенија секогаш донесуваат повеќе проблеми отколку резултати. Затоа, за да се обезбеди забрзан развој и мобилност, основно е да се слушаат експертите, кои треба целосно да бидат вклучени во тие процеси и без исклучок, најважно е да се слушнат граѓаните и нивните потреби.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Одбивам да се помирам, до крајот на мојот живот да живееме како во една голема депонија. Дивите депонии мора да се лоцираат, а тие што ги создаваат да се санкционираат. Како лекар, за мене е најважно здравјето на граѓаните, а за тоа е важно и редовното чистење и миење на улиците, дезинфекција на контејнерите за отпад, редовно собирање на отпадот, вклучително и воведување систем за рециклирање.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Можеби довербата лесно се стекнува, но еднаш изгубена, таа многу потешко се враќа. Единствен начин да се врати довербата на граѓаните во институциите е тие да си ја работат својата работа. За мене е едноставен маркетинг и популизам барањето аплаузи за тоа што во суштина треба да го сработиме бидејќи е наша надлежност. Граѓаните бараат функционалност, транспарентност, отчетност и добра соработка, и сметам дека тоа е единствениот начин.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Младите сакаат да ја напуштат татковината токму поради нефункционалноста на институциите, клиентелизмот, коруптивноста, неказнивоста. Младите очекуваат од нас да ги испорачуваме суштинските потреби на општеството и затоа, само од нашето работење и дејствување зависи каква порака ќе им испратиме.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Во мојата сфера на работење, како анестезиолог на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, како нејзин раководител, но и како национален координатор за трансплантација, сум покажала и докажала што значи транспарентно, чесно и посветено да се работи за доброто на пациентите, следејќи ги доследно сите етички принципи. Мојот патриотизам го гледам во мојата желба и посветеност за подобро утре на пациентите што сум ги лекувала и таа посветеност и енергија сакам да ја ставам во функција на граѓаните на Карпош, кои сакам да ги предводам.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Заедно ги менуваме состојбите!

Каква е состојбата?!

Подолу се наведени клучните проблеми со кои се соочуваме како општество и на кои не смееме повеќе да ги затвораме очите и да се правиме дека не постојат:

1. Значително е намалена безбедноста на граѓаните

  • Кучиња скитници
  • Намалена безбедност и сообраќајна некултура
  • Загадување и здравствени ризици
  • Инфраструктурни проблеми
  • Зголемени кражби и инциденти

2. Сериозни системски пропусти и проблеми

  • Корупција и клиентелизам
  • Недоволна институционална поддршка
  • Урбанистички и инфраструктурни проблеми
  • Еколошка деградација
  • Недоволна поддршка за младите

3. Корумпирани јавни услуги

  • Корупција во административните услуги
  • Слаб институционален капацитет
  • Нефункционален здравствен систем
  • Дигитализација како решение

3. Корумпирани јавни услуги

  • Корупција во административните услуги
  • Слаб институционален капацитет
  • Нефункционален здравствен систем
  • Дигитализација како решение

4. Масовно иселувањето

  • Економски причини
  • Недоверба во системот
  • Слаб квалитет на јавните услуги
  • Животна средина и инфраструктура

Каков ќе биде нашиот пристап

Свесни за состојбите, за разочараноста на граѓаните и за политичката апатија што владее во општеството, храбро ја преземаме одговорноста да бидеме политички медиум преку кој граѓаните ќе можат да го направат посакуваниот целосен рестарт на системот. Нашиот пристап се базира врз четири клучни столба околу кои би гравитирале сите стратегии, политики и проекти:

1. Функционален и безбеден јавен простор

  • Хуман урбанизам – резиденцијални и културни/социјални хабови
  • Сообраќајна безбедност
  • Модерен и лесно достапен јавен превоз
  • Зголемена мобилност

2. Чиста и здрава животна средина

  • Беспрекорна комунална хигиена
  • Чист воздух преку справување со изворите на загадувањето
  • Расчистување со дивите депонии

3. Општини по мерка на граѓаните

  • Отворени општини за граѓаните
  • Да се слушне гласот на граѓаните
  • Отчетни општини – Нула корупција
  • Услужни и ефикасни општини

4. Младите во фокусот - Нова парадигма за здрав и одржлив развој

  • Да градиме здрави и демократски свесни индивидуи
  • Наместо расадник за други држави, да бидеме поле за здрав и одржлив развој
  • Младите се нашата иднина и надеж.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на парк младински културен спортско-рекреативен центар на потегот меѓу СРЦ „Борис Трајковски“ и бунарите на Лепенец

Опис на проектот

Е-гејминг арена, картинг, летна културна сцена, конгресен центар и младински центар.

Влијание на проектот:

Рекреативен и креативен развој кај младите

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2029 година

Буџет

Со средства од градот, Општината и поддршка од ЕУ-фондови

Изградба на новa детска градинка во Влае

Опис на проектот

Планираме да изградиме по една нова детска градинка во зоната покрај реката Вардар, со што значително ќе се подобри капацитетот и квалитетот на грижата за најмладите карпошани. Тоа, пред сè, ќе значи згрижување на сите дечиња од предучилишна возраст коишто се на листите на чекање, но и можност за отворање нови работни места. Новите детски градинки ќе бидат во согласност со најновите стандарди, енергетски ефикасни, со многу зеленило и со површини за спроведување рекреативни и спортски активности на дечињата во текот на нивниот престој. Дополнително, во рамките на можностите и потребите ќе извршиме и реконструкција на постојните капацитети во детските градинки, со цел подобрување на условите за вработените и за дечињата што се згрижени во нив.

Влијание на проектот:

Со овој проект ќе се врати природата во срцето на градот и значително ќе се подобри квалитетот на животот на сите граѓани – од најмладите до највозрасните.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2027 година

Буџет

450.000 €

Формирање на ново комунално општинско претпријатие

Опис на проектот

Набавка на 5 цистерни за миење на улиците; 5 машини за метење (чистење) улици – метларка; набавка на 2 возила со контејнери за редовно собирање кабаст отпад; 2 машини за миење плоштади и улици (мултифункционална приспособлива за зимски и летен период).

Влијание на проектот:

Поголема ефикасност во заштитата на животната средина. Со ова секоја улица во Карпош ќе биде третирана барем двапати во неделата.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2026 година

Буџет

2026 година

Монтажни платформи за паркирање

Опис на проектот

Лептокарија, во Карпош 4 кај кулите на ОН, Влае, паркингот кај Воена болница пред болница „Жан Митрев“, ул. „Бледски договор“, „Миле Поп Јорданов“, Воените кули во Нерези, К1.

Влијание на проектот:

Поголем капацитет за паркирање, заштеда на време и ресурси на граѓаните.

Целна група:

Сите граѓани

Рок на реализација:

2029 година

Изградба на градинка во Нерези

Влијание на проектот:

Поголема благосостојба кај децата

ПРОЕКТИ

20 % месечна субвенција за секое дете во градинка

Влијание на проектот:

Поголема благосостојба кај децата

48 часа свежа храна на трпезата во градинките од домашни производители

Влијание на проектот:

Раздвижување на локалното стопанство (локалната економија)

Во првите две години 500 лаптопи за наставниците

Влијание на проектот:

Подобрување на наставата за учениците и поголема дигитална писменост за наставниците

Проширување на просторните капацитети на ООУ „Јан Амос Коменски“ и „Петар Поп Арсов“

Влијание на проектот:

Поголема ефикасност и квалитет на наставата

Бесплатен базен за усовршување на пливањето кај децата од Општина Карпош

Влијание на проектот:

Грижа за здравјето на децата

Сите училишта ќе се префрлат на топлотни пумпи

Влијание на проектот:

Поголема енергетска ефикасност, оптимизација на трошоци

Рок на реализација:

2029 година

Воспоставување е-библиотека

Влијание на проектот:

Поголема достапност на литература за деца и млади

Воведување шах како факултативна дисциплина и набавка на шах-табли во секое училиште

Влијание на проектот:

Развој на механизми за размислување кај децата

Згрижување на децата во летниот период до 10 години во градинките со ангажирање лиценциран кадар

Влијание на проектот:

Квалитет во сегментот грижа на децата

Мобилни медицински тимови

Опис на проектот

Посета на ранливи категории возрасни жители во Општина Карпош, особено самци. Вршење основни медицински прегледи со месечна динамика во домашни услови.

Влијание на проектот:

Зголемена грижа

Реконструкција на градинката „Ѕвездичка“ во Карпош 2

Влијание на проектот:

Подобри капацитети за грижа на децата

Обука и надградба на капацитетите на наставниот кадар; дигитализација на училиштата; обезбедување образовни асистенти за сите деца со посебни потреби, вклучително и обезбедување соодветна инфраструктура (пристапни рампи, лифтови)

Влијание на проектот:

Поголема дигитализација, квалитет и инклузивност

Поддршка за замена на азбесните покриви на колективни станбени згради; поддршка за изведба на енергетски фасади на семејните станбени згради;

Влијание на проектот:

Енергетска ефикасност

Подобрување на енергетската ефикасност на јавните објекти; поставување фотоволтаици на покривите; енергетски фасади

Влијание на проектот:

Поголеми заштеди

Основање „Business Start UP Center“ со користење на услугите на домашни и странски донатори (материјални, кадровски и логистика), така што:

Опис на проектот

Во центарот би се нуделе можности за доедукација и помош за самовработување со нудење широк спектар на можности – основање сопствени фирми за економски и правни услуги-консалтинг, маркетинг, книговодствени услуги, поуки за даноците и други обврски, нудење правна помош на населението во спорови со државата и сл. Обезбедување соодветен деловен простор и опрема; контакти со бизнис-заедницата ‒ работодавците, кои дејствуваат на територијата на Општина Карпош.

Влијание на проектот:

Подобра бизнис-клима на подрачјето на Општина Карпош

Основање општински центар за млади, којшто

Опис на проектот

Ќе нуди советодавни услуги за надминување на психолошки проблеми, брачни проблеми, мобинг на работно место, СОС за семејни насилства, заштита на загрозени жени, детектирање и лекување од алкохолизам, наркотични средства. Дополнително е предвидена посета на загрозени семејства и нудење соодветна помош и третман.

Влијание на проектот:

Поголема благосостојба на жителите на Општина Карпош

Создавање услови за безбедност во училиштата, преку спроведување превенција и контрола на деструктивните активности и однесувања

Опис на проектот

Преземање активности за зајакнување на воспитната компонента во училиштата (работа со родителите на децата, обуки за наставниците и учениците); воспоставување реална соработка со Центарот за социјални работи за навремено откривање на децата жртви на семејно насилство за да се помогне во неговото спречување или во надминувањето на проблемите; преземање конкретни активности за поголемо учество на родителите во целокупната работа на училиштето, наспроти досегашната практика само доколку треба да се изгласа нешто или да се реши некој конкретен проблем. Општината ќе соработува континуирано со советите на родители и училишните одбори преку непосредни средби со претставниците од тие органи.

Влијание на проектот:

Поголем квалитет на образовниот процес, поголемо учество во донесувањето одлуки

Поставување „Ваш личен бизнис-советник (општинар)“. контрола на деструктивните активности и однесувања

Опис на проектот

Овој проект би бил сличен на „Ваш личен банкар“, односно сите компании што имаат некаква потреба од локалната самоуправа, би се обраќале само кај едно лице од општинската администрација со кого би комуницирале и би ги добивале сите потребни информации, како и сите потребни документи од локалната самоуправа и државните органи. Дополнително, ќе се обезбедува потребната документација за бизнис-секторот од локалната самоуправа и државните институции (дозволи за градба, имотни листови, дозволи за работа и други дозволи од државни институции), за да нема потреба компаниите да се занимаваат и да губат драгоцено време.

Влијание на проектот:

Подобрување на бизнис-климата во Карпош

Волонтерски сервис-проект на Европската комисија

Опис на проектот

Волонтирањето не секогаш значи бесплатна работа. Тоа е работа со ограничен број работни часови и надоместок за тоа. Општината ќе се заложи за промовирање на европските практики и ќе формира волонтерски сервис (како дел од проектите на Европската комисија) каде што преку обезбедување млада работна сила ќе помага во унапредувањето на социјалната политика.

Волонтерскиот сервис ќе покрива неколку сегменти:

  • нега на деца во рамките на општинскиот сервис на беби-ситери
  • нега на стари лица
  • сервис за екосвест
  • сервис за туристички водичи
  • сервис за работни акции
  • студентски волонтерски сервис

Волонтерските часови ќе обезбедат плус примања за младите, ќе работат на зголемување на свесноста кај младите луѓе за проблемите на социјално ранливите групи и категории и сл. Тие ќе се стекнат со вистински вредности. Преку привремената работа ќе се стекнат со дополнително работно искуство и ќе заработат дополнителни примања.

За да ги стимулира младите да се пријават и да работат во волонтерскиот сервис, општината ќе формира бодирање на младите, па оние со најголем број волонтерски часови ќе бидат ставени во приоритетна листа за помош при вработување.

Влијание на проектот:

Подигање на свеста за важноста на волонтирањето, стекнување вештини за понатаму за пазарот на трудот.

Останати проекти

  • Во „Аврам Пишевски“ во Бардовци изградба на кујна и можност и продолжен престој
  • Збогатување на меѓублоковското зеленило со израснати повеќегодишни дрвја.
  • Ваучер во вредност од 3 000 денари на месечно ниво за лица со пречки во развојот.
  • За секој првоодделенец ранец со училиштен прибор и за секое новородено дете во Општина Карпош 8 000 денари.
  • Бесплатна есенска и пролетна еднодневна екскурзија на жителите пензионери од Општина Карпош.
  • Подигнување на фудбалскиот турнир „Сокол“ на меѓународно ниво.
  • Проекти разговарани на состанокот со млади.
  • Соработка со НВО во Карпош.
  • Поголема достапност на услугите за сите групи инклузивен пристап.
  • Општински хаб каде што млади карпошани може да ги користат просториите во сопственост на општината за потребите на младинските активности.
  • Реновирање на месните заедници за потребите на жителите пензионери на Општина Карпош за остварување социјални и друштвени мерки.
  • Хуманизација на патеката на потегот од Козле до Средно Водно (приспособување на потребите на планинарите).
  • Во секоја населба поставување куќички со фиксни хранилки и поилки за бездомни кучиња во договор со жителите на населбата.

МЕСНИ ПРОЕКТИ

КЈ Питу

  • Изградба на сервисна улица за жителите на „Ловќенска“
  • Реновирање на надворешно игралиште на „Владо Тасевски“ и партерно уредување на училиштен двор

ПБ Кочо

  • Поддршка за обнова на лифтови, фасади и покриви
  • Реновирање на плоштатчето
  • Сервисирање улици

Владо Тасевски

  • Решавање на проблемот со паркирањето
  • Поддршка за обнова на покриви, лифтови и фасади

Тафталиџе 1

  • Промена на покриви

Тафталиџе 2

  • Обнова на лифтови и покриви

Нерези

  • Сервисирање улици
  • Во соработка со Град Скопје решавање на проблемот со водоснабдувањето и канализацијата

Карпош 1

  • Субвенционирање за обнова на фасади и покриви

Карпош 2

  • Субвенционирање за обнова на фасади покриви и лифтови

Карпош 3

  • Замена на покриви, фасади и лифтови

Карпош 4

  • Субвенционирање за обнова на фасади, покриви и лифтови

Влае 1

  • Регулирање на сообраќајот со еднонасочни улици

Влае 2

  • Регулирање на сообраќајот со еднонасочни улици
  • Довршување на плочникот Порта Влае
  • Ширење на капацитети до ДхД и изградба на градинка

Злокуќани

  • Детско игралиште
  • Сервисирање улици
  • Решавање на проблемите со водоснабдувањето и канализацијата

Бардовци

  • Редовно чистење и одржување на каналот во Бардовци
  • Тампонирање и поплочување на повеќе улици во Бардовци
  • Изградба на парк и игралиште на местото на старото училиште
  • Проект за решавање на проблемот со водоснабдувањето (потисен цевковод и резервоар во согласност со Град Скопје)