Почитувани сограѓани,

Поминавме четири години заедно исполнети со многу проекти, многу работа и труд. Покажавме и докажавме како навистина се работи и се сака Општина Росоман. Покрај големата реализација на проекти, успеавме да направиме и општина за сите луѓе без разлика на партиска или каква било друга разлика. Но имаме уште многу за работа и реализација.

Повторно заедно сме исправени пред нов предизвик, а тоа се локалните избори во октомври. Ве повикувам сите исто како во 2021 година да ми ја дадете вашата поддршка не за да владеам, туку за да ви служам.

Да го завршиме она што го започнавме, да реализираме уште многу проекти, но и да се поправиме онаму каде што грешевме. Денес изборот ви е лесен – пред вас стојам јас со веќе докажани резултати, но со нова програма којашто ветува уште поголем раст и развој на нашата општина.

Поминавме многу предизвици заедно. Верувам дека заеднички со вас, со вашата мудрост, ќе го поминеме и овој предизвик.

Со почит и благодарност,

Стојан Николов

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА – ОПШТИНА РОСОМАН

  • 1. Јовица Стојановиќ
  • 2. Весна Јаневска
  • 3. Блаже Наков
  • 4. Наталија Мициќ
  • 5. Ристе Величковски
  • 6. Емилија Костовска
  • 7. Робертино Ѓорѓиев
  • 8. Емилија Јакимовска
  • 9. Марко Миловановиќ

Почитувани сограѓани, Советничката листа ја составивме од чесни, вредни и одговорни луѓе, луѓе што ги познавате и целиот живот работат и творат на територијата на Општина Росоман. Ја бараме вашата поддршка за нашата листа за да продолжиме да ја развиваме и да ја градиме нашата општина. Нашата цел е развиена, економски силна и модерна Општина Росоман. Општина во која ќе има млади желни да останат тука, среќни земјоделци, развиени бизниси и безгрижни пензионери. Во октомври вие одлучувате.

ШТО НАПРАВИВМЕ:

  • Уредување на централното подрачје во Росоман на м.в. Плоча.
  • Реконструкција на повеќе од 7 км локални улици и патишта на територијата на Општина Росоман:
    • ул. Пере Тошев
    • ул. Гоце Делчев
    • ул. Никола Карев
    • ул. Стерјо Несторовски
    • ул. Илинденска
    • ул. Цандо Кузманов
    • ул. 11-ти Октомври
    • ул. Пролетерска
    • ул. Душан Ќириќ
    • Главна улица во Трстеник
    • Главна улица во Манастирец
    • Главна улица во Сирково
  • Поплочување на јавни површини и улици на територијата на Општина Росоман.
  • Уредување на централните подрачја во населените места Манастирец, Сирково и Паликура, вклучувајќи и поставување детски реквизити.
  • Изградба на детска градинка.
  • Изградба на атмосферска канализација.
  • Изградба на паркови и детски игралишта.
  • Целосна промена на уличното осветлување.
  • Бесплатен оброк за учениците од 1 до 5 одделение во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман.
  • Бесплатни униформи за сите ученици во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман.
  • Стипендии за талентирани ученици и студенти.
  • Решавање на меѓуопштинскиот превоз на релација Росоман – Кавадарци.
  • Реконструкција на месна заедница во Росоман.
  • Изградба на нов зелен пазар во Росоман.
  • Дополнителни бунари за водоснабдување на Росоман.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто (повторно) се кандидирате? Што е мотивот?

Повторно се кандидирам бидејќи изминатиот период завршивме многу проекти, но ни останаа уште многу проекти за реализација во следниот мандат. Сметам дека еден четири годишен мандат не е доволен за завршување на капиталните проекти.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој?

Без визија не може да се води и раководи со една општина, но тоа не е визија само за општината тоа е визија во какво општество сакаме ние да живееме и како со секое наше дејствие да го направиме нашето место подобро за живеење.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму?

Мислам дека и покрај инфраструктурните проекти во наредниот мандат повеќе внимание и фокус треба да дади на граѓаните, односно на младите, на земјоделците, на бизнис секторот со мерки кој што директно ќе ги поттикнуваат и стимулираат.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се секогаш во фокус на нашата општина, тие се двигателот и моторот на сите промени кои што се случуваат во општината.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните?

Сметам дека граѓаните се соочуваат со озбилни проблеми од безбедноста, како што се кражби, загрозување на безбедноста и сл. и мислам дека е најефикасен и наједноставен начин да се сменат работите е преку отворање на полициско одделение на територијата на општина Росоман.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење?

Дефинитивно доброто планирање на просторот е еден од главните фактори за забрзан раст и развој, и во нареден период преку проекти кои се веќе завршени обезбедуваме изградба на нова населба, но и индустриска зона.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не сме осудени сметам дека овој проблем се решава преку зголемување на ефективноста на јавните комунални претпријатија, користење на обновливи извори на енергија и зголемување на зелените површини.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Да, преку зголемување на општинските услуги и нивна достапност до граѓаните, поголема вклученост во креирање на локалните политики ќе придонесат кон враќање на довербата на граѓаните.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Единствен начин за задржување на граѓаните, посебно на младите во државата е пред се департизација на сите институции, бидејќи партизацијата прави нефункционални институции а со тоа граѓаните не можат да си ги остварат основните права. Покрај тоа мораме да инвестираме во мерки со кои што ќе ги стимулираме младите да склучуваат бракови токму тука, да градат свои сопствени домови и да сакаат да работат во нашата држава.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Мислам дека граѓаните треба да гласаат за нас, затоа што во изминатиот период од 4 години покажавме како навистина се гради и сака една општина, како се прави целосна департизација на институциите во општината и како граѓанинот беше фокус во сите наши политики. Разликата помеѓу нас и другите е тоа што ние денес зборуваме со дела позади нас и повторно со реални проекти и реална програма излегуваме пред нашите граѓани.

Заедно да ги менуваме состојбите!

  • Млади
    • Стипендии за талентирани ученици и студенти
    • Формирање Младински локален совет и младински центар
    • Ослободување од комуналии за изградба на објекти за домување на млади брачни парови до 29 години
    • Одвојување средства од општинскиот буџет за грантови за стартапи за млади претприемачи
    • Субвенционирање на млади за полагање за возачка Б-категорија
  • Пензионери
    • Официјално отворање канцеларија за пензионери
    • Формирање Совет за пензионери што ќе учествува во креирање на политиките на општината
    • Бесплатен превоз за сите пензионери на релација Росоман – Кавадарци
    • Еднократна парична помош за социјално загрозените пензионери
    • Трипати годишно бесплатна екскурзија за пензионерите
    • Отворање Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење
  • Жени
    • Грантови за жени земјоделци и жени претприемачи
    • Еднократна парична помош за социјално загрозени жени – самохрани мајки
    • Кампања и бесплатни прегледи за превенција од рак на дојка и рак на матка
    • Субвенционирање на нискоквалификуваните жени работници со цел стекнување поголеми квалификации и вклучување на пазарот на трудот
  • Образование
    • Бесплатен оброк за учениците во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман
    • Бесплатни униформи за сите ученици
    • Бесплатен прибор за првачињата
    • Субвенција за секое запишано прваче во ООУ „Пере Тошев“ – Росоман во износ од 3 000 денари
    • Реконструкција на подрачното училиште во Трстеник
    • Стипендии за талентирани ученици и студенти
    • Промена на системот на греење во ЈОУДГ „Праскичка“
    • Промена на системот на греење во подрачните училишта во Трстеник и Манастирец
  • Култура
    • Поддршка на културните манифестации на територија на Општина Росоман
    • Изградба на кино и театар во Росоман
    • Субвенционирање на невладини организации за организација на културни настани
    • Организирање на културно лето и културна зима во Општина Росоман
  • Социјална заштита
    • Зголемување на еднократна парична помош за новороденче на 18 000 денари
    • Еднократна парична помош за второродено дете во износ од 30 000 денари
    • Зголемување на еднократната парична помош за социјално загрозените лица
    • Еднократна парична помош за самохрани родители
    • Финансирање на даватели на социјални услуги, воспоставување нови социјални услуги
  • Спорт
    • Финансирање на локални спортски клубови и здруженија
    • Целосно финансирање на млади категории спортисти на територијата на Општина Росоман
    • Реконструкција на тенискиот терен во Росоман и реконструкција на сите спортски терени во Општина Росоман
    • Мерки со цел промовирање и стимулирање на ловот како спорт
  • Земјоделство
    • Продолжување со тампонирање на полски патишта
    • Иницирање за формирање на земјоделски задруги
    • Субвенционирање на обуки и семинари за едукација на земјоделците
    • Можност за изградба на мини брана во Крушевица со цел наводнување на делот што не е под системот за наводнување
    • Стимулирање на млади земјоделци и земјоделки
    • Изградба и опремување на простор каде што земјоделците и трговците ќе можат да ги продаваат и да ги купуваат земјоделските производи
  • Животна средина
    • Набавка на ново возило за собирање комунален отпад
    • Набавка на специјализирано возило за одржување на хигиената на улиците
    • Воведување двосменско работно време на ЈПКД „Росоман“ – Росоман
    • Формирање одделение за одржување на зеленило и јавна чистота во рамките на ЈПКД „Росоман“ – Росоман

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на дополнителен систем за водоснабдување во Росоман, Манастирец и Рибарци

Опис на проектот

- Општината во изминатите 4 години изврши копање бунари, со што обезбеди дополнителна количина вода од 12 л во секунда. Целосно е завршен и проектот за дополнително водоснабдување токму од тие бунари, за кој се обезбедени и средства од Министерство за животна средина и просторно планирање. Останува уште имплементација, односно негова реализација.

Влијание на проектот:

- Со реализација на овој проект целосно ќе се задоволат потребите за водоснабдување на Росоман, Манастирец и Рибарци, односно бенефиција ќе имаат сите граѓани на Општина Росоман.

Целна група:

- Граѓани
- Бизнис-сектор

Рок на реализација:

31.12.2026 година

Буџет

800.000,00 евра

Реконструкција и ревитализација на канали за одводнување на подземни води и атмосферска канализација

Опис на проектот

- Завршување на веќе започнатиот проект и реализирање на крак 2. Проектот има цел одводнување на централното подрачје на Росоман и претворање во урбана средина што ќе се овозможи со реализација на капиталниот проект за изградба на улици во Општина Росоман.

Влијание на проектот:

- Одводнување на м.в. Бавчи и пренамена на површините коишто досега се користеа исклучиво за земјоделски цели во градежни парцели со кои ќе се овозможи подобрување на урбаниот лик на централното подрачје на Росоман, ќе се зголеми и ќе се подобри заштитата на животната средина и ќе се подобри здравјето на граѓаните.

Целна група:

- Жители на Општина Росоман, со акцент на граѓаните што живеат во централното подрачје.

Рок на реализација:

2027 година

Изградба на улици во м.в. Бавчите во Росоман, Општина Росоман (атмосферска канализација, водовод и канализација, електрика и градежен дел)

Опис на проектот

- Со овој основен проект е опфатена изградба на линиски инфраструктурни објекти - улици во Росоман. Со овој основен проект се планира изградба на улица 40, улица 41, улица 42 и улица 43 во Росоман, согласно со урбанистичкиот план за село Росоман, Општина Росоман. Со овој проект е предвидена изградба: - Фаза: Градежно нискоградба - Фаза: Хидроинсталации - Фаза: Електротехника

Влијание на проектот:

- Подобрување на квалитетот на животот преку овозможување подобра патна инфраструктура на жителите во Општина Росоман, подобрен квалитет на живот и заштитена и унапредена животна средина во општината. Подобрување на локалниот економски развој и развивање современа и модерна инфраструктура. Со реализација на горенаведениот проект имаме цел задоволување на потребите на локалното население и проширување на Росоман во овој урбанизиран дел во кој досега нема изградено никаква патна инфраструктура, ниту пак водоводна и канализациска мрежа. Со реализација на проектот ќе овозможиме површините што се во градежен реон, а досега населението ги користеше исклучиво за земјоделски цели, да прераснат во градежни парцели до кои ќе им обезбедиме современ пристап, и од овој неразвиен дел од Росоман ќе овозможиме да се создаде нова населба за модерно и урбано живеење.

Целна група:

- Жители на Општина Росоман, со акцент на граѓаните што живеат во централното подрачје.

Рок на реализација:

2027 година

Индустриска зона со намена лесна и незагадувачка индустрија, врз основа на разработена урбанистичко-планска документација

Опис на проектот

- Спроведување јавен оглас за продажба на градежно земјиште со намена лесна и незагадувачка индустрија, сопственост на РСМ, со што ќе се овозможи развој на општината, подобрување на урбаниот лик, отворање нови работни места и зголемување на економскиот развој на Општина Росоман.

Влијание на проектот:

- Развој на бизнис-секторот, отворање нови работни места и намалување на иселувањето на младите

Целна група:

- Жители на Општина Росоман
- Бизнис-сектор
- Млади

Рок на реализација:

2026 година

ПРОЕКТИ

Населба со намена А1 – домување, врз основа на разработена урбанистичко-планска документација

Опис на проектот

- Спроведување јавен оглас за продажба на градежно земјиште со намена А1 - домување, сопственост на РСМ, со што ќе се овозможи младите брачни парови да се стекнат со сопствено земјиште на кое ќе имаат можност за изградба на свој дом, со тоа што како дополнителна мерка би било ослободување од комуналии за издавање одобрение за градење, трошоци што ќе паднат на товар на буџетот на Општина Росоман. Со јавниот оглас ќе биде опфатена продажба на минимум 50 парцели за домување.

Влијание на проектот:

- Задржување на младите во општината, подобрување на урбаниот лик на општината

Целна група:

- Млади брачни парови, лица со нерешен статус за домување и за жителите во сите населени места во Општина Росоман

Рок на реализација:

2026 година

Изградба на спортско-рекреативен центар (м.в. Вирови)

Опис на проектот

- Во м.в. Вирови што се наоѓа во Росоман е предвидена изградба на спортско-рекреативен центар во кој ќе бидат планирани содржини за рекреација, спорт и едукација. Со проектот се предвидува поставување детски реквизити, пешачки патеки, велосипедски патеки, адреналински парк и урбана опрема. Организирање настани од риболовниот спорт, изградба на објекти што ќе им овозможат на граѓаните простор каде што ќе се одржуваат семинари, едукации и сл.

Влијание на проектот:

- Развој на туризмот и спортот во Општина Росоман

Целна група:

- Сите граѓани на Општина Росоман, но и туристи од цела Македонија.

Рок на реализација:

2028 година

Проектирање на локален пат Росоман – клучка Крушевица

Опис на проектот

- Изработка на основен проект за изградба на локален пат Росоман – клучка Крушевица и ревизија на основниот проект, како и изработка на урбанистичко-планска документација.

Влијание на проектот:

- Зголемување на безбедноста во сообраќајот, подобрување на сообраќајната инфраструктура.

Целна група:

- Жителите на Росоман и жителите на другите населени места.

Рок на реализација:

2026 година

Изградба на улица од ресторан „Кај Жика“ до ул. „Цандо Кузманов“

Опис на проектот

- Се предвидува изработка на проектна документација и изработка на урбанистичко-планска документација за пробивање улица со почетокот од ресторан „Кај Жика“ до ул. „Цандо Кузманов“. Новопроектираната улица ќе се движи паралелно со железничката пруга во Росоман, со што ќе се овозможи подобрување на патната инфраструктура и изградба на современ пристап до сопствените парцели на жителите што живеат на овој потег.

Влијание на проектот:

- Подобрување на сообраќајната инфраструктура, подобрување на урбаниот лик на општината.

Целна група:

- Жители на Општина Росоман.

Рок на реализација:

2029 година

Изградба на локален пат село Рибарци – село Манастирец

Опис на проектот

- Се предвидува изработка на проектна документација и изработка на урбанистичко-планска документација за изградба на локален пат с. Рибарци – с. Манастирец. Со овој проект се овозможува поврзување на двете населени места и подобрување на локалната патна инфраструктура што ќе овозможи побрзо и побезбедно движење на населението до своите земјоделски површини и своите имоти.

Влијание на проектот:

- Подобра патна инфраструктура
- Подобра поврзаност помеѓу населените места
- Безбеден сообраќај

Целна група:

- Жителите на с. Рибарци и с. Манастирец, земјоделците.

Рок на реализација:

2029 година

Донесување на урбанистичко-планска документација за с. Сирково, с. Паликура и с. Манастирец

Опис на проектот

- Се предвидува донесување на урбанистичко планска документација за с. Сирково, с. Паликура и с. Манастирец.

Влијание на проектот:

- Зголемување на можноста за инвестирање
- Зголемување на можноста за изградба на објекти за домување

Целна група:

- Жителите на Сирково, Манастирец и Паликура

Рок на реализација:

2029 година

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Рид

  • Потпорен ѕид на ул. „Благоја Крстески“
  • Улично осветлување на ул. „Димче Карески“
  • Промена на водоводната мрежа на улица...
  • Поставување на „лежечки полицајци“ пред ОУ...
  • Асфалтирање на ул. „Димче Карески“
  • Детско игралиште на...

Корзо

  • Нови тротоари и енергетско ефикасно осветлување на ул. „Славко Јаневски“
  • Изградба на нова детска градинка
  • Хортикултурно уредување на училишниот двор
  • Уредување на кејот на реката...
  • Нова спортска сала во...

Манастирец

  • Реконструкција на главна улица и улица 1 во Манастирец
  • Изградба на главен канализациски крак
  • Реконструкција на подрачно основно училиште
  • Тампонирање на полски патишта
  • Зголемување на безбедноста на преминот кај железничката пруга

Трстеник

  • Реконструкција на подрачно основно училиште
  • Реконструкција на училиштен спортски терен
  • Реконструкција на споредна улица од подрачното основно училиште до излез кај мост Трстеник
  • Асфалтирање на пат од с. Трстеник до манастир „Св. Петка“
  • Тампонирање полски патишта

Сирково

  • Реконструкција на главна улица и улица 1 во Сирково
  • Реконструкција на објект Пензионерски дом
  • Реконструкција и пренамена на објект месна заедница во детска градинка
  • Изведба на нови каптажи на извори на Браници
  • Тампонирање полски патишта

Паликура

  • Приклучување кон системот за водоснабдување на новите бунари за снабдување со вода во Паликура
  • Поплочување и поставување урбана опрема на просторот меѓу подрачното основно училиште и црквата „Св. Никола“
  • Асфалтирање на улица од бунарите за водоснабдување до влезот во Паликура

Рибарци

  • Поплочување улици и јавни површини
  • Поплочување на улица до црквата „Св. Ѓорѓи“
  • Уредување на просторот околу селската чешма
  • Изградба на детски парк
  • Тампонирање полски патишта

Дебриште

  • Изведба на нова каптажа на изворите за водоснабдување на Дебриште
  • Тампонирање полски патишта
  • Поплочување улици и јавни површини

Камен Дол

  • Реконструкција на системот за водоснабдување и каптажа на изворите
  • Тампонирање полски патишта
  • Поплочување улици и јавни површини
  • Реконструкција на улиците во населеното место

Мрзен

  • Поплочување улици и јавни површини
  • Асфалтирање на влезот во с. Мрзен
  • Изградба на ново улично осветлување
  • Изградба на дом за стари лица

Крушевица

  • Поплочување улици и јавни површини
  • Тампонирање полски патишта