СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ЧАИР

  • 1. Бурхан Емин
  • 2. Ердал Мусли
  • 3. Душанка Спасовска
  • 4. Неим Барди
  • 5. Ема Бакиќ
  • 6. Александар Ваислевски
  • 7. Тања Богданоска
  • 8. Тања Богданоска
  • 9. Теодора Костовска
  • 10. Баруш јашари
  • 11. Нулифер Елјези
  • 12. Џенгис Халил
  • 13. Неџла Красниќи
  • 14. Асат Кадриќ
  • 15. Зулкарни Вејселовски
  • 16. Александра Гочевска
  • 17. Баки Љума
  • 18. Садија Салих
  • 19. Адиљ Касами
  • 20. Марина Костовска
  • 21. Мирјана Рустем
  • 22. Бедредин Беќир
  • 23. Сами Халим
  • 24. Шермин Зеќири
  • 25. Енис Муриќ
  • 26. Реџеп Амети
  • 27. Зуал Саити

Почитувани сограѓани на Општина Чаир,
Ви се обраќаме како ваши соседи, пријатели и семејства што живеат исто како вас, тука во нашата Општина Чаир. Секојдневно се соочуваме со истите предизвици и истите грижи, како што се недоволна инфраструктура, комунални проблеми, потреба од повеќе зелени површини, безбедни улици и поголема грижа за младите и старите. Овие проблеми не се само ваши или само наши – тие се проблеми на целата наша заедница.
Затоа, советничката група на СДСМ влегува во оваа битка со една јасна порака, којашто гласи: ние ќе бидеме вашиот глас и вашиот штит во општината. Ќе бидеме вашите застапници, вашиот гласноговорник, поборници за тоа вашите идеи, предлози и барања да бидат слушнати, почитувани и реализирани. Ние веруваме дека општината не се гради од канцеларија. Општината се гради на улица, во маалото, меѓу луѓето, со разговор и со слушање. Затоа ветуваме дека секогаш ќе бидеме достапни за вас, ќе бидеме таму каде што сте вие и заедно со вас ќе ја менуваме Општина Чаир во подобро место за живот. Нашата визија е во кој секое семејство во Чаир да има достоинствено секојдневие, општина во која младите ќе гледаат иднина, а повозрасните ќе имаат почит и сигурност. Визија за општина во која решенијата произлегуваат од потребите на граѓаните, а не од политичките калкулации.
Ве повикуваме да ни ја дадете вашата доверба. Заедно можеме да ја изградиме општината што сите ја заслужуваме – почиста, посигурна, поправедна и поуспешна.
На овие избори поддржете ја советничката група на СДСМ во Општина Чаир. Вашиот глас е нашата сила, а нашата сила е заедничката иднина на Чаир.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Млади

Поддршка за неформално образование (обуки за дигитални вештини, лидерство, претприемаштво). Креирање младински центар или поддршка на постојните со нови програми. Поттикнување на младински организации преку мали грантови. Воспоставување Совет на млади при Општина Чаир. Организирање волонтерски акции и младински форуми.
Конкретни мерки: Буџетска линија за млади проекти. Бесплатен јавен превоз за ученици и студенти во соработка со Град Скопје. Реновирање и отворање спортски и рекреативни зони во населбите.


Жени

Обуки за самовработување и дигитален маркетинг за жени. Кампањи за родова еднаквост и насилство врз жени. Поддршка за жени претприемачи преку инфосесии и поврзување со фондови. Јакнење на женското учество во донесување одлуки.
Конкретни мерки: Отворање Центар за поддршка на жени – со правна и психолошка помош. Финансиски стимулации за мали бизниси водени од жени. Поставување осветлување и безбедносни камери на критични точки.


Пензионери

Организирани дневни активности (културни настани, шах клубови, рекреативни прошетки). Волонтерска програма „млади за стари“ – меѓугенерациска поддршка. Бесплатни здравствени совети и редовни лекарски прегледи.
Конкретни мерки: Реновирање на постојните клубови на пензионери. Бесплатен влез на пензионери во локални културни настани. Општински повици за субвенции за греење за најранливите пензионери.


Образование

Организирање дополнителни часови по математика и јазици во соработка со факултетите. Училишна медијација за спречување насилство.
Конкретни мерки: Финансирање на техничка опрема (таблети, паметни табли) за училишта. Бесплатни ужинки за ученици од семејства со ниски приходи. Стипендии за талентирани ученици од Чаир.

Култура

Поддршка за локални уметници и манифестации. Одбележување на важни локални историски датуми. Фестивали на мултикултурализам и уметност.
Конкретни мерки: Годишен културен календар на Чаир. Поддршка за културни здруженија од различни етнички заедници. Простор за галерии и креативни работилници во јавни објекти.


Спорт

Спортски школи за деца (фудбал, кошарка, боречки вештини). Поддршка за училишни спортски лиги. Промоција на женски спорт.
Конкретни мерки: Обнова на спортски игралишта по маала. Субвенции за деца што спортуваат. Финансиска поддршка за локални спортски клубови.


Транспорт

Кампањи за користење јавен превоз и велосипеди. Обуки за безбедност во сообраќајот за ученици.
Конкретни мерки: Воведување велосипедски патеки на главните улици. Достапен јавен превоз за лицата со попреченост. Мапирање и решавање на критични сообраќајни точки во Чаир.


Животна средина

Кампањи за селекција на отпад и рециклирање. Училишни и заеднички акции за пошумување и чистење. Едукација за климатски промени.
Конкретни мерки: Зелени зони и урбани паркови по маала. Контролирана сеча и ново засадување. Поддршка за инсталирање соларни панели на јавни објекти.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Инфраструктурни проекти за сообраќај и патишта на улица „Цветан Димов“ во Општина Чаир

Опис на проектот

Проектот предвидува темелна реконструкција и модернизација на улицата „Цветан Димов“ – една од најфреквентните сообраќајници во Општина Чаир. Ќе се изврши проширување на коловозот, изградба на нови велосипедски и пешачки патеки, како и поставување современо ЛЕД-улично осветлување. Сообраќајната сигнализација ќе биде целосно обновена, а ќе се постават и лежечки полицајци за зголемена безбедност. Дополнително, ќе се реши и атмосферската канализација за спречување поплави. Проектот има цел да го подобри протокот на сообраќај, да ја зголеми безбедноста на пешаците и велосипедистите и да придонесе за поквалитетна урбана мобилност за жителите на Чаир.

Влијание на проектот:

Подобрување на инфраструктурата.

Целна група: Сите граѓани на Општина Чаир

Рок на реализација: Во следните 4 години

Буџет

15 милиони денари

Проекти за подобрување на јавниот превоз

Опис на проектот

Проектите за подобрување на јавниот превоз во Чаир имаат цел да обезбедат побрз, поефикасен и поудобен транспорт за жителите на општината. Предвидено е воведување нови автобуски линии што ќе ги поврзуваат различните делови на Чаир со централното градско подрачје и со другите општини во Скопје, со што ќе се намали потребата од користење приватни возила и ќе се намали сообраќајниот метеж. Дополнително, се планира модернизација на автобускиот возен парк со набавка на еколошки и енергетски ефикасни автобуси, што ќе придонесе и за намалување на аерозагадувањето. На автобуските станици ќе се инсталира современа инфраструктура, вклучувајќи заштитени чекалници, осветлување и информативни табли со информации за возниот ред. Покрај тоа, ќе се воведат посебни попусти и погодности за ученици, студенти и пензионери за да се олесни пристапот до јавниот превоз. Овие проекти се важен дел од стратегијата за одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на животот во општината.

Влијание на проектот:

Одржлив транспорт и подобрување на квалитетот на животот во општината.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: Наредните 4 години

Буџет

15 милиони денари

Изградба на парк

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на модерен урбан парк во Општина Чаир, дизајниран според принципите на одржлив урбан развој и зелена инфраструктура. Паркот ќе опфаќа хортикултурно уредување со автохтони растителни видови, систем за наводнување со ниска потрошувачка на вода, пешачки и велосипедски патеки од пропустливи материјали, урбана опрема (клупи, канти, осветлување) и зона за рекреација со детско игралиште според ЕУ-стандарди за безбедност. Во рамките на паркот ќе се вградат и зелени точки со Wi-Fi и паметни клупи на соларна енергија. Проектот има цел зголемување на зелените површини, подобрување на микроклимата и поттикнување здрави навики кај жителите преку функционален и еколошки одржлив јавен простор.

Влијание на проектот:

Поатрактивно и функционално место за сите генерации.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: Крај на 2027 година

Буџет

5 милиони денари

ПРОЕКТИ

Изградба на нова детска градинка

Опис на проектот

Проектот опфаќа изградба на нова предучилишна установа во Општина Чаир, согласно со стандардите за енергетска ефикасност и современи педагошки практики. Објектот ќе биде со приземје и кат, со функционална распределба на просториите: занимални, сензорни соби, спални, трпезарија, кујна, санитарни јазли, административни простории и мултифункционална сала. Предвидено е поставување термоизолациска фасада, енергетски ефикасна ПВЦ-столарија и систем за греење и ладење со ниска потрошувачка на енергија. Надворешниот простор ќе биде уреден со детско игралиште по европски безбедносни стандарди, заштитна ограда и зелен појас. Проектот обезбедува инклузивен пристап, пристап за лица со попреченост и придонесува за проширување на капацитетите за ран детски развој во општината.

Влијание на проектот:

Поддршка на семејствата и создавање позитивна основа за натамошното образование.

Целна група: Родителите

Рок на реализација: Почеток 2028 година

Буџет

17 милиони денари

Реконструкција и модернизација на основните училишта во Чаир

Опис на проектот

Овој проект се однесува на целосна реконструкција и надградба на постојните основни училишта во Општина Чаир. Целта е да се обезбедат современи услови за учење, со нови училници опремени со современа наставна опрема и ИТ-технологии. Ќе се подобрат спортските сали и дворовите, со изградба на нови игралишта и спортски терени. Преку овој проект се стремиме кон подобрување на квалитетот на образованието, стимулирање на учениците и создавање здраво и безбедно училишно опкружување. Дополнително, проектот предвидува енергетска ефикасност на објектите преку изолација и нови системи за греење и ладење, што ќе придонесе за пониски трошоци и екологија.

Влијание на проектот:

Подобрување на условите за основците

Целна група: Учениците во основните училишта

Рок на реализација: Почеток 2029 година

Буџет

15 милиони денари

МЕСНИ ПРОЕКТИ