Што со загадувањето и депониите?
Живееме меѓу депонии, а дишеме отров. Тоа не е судбина – тоа е резултат на негрижа. Ќе воведеме систем за селекција и отстранување на отпадот, едукација, ригорозни казни за загадувачите и инвестиции во чиста енергија. Еколошката борба мора да биде заедничка, постојана и искрена.
Како да ја вратиме довербата во системот?
Довербата се гради со дела. Ќе воведеме целосна транспарентност во трошењето на буџетот, редовни јавни состаноци со граѓаните, дигитални услуги и механизми за пријавување нерегуларности. Отворена, отчетна и достапна Општина е прв чекор кон нова надеж.
Што со иселувањето и наталитетот?
Без луѓе, нема Општина. Затоа ќе работиме на подобрување на локалната економија, поддршка за младите семејства, достапни градинки, домување, културна и спортска понуда. Животот во Сопиште мора да стане вистинска алтернатива, а не компромис.
Зошто граѓаните да гласаат за мене?
Затоа што ја знам Општината, ги знам проблемите, но уште поважно – имам храброст и тим да нoсиме решениja. Не ветувам невозможни работи. Ветувам работа, транспарентност и почит кон секој жител. Различен сум по тоа што за мене ова не е функција, туку служба за граѓаните. Заедно можеме повеќе!
