Драги битолчани,

Јас сум еден од вас – сопруг, татко на три деца и обичен жител на нашата Битола. Секојдневно се соочувам со истите проблеми како и вие – сообраќаен хаос, загаден воздух, недостиг од зеленило, лош третман на отпадот, ископани улици.

Но, знам дека Битола има огромен потенцијал и можеме да изградиме град што ќе нуди сигурност, надеж и перспектива за сите.

Се кандидирам за градоначалник затоа што верувам дека Битола заслужува да биде модерен, уреден и зелен град, со ред и поредок на секој чекор.

Верувам во вистинските социјалдемократски вредности – слобода, солидарност и еднаквост. Како новинар, 11 години бев вашиот глас и имав храброст јавно да се спротивставувам на проблемите.

Моите приоритети се: чиста и зелена Битола, решен сообраќаен хаос, функционално управување со отпадот и јавни претпријатија коишто ќе бидат сервис за граѓаните, а не бироа за вработување. Заедно ќе ја изградиме Битола со визија, ред и иднина.

Секогаш со вас,

Методија Куновски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА БИТОЛА

  • 1. Петар Николовски
  • 2. Софија Ристевска Петрушева
  • 3. Јадранка Павловска
  • 4. Драги Крстев
  • 5. Александар Дракуловски
  • 6. Теута Алимовска
  • 7. Јане Велкоски
  • 8. Дона Шалевска
  • 9. Благоја Лазаров
  • 10. Тања Николоска
  • 11. Ѓорѓи Ѓоргиевски
  • 12. Татјана Крнчевска
  • 13. Марјан Паревски
  • 14. Антоника Чулаковска
  • 15. Благојче Атанасов
  • 16. Весна Бошевска
  • 17. Тања Ничков
  • 18. Николче Цилев
  • 19. Ирена Мацеска
  • 20. Горан Палиќуќоски
  • 21. Билјана Стојановска - Видимовска
  • 22. Ивица Митревски
  • 23. Јасмина Пејчиновска
  • 24. Благојче Марковски
  • 25. Моника Балева
  • 26. Александар Тодорчевски
  • 27. Дајана Крстевска
  • 28. Даниел Бошевски
  • 29. Лилјана Ангелевска
  • 30. Омер Алиевски

Ви се обраќаме како соседи, пријатели и граѓани што секојдневно ги делат истите предизвици со вас. Веруваме дека нашата општина мора да биде пристојно, уредено и достоинствено место за живеење, со побезбедни улици за нашите деца, вистинска поддршка за малите бизниси и почиста, позелена околина во која сите ќе дишеме полесно. Не ветуваме чуда – ветуваме чесна работа, посветеност и транспарентност во секоја одлука. Ќе бидеме ваш глас во Советот, глас што нема да се игнорира, туку ќе се слуша и ќе се претвора во дела. Нашата сила е во заедништвото и во вашата доверба, а нашата цел е подобар квалитет на животот за сите. Со вашата поддршка ќе покажеме дека Советот може да биде вистинска алатка во служба на граѓаните. Заедно можеме да изградиме поорганизирана, правична и развиена општина – за нас и за генерациите што доаѓаат.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Како локална власт 2017 ‒ 2021, оставивме резултати и дела, покажувајќи дека може да се работи чесно и одговорно. Го вративме долгот од 14 милиони евра, а на сметката во 2021 година оставивме 6 милиони евра и готови проекти.

  • Го реконструиравме Офицерски дом
  • Го модернизиравме кино „Манаки“
  • Го реализиравме проектот „Smart Culture“
  • Ја изградивме северната трибина на стадионот (7 милиони евра)
  • Дадовме поддршка за клубови од 123 милиони денари
  • Ја донесовме ракометната платформа со што се формира РК Еурофарм Пелистер
  • Ја реконструиравме кугланата
  • Ги реконструиравме улиците „Крушевска Република“, „Климент Охридски“, „Рузвелтова“ и др., изградивме нови улици во АРМ, нови водоводи, канализации
  • Воведовме ЛЕД-осветлување преку ЈП „Комуналец“, нова механизација во сите јавни претпријатија, основано ЈП „Паркинзи“, воведен зонски модел за превоз.
  • 2,5 милиони € за замена на печки со инвертери, изградени 6 паркови, колектор и пречистителна станица
  • Вложивме 41 милион денари во училишта и спортски сали
  • Обезбедивме поддршка за ковид-центарот и за стопанските субјекти погодени од кризата.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

За четири години локална власт, ВМРО-ДПМНЕ ја уништи Битола. Само по основ достасани фактури, општината должи над 4,2 милиони евра. Долгот на јавните претпријатија е околу 3,5 милиони евра, а на училиштата околу50 милиони денари. Ова е само дел она што НЕ направи ВМРО-ДПМНЕ во Битола:

  • Не донесоа ниту една нова инвестиција во индустриската зона „Жабени“
  • Не ја изградија пречистителната станица и колекторскиот систем
  • Не ги реконструираа улиците што ги ветија, како што се булевар „1 Мај“, „11 Октомври“, „Ј. Османо“, „Ј. Сандански“
  • Од пет кружни тека, го изградија само кружниот тек кај Ветеринарна. И тој погрешно!
  • Не донесоа нов Генерален урбанистички план
  • Не го изградија надземниот премин за ученици во Горно Оризари
  • Не изработија Катастар на подземна инфраструктура
  • Не ја ревитализираа Старата битолска чаршија
  • Нема мобилни апликации за плаќање сметки и паркинг
  • Нема дигитални автобуски постојки
  • Нема Центар за работа со деца со попреченост
  • Поранешниот хотел „Битола“ не го направија Дом за згрижување на возрасни лица како што гарантираа
  • Не го изградија новото основно училиште во Букoвски Ливади што го ветија
  • Не ги изградија градинките во Касарната и во Нова Битола
  • Не воведоа видео мониторинг во училиштата
  • Не ја реновираа летната сцена „Тумбе-кафе“.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам затоа што сум битолчанец којшто цел живот живее овде, сопруг и татко на три деца. Ги гледам истите проблеми што ги гледаат моите сограѓани – сообраќаен хаос, загаден воздух, отпад што секојдневно нѐ притиска, недостиг од зелени површини и нефункционалните јавни претпријатија. Моја мотивација е моето семејство, но и секој граѓанин што сака подобар живот во Битола. Верувам дека со визија, ред и чесна работа можеме да ја вратиме гордоста на нашиот град.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Визијата е основа за секој развој. Ако не знаеме каде сакаме да стигнеме, ќе тапкаме в место. За мене, визија за општината значи јасна слика за тоа како сакаме Битола да изгледа за 5, 10 или 20 години – модерен, уреден и зелен град, со функционален јавен транспорт, со можности за младите, со јавни претпријатија штоќе бидат сервис, а не проблем. Но, визијата не застанува тука – таа мора да биде дел од пошироката визија за општеството. Без праведност, без вреднување на трудот и без систем штого става човекот, пред сè, не можеме да одиме напред.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Инфраструктурата е важна, но таа е само алатка, а не цел сама по себе. Патишта, улици и паркови се неопходни, но најважно е да изградиме функционален систем. Потребна е отворена и услужна општина, ни требаат јавни претпријатија штонавистина ќе работат за граѓаните, ќе го собираат отпадот навремено, ќе ги чистат улиците, ќе одржуваат јавни површини. Потребно е решавање на сообраќајниот хаос со нови паркинг-решенија и паметно урбанистичко планирање. Само тогаш инфраструктурата ќе биде основа за вистинска промена.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се двигателот на секое општество. Ако младите ја напуштат Битола, тогаш иднината на градот е доведена во прашање. Затоа мора да им обезбедиме услови да останат – функционален систем и предвидлива иднина се приоритет. Секако, потребни се современи образовни програми, културни и спортски содржини, креативни и иновациски центри. Млад човек што има работа, простор за креативност и услови за достоинствен живот нема причина да замине. Нашата обврска е да ја направиме Битола град на можности, а не на иселување.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста е предуслов за квалитетен живот. Денес најчестите проблеми во Битола се хаосот во сообраќајот, несовесното паркирање, недоволната јавна осветленост и запуштените јавни простори. Битола е град во кој автомобилите се на тротоарите, а пешаците на улица. Овие проблеми можатда се решат со јасни урбанистички решенија, со зголемување на јавната безбедност и со подобра соработка со полицијата и институциите. Безбедна Битола значи слободни и мирни граѓани.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Секако. Без јасен урбанистички план нема квалитетен развој. Потребнисе повеќе паркинг-простори, модернизација на јавниот превоз, велосипедски патеки и пешачки зони. Со тоа ќе се намали сообраќајниот хаос, ќе се заштити животната средина и ќе се подигне квалитетот на живот. Во следниот период мора да воведеме концепт на одржлива урбана мобилност, кој ќе го направи Битола модерен и европски град.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не сме осудени, но мора одговорно да работиме. Битола заслужува чист воздух и чиста околина. Недозволиво е градот што се наоѓа во подножјето на Баба Планина, да се соочува со толку сериозен проблем со години наназад. Овој проблем се решава со цврсти политики. Како новинар имав храброст да носам маска на вести за да ја подигнам свеста за загадувањето. Денес, како кандидат за градоначалник, имам уште поголема одговорност – да преземам мерки за конечно решавање на овој проблем. Чистата животна средина е еден од моите највисоки приоритети.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Довербата е темел на секое општество, а кај нас е длабоко нарушена. Корупцијата ја подрива секоја надеж и создава чувство на неправда. Решението е во транспарентноста и отчетноста. Општината мора да биде отворена, со јавни податоци за трошењето на секој денар, со редовни јавни расправи и со механизми граѓаните да го контролираат работењето. Само така ќе ја изградиме довербата и ќе покажеме дека политиката може да биде чесна и одговорна.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Најголемиот проблем денес е празнењето на нашите градови и села. Ако младите заминуваат, ако семејствата се намалуваат, тогаш нема иднина. Нашата задача е да создадеме услови за квалитетен живот овде – работа, сигурност, инфраструктура, здравје, култура, спорт и зелени простори. Само така луѓето ќе сакаат да останат. Битола мора да стане град во кој младите гледаат перспектива, а семејствата иднина за своите деца.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Затоа што сум еден од нив. Не сум политичар што живее во канцеларии и кабинети. Јас сум човек што цел живот се борел за вистината, што ги слушал и ги пренесувал проблемите на граѓаните, што имал храброст да каже „доста е“. Она што ме прави различен е искреноста, храброста и визијата. Сакам ред и поредок, општина што работи за граѓаните. Верувам дека Битола може многу повеќе – и токму затоа барам доверба. Заедно со битолчани да изградиме поубава Битола!

Заедно да ги менуваме состојбите!

Програма и Приоритети — Општина Битола

Функционален и безбеден јавен простор

  • Нов Генерален урбанистички план
  • Изработка на подземен катастар
  • Урбанизација на околните населени места (Трново, Магарево, Дихово, Ниже Поле, Ротино, Лавци, Боримечка и други)
  • Инфраструктурно уредување на населбите Златен Рид и Боримечка
  • Фазно решавање на инфраструктурните и комунални проблеми во населбата Баир
  • Унифицирање на урбаната опрема согласно со препораките на експертската јавност

Култура

  • Поддршка за локални фестивали, манифестации, уметнички здруженија и културно-уметнички друштва
  • Обнова на поранешните домови на културата во руралните средини
  • Редовно одржување на спомениците од НОАВМ и партизанските гробишта
  • Враќање на традицијата „Средба на Егејците“ во с. Трново (крај на јули), под покровителство на градоначалникот
  • Поставување спомен-обележја на истакнати битолчани (Ајри Демировски, Коста Хаџи-Антоновски, Јанаки Манаки, Димитар Илиевски Мурато и други)

Социјална заштита

  • „Затворени“ градинки во рурални подрачја каде што има потреба (пр. с. Бистрица) и „отворени“ мобилни градинки во другите рурални области
  • Субвенции за дете во градинка за самохрани родители со ниски примања
  • Субвенции за полагање возачки испит за самохрани мајки и младинци — деца на самохрани родители со ниски примања
  • Поддршка за здруженијата на лица со попреченост за надминување на секојдневните бариери
  • Општински фонд за жени претприемачи (грантови, ваучери, менторство, субвенционирање закупнина на деловен простор)
  • Партнерства со бизнис-секторот за вработување самохрани мајки и мајки на деца со попреченост со приспособено работно време

За пензионерите

  • Отстапување простор за клубови на пензионери во урбани и рурални заедници
  • Регистар за општински волонтерски сервис за домашна поддршка на стари, болни и неподвижни лица (пазарење, лекарства, основни потреби)
  • Субвенционирање престој во дом за стари лица за пензионери со ниски примања
  • Картичка за пензионери за јавен превоз

Здравствена заштита

  • Месечна парична поддршка за лица со ретки болести (терапија и лекови што не се целосно покриени)
  • Месечна парична поддршка за родители/старатели на лица со интелектуална попреченост (терапија и/или исхрана)
  • Функционален Локален здравствен совет за планирање и мониторинг на приоритетите

Животна средина и просторно планирање

  • Зелени коридори во сите населби и населени места
  • Маалски паркови на местата на срушените гаражи
  • Уредување на Драгор по целото корито (од Билбиламен до Долно Оризари) за сигурно движење и редовно одржување
  • Амбиентално осветлување на реката

Енергетска транзиција на Општина Битола

  • Фотоволтаици (со батерии) на сите јавни општински објекти
  • Енергетска обнова на колективни станбени згради според правилник
  • Финансиска поддршка за замена на азбестни покриви и дотраени лифтови во колективно домување
  • Енергетски ефикасно јавно осветлување во урбани и рурални населби
  • Проширување на топлификацискиот систем

Спорт

  • Изградба на спортски сали: ОУ „Даме Груев“, ОУ „Тодор Ангелевски“, СОУ „Таки Даскало“
  • Зголемена поддршка за училишниот спорт
  • Трим-патека за планинско трчање над м.в. Кркардаш
  • Реконструкција на Ќумурното игралиште, настрешница и нова трибина
  • Пропорционална и финансиски разумна поддршка за клубови, школи и спортисти
  • Две балон-сали за мал фудбал
  • Две модерни фудбалски игралишта во поранешната касарна
  • Фан-шоп на навивачката група „Чкембари“ на Градското шеталиште

Туризам

  • Финансиска поддршка за обновување на стари куќи во потпелистерските села и нивна адаптација во сместувачки/угостителски објекти
  • Завршување на колекторскиот систем на отпадни води (хотел „Молика“ – Детско одморалиште – с. Трново)
  • Нова автобуска линија до хотел „Молика“ и Ски-центар „Ниже Поле“
  • Финансиска поддршка за туристички агенции за промоција на Битола
  • Со НП Пелистер: камп со едукативни и рекреативни содржини, погоден и за дигитални номади

Старата битолска чаршија — спој на традиција и модерно живеење

  • Фасадна реставрација на дуќаните во стил на старо битолско маало
  • Финансиска поддршка за занаетчиските дуќани
  • Тактилни патеки и пристапност за лица со попреченост
  • Еко-зелени оази: саксии со цвеќе и дрвца во уличките
  • Редовно чистење и одржување на хигиената

Образование

Модерни и безбедни училишта

  • Реконструкција на објекти (санитарии, покриви, рампи, училници)
  • Дигитална опрема: проектори, смарт-табли, интернет
  • Механизми за безбедност во училишните дворови

Грижа за секое дете

  • Дигитален упис на првачиња преку веб-страницата на Општината
  • Акциски план за ментално и физичко здравје, против врсничко насилство
  • Финансиска награда за талентирани и првенци
  • Паричен надоместок за првачиња
  • Спортска униформа со лого на Општина Битола

Поддршка за наставниот кадар

  • Средства за професионален кариерен развој
  • Вреднување менторство со парични награди (општински/регионални/државни успеси)

Стручно образование за работа

  • Дуално образование во средните училишта со локални компании
  • Поддршка на ученички проекти, иновации и претприемаштво
  • Соработка со НВО за проекти и воннаставни активности

Сообраќајна безбедност, јавен превоз и (електро)мобилност

Урбана мобилност

  • Ревизија/нова сообраќајна студија за градот; еднонасочни решенија каде е потребно
  • Енергетски ефикасен јавен транспорт со нови, еколошки автобуси
  • Ревидирање возен ред, нови линии; сообраќај и ноќе, за викенди и празници
  • Субвенции за јавен превоз за општински вработени
  • Субвенции за јавен превоз за ученици, студенти и пензионери
  • Паркинг-простори за мотоцикли
  • Нови и подобри вело-патеки и премини; повеќе вело-паркинзи
  • „SMART Parking Bitola“ — сензори и апликација за слободни места во реално време
  • Тактилни патеки, звучни семафори, пристапен превоз и дигитални решенија за слепи лица
  • Нивелирање јавни површини и пристапни рампи за лица со инвалидитет

Чиста и здрава животна средина

Правото на чиста животна средина е основно граѓанско право. Ќе воведеме редовни јавни дебати и форуми со граѓани, организации и стручни институции.

Комунална инфраструктура

  • Темелно и целосно чистење на градот веднаш по преземањето на локалната власт
  • Редовно и темелно чистење на улици со модерни машини
  • Редовно одржување и целосни преасфалтирања (не парцијално крпење) по правилник
  • Формирање „комунална полиција“ што заедно со инспектори и еко-патроли ќе санкционира прекршоци
  • Засилени контроли и казни за уништување комунална опрема

Општина без отпад

  • Општински центар за управување со отпад (примарна селекција, реупотреба, рециклажа; третман на био-отпад)
  • Три собирни центри (градежен шут, габаритен отпад, ОЕЕО)
  • Активно вклучување на граѓаните и економски стимулации за селекција
  • Подземни контејнери (по примерот на ул. „Васко Карангелески“, каде што е можно)
  • Расчистување диви депонии и утврдување одговорност

Чист воздух — справување со изворите на загадување

  • Зајакнување капацитети и кадар во Одделението за заштита на животната средина
  • Почести контроли на инсталации со Б-интегрирани дозволи и елаборати
  • 25 нови индикативни мерни станици и мобилна апликација со real-time податоци
  • Субвенции за инвертер-клими и системи на пелети
  • Покривање трошоци за филтри на оџаци што согоруваат дрва
  • Проширување на велосипедската инфраструктура

Управување со водите

  • Интегрирано управување; покривање на сите населби и намалување загуби во водоводите
  • Евиденција и одржување на бунари за наводнување јавни површини
  • Модернизација на системите со „капка по капка“
  • Паметен систем за градски чешми и јавни фонтани
  • Замена на стари и дотраени водоводни цевки
  • Кампањи за рационално користење вода и управување со отпадни води

Урбано зеленило

Урбаното зеленило е само 6,9 м² по жител (препорака: 25 м²); јавните зелени површини < 1%.

  • Стратегија, основен план и годишна програма за подигање и одржување на зеленилото
  • Урбани зелени коридори
  • Ботаничка градина во Нова Битола (меѓу Ремо и Брусничка) со видови од збратимените градови
  • „Локални паркови“ по маала
  • Зелени заштитни појаси околу градот

Општини по мерка на граѓаните

Отворени општини за граѓаните

  • „Општината на терен“ — дисперзирани канцеларии во урбани и рурални заедници
  • Општински простор без надомест за НВО и здруженија

Дигитална трансформација

  • Е-систем за упис во прво одделение
  • Јавно достапна е-листа на чекање за градинки
  • Дигитален возен ред на автобуските постојки
  • Дигитални инфо-табли со јавни известувања и културно/туристички содржини

Да се слушне гласот на граѓаните

  • 24/7 контакт-центар за пријави и информации
  • Пријавување проблеми од:
    • Јавна чистота (ѓубре, улични контејнери)
    • Инфраструктура (улици, осветлување, сигнализација)
    • Комунални проблеми (вода, канализација)
    • Јавен ред и мир (оштетени површини, небезбедни состојби)

Отчетни општини — Нула корупција

  • Целосна ревизија на работењето на Општина Битола
  • Транспарентна распределба на буџетски средства
  • Јавни конкурси со јасни критериуми, бодови и состав на комисии

Дигитална транспарентност и отчетност

  • Дигитален општински буџет во реално време (Open finance модел)
  • Е-регистар на движни/недвижни ствари на веб-порталот
  • Онлајн увид во јавните набавки

Услужни и ефикасни општини

  • Реорганизација согласно функционалната анализа (септември 2022)
  • Зголемување на капацитетите на одделенијата
  • Нови одделенија: за странски фондови и за еднакви можности

Јавни услуги

  • Целосна ревизија на јавните претпријатија и утврдување одговорност
  • План за финансиска консолидација
  • Почитување на Законот за ЈП при избор на управни/надзорни одбори (јавен оглас, комисија)
  • Реорганизација и оптимизација на ресурси
  • Набавка на неопходна опрема за квалитетни услуги
  • Дронови за следење шумски пожари и контрола на депонии
  • Балон за спасување за ТППЕ Битола

Соработка со бизнис-заедницата

  • Подобрување деловна клима и намалување административни бариери
  • Дигитални услуги за фирмите
  • Субвенции за иновации, зелени технологии и енергетска ефикасност
  • Инфраструктурна поддршка
  • Континуиран дијалог со бизнис-заедницата
  • Јавно-приватни партнерства за заеднички иницијативи

Соработка со збратимени градови и конзулати

Редовни средби и размена на искуства со збратимените градови и битолските конзули, за решавање заеднички предизвици.

Соработка со верските заедници

Заеднички иницијативи за зачувување културно наследство, поддршка на ранливи категории и јакнење општествени вредности.

Рурален развој

Проекти приспособени на уникатните потенцијали на секое село.

  • „Селото како искуство“ — автентична туристичка понуда
  • Агротуризам: спој на традиционално земјоделство и туризам
  • Бесплатен онлајн каталог на локални производители на веб-страницата

Поддршка на земјоделството

Одржлив, конкурентен и иновативен земјоделски сектор.

  • Земјоделски и гастрономски саеми за директна продажба и маркетинг
  • Локални брендови (пелистерско сирење, цапарски компир, буковска пипер, бистрички праски и др.)

Младите во фокусот — Нова парадигма за здрав и одржлив развој

Да градиме здрави и демократски свесни индивидуи

Повеќе можности и современи простори за креативен и продуктивен израз.

  • Активно учество преку Локален младински совет
  • Поддршка за стартапи и иновативни идеи
  • Практики и работа во локални компании
  • Поддршка за младински организации и неформални групи

Социјална заштита (млади)

  • Ослободување од надомест за уредување градежно земјиште за млади и брачни другари до 35 години (индивидуални куќи)
  • Субвенции за возачка дозвола за млади до 26 години (категории D и C)
  • Финансиска помош за студенти (прва година, УКЛО) од социјално ранливи категории

Ментално здравје кај младите

  • Младинско советувалиште (психолози, логопеди, правни советници)
  • Кампања против врсничко насилство со надлежни институции
  • Поддршка на здруженија за здрав начин на исхрана и превенција на дебелина

Наместо „расадник“ за други држави — поле за развој

  • Ваучери за едукативен развој
  • Финансиска и институционална поддршка за млади истражувачи
  • Практикантска програма во Општина Битола за привлекување млади кадри

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Зелени бели дробови во срцето на Битола

Опис на проектот

Проектот „Зелени бели дробови во срцето на Битола“ предвидува трансформација на Плоштадот „Гоце Делчев“ и околината во модерен, зелен и пешачки простор. Плоштадот и пешачкиот коридор на потегот од крстосницата кај Гроздот до Пелагонка 2, од Градскиот часовник до Тумбе-кафе и од зградата на Македонска пошта до кафулето „Порта џез“ ќе бидат преполни со дрвја, цветни леи и тревници, создавајќи вистински „бели дробови“ на градот. Просторот ќе биде пешачка зона со ограничен пристап само за сервисни возила, со соодветна урбана опрема. Со соларно осветлување, екоклупи и внимателно одржувано зеленило, овој плоштад и пешачки коридори ќе обезбедат безбеден, пријатен и еколошки јавен простор за граѓаните и посетителите на Битола.

Влијание на проектот:

Зголемување за неколку проценти на зеленилото во Битола, особено во централното градско подрачје, намалување на загадувањето од возилата и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, намалување на бучавата.

Целна група:

Сите граѓани и посетители на Битола

Рок на реализација:

2027 година

Буџет

3 милиони евра

Современи паркинг - решенија и воведување систем на еднонасочни улици

Опис на проектот

Проектот има цел да го оптимизира сообраќајот во градот преку воведување систем на еднонасочниулици, со што ќе се зголеми безбедноста и флуидноста на сообраќајот, ќе се намали метежот и ќе се подобри мобилноста на граѓаните. Во рамките на проектот ќе се изградат современи мултиниво-паркинзи, кои ќе обезбедат повеќе паркинг-места, ќе го ослободат јавниот простор и ќе ги ослободат улиците од хаотично паркирани возила. Со интегрирани решенија за пешаци, велосипедисти и возила, овој проект го прави градот поурбан, функционален и пријатен за сите граѓани.

Влијание на проектот:

Ќе ја оптимизира сообраќајната мрежа во градот, намалувајќи го метежот и зголемувајќи ја безбедноста за пешаците и велосипедистите. Овој проект ќе ги подобри урбаната инфраструктура, квалитетот на животот и еколошката состојба на градот, поттикнувајќи современ, функционален и пријатен јавен простор за граѓаните.

Целна група:

Сите граѓани и посетители на Битола

Рок на реализација:

2029 година

Буџет

2 милиони евра

Современ превоз за достапна и чиста Битола

Опис на проектот

Проектот за модернизација на јавниот превоз предвидува набавка на 20 нови екоавтобуси, ревизија на автобуските линии и поставување современи автобуски постојки со дигитален приказ на ред на линиите. Ќе се овозможи вклучување во јавниот транспорт и на жителите во руралните средини, како и сообраќај во вечерните часови, викенди и празници. Проектот ќе ја намали емисијата на штетни гасови и бучавата од возилата, ќе ја подобри урбаната мобилност и ќе поттикне користење јавен транспорт, што директно придонесува за почист и поодржлив град.

Влијание на проектот:

Граѓаните ќе имаат подобрена достапност, сигурност и редовност при патувањата, помалку време ќе поминуваат во чекање и сообраќаен метеж.

Целна група:

Сите граѓани на Битола

Рок на реализација:

2029 година

Буџет

8 милиони евра

Фабрика за селекција, реупотреба и рециклирање на неоргански комунален отпад и третман на биоразградливиот отпад

Опис на проектот

Воведување на сосема нов модел за управување со отпадот преку воспоставување општински центар за управување со отпадот, односно воведување систем за примарна селекција, реупотреба и рециклирање на неорганскиот комунален отпад, како и соодветен третман на биоразградливиот отпад.

Влијание на проектот:

Проектот ќе има значајно позитивно влијание врз животната средина и заедницата, со тоа што ќе ја намали количината на депониран отпад, ќе го зголеми процентот на рециклиран и реупотребен материјал и ќе овозможи одржливо управување со органскиот отпад преку производство на компост и биогас.

Целна група:

Сите граѓани на Битола

Рок на реализација:

2028 година

Буџет

6 милиони евра

ПРОЕКТИ

Изградба/адаптација на Дневен центар за лица со попреченост

Опис на проектот

Проектот предвидува формирање и функционирање на Дневен центар за лица со попреченост, со цел да се обезбеди сеопфатна дневна поддршка, нега, едукација и социјална инклузија за деца и возрасни со различен тип и степен на попреченост. Центарот ќе овозможи пристап до специјализирани услуги, ќе ја олесни интеграцијата во заедницата и ќе го подобри квалитетот на животот на лицата со попреченост и нивните семејства.

Влијание на проектот:

Подобрена благосостојба и функционална независност на корисниците, социјална вклученост, зголемена поддршка за семејствата и старателите

Целна група:

Деца, млади и возрасни лица со интелектуални, физички, сензорни или комбинирани попреченост и нивните семејства/старатели

Рок на реализација:

2027 година

Буџет

300.000 евра

Реконструкција на објектот „ПАРК“

Опис на проектот

Во првиот дел од објектот е предвидена информацискаточка (i-point) за туристите каде што ќе се информираат за знаменитостите на Битола, ќе користат бесплатен интернет и ќе добиваат туристичка брошура од градот. Во вториот дел се наоѓа Сувенирница со униформирани сувенири за Битола. Во третиот дел е кафетеријата, а во четвртиот се наоѓа галерија,која може дасе користи за различни културно-едукативни настани.

Влијание на проектот:

Се заокружува споменичната целина на Офицерски дом, а објектот би станал модерен симбол на Битола и пример за одржлива урбана обнова.

Целна група:

Туристи штоја посетуваат Битола, изработувачи и продавачи на сувенири (занаетчии), туристички работници, угостители, млади

Рок на реализација:

2028 година

Буџет

700.000 евра

Адаптација/изградба на нов старски дом во Битола

Опис на проектот

Адаптација/изградба на модерен социјално-здравствен центар, кој не е само место за згрижување туку и за квалитетен, активен и достоинствен живот на повозрасните лица. Домот би располагал со сместувачки капацитет за 120–150 лица, медицински блок, дневни соби и сали за активности, ресторан и кујна, капела/простор за духовни потреби и надворешна градина и парк со патеки, клупи и зона за релаксација.

Влијание на проектот:

Зголемен квалитет на живот на повозрасните лица, поддршка за семејствата што не можат да обезбедат 24/7 грижа, нови работни места, подобрен имиџ на Битола како град што се грижи за сите генерации

Целна група:

Пензионери и нивни семејства

Рок на реализација:

2029 година

Буџет

3 милиони евра (Општина Битола, Министерство за труд и социјална политика, Европски фондови за социјална инфраструктура)

Комплетна реконструкција и реставрација на рекреативната зона Тумбе-кафе

Опис на проектот

Целта е враќање на сјајот на ова култно место за битолчани со различни содржини адекватни за сите возрасти. Проектот има цел создавање современ, одржлив и атрактивен простор штоќе ги спои природата, спортот, културата и туризмот. Со уредени пешачки и велосипедски патеки, спортски и детски игралишта и зони за пикник, ќе се поттикне активен и здрав живот.

Влијание на проектот:

Збогатување на социјалниот, културниот и рекреативниот живот на градот, како и збогатување на туристичката понуда.

Целна група:

Граѓаните и туристите

Рок на реализација:

2028 година

Буџет

4 милиони евра

Реконструкција на Зоолошката градина во Битола

Опис на проектот

Целта е битолската зоолошка градина да стане модерен, европски стандардизиран зоолошки парк штоќе нуди подобра грижа за животните,образовно искуство за децата и ќе биде туристичка атракција за градот. Со реконструкцијата на Зоолошката градина, Битола ќе добие современ, одржлив и едукативен простор штоќе овозможи подобри услови за животните и ново рекреативно и културно место за граѓаните и посетителите.

Влијание на проектот:

Проектот ќе придонесе за зголемување на туристичката привлечност на градот, поттикнување на еколошка свест и образовни активности, како и зајакнување на локалната економија

Целна група:

Населението на Битола, околните градови, како и туристи

Рок на реализација:

2028 година

Буџет

3 милиони евра

Реконструкција на градските зелени пазари во Битола

Опис на проектот

Визијата е градските пазари да станат „современи урбани агроцентри“, кои ги спојуваат традицијата на Битола со европските стандарди за хигиена и функционалност. Проектот предвидува реконструкција и изградба на нови павилјони со современ дизајн, покривни конструкции со природна вентилација и соларни панели, уредени пешачки патеки со противлизгачки плочи и пристап за лица со попреченост, паркинг-зона со екозеленила.

Влијание на проектот:

Подобри услови за локалните продавачи и зголемена продажба, пристојни хигиенски и санитарно исправни услови за продажба и купување на производите, развој на локалната економија

Целна група:

Граѓани и посетители на Битола

Рок на реализација:

2028 година

Буџет

4,8 милиони евра

Формирање јавно претпријатие за благосостојба на бездомните животни

Опис на проектот

Формирањето јавно претпријатие за бездомни животни ќе ја подобри грижата за животните, но и ќе придонесе за јавната хигиена и имиџот на градот. Јавното претпријатие ќе обезбеди хумана грижа за бездомните животни, а прв чекор ќе биде субвенции за микрочипирање на домашни миленици.

Влијание на проектот:

Подобра безбедност и хигиена во градот, подобрен имиџ на Битола како модерен, еколошки и хуман град.

Целна група:

Населението на Битола

Рок на реализација:

2027 година

Буџет

500.000 евра

МЕСНИ ПРОЕКТИ

УЗ „Јонче Мурџевски“

  • Смирувачи на сообраќај на улица „Методија Андонов-Ченто“ во Брусничка
  • Пешачки патеки и урбана опрема во делот покрај каналот на улица „Јадранска“
  • Реконструирани, осветлени, обележани и чисти улици во населбата

УЗ „Ѓорги Сугарев“

  • Решавање на проблемот со канализацијата на булевар „1-ви Мај“ (кружен тек Црн Мост)
  • Решавање наканализацискиот одвод на ул. „Драгорска“
  • Решавање на проблемот со одводна ул. „Илинденска“
  • Решавање на проблемот со притисокот на водата на улица „Илинденска“ со кој се соочуваат од 2023 година
  • Комунална инфраструктура и асфалтирање на улица „7-ма бригада“
  • Решавање на проблемот со таканаречните скривници на ул. „Кирил Пејчиновиќ“ (населба Баир)
  • Поплочување со бехатон-плочки на ул. „Девеани“
  • Подобрување на уличното осветлување и поголема хигиена на улиците во населбата
  • Нов детски парк

УЗ „Блаже Рогозинаро“

  • Целосна реконструкција на ул. „Маркс и Енгелс“и решавање на проблемот со паркирањето
  • Реконструкција на ул.„Блаже Рогозинаро“
  • Смирување на сообраќајот на булевар „1-ви Мај“ пред ООУ „Св. Кирил и Методиј“

УЗ „Стево Патако“

  • Комплетна реконструкција на ул. „Христо Ботев“
  • Уредување на сообраќајот и брзината на возилата на ул. „Солунска“
  • Партерно и хортикултурно уредување на просторот околу зградите и детскиот парк кај зградите Стара болница
  • Решавање на проблемот со паркирањето кај зградите Стара болница
  • Партерно и хортикултурно уредување на паркот пред МЗ „Стево Патако“

УЗ „Ѓорѓи Наумов“

  • Кошаркарско игралиште кај градинката „Коца Василева“
  • Целосна реконструкција на ул. „Мирка Гинова“, поврзување со ул. „Солунска“
  • Сообраќајно, инфраструктурно, партерно уредување на пристапните патеки штоги поврзуваат ул. „Мирка Гинова“ и „Михајло Андоновски“ (кај кулите кај Техничкото училиште)
  • Реконструкција на преминот штоги поврзува ул.„Мирка Гинова“ и „Борис Буџевски“
  • Обновување и редовно одржување на детскиот парк на ул.„Борис Буџевски“

УЗ „Гоце Делчев“

  • Реконструкција на ул. „Минела Бабуковски“, ул. „Арон Ароести“ и ул. „Цане Бујуковски“
  • Ново, модерно детско игралиште со спортски терени
  • Уредување и осветлување на просторот кај т.н. „скалички“,кои ја поврзуваат населба Стрелиште со населба Ушици
  • Реконструкција на ПУ „Тодор Ангелевски”

УЗ „Елпида Караманди“

  • Зелен коридор од мостот на реката Драгор до ООУ „Kоле Канински”
  • Уредување на паркинг-местата во населбата
  • Уредување на зелените површини
  • Метални столбови на тротоарите на ул. „4-ти Ноември“

УЗ „Васко Карангелевски“

  • Целосна реконструкција на ул. „Романија“ и ул. „Ѓорѓи Стерјовски – Џоџа“
  • Партерно и хортикултурно уредување на површините околу зградите
  • Целосна реконструкција на ул.„13 Јули“, ул. „22 Јули“ и ул. „4 Јули“
  • Нова канализациска мрежа и асфалтирање на споредните улици во населба Довлеџик
  • Уредување на просторот кај поранешните гаражи на ул. „Борис Кидрич“ со соодветна урбана опрема
  • Подземни контејнери на соодветни локации

УЗ „Кочо Десано“

  • Реконструкција на ул.„Охридска“
  • Редовно одржување на паркот „Стив Наумов” (осветлување и хигиена)
  • Партерно и хортикултурно уредување на паркот кај Црн Мост
  • Реконструкција на ул.„Цар Самоил“

УЗ „Коле Лачето“

  • Детски парк во просторот на дворот на „Трета реонска”
  • Реконструкција на месната заедница „Коле Лачето“
  • Подземни контејнери во населбата Областа
  • Уредување на дрворедот на ул.„Солунска“

УЗ „Тодор Ангелевски“

  • Подобрување и одржување на уличното осветлување
  • Партерно и хортикултурно уредување на просторот кај Бела Чешма
  • реконструкција на ул.„Благојче Сиљановски“
  • Подземни контејнери на неколку локации во урбаната заедница

УЗ „Коле Канински“

  • Реконструкција на улиците „Коле Канински“, „Кичево“, „Црвена вода“, „Кочо Палигора“
  • Уредување на дрворед на ул.„Солунска“
  • Реконструкција на објектот на УЗ „Коле Канински“

УЗ „Даме Груев “

  • Решавање на проблемот со канализациската мрежа
  • Инфраструктурно уредување на игралиштето (монтажна мини трибина) и зелен коридор
  • Реконструкција на улици
  • Реконструкција на објектот на УЗ
  • Решавање на проблемот со уличното осветлување

УЗ „Горно Оризари“

  • Детски парк
  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Пренамена на објектот стара пошта во градинка, амбуланта или друго согласно со потребите на жителите
  • Асфалтирање на улиците

УЗ „Панде Кајзеро“

  • Уредување на коритото од водниот канал и решавање на проблемот со ѓубриштата во населба Стрчин
  • Реконструкција на ул.„Ѓорги Наумов“
  • Уредување на зелените површини во населбата
  • Подземни контејнери кај „5-те згради”
  • Младински парк
  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Детски парк во населба Стрчин

УЗ „Естреа Овадија Мара“

  • Реконструкција на улиците „Борис Стрезов“, „Риека“ и „Мукос“
  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Подземни контејнери во УЗ

УЗ „Вељко Влаховиќ“

  • Нова канализациска и водоводна мрежа на улица „8-ма“
  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Подземни контејнери на повеќе локации
  • Реконструкција на улиците во населба Градчето Пејтон

УЗ „Таки Даскало“

  • Нова канализациска мрежа на ул.„Бихаќ“
  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Реконструкција на ул.„Дебарска“
  • Уредување на просторот кај месноста Чинарот
  • Реконструкција на објектот на урбаната заедница

УЗ „Димо Хаџи Попов“

  • Уредување на ул.„Солунска“ и поврзување со улицата кај фабриката „Идеал шипка“
  • Реконструкција и асфалтирање улици во населбата Боримечка
  • Реконструкција на втор дел од ул.„Индустриска“ бб до Новачки пат
  • Инфраструктурно и комунално уредување на ул.„Солунска“ 369

УЗ „Александар Турунџев “

  • Реконструкција и асфалтирање улици во урбаната заедница
  • Подземни контејнери кај зградите „Хеликоптер“, „Кифлата“и „Kулите“
  • Уредување на зелените површини во УЗ
  • Реновирање на објектот на УЗ

УЗ „Стив Наумов“

  • Уредување на влезовите во Буковска населба
  • Нов детски парк
  • Реконструкција на улици во населбата
  • Уредување на зелените површини во УЗ
  • Реновирање на објектот на УЗ

УЗ „Димитар Влахов“

  • Реконструкција на улици во населбата
  • Одржување на уличното осветлување
  • Уредување на зелените површини во УЗ

УЗ „Борис Бастеро“

  • Реконструкција на ул.„Наум Наумовски-Борче“
  • Одржување на уличното осветлување
  • Уредување на зелените површини во УЗ
  • Подземни контејнери во УЗ
  • Целосна реконструкција на објектот на УЗ

УЗ „Вангел Мајоро“

  • Реконструкција на улиците во УЗ
  • Одржување на уличното осветлување
  • Уредување на просторот (кај поранешно УЈП)

Села од реонот на поранешна Општина Бистрица

  • Редовно одржување на уличното осветлување во селата
  • Решавање на проблемот со водоснабдување во селата
  • Одводен канал за атмосферски води и нивно чистење во с. Кравари
  • Реконструкција на улици во селата
  • Ставање во функција на градинката во с. Бистрица

Села од реонот на потпелистерските села

  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Решавање на проблемот со водоснабдувањето и канализацијата
  • Реконструкција на улици во селата
  • Детски паркови и игралишта

Села од реонот на поранешна Општина Цапари

  • Редовно одржување на уличното осветлување
  • Подобро водоснабдување во селата
  • Реконструкција на улици во селата
  • Реконструкција на Домот на културата во Цапари

Села од реонот на поранешна Општина Кукуречани

  • Реновирање и осветлување на локалните патишта и улици
  • Асфалтирање на патот од црквата до манастирот во с. Црнобуки
  • Асфалтирање на патот Раштани ‒ Крклино
  • Детски паркови и спортски терени
  • Реконструкција на објектите на „задружните домови“ во с. Кукуречани и с. Црнобуки
  • Изработка на проект за канализациска мрежа во село Црнобуки

Логоварди и Поешево

  • Реновирање и осветлување на локалните патишта и улици
  • Реновирање на објектот на месната заедница во с. Логоварди
  • Реновирање на објектот на месната заедница во с. Поешево

Долно Оризари, Бошко Најдовски, Карамани и Трн

  • Комплетна инфраструктура, асфалтирање и осветлување на улиците во Карамани и Трн
  • Соодветно именување и обележување на улиците во Долно Оризари
  • Мал плоштад во Долно Оризари

Буково

  • Реконструкција на стариот објект на Домот на културата
  • Враќање на линијата од градскиот превоз