Почитувани сограѓани, мои соседи и пријатели,

Ми претставува особена чест да ви се обратам, пред сè, како кандидат, но и како човек кој навистина си ја сака заедницата. Живеам во Охрид веќе 39 години, моето семејство влече корени пред повеќе генерации, тука сум професионално ангажиран, тука оформив семејство и тука ја гледам нашата иднина.

Одлучив да се кандидирам за градоначалник бидејќи верувам дека нашиот град заслужува чесно и храбро водство, заслужува луѓе коишто слушаат и постапуваат. Охрид е посебен и познат во светот, а тука живеат вредни луѓе, подготвени да подадат рака, луѓе кои се храбри и истрајни.

Но, Охрид може и многу подобро. Премногу улици се запуштени, локалните бизниси имаат потешкотии, јавната безбедност е на многу ниско ниво, а гласот на граѓаните нема кој да го чуе. Ова мора да се промени.

Како ваш градоначалник ќе се стремам кон безбеден, мирен и достоинствен живот за сите. Ќе ја подобрам инфраструктурата, ќе инвестирам во локалните бизниси, ќе се залагам за почиста средина и ќе ја зајакнам соработката со институциите, особено училиштата. Ќе изградиме заедница во која младите со гордост ќе живеат и работат. Тука, во нашиот Охрид.

Најважно од сè, ветувам дека ќе работам со интегритет, транспарентно и отчетно. Оваа кампања не е само моја, наша е – за нашата заедница, нашите деца и нашата иднина. Длабоко сум убеден дека заеднички ќе изградиме подобра иднина.

Со почит и благодарност,

Асен Шајн

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ОХРИД

  • 1. Јане Тодороски
  • 2. Иван Димкоски
  • 3. Лидија Неданоска
  • 4. Ванчо Костоски
  • 5. Јован Крлев
  • 6. Ивана Маховска Шикалеска
  • 7. Милена Грозданоска
  • 8. Сашо Локоски
  • 9. Петар Серафимоски
  • 10. Бети Лазеска Симоноска
  • 11. Валентина Иваноска
  • 12. Димитар Вељаноски
  • 13. Јована Куциноска
  • 14. Климент Калачоски
  • 15. Лина Маслова
  • 16. Дејан Ашимоски
  • 17. Елена Долоска
  • 18. Ѓорѓија Стрезовски
  • 19. Весна Цветаноска
  • 20. Бојан Јузмески
  • 21. Влавчески Никола
  • 22. Оливера Климовска
  • 23. Бранко Младеновски

Драги сограѓани на нашиот прекрасен Охрид,
Охрид не е само град – тој е нашиот дом, нашата гордост, нашата љубов. Секој камен, секоја улица и секој насмевнат лик ни дава сила да работиме уште повеќе и подобро за сите вас.
Ветуваме дека ќе бидеме гласот на народот – искрено, посветено и со отворено срце. Ќе се бориме за чисто езеро, за модерна инфраструктура, за поддршка на младите и за зачувување на сѐ што ја прави нашата татковина и нашиот Охрид посебен.
Со вас и за вас – за Охрид кој ќе свети уште посилно и ќе ги обедини сите со љубов и гордост.
Со неизмерна почит и благодарност за довербата,
Советничка група на СДСМ и коалицијата

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Започнат и во значителен износ, реализиран е процесот на раздолжување на општината со што новото раководство ја презема сметката со 80 % раздолжување

  • Инфраструктура: Реконструкција на ул. „Егејска“, „АСНОМ“, „Абас Емин“, „15-ти корпус“, „Прва македонска ударна бригада“, „Јане Сандански“, „Богомилска“, „Охридска бригада“, реконструкција на краци на повеќе улици.
  • Целосно реализиран проект и реконструкција на булевар „Македонски просветители“.
  • Рехабилитација и санација на дел од улиците и пешачките патеки во стариот дел од градот.
  • Реконструкција на повеќе асфалтни патчиња во руралните средини.
  • Реконструирани тротоари и велосипедска патека на булевар „Туристичка“.
  • Реконструкција на кеј „Македонија“.
  • Воведен ред во поставувањето урбана опрема на угостителските објекти.
  • Изградени нови детски игралишта на повеќе локации.
  • Изградена нова трибина на градскиот стадион „Билјанини извори“.
  • Изградба на нови улици и плоштади: нова улица во поранешната касарна и плоштад „Табана“.
  • Реконструкција на училишта:

    • ООУ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“
      одблокирана сметка, промена на дограма и подови, бојадисување, сензорна градина, целосно опремена училница за природни науки.

    • ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
      нова дограма, реконструкција на подрачно училиште, парно греење, инклузија и асистенти, нов мебел и опрема.

    • ООУ „ХРИСТО УЗУНОВ“
      реконструкција на покрив, подови, дограма, тоалети, спортска сала и училница за природни науки.

    • ООУ „СВ. НАУМ“ – Пештани
      нови покриви, дограма, фотоволтаици, молерисување, 23 компјутери.

    • ООУ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“
      реконструирани тоалети, нова опрема, спортска сала (20.000.000 ден.).

    • ООУ „КОЧО РАЦИН“
      простор во касарната адаптиран за училиште (70.000.000 ден.).

    • ОМУ „МЕТОДИ ПАТЧЕ“
      целосна промена на дограма.

    • ОСУ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“
      реконструкција на санитарии, кабинети, канализација, термофасада, нов систем за греење, проект „Засади желба“, донации и модерна ИТ-опрема.

    • ОЕМУЦ „СВ. НАУМ ОХРИДСКИ“
      нова фасада, покрив, спортска сала, ЛЕД-осветлување, спортски терен, 20 компјутери и 15 смарт-табли.

    • ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
      опремени кабинети, компјутери, телевизори, нови клупи и котел за парно.

    • РЦСОО „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“
      нов кабинет со угостителска и ИТ-опрема, реконструирани санитарии.

Овие инвестиции донесоа модернизација, подобрена инфраструктура и значително поквалитетни услови за живот и образование во Општина Охрид.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • И покрај тоа што тековната сезона се прикажува за една од најуспешните, Охриѓани сведочат за една поинаква слика и ги трпат ефектите од „масовниот“ туризам. Охрид се претвора во дестинација за краток, честопати и само пладневен престој на туристи коишто се сместени во Албанија и недолични млади посетители на концерти (најчесто со шунд-содржина). Ваквите посети за Охрид значат сообраќаен хаос, огромна количина смет со кој јавните претпријатија очигледно не знаат да се справат и неконтролирана врева до доцна во ноќта. Нерегистрираните и неуки туристички водичи го масакрираат огромниот туристички потенцијал на градот, а ситуацијата е влошена и со очајната состојба на инфраструктурата и информативните табли, несервисираните зелени површини и смешниот промотивен материјал. Општината покажува исклучителна неспособност во контролирањето на процесите, а туристичката инспекција е речиси нефункционална, со што градот трпи огромни загуби на туристичка такса. И тие средства што се собрани, а кои по правило треба да се инвестираат во туристичка промоција, се несоодветно и нетранспарентно дистрибуирани.
  • Дискриминаторска и селективна поддршка на спортските клубови, невладини организации и настани.
  • Недомаќинско работење во секој поглед.
  • Партиски вработувања.
  • Субвенционирање на јавните претпријатија како маска за неспособноста на кадрите на ДПМНЕ, но и покрај таквите импровизации, претпријатијата тонат во долгови.
  • Ветената изработка и ветеното донесување на ГУП-овите за селата во Охрид, и покрај ветувањата дека ќе се донесат за 2 години, сѐ уште не се ни во почетна фаза.
  • Зголемување на цените на сите услуги од јавните претпријатија како принцип за прикривање на неспособноста на кадрите на ДПМНЕ на товар на граѓаните.
  • Урбанистички хаос со неконтролирано издавање на рекорден број одобренија за градба во еден мандат, како во централното градско јадро, така и на периферијата од градот, спротивно од препораките од УНЕСКО.
  • Загадување на воздухот со најголема застапеност на канцерогени честици во историјата на Охрид.
  • Најголем дел капитални проекти наследени од нашата локална власт во финална фаза не се завршени како каприц.
  • Речиси сите клучни проекти ветени во предизборната програма, сѐ уште не се ни започнати:
    • Проект кој е изготвен од времето на СДСМ, а сè уште не е почнат од моменталната локална власт е плоштад „Крушевска република“.
    • Велосипедска патека до Св. Стефан.
    • Катна гаража во Градски пазар.
    • Паркот на потег од Ден Долард до Студенчишко Блато.
    • Нема бесплатен превоз за пензионери.
    • Нема нова градинка, ни реставрација на постојните.
    • Нема дислокација за Мауцкер.
    • Нема современа претоварна станица за ЈП „Охридски Комуналец“.
    • Нема специјален пловен објект за чистење.
    • Нема реконструкција на плоштадот „Св. Климент Охридски“.
  • Сообраќаен хаос во градот и небезбедност на граѓаните и туристите, особено во летниот период, за време на манифестации и концерти (комплетната блокада на градот за отворањето на ОХРИДСКО ЛЕТО).
  • И покрај енормно зголемените услуги на ЈП „Охридски Комуналец“, хигиената во градот е на најниско ниво во последните 30 години, а во летен период, Охрид наликува на буниште.
  • Централното основно училиште „Григор Прличев“, воспитно-образовен дом на голем број ученици во Охрид, тотално оставено на забот на времето, при што наликува на зграда пред распаѓање.
  • Образовниот објект, кој претставува симбол на писменоста, охридската Гимназија, четири години претставува градежно буниште, сѐ уште е без конечно решение, а наставата се одвива во супстандардни услови, загрозувајќи ги животите на учениците.
  • Проектот на нашиот градоначалник, пешачка зона со типизирани куќички, кои ќе претставуваат економски оператори, шеталиштето го претворија во панаѓур за лични лукративни интереси и интереси на нивни партиски послушници.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Како потомок на семејство кое живее и активно придонесува во јавниот живот на нашиот бисер повеќе децении не можев да бидам нем сведок на континуираното рушење на сѐ што претставува Охрид и одлучив со широка поддршка на моите граѓани да ставам крај на самоволието и негрижата на локалната власт во изминативе четири години.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој?

Се разбира дека визијата за општината е неизоставен дел од визијата за целото општество, што претставува и интегрален дел на мојата програма.

Што мора да се направи во следниот мандат?

Сметам дека грижата за една општина е многу повеќе од нејзино урбанистичко модернизирање. Охридскиот Регион и државата се соочуваат со сериозни проблеми: иселување на млад и едуциран кадар, корупција на сите нивоа. Како градоначалник ќе се стремам да ги надминам овие проблеми во рамките на моите надлежности и во координација со централната власт.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се носители на напредокот, нашата гордост, но и обврска да сториме сѐ што е во наша моќ да им го олесниме патот кон иднината во својата татковина.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како можат да се решаваат?

Во основа проблемите се сведуваат на безбедност во сообраќајот, навремена здравствена заштита и узурпација на јавен простор поради најразлични интереси на поединци и групи блиски до власта. Накратко, поради нерегулиран сообраќај и необезбеден паркинг-простор, во целата општина се соочуваме со нефункционално живеење (нефункционална хидрофорска мрежа и попречен пристап на возила од ТППЕ, но и болничките возила, необезбедени или непостојни пешачки зони, блокирани со градежни активности или пренаменети со одлука на Општината, задоцнето или игнорирано санирање дефекти во водоводната или канализациската мрежа). За Охрид, особено е релевантен и водениот сообраќај поради кој граѓаните и туристите се соочуваат со уште поголеми предизвици (необезбедени плажи без спасувачи и без означени делови за пристанување на пловни објекти). Сметам дека во координација со сите релевантни институции, водејќи се според гласот на граѓаните, општината во мојот мандат значително ќе придонесе за надминување на овие тешки ситуации. Пловило за брза помош е итна потреба на Охрид, особено во летниот период. Понатаму, враќањето на пешачките простори во функција и спречување на неконтролираното дивеење на одредени градежници, ќе овозможат слободно движење на пешаците без страв за сопствената безбедност.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Се разбира дека достапноста на различни дестинации во урбаните и руралните населби без непотребни и нелогични чекања и страв за сопствената безбедност ќе обезбеди подостоинствен живот за граѓаните. Како градоначалник, ветувам дека ова ќе им го овозможам на жителите во мојата општина преку таргетирање на сообраќајните јазли и преземање соодветни регулаторни и градежни активности, поткрепени со експертски мислења.

Особено во зимските месеци, македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Ова е многу релевантно прашање. Од град со најчист и најсвеж воздух, заштитничка лулка за сопствените граѓани, а прибежиште за посетителите, стигнавме до присуство на рекордни вредности на канцерогени честички. Дивите депонии, формирани првенствено од неодговорни граѓани, а несоодветно третирани од некомпетентни јавни претпријатија, не само што ја нарушуваат сликата на овој македонски бисер туку уште повеќе го загрозуваат здравјето на жителите. Нашиот екопроект „Зелен град“ директно цели кон надминување на загаденоста на воздухот и длабоко сум убеден дека ефективно ќе се спроведе. Проблемот со градската чистота ќе се надмине преку поставување компетентни кадри на чело на јавните сервиси, кои совесно и одговорно ќе работат во служба на граѓаните.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните можат да дадат нова надеж?

Во моето досегашно работење од принцип, но и карактерна склоност, сум се трудел да бидам одговорен и транспарентен. Таквиот начин на работа ќе биде и стандард за функционирањето на општината и нејзините сегменти. Свесен сум за општата перцепција и верувам дека со личен пример, ние, народните избраници, можеме да поработиме и да го подобриме тоа.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Јас, пред сѐ, сум син, брат, сопруг, татко, другар, сосед, колега со длабоко вкоренети релации во мојот град. Проблемот со иселувањето на моите граѓани ме погодува на многу нивоа. Оваа појава демне над нашата држава и треба да направиме сѐ што е во наша моќ да ја спречиме. Адресирајќи ги проблемите што ги наведувам погоре, но и подетално во програмата, општината под мое водство ќе води директна битка со нефункционалноста на институциите, нелојалната конкуренција, непотизмот и загадувањето со цел да се обезбеди повисок стандард, кариерен напредок и праведен третман за секој жител.

Зошто граѓаните да гласаат за Вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да Ви ја дадат токму Вам довербата?

Оние што ме познаваат знаат дека сум посветен семеен човек, вреден работник, успешен менаџер и лекар, кој се заколнал дека животот ќе го посвети на грижата за другите. Мојот личен углед и интегритет досега не биле предизвикани, а сигурен сум дека нема да бидат ни во иднина. Моето семејство, мојот живот и мојата иднина се нераскинливо поврзани со Охрид и решен сум да го направам најдоброто место за живеење за сите нас.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Каква е моменталната состојба и како ќе се справуваме со предизвиците

Подолу се наведени клучните проблеми со кои се соочуваме како општество и на кои не смееме повеќе да ги затвораме очите и да се правиме дека не постојат:

  • БЕЗБЕДНОСТ
    • Значително е намалена безбедноста на граѓаните како резултат на повеќе фактори.
    • Во сите урбани и рурални средини, практично без исклучок има проблем со кучињата скитници. Во нашата програма предвидуваме изградба на стационар како директна мерка за справување со оваа ситуација, во соработка со здруженијата за грижа на животни.
    • Сведоци сме на намалена безбедност и сообраќајна некултура и за таа цел во рамките на урбанистичките планови ќе се планира и уредува сообраќајната инфраструктура (раскрсници, пешачки премини, семафори, патна сигнализација) и ќе се ревидираат и ќе се подобрат програмите за развој на јавен превоз, со што ќе се оптимизира сообраќајниот систем на градот. Редовно ќе се врши одржување, реконструкција, но и изградба на улици и патишта со тротоари и други пешачки површини, како и соодветна сообраќајна сигнализација.
    • Во рамките на Советот за безбедност во сообраќајот при општината ќе се работи на подобрување на сообраќајната култура преку организирање кампањи, обуки и работилници за сите граѓани, а особено ќе се даде поддршка и ќе се соработува со училиштата за вклучување на вакви содржини во наставниот процес.
    • Ќе се стави акцент на управувањето со јавните паркиралишта, како и изградба на нови, ќе се издадат лиценци и ќе се воспостави надзор на јавниот превоз, вклучувајќи ги и такси-станиците.
    • За справување со проблемот на зголемени кражби и инциденти ќе ја продлабочиме соработката со СВР, во сите урбани и месни заедници преку изработка на локални безбедносни планови и учество во координирани акции. Преку Советот за превенција, во чии рамки ќе дејствуваат претставници од Општината, полицијата, месните заедници, училиштата и други релевантни институции, ќе предложиме мерки за спречување на ваквите девијантни појави.
  • ЗАГАДУВАЊЕ
    • Во последниве години, Охрид бележи рекордни вредности на присутност на ПМ-честички во воздухот. Ваквото загадување го загрозува здравјето на сите жители и не смее повеќе да се занемарува. Планираме проблемот со аерозагадувањето да го надминеме со низа мерки:
    • Ќе се постават сензори за аерозагадување што ќе даваат јасна слика за состојбата и навремено ќе се реагира.
    • На повеќе локации во градот ќе се засадат мини шумички, на запуштени парцели, како места со свеж воздух и сенка за одмор и рекреација.
    • Општината ќе покрива дел од трошоците за садници во вид на субвенции како поддршка за граѓански иницијативи за озеленување дворови и јавни површини.
    • Ќе се осмисли и ќе се реализира проект за озеленување покриви и фасади на општински згради и училишта со што ќе се подобри микроклимата, а во продолжение ќе го видите капиталниот проект што опфаќа електрични минибуси, а е предвидено и проширување и обновување на мрежата на велосипедски патеки.
    • Општината ќе субвенционира замена на дограма и поставување термичка изолација на надворешните ѕидови, подови и тавани. Понатаму, со цел да се намали греењето на цврсто гориво, граѓаните ќе можат да конкурираат на јавни повици за помош при инвестирање во еколошки грејни системи.
  • Проблемот со загадувањето оди и уште подалеку од загадениот воздух. Сведоци сме на преполни контејнери, неодржувани урбани и рурални јавни површини и формирање диви депонии во цела општина. Покрај институционално дејствување, планирани се и низа мерки за справување со овој проблем:
  • Ќе се формираат мобилни пунктови за собирање кабаст отпад, преку редовни акции за собирање стари душеци, мебел, електроника и сл. со цел да се спречи формирањето на дивите депонии.
  • Во секоја населба ќе се постават т.н. рециклирачки острови, односно комплети контејнери (хартија, пластика, стакло) за селекција на отпадот, кои редовно ќе се празнат и ќе се одржуваат.
  • Воедно, старите и дотраени контејнери ќе бидат заменети со нови.
  • Предвидено е и редовно чистење и одржување на речните корита на реките Сушица и Грашница.
  • Јавните чешми и извори, како дел од огромното богатство и потенцијал на Охрид се во голема мера запуштени и нефункционални. Како пример ги издвојуваме Билјанини Извори, кои ќе бидат рехабилитирани и повторно ќе бидат наша гордост и симбол на здрава заедница.
  • ИНФРАСТРУКТУРА
    • Секојдневието на граѓаните и посетителите сведочи за многу проблеми предизвикани од несоодветни и нереализирани инфраструктурни решенија.
    • Во рамките на нашата програма ќе видите планирана изградба на нови патишта, но и рехабилитација на постојните со цел секое населено место да биде соодветно поврзано и вмрежено преку јавен општински превоз.
    • Предвидена е и инсталација на нови автобуски постојки со електронски табли за ред на возење.
  • СЕРИОЗНИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ И ПРОБЛЕМИ
    • Граѓаните секојдневно се соочуваат со многубројни неправди и проблеми, кои првенствено се резултат на системски пропусти и неетичко и недомаќинско однесување. Општината под наше водство сериозно ќе се зафати со отстранување на овие појави:
    • Корупцијата и клиентелизмот на локално ниво генерално ќе се спречуваат преку транспарентно работење, односно објавување на сите одлуки, буџети, тендери, договори и извештаи на веб-страницата на општината, ажурирање на електронскиот буџет и спроведување на јавните набавки преку електронскиот систем за јавни набавки.
    • Како одговор на реакциите на граѓаните за недоволната институционална поддршка и нивната недоверба во институциите на системот ќе понудиме поефективна организација на администрацијата и ќе ја подобриме комуникацијата меѓу секторите и службите. Ќе воспоставиме мост меѓу Советот, јавните претпријатија и граѓаните преку соодветни стратегии и планови за ефективна дигитализација на овие процеси.
    • Во нашата програма ќе најдете голем број предлози и планови за справување со урбанистичките и инфраструктурни проблеми.
    • Нашата програма предвидува низа мерки за спречување на еколошката деградација на регионов.
    • Поради недоволна поддршка за младите преку низа мерки планираме да им понудиме иднина на нашите млади во заедницата.
  • МАСОВНОТО ИСЕЛУВАЊЕ
    • Масовното иселување е сериозен проблем не само на нашата заедница туку и пошироко и подготвени сме сериозно да пристапиме кон негово решавање. Нашите информации покажуваат дека се случува од повеќе причини, па затоа предвидуваме низа мерки за таргетирање на секоја од нив:
    • Економските причини ги издвојуваме како први, а тука првенствено се јавува проблемот со

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ОХРИД – ГРАД НА ПИСМЕНОСТА

Опис на проектот

Проектот „Охрид – Град на писменоста“, инициран од Општина Охрид во соработка со Министерството за култура, Министерството за образование и наука, локални училишта и културни институции, има цел да го промовира богатото писмено и културно наследство на градот, поттикнувајќи интелектуална надградба и креативност кај граѓаните и посетителите од сите возрасти. Главната замисла е изградба на модерен мултифункционален објект што ќе вклучува библиотека со современи услуги инспирирани од охридските мотиви, културен центар за книжевност и култура и SMART сo-working простор опремен за креативни и технолошки активности. Дополнително, проектот предвидува формирање интердисциплинарен центар за стимулација на талентирани ученици преку обуки, работилници и програми за доквалификација, како и развој на виртуелен туристички водич што ќе овозможи дигитален пристап до културно-историското наследство на Охрид и ќе ја збогати туристичката понуда. Временската рамка опфаќа повеќе фази: подготовка на документација за 2 месеца, градежни и адаптациски работи во период од 8 месеци, опремување и технолошка инсталација за 2 месеца, паралелен развој на виртуелниот водич во траење од 4 месеци и почнување на активностите по завршувањето на изградбата. Вкупниот буџет изнесува околу 27 милиони денари, обезбедени преку комбинација на општински средства (40 %), национални министерства (30 %), европски фондови (20 %) и јавно-приватни партнерства (10 %). Очекуваните резултати се создавање современ простор за учење и креативност, поддршка на талентите, зголемен туристички промет и долгорочна одржливост преку дигитални алатки и партнерства. Со тоа, Охрид ќе се позиционира како водечки регионален центар на писменоста и културната иновација.

ОХРИД – ЗЕЛЕН ГРАД

Опис на проектот

Општината под наше водство ќе го спроведе проектот „Охрид – Зелен град“, во координација со Министерството за животна средина, европските фондови, локалните еколошки организации и јавниот транспорт. Тој претставува стратегиска иницијатива за намалување на загадувањето и подобрување на квалитетот на животот преку зелени и одржливи решенија. Главните активности вклучуваат набавка на 5–7 еколошки автобуси (електрични или хибридни) за јавен превоз, воведување систем за изнајмување електрични тротинети, изградба на современа депонија, субвенционирање соларни панели за јавни и приватни објекти и креирање нов градски парк за рекреација и културни настани. Проектот има временска рамка со неколку фази: 3 месеци за подготовка и проектирање, 6 месеци за набавка и пуштање во употреба на ековозилата, 4 месеци за воведување на системот со тротинети, 12 месеци за изградба на модерна депонија, постепена инсталација на соларни покриви во период од 3 години и 8 месеци за изградба на градскиот парк. Вкупниот буџет е проценет на околу 110 милиони денари, обезбедени преку општински и државни средства, европски зелени фондови, јавно-приватни партнерства и донаторски програми. Очекуваните резултати вклучуваат значително намалување на емисиите на штетни гасови, зголемена употреба на јавен и зелен транспорт, поддршка на обновливи извори на енергија, подигната свест за заштита на природата и подобрена микроклима преку урбана зелена инфраструктура. Долгорочната одржливост е обезбедена преку редовно одржување на инфраструктурата, активно учество на граѓаните и стимулирање зелени инвестиции, што ќе овозможи Охрид да се развива како здрав, модерен и одржлив град за живеење и туризам.

ОХРИД – МОДЕРЕН ГРАД, ГРАД НА УНЕСКО

Опис на проектот

Проектот „Охрид – Модерен град, град на УНЕСКО“ ќе биде иницијатива на Општина Охрид во партнерство со УНЕСКО, Министерството за култура, урбанистичките институции и локални и меѓународни експерти. Неговата цел е да се создаде современ и функционален урбан простор, кој истовремено ќе ја зачува автентичноста и духовниот сјај на градот согласно со препораките на УНЕСКО. Главните компоненти опфаќаат реставрација и уредување на старото градско јадро преку употреба на традиционални материјали и стилови, модерно уредување на градскиот кеј и плоштадот „Св. Климент Охридски“ со пешачко шеталиште и зелени површини, развој на плажи по мерка на граѓаните, изградба на велосипедска инфраструктура за подобрување на мобилноста, поставување мултифункционална сцена на отворено за културни и туристички настани, како и проектирање и изградба на подземни паркинзи со цел намалување на сообраќајниот метеж. Проектот е планиран во неколку фази: подготовка на детални урбанистички планови и консултации со УНЕСКО во траење од 3 месеци, реставрација на градското јадро (12 месеци), уредување на кејот и плоштадот (6 месеци), изградба на велосипедски патеки (8 месеци), поставување мултифункционална сцена (6 месеци) и изградба на подземни паркинзи во рок од 12 месеци, паралелно со другите активности. Буџетската рамка изнесува приближно 80 милиони денари, од кои 40 % од тие средства ќе финансира Општина Охрид, 30 % Министерството за култура и животна средина, 20 % УНЕСКО и меѓународни фондови, а 10 % приватни инвеститори. Со очекуваните резултати, како што се зачувување на културното наследство, подобрена урбана функционалност, зголемена туристичка атрактивност и поттикнување одржлив развој, овој проект ќе постави пример за хармонија меѓу традицијата и современоста.

ОХРИДСКАТА ЦРЕША ПОКРАЈ НАШИТЕ УЛИЦИ

Опис на проектот

Охридската цреша е првиот македонски производ со заштитена географска ознака, наш национален бренд, наша гордост. Облагородувањето на урбаните средини со ова дрво не само што ќе ја разубави средината и ќе го подобри квалитетот на воздухот туку и значително ќе придонесе за промоција на нашиот идентитет, гордоста на охриѓани. Во реализацијата на овој обемен проект ќе учествуваат сите граѓани преку своите заедници, пример, училиштата во рамките на својата екопрограма, невладини организации, пензионери и сл. За реализација најпрво ќе се идентификуваат приоритетни улици и области за насадите и ќе се набават сертифицирани садници. Локалните претпријатија во чиј домен спаѓаат вакви активности ќе бидат задолжени за редовно одржување, наводнување, поткастрување и сл. Покрај атрактивноста, овој проект ќе има значително влијание врз животната средина, ќе го прочистува воздухот, ќе создава сенка, а ќе го засили духот на заедништво и припадност на целата заедница. Во однос на временската рамка, предвидуваме 3 месеци за консултирано избирање на локацијата и набавка на садници и 8 месеци за садење и почетна нега, која ќе продолжи и понатаму. Целиот зафат очекуваме да не надмине 1 000 000 денари. Овој проект претставува долготрајна и видлива инвестиција што ќе ја поттикне граѓанската иницијатива, а ја симболизира нашата посветеност за обнова и развој и нашата визија за почист и поубав град.

КАТНА ГАРАЖА ВО ОХРИД

Опис на проектот

Проектот „Изградба на катна гаража во Охрид“ е стратегиска иницијатива на Општина Охрид во партнерство со Министерството за транспорт и врски, урбанистичките институции и домашните и странските инвеститори, со цел трајно да се реши проблемот со паркирањето, кој е особено изразен во летниот период. Обезбедувањето функционално и еколошки прифатливо решение ќе овозможи намалување на сообраќајниот метеж, зголемување на безбедноста и заштита на пешачките и велосипедските патеки, притоа зачувувајќи го културно-историското и природното наследство на градот. Проектот вклучува изработка на техничка и архитектонска документација според современи стандарди, со предвидено интегрирање на зелени технологии, како што се соларни панели, зелени ѕидови и енергетски ефикасно осветлување. Изборот на локација ќе биде внимателно направен за минимално влијание врз урбаната средина и културните добра. Изградбата предвидува повеќекатен објект со капацитет што ќе ги задоволи потребите на градот, поврзан со јавниот транспорт и велосипедската инфраструктура, опремен со современ систем за управување и наплата. Временската рамка е поставена во неколку фази: подготовка и избор на локација (2 месеца), изработка на проектна документација (4 месеци), јавни консултации и усогласување (2 месеца), изградба на гаражата (12 месеци), како и тестирање и пуштање во употреба (1 месец). Буџетот се проценува на околу 80 милиони денари, финансирани 50 % од општинскиот буџет, 20 % од државни и регионални фондови и 30 % преку јавно-приватни партнерства. Со реализација на проектот се очекува значително подобрување на сообраќајниот тек, заштита на јавните површини, поттикнување на одржлив транспорт и зголемување на туристичката привлечност на Охрид, со што ќе се подобри и квалитетот на живот на граѓаните.

ВРАЌАЊЕ НА КУЛТНИОТ СЈАЈ НА БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ – ИНТЕГРИРАНО УРЕДУВАЊЕ НА КУЛТУРНО, ДУХОВНО И ПРИРОДНО

Опис на проектот

Проектот „Враќање на култниот сјај на Билјанини Извори – интегрирано уредување на културно, духовно и природно светилиште“ ќе биде иницијатива на Општина Охрид во соработка со Министерството за култура, УНЕСКО, Завод и музеј – Охрид, како и невладини и донаторски организации. Билјанини Извори се едно од најпознатите и највредните духовни и културни места на Охрид, тесно поврзано со колективната меморија, традицијата и песната „Билјана платно белеше“. Иако овој локалитет е симбол на љубов, духовност и природна убавина, денес е запуштен и изоставен од туристичките понуди. Целта на проектот е ревитализација и уредување на поширокиот простор, враќање на автентичниот изглед на изворите и создавање културна и туристичка атракција што ќе ги обедини историјата, природата и традицијата. Проектот предвидува техничка реконструкција на изворите, уредување патеки, клупи, поставување ознаки и декоративно зеленило, како и маскирање или дислокација на постојната пречистителна станица. Планирани се тематски содржини со културни манифестации, фестивали и симболична фонтана со споменик инспириран од познатата песна, заедно со развој на туристичка инфраструктура – кафеани со мостови и водени канали, детски катчиња, информативен центар, екопаркинг и трансфер-станица. Временската рамка изнесува од 12 до 18 месеци, поделени во фази: истражување и документација (3 месеци), архитектонско и просторно уредување (6–8 месеци), развој на тематски содржини и инфраструктура (3–5 месеци), како и финална промоција и брендирање (1–2 месеца). Буџетот е проценет на 1–2 милиони евра, со финансирање преку ИПА-фондови, УНЕСКО, донаторски грантови и јавно-приватно партнерство. Очекуваните резултати се целосно уредено култно светилиште, враќање на традицијата, зголемена туристичка привлечност и економска корист за локалната заедница.

ЗАТВОРЕН ПЛИВАЧКИ БАЗЕН ВО ОХРИД – ЦЕНТАР ЗА СПОРТ, ЗДРАВЈЕ И РЕКРЕАЦИЈА

Опис на проектот

Проектот „Изградба и завршување на затворен пливачки базен во Охрид – Центар за спорт, здравје и рекреација“ има цел конечно да го доврши започнатиот, но многу години незавршен објект во комплексот „Билјанини Извори“, кој претставува неискористен потенцијал за градот со силно туристичко и спортско значење. Носител на проектот е Општина Охрид, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Министерството за транспорт и врски, Фондот за спортска инфраструктура и приватни партнери. Главната цел е да се обезбеди современ, мултифункционален и одржлив базен што ќе биде центар за спорт, рекреација и здравје во текот на целата година, со можност за користење од страна на професионални спортисти, рекреативци, туристи и локалната заедница. Проектот се планира да се реализира во период од 12 месеци, преку пет фази: прво, подготовка со детални планови и јавна набавка (1 месец), потоа градежни работи за довршување на конструктивни, водоводни, електрични и изолациски зафати (5 месеци), следува инсталација на техничка и спортска опрема, системи за филтрација и безбедност (3 месеци), по што ќе се работи на организација на програми, обука на персонал и маркетинг активности (2 месеца), а во последната фаза е тестирање и официјално пуштање во употреба (1 месец). Со завршувањето на проектот, Охрид ќе добие целосно функционален базен кој ќе поттикнува спортски активности, здрав животен стил и дополнителна туристичка атрактивност, а неговата одржливост ќе биде обезбедена преку членарини, изнајмување термини и комерцијални услуги.

МОДЕРНО ПРИСТАНИШТЕ ВО ОХРИД – ВОДНА ПОРТА КОН ОДРЖЛИВ ТУРИЗАМ И ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Опис на проектот

Проектот „Изградба на модерно пристаниште во Охрид – Водна порта кон одржлив туризам и економски развој“ претставува стратегиска иницијатива на Општина Охрид, во партнерство со Министерството за транспорт и врски, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и приватни инвеститори. Локацијата ќе биде внимателно избрана во согласност со стандардите на УНЕСКО и просторните планови, со цел зачувување на природното наследство и унапредување на туристичката понуда. Главната цел е изградба на модерно и еколошки прифатлив пристаниште што ќе овозможи безбеден и уреден пристап за пловни објекти, нови логистички и туристички услуги, како и отворање работни места. Проектот ќе се реализира во временска рамка од 18 до 24 месеци, поделена во неколку фази. Првите четири месеци ќе бидат посветени на подготовка и планирање – изработка на технички решенија, студии и дозволи. Во наредните 10–14 месеци ќе се спроведат градежните работи за изградба на понтони, пристапни патеки, сервисни зони и станица за гориво. Потоа, во рок од три месеци ќе се инсталираат еколошките системи за прочистување отпадни води и соларни панели. Во следните три месеци ќе се уреди комерцијалната и туристичката зона, со инфопункт, ресторан и можности за изнајмување опрема. Последните два месеца ќе бидат наменети за маркетинг-активности, склучување партнерства и официјално отворање на објектот. Вкупниот буџет се проценува на околу 95 милиони денари, финансирани преку јавно-приватно партнерство, државна поддршка и меѓународни фондови.

НОВА МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА ДЕТСКА ГРАДИНКА

Опис на проектот

Проектот за изградба на нова мултифункционална детска градинка во Охрид е иницијатива на Општина Охрид, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието и локални донатори, со цел да се зголеми капацитетот и квалитетот на предучилишното образование. Локацијата е стратегиски избрана во поширокиот центар или периферијата, блиску до основни училишта и јавни установи, со цел олеснет пристап за децата и родителите. Главната цел е изградба на современ и еколошки објект што ќе овозможи безбедна, стимулативна и здрава средина за раст и развој на деца од предучилишна возраст, поддржувајќи ги вработените родители. Проектот ќе се реализира во временска рамка од 12 до 14 месеци, поделена на пет фази. Првите два месеци ќе се посветат на подготовка и проектирање, вклучувајќи изработка на главен проект и добивање на дозволи. Следуваат седум-осум месеци за градежни работи и уредување на двор, потоа два месеца за опремување со мебел, дидактички материјали и ИКТ-опрема. Кадровското организирање и обука на воспитувачи и стручни соработници ќе трае од еден до два месеца, додека последниот месец ќе биде наменет за тестирање на сите системи и безбедносни мерки. Буџетот се проценува на околу 75 милиони денари, финансирани преку општински и државни фондови, локални и меѓународни донатори, како и симболични родителски надоместоци. Очекуваните резултати вклучуваат намален список на чекање за упис, подобрување на квалитетот на воспитно-образовните услуги, поголема вработеност на жени и промовирање на еколошка и образовна свест уште од најрана возраст.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Опис на проектот

Проектот за реконструкција и модернизација на основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид е иницијатива на Општина Охрид, реализирана во партнерство со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за развој на Северна Македонија, како и со поддршка од донации и европски фондови. Целта на проектот е создавање современи, безбедни и енергетски ефикасни услови за настава за околу 1.100 ученици, преку целосна реконструкција на инфраструктурата и воведување современа опрема. Реконструкцијата опфаќа обновување на училниците со нови клупи, столчиња, табли, мултимедијални уреди и ИКТ-опрема, реконструкција на санитарните јазли со нови водоводни инсталации и пристапност за деца со посебни потреби, како и надворешна обнова со термоизолација, енергетски ефикасни прозорци и уредување на покривот. Дополнително, дворот и спортските терени ќе бидат реновирани, со засадување зелени површини и инсталирање урбана опрема, додека безбедноста ќе биде подобрена преку видеонадзор, алармни системи и противпожарна сигнализација. Проектот е планиран да се реализира за 12 месеци, поделени на пет фази: подготовка и проектирање, набавка на материјали и опрема, изведба на градежни работи, опремување и инсталации и финални проверки со примопредавање. Буџетот е проценет на околу 64,5 милиони денари, финансирани преку општински и државни фондови, национални и меѓународни донатори и локални партнери. Очекуваните резултати вклучуваат современи училници, безбедна и хигиенска средина, намалени енергетски трошоци, зголемена мотивација на учениците и наставниците, и подобрен углед на училиштето.

РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Опис на проектот

Проектот за реконструкција и модернизација на основното училиште „Григор Прличев“ во Охрид е иницијатива на Општина Охрид, реализирана во партнерство со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, Агенцијата за развој на Северна Македонија, како и со поддршка од донации и европски фондови. Целта на проектот е создавање современи, безбедни и енергетски ефикасни услови за настава за околу 1.100 ученици, преку целосна реконструкција на инфраструктурата и воведување современа опрема. Реконструкцијата опфаќа обновување на училниците со нови клупи, столчиња, табли, мултимедијални уреди и ИКТ-опрема, реконструкција на санитарните јазли со нови водоводни инсталации и пристапност за деца со посебни потреби, како и надворешна обнова со термоизолација, енергетски ефикасни прозорци и уредување на покривот. Дополнително, дворот и спортските терени ќе бидат реновирани, со засадување зелени површини и инсталирање урбана опрема, додека безбедноста ќе биде подобрена преку видеонадзор, алармни системи и противпожарна сигнализација. Проектот е планиран да се реализира за 12 месеци, поделени на пет фази: подготовка и проектирање, набавка на материјали и опрема, изведба на градежни работи, опремување и инсталации и финални проверки со примопредавање. Буџетот е проценет на околу 64,5 милиони денари, финансирани преку општински и државни фондови, национални и меѓународни донатори и локални партнери. Очекуваните резултати вклучуваат современи училници, безбедна и хигиенска средина, намалени енергетски трошоци, зголемена мотивација на учениците и наставниците, и подобрен углед на училиштето.

СТАЦИОНАР ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА

Опис на проектот

Проектот за изградба и функционирање стационар за бездомни кучиња во Општина Охрид има цел хуман и системски пристап кон проблемот со бездомни животни. Иницијативата ја води Општина Охрид, во соработка со Ветеринарната управа, здруженија за заштита на животни, Министерството за земјоделство и донатори. Стационарот ќе се гради во приградска зона на Охрид на површина од минимум 3.000 м², со лесен пристап и соодветна оддалеченост од населени места. Капацитетот на објектот ќе овозможи сместување на 60 кучиња, со боксови од минимум 6 м² по куче, како и карантински дел за новопримени и болни животни. Дополнително, проектот предвидува ветеринарна амбуланта со хируршка сала, административни и технички простории, двор за рекреација и складиште за храна и материјали. Главните активности опфаќаат проектирање и изработка на документација, подготовка на земјиштето и инфраструктурно поврзување, градежни работи за изградба на објектите, опремување со ветеринарна опрема и мебел, обука на персонал за грижа, стерилизација и ветеринарна помош, како и кампањи за вдомување и едукација за одговорно сопствеништво. Проектот е планиран да се реализира во период од 10 месеци, додека буџетот е проценет на околу 20 милиони денари, вклучувајќи трошоци за инфраструктура, градежни работи, опрема, обука, промоција и резервен фонд за непредвидени ситуации. Очекуваните резултати вклучуваат подобрување на хуманото третирање на бездомните кучиња, создавање услови за ветеринарна грижа и стерилизација, како и поттикнување на свеста за одговорно сопствеништво кај граѓаните.

СТАРЕЧКИ ДОМ

Опис на проектот

Проектот за изградба и функционирање на Старечки дом во Општина Охрид има цел да обезбеди достоинствен, безбеден и пријатен простор за живот на постари лица, со фокус на физичкото и психичкото здравје, социјалната инклузија и поддршка на семејствата. Носител на проектот е Општина Охрид, во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Центарот за социјални услуги и локални невладини организации. Локацијата ќе биде постојна, внимателно избрана во близина на централното градско подрачје, со лесен пристап и тивка околина. Проектот предвидува изградба на модерен објект со еднокреветни и двокреветни соби, дневни простории, простории за рехабилитација и рекреација, зелени површини и паркови за прошетки. Опремата ќе вклучува медицинска и помошна опрема, ИТ- и комуникациски системи, а услугите ќе опфаќаат секојдневна здравствена нега, психолошка и социјална поддршка, организирани рекреативни активности и исхрана според специјални диети. Проектот е планиран да се реализира во период од 18 до 24 месеци, со фазно: планирање и подготовка (3 месеци), изградба (12 месеци), опремување (3 месеци), вработување и обука (3 месеци), тестирање на системи (1 месец) и почеток на работа по завршување на претходните активности. Буџетот е проценет на 80–100 милиони денари и ги покрива градежните работи, опремата, персоналот, обуката и непредвидените трошоци. Финансирањето се обезбедува преку општински и државни фондови, меѓународни донации, јавни приватни партнерства и волонтерска поддршка. Очекуваните резултати вклучуваат функционален старечки дом со долгорочна грижа, зголемено задоволство и квалитет на животот на корисниците, поттикнување на социјалната интеграција и олеснување на социјалниот товар врз семејствата.

ЗЕЛЕНИ РУРАЛНИ РИЗНИЦИ – РАЗВОЈ НА АГРО- И ЕКОТУРИЗАМ ВО РУРАЛНИТЕ ЗОНИ НА ОПШТИНА ОХРИД

Опис на проектот

Проектот за развој на рурален и агротуризам во Општина Охрид, реализиран во партнерство со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, локални заедници, здруженија и европски фондови, има цел да ја активира неискористената туристичка и аграрна понуда во селата Скребатно, Куратица, Косел, Опеница, Завој и со можност да се вклучи и поширокиот рурален регион. Главната цел е создавање одржлив модел на рурален и агротуризам преку подобрување на инфраструктурата, промоција на локалната гастрономија, традицијата и поддршка на мали фарми. Буџетот изнесува околу 600.000 евра, обезбедени преку општински, национални и европски фондови, како и преку учество на земјоделците. Проектот се реализира во период од 24 месеци, поделен на три фази: првите 3 месеци се наменети за анализа, проектирање и планирање, следуваат 12 месеци посветени на изградба на инфраструктура и организирање обуки, додека последните 9 месеци се предвидени за имплементација на туристички и агросодржини. Активностите вклучуваат обнова на рурални патеки, поставување ознаки, уредување излетнички места, поддршка на гостински домаќинства, едукација за хигиенски стандарди и дигитална промоција, како и развој на маркетинг-платформа и фестивали. Очекуваните резултати се вмрежување на повеќе села во единствена туристичка понуда, вклучување на најмалку 30 домаќинства во агротуризмот, развој на над 20 нови локални производи со комерцијална вредност и зголемување на бројот на посетители. Долгорочната одржливост е обезбедена преку самофинансирање од туристички услуги и дополнителна поддршка од национални и европски програми, со што се создава траен позитивен ефект врз економијата, демографијата и животната средина.

РЕСТАВРАЦИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ КАЈ ПРЕНТОВ МОСТ

Опис на проектот

Проектот за реставрација на споменикот на Илинденците кај Прентов мост во Охрид има цел да го зачува и да го истакне историското и културното наследство на градот. Споменикот, како симбол на борбата и храброста на Илинденците, ќе биде целосно конзервиран и реставриран, вклучувајќи чистење и зајакнување на камените површини, поправка на оштетувања и заштита од временски влијанија. Проектот вклучува и уредување на околината со нови патеки, зелени површини, урбана опрема и современо осветлување, што ќе го направи просторот пристапен и пријатен за посетителите. Предвидено е поставување информативни табли и безбедносни системи за подобра информираност и заштита на споменикот. Финансиската рамка е приближно 6.000.000 денари, распределена за реставрација, инфраструктура, информативни панели, организација на свечено отворање и непредвидени трошоци. Временската рамка на проектот изнесува осум месеци, поделени во фази: подготовка и анализа, реставрација, уредување на околината, поставување панели и безбедносни системи и организација на отворање и едукативни активности. Проектот ќе обезбеди зачувување на културното наследство, промоција на историјата и создавање пристапен, безбеден и атрактивен простор за граѓаните и туристите.

БИСТА НА АТИНА БОЈАЏИ

Опис на проектот

Проектот за поставување на биста на Атина Бојаџи во Охрид има за цел да ја оддаде заслужената почит кон животот и делото на оваа истакната активистка, патриотка и заштитничка на природата и културното наследство. Бистата ќе биде изработена од висококвалитетна бронза, со постамент од природен камен, и ќе биде поставена на стратегиска и видлива локација, која ќе овозможи лесен пристап на граѓаните и посетителите. Проектот предвидува уредување на околината со зелени површини, клупи, осветлување и информативна табла со животопис и достигнувања на Атина Бојаџи, со цел едукација и поттикнување на интерес кај младите генерации. Финансиската рамка изнесува приближно 4.500.000 денари, опфаќајќи изработка на бистата, постаментот, инфраструктурни работи, озеленување и информативни панели, како и непредвидени трошоци. Временската рамка на проектот е шест месеци, поделена во фази: подготовка и проектна документација, изработка на бистата, поставување на постамент и бистата, уредување на околината и свечено откривање. Реализацијата на проектот ќе овозможи зачувување на сеќавањето на Атина Бојаџи, промоција на граѓански вредности и културна инспирација за локалната заедница и туристите.

КОМПЛЕТНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТЕКАТА ЛАБИНО

Опис на проектот

Проектот за комплетна реконструкција на патеката Лабино и поставување современо осветлување има цел да ја подобри безбедноста, функционалноста и естетскиот изглед на овој значаен јавен простор во Охрид. Предвидено е целосно обновување на површината на патеката, вклучувајќи поправка на асфалт или бехатон, поставување нови рабници и тротоари, како и подобрување на дренажниот систем за отстранување на водата. Во рамките на проектот ќе се инсталира енергетски ефикасен ЛЕД-систем за улично осветлување, кој ќе овозможи подобра видливост и безбедност за пешаците и велосипедистите во вечерните часови, со минимална потрошувачка на електрична енергија. Дополнително, патеката ќе биде опремена со клупи, канти за отпад, информативни табли и зеленило за создавање пријатна и релаксирачка средина. Проектот предвидува целосна пристапност за лица со посебни потреби, вклучувајќи рампи и соодветни површини. Временската рамка на реализацијата е 8 месеци: фазата на подготовка и проектирање ќе трае 1 месец, градежните и реконструктивните работи 5 месеци, инсталацијата на осветлување и урбана опрема 1 месец, додека последниот месец е резервиран за финални проверки и пуштање во употреба. Буџетот на проектот е проценет на 15.000.000 денари, при што 9.000.000 денари се наменети за градежни работи, 4.000.000 денари за осветлување, а 2.000.000 денари за урбана опрема, озеленување и непредвидени трошоци. Реализацијата на овој проект ќе овозможи безбедна, модерна и пријатна патека која ќе ги поттикнува пешачките активности, рекреацијата и социјалното користење од страна на граѓаните и туристите, истовремено подобрувајќи ја инфраструктурата и урбаната средина на Општина Охрид.

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ОД МОСТОТ ДО ГОРИЦА 1

Опис на проектот

Проектот за реконструкција на пешачката патека од Мостот до Горица 1 има цел да ја подобри безбедноста, функционалноста и естетскиот изглед на овој значаен урбан простор во Охрид, кој претставува важна врска меѓу централното градско подрачје и населбата Горица 1. Предвидено е целосно обновување на површината на патеката со нов асфалт или бехатон, поставување рабници и тротоарни плочи, како и подобрување на дренажниот систем за ефективно отстранување на дождовната вода. Во рамките на проектот ќе се инсталираат модерни енергетски ефикасни ЛЕД-светилки, кои ќе обезбедат подобра видливост и безбедност за пешаците во вечерните часови, со минимална потрошувачка на електрична енергија. Дополнително, патеката ќе биде опремена со клупи, канти за отпад, озеленување и информативни табли, создавајќи пријатна и релаксирачка средина за сите корисници. Проектот предвидува пристапност за лица со посебни потреби, вклучувајќи рампи и соодветни површини. Временската рамка на реализацијата е 7 месеци: 1 месец за подготовка и проектирање, 4 месеци за градежни и реконструктивни работи, 1 месец за поставување осветлување и урбана опрема и 1 месец за финални проверки и пуштање во употреба. Буџетот е проценет на 12.000.000 денари, при што 7.000.000 денари се наменети за градежни работи, 3.000.000 денари за осветлување и 2.000.000 денари за урбана опрема, озеленување и непредвидени трошоци. Реализацијата на овој проект ќе овозможи безбедна, модерна и естетски привлечна пешачка патека што ќе ги поттикнува пешачките активности, рекреацијата и социјалното користење од страна на граѓаните и туристите, истовремено подобрувајќи ја урбаната инфраструктура на Општина Охрид.

ИЗГРАДБА И ОПРЕМУВАЊЕ НА МАЛА ФУНКЦИОНАЛНА КИНОСАЛА

Опис на проектот

Проектот за изградба и опремување на мала функционална киносала за дигитален филм во Општина Охрид има цел да создаде современ простор за културни настани, филмски проекции, едукативни работилници и промоција на филмската уметност. Носител на проектот е Општина Охрид, во соработка со културни институции, локални здруженија и Министерството за култура. Локацијата е предвидена во центарот на градот или во близина на универзитет/училишта, во културен или мултифункционален објект. Киносала ќе има капацитет 50–70 седишта со ергономски дизајн, дигитален проектор со HD/4K резолуција, висококвалитетен аудиосистем, професионално осветлување и акустика. Просторот ќе овозможува проекции, семинари, презентации и мали културни настани, а ќе биде дополнет со мало фоаје со изложбен простор и техничка просторија. Главните активности на проектот опфаќаат изработка на архитектонско и техничко проектирање, адаптација на просторот, набавка и инсталација на опрема, тестирање и старт на функционирање, како и организација на културни програми, филмски фестивали и едукативни проекции. Проектот е планиран да се реализира за 5–6 месеци: проектирање 1 месец, градежни активности 2–3 месеци, опремување 1 месец и тестирање и старт 1 месец. Буџетската процена изнесува приближно 6,5 милиони МКД и ги покрива градежните работи, набавка на проектор, звучен систем, мебел, осветлување и промоција. Очекуваните резултати вклучуваат создавање модерна киносала, зголемување на културните и образовните активности, поддршка на локалната филмска сцена и млади креативци, како и атрактивна дестинација за фестивали и специјални настани. Одржливоста на проектот ќе се обезбеди преку редовно одржување, вклучување на општински и културни институции, можност за наплата на влезници и изнајмување за приватни настани и партнерства со филмски фестивали и образовни институции.

ПЛАЖА СО ПРИСТАПНА РАМПА ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Опис на проектот

Со цел да се обезбедат еднакви можности за сите граѓани, вклучително и лица со попреченост, овој проектот предвидува изградба на плажа што ќе биде уредена со лесен пристап до водата преку стабилна рампа со нелизгачки површини, а исто така ќе биде обезбедена и пристапна инфраструктура, како тоалети, туш-кабини и лежалки адаптирани за лица со ограничена мобилност. Дополнително, во рамките на проектот ќе се постават сенки, завеси и табли со инструкции и безбедносни информации. Главната цел е да се создаде безбедна, удобна и еколошки уредена плажа што ќе овозможи рекреација и уживање на сите категории посетители, промовирајќи социјална инклузија и еднакви права. Проектот вклучува градежни активности, набавка на пристапна опрема и обука на персоналот за асистенција на посетителите. Временската рамка за реализација е шест месеци, со фази на проектирање, изградба, опремување и пуштање во употреба. Буџетот за целосна реализација е проценет на 12.000.000 денари, кој ќе опфати градежни материјали, набавка на рампи, мебел и безбедносни системи, како и промоција и одржување на плажата во првата година. Проектот ќе се финансира преку буџет на општината, донаторски програми и локални спонзори, со цел да се обезбеди одржливост и долгогодишно користење на плажата од сите граѓани.

ПРОЕКТИ

Охрид

  • Лоцирање и идентификација на мртви точки, нефункционални објекти и парцели во општината и нивно функционално искористување согласно со условите и потребите на граѓаните, пример: парк, детско игралиште, рециклирачки остров, паркинг.
  • Целосно поврзување на колекторски систем во руралните средини. Целосна водоводна мрежа како и целосно асфалтирање улици на периферијата од градот Охрид.
  • Донесување на сите ДУП-ови и ГУП-ови со цел да се обезбеди плански развој на целата општина.
  • Изградба на јавни тоалети на повеќе локации со голема фреквенција на граѓани и туристи.
  • Експропријација на земјиште и обезбедување пристап секаде каде што луѓето немаат пристап до своите домови.
  • Санација на тротоарите, во сите месни и урбани заедници, особено покрај бул. „Туристичка“.
  • Санација на пристапниот пат и паркингот кај Градски гробишта.
  • Уредување на пазарот со типизирани куќички.
  • Отстранување на нелегално поставена урбана опрема.
  • Обезбедување почеста присутност на полициски патроли и дејствување на сообраќајна полиција, поставување полицајци позорникари и сл.
  • Изнаоѓање решение во соработка со Министерството за транспорт и врски во однос на нелегално изградени или доградени објекти.
  • Регулирање на редовноста на јавниот превоз.
  • Поставување контејнери со селективно раздвојување за стакло, општ отпад, пластика и хартија и нивно редовно чистење барем еднаш неделно.
  • Утринско и вечерно прскање на улиците.
  • Поставување клупи за седење во дворните места од зградите и прскалки за вода онаму каде што е можно.
  • Реставрација на постојните и изградба на нови детски игралишта.
  • Набавка за глисер за брза помош во функција на сите крајезерски села и стариот дел на градот.
  • Уредување на Студенчишко Блато и воспоставување комуникација преку премостени канали со езерото со акцент на заштита на флората и фауната.

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Центар

Опис на проект

  • Функционално ќе се уреди урбаниот простор и парк на дел од „Кеј Македонија“ (Холандски парк-кај споменикот на А Ден Долард)
  • Ќе се изврши целосна реконструкција на улица „Партизанска“ – комплекс Охридати
  • Дислокација на типизираните куќарки на соодветна локација
  • Целосна реконструкција и санација на малото пристаниште
  • Ќе се врши субвенционирање на постоечки колективни згради за изградба и реконструкција на енергетско-ефикасни фасади

Кошишта

Опис на проект

  • Целосно асфалтирање на просторот пред зградата на ул. Пере Тошев
  • Ќе се изврши реконструкција на атмосферската и фекалната канализација – населба Далјан

Воска

Опис на проект

  • Ќе се изврши чистење на коритото на реката
  • Ќе се обрне особено внимание на хигиенските услови во заедницата
  • Ќе се изгради игралиште за деца
  • Изградба и уредување на јавниот парк, плажа и паркинг
  • Ќе се реконструира ул. Васил Стефоски и ќе се постави атмосферска канализација

Лескајца

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на ул. Дејан Војвода и Стив Наумов

Даме Груев

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на дел од улица „Даме Груев“ од кружна крстосница „Јане Сандански“ со улица „Питу Гули“ до пресек со булевар „Туристичка“
  • Партерно уредување на јавната површина и санација на постоечката фонтана кај Тренд и поставување на урбана опрема
  • Целосно ќе се обнови уличното осветлување
  • Ќе се изврши целосна реконструкција на атмосферска и фекална канализација на ул. Богомилска
  • Ќе се изврши санација на водоводната мрежа на улица Јане Сандански, со изградба на соодветна дренажа за заштита од поплавување на подрумските и гаражните простории при обилни врнежи

7 Ноември

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на дел од улица „7ми Ноември“ од кружна крстосница „Охридска Банка“ до пресек со улица „Егејска“
  • Ново сообраќајно решение на ул. Богомилска со цел непречено движење на возилата и истата ќе се трансформира во еднонасочна улица
  • Ќе се изврши реконструкција на ул. Бекир Алириза од ул. Абас Емин, преку Бул. „Македонски Просветители“ до ул. „7-ми Ноември“
  • Ќе се изнајде соодветно решение за безбедно минување на пешаци кај Крст Џамија
  • Ќе се изнајде соодветно сообраќајно решение за да се подобри безбедноста во сообраќајот на ул. Железничка
  • Ќе се изврши урбанистичко и комунално уредување на згради на Бул. „Македонски Просветители“

Билјанини Извори

Опис на проект

  • Ќе се реконструираат сите споредни улици во целата населба
  • Ќе се обнови постојното улично осветлување на ул. „Мирче Ацев“ и ќе се постават нови единици каде што ќе има потреба
  • Ќе се асфалтира почетокот на ул. „Никола Карев“
  • Ќе се доуреди паркот кај Мини Маркет со зеленило и високо-стеблести дрва и ќе се постави безбедносна ограда на страната кон ул. „Туристичка“

Христо Узунов

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на покриви од азбест на згради во комплекс „Христо Узунов“ со ЕУ фондови, може за соларни панели, а вишокот на струја да се користи за школи, градинки, улично осветлување
  • Реконструкција на влезот во училиштето „Христо Узунов“
  • Ќе се отстрани мостот кај „Христо Узунов“

Горна Влашка Маала

Опис на проект

  • Целосна реконструкција на фекалната и атмосферската канализација во населбата
  • Ќе се изнајдат решенија за санација и други мерки на објектите кои ја загрозуваат безбедноста, пр. куќа на аголот кај Охрид Мол
  • Реконструкција на улица, крак на ул. „Марко Нестороски“ кој се спојува со ул. „Крсте Мисирков“
  • Ќе се изнајде решение за проширување на ул. „Васил Главинов“ од Кам-маркет до ул. „Марко Нестороски“

Видобишта

Опис на проект

  • Ќе се реконструира целосно водоводната мрежа
  • Ќе се изврши асфалтирање на теренот кај зградите од болнички блок

Гоце Делчев

Опис на проект

  • Ќе се изгради нова атмосферска и ќе реконструира постоечката фекална канализација – во населба Бејбунар
  • Ќе се изврши реконструкција на сите улиците во населба „Бараки”

Железничка

Опис на проект

  • Ќе се санира и реконструира детско игралиште на ул. Крали Марко
  • Ќе се асфалтира и реконструира ул. Тетовска (од ул. Охридска бригада до ул. Абас Емин)
  • Ќе се изврши комплетна реконструкција на ул. Будва, Прилепска, Винковачка
  • Ќе се изнајде решение за дислокација на претоварна станица на Нискоградба
  • Ќе се изнајде соодветно сообраќајно решение (пр. Кружен тек) за крстосницата кај самопослуга „Стрикан“

Радојца Новичиќ

Опис на проект

  • Ќе се асфалтира улица на потегот од Еко Шпар, низ полето, до Лескоец
  • Ќе се изврши комплетна реконструкција на ул. Петрино
  • Ќе се поставуат современи автобуски постојки од ул. Радојца Новичиќ до ул. Кленоец
  • Ќе се изнајде решение за изградба на детска градинка во оваа населба

15 Корпус

Опис на проект

  • Ќе се санира и редовно одржува коритото на река Сушица
  • Ќе се асфалтираат споредните улички низ оваа населба
  • Целосна покриеност со улично осветлување
  • Поставување на комунална опрема за одложување на отпад (канти за отпад)

Велесто и Рача

Опис на проект

  • Ќе се асфалтираат 3 краци со вкупна должина од 350 метри во населба Рача и неколку мали споредни улички во с. Велестово
  • Ќе се асфалтира постоечкиот земјен пат во с. Велестово, кој води до светиот крст во с. Велестово
  • Целосно асфалтирање на сите споредни улички низ целата населба
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Чекоштина

Опис на проект

  • Ќе се изврши реставрација на Алтанин мост и во близина ќе се изгради нов мост кој безбедносно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од регионот кој се повеќе урбанистички се развива

Долна Влашка Маала

Опис на проект

  • Ќе се изнајде соодветно решение за атмосферска канализација кај хотел „Дипломат“
  • Целосна реконструкција на ул. „Спас Банџов“
  • Целосна реконструкција на ул. „Страшо Пинџур“

Љубаништа

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на постоечкиот локален пат од кампот „Љубаништа“ до главниот пат
  • Ќе се најде решение за надминување на проблемот со водоснабдување
  • Домот на култура ќе се стави во функција на граѓаните
  • Ќе се изврши реконструкција на пристаништето во Св. Наум

Трпејца

Опис на проект

  • Ќе се изгради функционална прочистителна станица
  • Ќе се постават рециклирачки острови/пунктови и ќе се обезбеди редовно празнење на истите
  • Ќе се изнајде соодветно решение за паркинг простор

Пештани

Опис на проект

  • Ќе се изгради кејот од влезот на Пештани до центарот
  • Ќе се изнајде функционално решение за проблемот со гробни места (дислокација или нова локација на гробиштата)
  • Ќе се изнајде соодветно решение за паркинг во летниот период
  • Ќе се води сметка за редовно одржување (чистење и миење) на улиците

Елшани со Елешец

Опис на проект

  • Целосно асфалтирање на сите споредни улички низ населбата
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Долно Коњско со Коњско

Опис на проект

  • Фекална канализација на дел од населба Исток кон фурна „Хотел Гранит“
  • Целосна покриеност со улично осветлување
  • Реконструкција и целосно асфалтирање на сите споредни улички низ населбата

Св. Стефан

Опис на проект

  • Реконструкција и асфалтирање на земјениот пат до с. Шипокно
  • Целосна покриеност со улично осветлување
  • Зголемување на степенот на хигиена со поинтензивна интервенција особено во летниот период
  • Изградба на современа автобуска постојка

Рамне

Опис на проект

  • Целосно инсталирање и покриеност со водоводна мрежа
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Велгошти

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на патот кој ги поврзува село Велгошти со село Лескоец
  • Ќе се изврши целосна реконструкција и асфалтирање на патот за црквата Св. Петар и Павел
  • Решавање на деценискиот проблем со атмосферската вода, канализирање и дренажи
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Лескоец

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на патот од с. Лескоец до с. Долно Лакочереј
  • Ќе се изнајде соодветно сообраќајно решение за безбедно приклучување на патот Охрид - Битола - ул. Рашанец, пример преку поставување паметни семафори
  • Ќе се изградат тротоари и велосипедска патека на ул. Рашанец
  • Ќе се постават корпи за отпадоци на сите улици од с. Лескоец
  • Ќе се изгради модерен детски парк и мини сала во ООУ Ванчо Николески
  • Ќе се инсталира систем за вентилација во големата сала во Домот на култура
  • Ќе се постават сферни огледала и лежечки полицајци на ул. Караорман

Горно Лакочереј

Опис на проект

  • Асфалтирање на локален пат од село Горно Лакочереј до село Лескоец
  • Целосна покриеност со улично осветлување
  • Реконструкција на Дом – бивша училишна установа
  • Реконструкција на спортското игралиште

Долно Лакочереј

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на улица во село Долно Лакочереј крак 2
  • Ќе се асфалтира локален пат од село Лескоец до село Долно Лакочереј
  • Ќе се постави и реконструира линиска инфраструктура за примарна фекална канализација во село Долно Лакочереј (до приклучна шахта Алтанин мост)
  • Реконструкција на спортското игралиште во рамки на ОУ Кочо Рачин
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Подмоље

Опис на проект

  • Целосна реконструкција и асфалтирање на главниот пат кој поминува низ цело Подмоље
  • Целосно асфалтирање на сите споредни улички низ селото
  • Реконструкција на спортското игралиште
  • Реконструкција на постоечкиот
  • Изградба на современи автобуски постројки
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Косел

Опис на проект

  • Асфалтирање на локален пат од село Горно Лакочереј до село Лескоец, Дебелополе
  • Ќе се постави и реконструира канализациона мрежа
  • Целосна покриеност со улично осветлување
  • Реконструкција на спортското игралиште во рамките на училиштето

Вапила

Опис на проект

  • Ќе се изнајде трајно решение за проблемот со водоснабдувањето
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Опеница

Опис на проект

  • Целосна покриеност со улично осветлување

Завој

Опис на проект

  • Ќе се изврши реконструкција на локален пат за село Завој
  • Целосна покриеност со улично осветлување

Куратица

Опис на проект

  • Целосна покриеност со улично осветлување

Ливоишта

Опис на проект

  • Целосна покриеност со улично осветлување