Почитувани сограѓани, драги преспанци,

Стојам пред вас не само како кандидат за градоначалник туку и како човек што е роден и израснат во Преспа. Човек што го гледа вашето секојдневие, што ги слуша вашите маки и што ја дели истата љубов и болка за Преспа, за Преспанското Езеро, за овоштарниците, за децата и иднината.

Гледаме сите дека Преспа се празни. Младите заминуваат, селата се тивки, луѓето изморени од празни ветувања. Нема ништо потажно од тоа кога родители го испраќаат своето дете со билет во еден правец. Тоа е најголемиот пораз за една заедница.

Преспа има сè што треба, има плодна земја, чисто езеро, прекрасна природа, вредни луѓе. Недостига чесно и посветено водство кое ќе мисли на општото добро, на идните генерации и на оние што создадоа сè за нас.

Јас не ви ветувам чуда преку ноќ, но ви ветувам работа, чесност и борба. Ви ветувам дека ќе бидам првиот меѓу вас, а не над вас. Ветувам дека ќе ја отвориме општината за граѓаните. Секој човек, секој земјоделец, секој млад човек, секој пензионер ќе има право да се чуе неговиот глас. Ќе се бориме за секој јаболков насад, за секој литар чиста вода, за секој турист што ќе дојде и ќе ја почувствува убавината на Преспа. Ќе создадеме услови за работа и за живот. За младите да останат, а не да си одат.

Сите знаеме дека лесен пат нема, но волјата на народот е јасна – сака промени, чесна власт и иднина дома. Затоа ве повикувам: застанете со мене, со своите деца и со Преспа!

Да ѝ дадеме шанса на Преспа!

Александар Бузлевски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА РЕСЕН

  • 1. Борче Ристевски
  • 2. Јулијана Шуминовски
  • 3. Белкз Мустафа
  • 4. Борче Трајчевски
  • 5. Зоран Ивановски
  • 6. Ивана Тасевска
  • 7. Александар Ќулумовски
  • 8. Маријана Кадинска Стојановска
  • 9. Октаир Сулчевски
  • 10. Лидија Србиновска
  • 11. Игор Ивановски
  • 12. Кире Костовски
  • 13. Биле Фузевска
  • 14. Илче Крстевски
  • 15. Димитар Богоевски

Ние сме кандидати за општинскиот Совет и се обраќаме директно до вас – нашите соседи. Преспа одамна чека своја вистинска шанса. Шанса младите да не заминуваат, шанса старите да живеат достоинствено, шанса секој глас да биде слушнат. Ние, советниците, не гледаме на Советот како на фотелја, туку како на место каде што гласот на граѓанинот станува одлука. Нашата мисија е да го донесеме духот на Преспа во секоја точка на дневниот ред – борба за чиста околина, подобра инфраструктура, можности за бизнис и култура што ја враќа гордоста. Ние не сме далечни политичари – ние сме дел од вас, од улиците, од маалата, од полето. Ќе зборуваме јасно, ќе дејствуваме чесно и ќе бидеме секогаш на ваша страна. Преспа ја има шансата, а заедно, нема да ја испуштиме.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Реконструкција на градски пазар;
  • Реконструкција на спортска сала „Зоран Стојановски“;
  • Реконструкција на трибини и соблекувални на фудбалско игралиште;
  • Изградба и адаптација на детска градинка „Јаболче“;
  • Целосно реконструирање на улица „Таше Милошевски“;
  • Целосно реконструирање на улица „Преспанска“;
  • Целосно реконструирање на улица „Стив Наумов“;
  • Реконструкција на 4 краци од улица „Борис Кидрич“;
  • Реконструкција на улица „Коле Неделковски“;
  • Целосно реконструирање на улица „Славејко Арсов“;
  • Реконструирање на дел од улица „29 Ноември“;
  • Целосно реконструирање на улица „Мите Трповски“;
  • Целосно реконструирање на улица „11 Октомври“;
  • Реконструкција на дел од улица Крсте Мисирков;
  • Изградба на атмосферска канализација на улица „29 Ноември“;
  • Реконструирање на дел од улица „Иво Лола Рибар“;
  • Изградба на водоводна мрежа на улица „Димитар Влахов“;
  • Изградба на водоводна мрежа во туристичка населба Претор;
  • Куќни приклучоци на водоводна мрежа во с. Сливница;
  • Поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија на покривот на ООУ „Гоце Делчев“;
  • Поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија на покривот на ООУ „Мите Богоевски“;
  • Поставување фотоволтаици за производство на електрична енергија на покривот на СОУ „Цар Самоул“;
  • Реконструкција на локалниот пат Дрмени ‒ Лавци;
  • Реконструкција на улици во Стење, Наколец, Асамати, Грнчари, Подмочани, Јанковец, Царев Двор, Љубојно, Крани, Горна Бела Црква, локален пат Волкодери, Долно Дупени.
  • Реконструкција на мост на патниот правец Ресен ‒ с. Евла;
  • Изградба на куќни приклучоци на реконструираната водоводна мрежа на дел од улиците „29 Ноември“, „Иво Лола Рибар“, „Јосиф Јосифовски“, „Таше Милошевски“, „Коле Неделковски“, „Илинденска“, „Крсте Мисирков“ и краци на улица „11 Октомври“;
  • Изградба на детски игралишта во с. Јанковец и с. Крани;
  • Целосна реконструкција на училишта во с. Болно и с. Јанковец;
  • Нова спортска сала во училиштето „Гоце Делчев“;

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Изградба на нови стопански комплекси за откуп, складирање, преработка и дистрибуција на земјоделски производи;
  • Нови инвестиции во постојната и новоизградената индустриска зона во Преспа;
  • Привлекување инвеститори во областа на туризмот во Преспа;
  • Реализација на нови бунари и реконструкција на општинската водоводна и канализациска мрежа;
  • Изградба и реконструкција на патишта и пешачки велосипедски мото и адреналински патеки околу Преспанското Езеро;
  • Адаптација и профункционирање на локалната депонија како станица за рециклирање отпад и претоварна трансфер-станица;
  • Туристичка организација на Преспа, креатор и реализатор на заедничка туристичка понуда на Преспа;
  • Поддршка за изградба на социјални станови за млади брачни парови и социјално загрозени лица;
  • Подобрување на локалните услови за водење на бизнис и поддршка на мали и средни претпријатија;
  • Промоција и осовременување на индустриските развојни зони Макази и Преспатекс;
  • Креирање планска документација и почеток и промоција со уредување на туристичките развојни зони Стење и Сирхан;
  • Подготовка на урбанистичко планска документација и изградба на нова индустриска зона на влезот во Ресен;
  • Финансирање на локални микропроекти за поттикнување на локалниот економски развој;
  • Локална стратегија за промоција на потенцијалите на Преспа и привлекување на ДСИ;
  • Дигитална инфраструктура, дигитални услуги и дигитална општина;
  • Бесплатни информатички курсеви за ранливи групи население;
  • Санација на полски патишта во 30 селски населби;
  • Решавање на проблемот со недостиг на паркинг-места во Ресен;
  • Обезбедување возила за превоз на ученици и наставници;
  • Изработка на урбанистичко-планска документација;
  • Решавање на проблемот со водоснабдување во Претор и Коњско;
  • Изградба на канализациски системи со пречистителни станици во туристичките места Крани и Отешево;
  • Изградба на канализациски системи во 10 села;
  • Изградба на пешачко-велосипедска патека Ресен – Ц. Двор – Отешево ‒ Стење;
  • Изградба на пешачко-велосипедска патека Крани – Штрбово – Наколец ‒ Д. Дупени;
  • Изградба на нови светлечки места во местата каде што нема осветлување;
  • Енергетска ефикасна општина – гасификација и обезбедување приклучок за гас до секој дом, производствен погон и јавен објект во Преспа;
  • Организација на работа на општинско-туристичко биро;
  • Промоција и продажба на нова туристичка тура во Преспа;
  • Промоција и тендер за барање инвеститор за изградба на туристички комплекс Финско Село во с. Долно Дупени;
  • Изградба на две понтонски пристаништа на Преспанското Езеро;
  • Уредување на 4 преспански плажи;
  • Развој на спортот на село;
  • Адаптација и санација на простори за изведување културни настани и многу други.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам, затоа што парите мора да се вратат кај граѓаните. Доста е од тендери без корист, додека семејствата едвај врзуваат крај со крај, а младите заминуваат. Ќе воведеме домаќинско работење – секој денар планиран и штедлив. Така ќе обезбедиме повеќе средства за децата, образованието, спортот, пензионерите и подобри услови во селата и градот. Сакам Преспа да е место за живот, а не за иселување.

Колку е важно да се има визија за општината, за нејзино подобро функционирање и за нејзин развој. Дали во тој контекст е потребно да се има и визија за општеството во целина?

Без визија ‒ нема иднина. Општината мора да се води домаќински, со план за 5, 10 години. Сакаме Преспа да биде чиста, развиена и место каде што семејствата остануваат. Визијата не е само за општината, туку и за општеството – образование, економија, екологија. Само со чесна работа и вистински инвестиции градиме иднина за сите.

Што е тоа што сметате дека мора да се направи во следниот мандат и натаму? Нешто што ќе направи промена. Дали е доволно да се понудат само инфраструктурни проекти?

Во следниот мандат мора да покажеме вистинска промена – не само асфалт и тротоари. Тоа е важно, но недоволно. Треба домаќинско управување, нови работни места, поддршка за младите и семејствата и искрена грижа за селата. Инфраструктурата е темел, но промена има само кога луѓето ќе почувствуваат подобар живот.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се нашата иднина и најголем капитал. Ако тие си одат, Преспа ќе остане празна. Затоа мора да им дадеме шанса – работа, услови за живот, спорт, култура. Нашата задача е младите да гледаат перспектива овде, а не билет во еден правец.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Безбедноста на граѓаните е приоритет. Проблемите се несигурни улици, расфрлано ѓубре, кучиња скитници и слаба контрола на јавниот ред. Решението е подобрување на јавната инфраструктура, редовни контроли, повеќе осветлување и чисти улици – за секое семејство да се чувствува сигурно и спокојно дома.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Доброто планирање на просторот и мобилноста е клучно за развој и поквалитетно живеење. Неопходно е подобрување на улиците, безбедни пешачки патеки, јавен транспорт и паметно уредување на просторот – за секој да може лесно, брзо и безбедно да се движи низ градот и селата.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не сме осудени да живееме во ѓубре и отровен воздух. Проблемите се загадување, диви депонии и лоша чистота. Решението е редовно чистење, контрола на депонии, инвестиции во инфраструктура и едукација на граѓаните – за здрава Преспа и воздух што го дишат нашите деца.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Довербата може да се врати. Со домаќинско работење, транспарентност и отвореност кон граѓаните, со подобри општински услуги и реални резултати, граѓаните повторно ќе веруваат дека Преспа се менува на подобро.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Иднина без луѓе нема. Треба да создадеме услови за работа, образование и домување, да вложуваме во семејствата и младите и да покажеме дека Преспа е место каде што има перспектива за секого – за денес и за идните генерации.

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Јас не ветувам празни приказни – работам домаќински, враќам пари кај граѓаните, се борам за младите и семејствата и донесувам реални резултати. Разликата е што јас зборувам вистина, работам чесно и се грижам за секое село и секоја улица во Преспа.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Програма за Општина Ресен

  • Функционален и безбеден јавен простор:
    • Едукација за безбедно користење велосипеди и тротинети
    • „Зимска приказна во Преспа“ – повеќедневна манифестација
    • Стратегија за развој на туризмот – современа и привлечна Општина Ресен
  • Чиста и здрава животна средина:
    • Чистење и трајно решавање на дивите депонии во Општина Ресен
  • Општини по мерка на граѓаните:
    • Граѓански сервис – брза пријава и решавање проблеми
    • „Секој е битен“ – директна граѓанска вклученост во креирање на буџетот
    • Формирање работна позиција за односи со јавноста и медиумска комуникација
    • Домашна поддршка за стари и болни лица
    • Општински мобилни тимови за стари и неподвижни лица
    • СОС-телефон за жртви на семејно насилство
    • Фонд за семејства во ризик
    • Едукативни работилници за здравјето на жените
    • Акциски план за обуки за самовработување на жени
    • Поголем број жени на раководни функции
  • Општини по мерка на граѓаните (продолжение):
    • Општински фонд за жени претприемачи
    • Дневен центар за жени жртви на насилство
    • Програма за ментално здравје на жените
    • Кампањи и бесплатни прегледи за превенција од рак
  • Младите во фокусот – Нова парадигма за здрав и одржлив развој:
    • Локален акциски план за млади
    • Формирање локален младински совет
    • Општински фонд за стипендии за талентирани ученици и студенти
    • Поддршка за уметниците и младите таленти
    • Еднократен надоместок за 5-те најдобри ученици
    • Бесплатни обуки за млади во дигитални вештини
    • Бесплатни часови за деца од социјално ранливи семејства
    • Општинска поддршка за згрижување деца
    • Униформи за учениците – летна и зимска облека
    • Родово одговорно образование
    • Фонд за деца со ретки болести

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

АГРОКАНЦЕЛАРИЈА РЕСЕН – ЦЕНТАР ЗА ИНОВАЦИИ, СОВЕТУВАЊЕ И ТЕХНОЛОШКА ПОДДРШКА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

Опис на проектот

Агроканцеларија Ресен е современ центар што ги обединува советодавните, едукативните и технолошките услуги за земјоделците. Проектот предвидува поставување агрометеоролошки и феромонски станици со камери, интеграција на сите податоци на веб-платформа (PWA) и нивно достапување преку мобилни уреди. Преку овие решенија земјоделците ќе добиваат прецизни прогнози, препораки за заштита од болести и штетници, како и анализа на почва, лисја и вода. Дополнително, ќе се развие општински демонстративен расадник за тестирање нови сорти и технологии, со цел намалување на ризикот, трошоците и прекумерната употреба на пестициди. На тој начин ќе се зголеми конкурентноста на ресенските земјоделци и ќе се поттикне одржлив развој.

Влијание на проектот

Модерни технологии за земјоделците, намалени трошоци и пестициди, повисока конкурентност и развој на Преспа како агроиновациски центар.

Целна група

Земјоделци од Општина Ресен, млади агрономи и ученици, локални компании и институции.

Рок на реализација

2026 година (фазно: поставување опрема, развој на платформа, отворање расадник и едукација).

Буџет

44.350 €

НОВИ БУНАРИ ЗА СТАБИЛЕН ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ И ЗАМЕНА НА ПОСТОЈНАТА ЛИНИЈА КАЈ ЦАРЕВ ДВОР СО ВИСОК ПРИТИСОК

Опис на проектот

Проектот има стратегиско значење за обезбедување сигурно водоснабдување за поширокото подрачје на Општина Ресен. Предвидува ископ и изградба на нови бунари со високоиздржливи пумпи што ќе обезбедат дополнителни количини вода за поголем дел од градот и населените места, како и целосна замена на дотраената водоводна линија во с. Царев Двор. Постојната линија со капацитет од 8 bar ќе се замени со нова цевководна траса од 500 метри со капацитет 16 bar, изработена од HDPE-цевки со поголема отпорност и проточност. Со оваа интервенција се елиминираат загубите и дефектите, се стабилизира системот и се обезбедува континуирано водоснабдување дури и во периоди на зголемена потрошувачка. Проектот обезбедува трајно решение за потребите на домаќинствата, земјоделските производители и јавните институции, како и основа за идно проширување на системот.

Влијание на проектот

Сигурна и зголемена водоснабдителна моќност за Ресен и замена на критична линија во Царев Двор за стабилен проток.

Целна група

Жители на градот Ресен и околните населени места, жители на Царев Двор, јавни институции, земјоделци и бизниси.

Рок на реализација

2027 година

  • 1 месец: хидрогеолошки испитувања и проектирање
  • 1 месец: тендер и избор на изведувач
  • 5–6 месеци: бунари и монтажа на пумпи, замена на линија (500 м)
  • 1–2 месеци: тестирање, технички прием и пуштање

Буџет

140.000 – 150.000 €

КАТНА ГАРАЖА ВО ЦЕНТАРОТ НА РЕСЕН – БЕСПЛАТНО ПАРКИРАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современа катна гаража на постојна паркинг-локација во централното градско подрачје. Со изградба на објект на повеќе нивоа (приземје + катови), значително ќе се зголеми капацитетот за паркирање без дополнително зафаќање на нови урбани површини. Гаражата ќе биде со челична или армирано-бетонска конструкција, со рампа за пристап, енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување, безбедносен систем со видеонадзор, противпожарна заштита и пристапност за лица со попреченост. Уредувањето ќе вклучува дренажа, зеленило и хоризонтална/вертикална сигнализација. Паркирањето ќе биде целосно бесплатно, со можност за временско ограничување за да се овозможи брза ротирачка искористеност. Со ова решение, градот добива трајна инфраструктура што ќе го намали сообраќајниот метеж, ќе го олесни пристапот до јавните институции и ќе ја подобри урбаната слика на центарот.

Влијание на проектот

Современо решение со бесплатно паркирање што го растоварува центарот, создава ред и носи трајна корист за граѓаните.

Целна група

Жители на Ресен, граѓани што користат јавни услуги, деловни субјекти, посетители и туристи.

Рок на реализација

2028 година

  • 2–3 месеци: проектирање и дозволи
  • 2 месеци: тендер и избор на изведувач
  • 7–9 месеци: градежни работи и монтажа
  • 1 месец: технички прием и пуштање во употреба

Буџет

165.000 – 195.000 €

ИЗГРАДБА НА СТАЦИОНАР ЗА БЕЗДОМНИ КУЧИЊА ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современ стационар за згрижување бездомни кучиња во Општина Ресен, со капацитет до 30 животни. Стационарот ќе биде изграден со сите неопходни стандарди за хигиена, безбедност и грижа. Ќе обезбеди простории за сместување, карантин зона, ветеринарна амбуланта и отворен простор за движење. Хранењето на кучињата ќе се врши во соработка со локалните ресторани и угостителски објекти, преку собирање на неискористената храна, со што се намалува отпадот и се создава одржлив систем. Работата во стационарот ќе ја извршуваат двајца вработени во соработка со ветеринари од Ресен, кои ќе вршат редовни стерилизации, кастрации и здравствени прегледи. Проектот има и едукативен карактер – ќе се организираат акции за подигнување на свеста кај граѓаните за хумано постапување и вдомување на кучињата.

Влијание на проектот

Хуман третман на кучињата, помала агресија на улиците, одржлива соработка со угостители и заштита на животната средина.

Целна група

Граѓаните на Општина Ресен, бездомните животни, локалните угостителски објекти, ветеринарите и здруженијата за заштита на животни.

Рок на реализација

2026 година

  • Изградба
  • Опремување
  • Воспоставување систем за хранење
  • Кадровска организација

Буџет

85.000 €

ИЗГРАДБА НА КРУЖЕН ТЕК КАЈ ГОРНА ЏАМИЈА – МОДЕРЕН И БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЕН ЈАЗОЛ

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на кружен тек кај Горна Џамија во Ресен, на патниот правец што ги поврзува Битола и Охрид, а кој е дел од најфреквентните сообраќајници во регионот. Локацијата е критична точка каде што се сретнуваат голем број возила, меѓу кои и товарен транспорт, што создава метеж и небезбедни ситуации. Новиот кружен тек ќе биде изграден според европски стандарди за безбедност и проточност, со доволна ширина и носивост за товарни возила. Ќе вклучува модерна сигнализација, осветлување и пешачки премини. Овој проект значително ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот, ќе ја намали можноста за несреќи и ќе овозможи побрз проток на возила, особено на транзитниот сообраќај што минува низ Ресен.

Влијание на проектот

Зголемена безбедност и проточност на сообраќајот, намален метеж и подобрена инфраструктура на клучна раскрсница во Ресен.

Целна група

Жителите на Ресен и Преспа, патниците од Битола и Охрид, туристите и транспортните компании.

Рок на реализација

2027 година (проектирање, изградба и пуштање во употреба).

Буџет

600.000 €

ПРОЕКТИ

ЧИСТЕЊЕ И ЕКОЛОШКА САНАЦИЈА НА РЕЧНИТЕ КОРИТА И ОДВОДНИТЕ КАНАЛИ ЗА ОБНОВУВАЊЕ НА ПРОТОКОТ КОН ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Опис на проектот

Проектот предвидува системско чистење на речните корита и одводните канали обраснати со вегетација и талог за да се овозможи непречен проток на водата кон Преспанското Езеро. Со ова ќе се врати природниот доток, ќе се подобри еколошката состојба и ќе се создаде трајна основа за зачувување на езерото.

Влијание на проектот

Подобрен проток на вода кон Преспанското Езеро, зачуван екосистем и одржлива средина за жителите и туристите.

Целна група

Жители на Општина Ресен, земјоделци, туристички работници, локални бизниси и идни генерации.

Рок на реализација

2026 ‒ 2027 година (во три фази: процена, чистење и финално уредување).

Буџет

160.000 – 180.000 €

ИНФОЦЕНТАР ЗА ТУРИЗАМ – ВАШИОТ ВОДИЧ НИЗ ОПШТИНАТА

Опис на проектот

Проектот предвидува отворање туристички инфоцентар во Општина Ресен, кој ќе служи како главна точка за информации и промоција на туристичките потенцијали. Центарот ќе нуди мапи, брошури и насоки за културни и природни знаменитости, сместувања и настани. Ќе биде поставен на централна локација и ќе работи во текот на туристичката сезона. Со тоа ќе се подобри видливоста на Преспа и ќе се овозможи подобра услуга за туристите.

Влијание на проектот

Подобра туристичка промоција, повеќе посетители и поддршка за локалната економија.

Целна група

  • Домашни и странски туристи
  • Локални жители
  • Угостители

Рок на реализација

2026 година

Буџет

13.000 €

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СВЕЧЕНАТА ОПШТИНСКА САЛА ВО РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот опфаќа целосна реконструкција на свечената сала во Општина Ресен: поставување нова подлога, таван, климатизација, нови столови и модерна бина. Салата ќе служи за свечености на општината, за младите, училиштата, културни настани и промоции на граѓаните.

Влијание на проектот

Современа сала за свечености, културни настани и активности на младите и граѓаните на Општина Ресен.

Целна група

  • Жителите на Општина Ресен
  • Ученици и наставници
  • Културни друштва
  • Граѓани и гости на свечености

Рок на реализација

2027 година (проектирање, набавка, реконструкција и опремување)

Буџет

60.000 – 70.000 €

ВЕЛОКАНТИ ЗА ЧИСТА И ЗЕЛЕНА ОПШТИНА

Опис на проектот

Проектот предвидува набавка на специјални велосипеди со канти за собирање ситен отпад во населбите на Општина Ресен. Вработени во ЈКП „Пролетер“ ќе ротираат со велосипеди по различни делови на градот и ќе собираат отпадоци од канти и јавни површини. Овој пристап е еколошки, економичен и видлив за граѓаните.

Влијание на проектот

Почиста средина, еколошки пристап, намалување на отпад и зголемена јавна свест за одржливост.

Целна група

  • Жителите на Општина Ресен
  • Туристите
  • Локалната заедница

Рок на реализација

2026 година (набавка на велосипеди, обука и почеток на работа)

Буџет

5.000 – 6.000 €

ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ПРЕСПА – ЈАВНО-ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ГРИЖА И ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба и отворање современ Дом за стари лица во Општина Ресен, преку јавно-приватно партнерство. Објектот ќе овозможи сместување и 24-часовна грижа за постари граѓани, со сите потребни услови: медицинска нега, социјални активности, исхрана и психолошка поддршка. Во Преспа постои реална потреба и можност – голем број жители живеат во раселени семејства, каде што старите лица остануваат сами и без поддршка. Домот ќе биде од големо значење за граѓаните, а воедно ќе создаде и нови работни места за медицински персонал и негуватели. Со ова, Преспа ќе покаже дека се грижи за најранливите категории и ќе обезбеди долгорочна социјална сигурност.

Влијание на проектот

Подобрен квалитет на живот на старите лица, нови работни места и поголема социјална сигурност за граѓаните на Преспа.

Целна група

  • Стари лица од Општина Ресен и поширокиот регион
  • Нивните семејства
  • Медицински и социјални работници

Рок на реализација

2026 – 2029 година (проектирање, изградба, опремување и почнување со работа)

Буџет

800.000 €

ТРАЈНО РЕШЕНИЕ ЗА НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Секоја година Општина Ресен троши значителни средства преку тендери за новогодишно украсување, што претставува непотребен и повторлив трошок. Проектот предвидува еднократна инвестиција во трајно, современо и енергетски ефикасно украсување што ќе може да се користи многу години. Наместо годишни набавки, ќе се реализира јавен повик за локални занаетчии, уметници, училишта и здруженија, кои заедно со општината ќе изработат уникатни украси и светлосни инсталации. Ќе се користат ЛЕД-светилки со ниска потрошувачка и издржлив материјал. На овој начин се намалуваат јавните трошоци, се поттикнува креативноста на локалната заедница и се создава сопствен бренд на празничен изглед што ќе остане препознатлив за Ресен.

Влијание на проектот

Намалени јавни трошоци, трајно украсување, вклучување на локалната заедница и препознатлив празничен изглед на градот.

Целна група

  • Граѓаните на Општина Ресен
  • Локалните уметници, занаетчии и здруженија
  • Младите
  • Сите посетители на градот

Рок на реализација

2025 година (еднократна изработка и поставување)

Буџет

22.000 €

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА И ЗАМЕНА НА АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ ВО СЕЛО ЈАНКОВЕЦ

Опис на проектот

Проектот има цел целосна реконструкција и замена на дотраената и опасна азбестна водоводна мрежа во село Јанковец, која е дел од главната линија што доаѓа од извориштето во село Крушје и ја снабдува Општина Ресен. Азбестните цевки претставуваат сериозен здравствен ризик и чест извор на дефекти и губење на вода. Со замена на постојната мрежа со современи полиетиленски и ПВЦ цевки ќе се обезбеди трајно и безбедно водоснабдување за жителите. Дополнително, ќе се намалат техничките загуби на вода, ќе се зголеми притисокот во мрежата и ќе се обезбеди стабилен и квалитетен доток на вода за домаќинствата. Овој проект е од витално значење за здравјето и квалитетот на животот на жителите на Јанковец, но и за целиот водоводен систем што ја снабдува Општина Ресен.

Влијание на проектот

Подобро и побезбедно водоснабдување, заштита на здравјето, намалени загуби на вода и трајно решение за целата општина Ресен.

Целна група

  • Жителите на село Јанковец
  • Жителите на Општина Ресен
  • Локалното комунално претпријатие
  • Сите корисници на главната водоводна линија

Рок на реализација

2027 ‒ 2028 година (проектирање, изведба и тестирање на системот)

Буџет

550.000 €

ИЗГРАДБА НА СКЕЈТ-ПАРК – НОВО КАТЧЕ ЗА МЛАДИТЕ ВО РЕСЕН

Опис на проектот

Со цел да се поттикне активниот животен стил кај младите и да се создаде нова урбана атракција, Општина Ресен ќе инвестира во изградба на современ скејт-парк. Паркот ќе биде изграден според меѓународни стандарди и ќе содржи рампи, шини, елементи и простор за BMX-велосипеди и ролери. Овој проект ќе им понуди на младите безбедно место за спорт, дружба и креативно изразување, наместо практикување на овие активности на улиците и јавните површини. Дополнително, скејт-паркот ќе стане нова туристичка и спортска атракција што ќе привлекува љубители на екстремни спортови и од околните градови. Со тоа се подига квалитетот на урбаното живеење, се збогатува спортската инфраструктура и се создава модерен простор за младите генерации.

Влијание на проектот

Модерен простор за младите, промоција на здрави навики, урбан спорт и нова атракција за Ресен.

Целна група

  • Млади граѓани на Општина Ресен
  • Љубители на екстремни спортови
  • Ученици
  • Спортски клубови

Рок на реализација

2027 година (проектирање, изградба и опремување)

Буџет

115.000 €

НАБАВКА НА СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО ЗА МИЕЊЕ КОНТЕЈНЕРИ И КАНТИ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Со цел да се подобри хигиената и јавниот ред, Општина Ресен ќе инвестира во набавка на специјално возило за миење и дезинфекција на контејнери. Во моментов, контејнерите се чистат неорганизирано и често претставуваат извор на непријатна миризба и загадување. Новото возило ќе овозможи редовно и брзо миење со топла вода и дезинфекциски средства, без потреба од рачно празнење и обработка. На овој начин ќе се подобри хигиената во урбаните и руралните средини, ќе се намали ширењето на зарази и ќе се подигне квалитетот на животот на граѓаните. Дополнително, јавниот комунален сервис ќе може и да наплаќа дополнителна услуга за миење контејнери кај правните субјекти (ресторани, маркети, хотели), што ќе донесе финансиска одржливост.

Влијание на проектот

Подобра хигиена, почисти улици, намалување на зарази и финансиска одржливост преку дополнителна услуга кон бизнисите.

Целна група

  • Сите жители на Општина Ресен
  • Јавни и приватни субјекти што користат контејнери

Рок на реализација

2026 година (набавка, обука на персонал, пуштање во употреба)

Буџет

34.000 €

ФОРМИРАЊЕ ОЏАЧАРСКА СЛУЖБА ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува воспоставување организирана оџачарска служба во Општина Ресен, со цел подобрување на безбедноста и квалитетот на воздухот. Службата ќе функционира во партнерство со локален претприемач, кој ќе ја обезбедува услугата, додека општината ќе помогне со логистика, промоција и дел од опремата. Редовното чистење на оџаците ќе спречи пожари, ќе ја зголеми енергетската ефикасност и ќе придонесе за намалување на загадувањето. Граѓаните ќе имаат можност брзо и едноставно да закажат услуга преку телефон или онлајн форма, а цената ќе биде симболична и достапна за сите домаќинства. Оваа услуга дополнително ќе отвори можности за вработување и обука на млади лица.

Влијание на проектот

Поголема безбедност, намалено загадување, достапна услуга за граѓаните и поддршка на локално претприемаштво.

Целна група

  • Жителите на Општина Ресен (домаќинства и фирми)
  • Локални претприемачи
  • Млади лица за обука

Рок на реализација

2027 година (формирање служба, набавка на опрема и промоција)

Буџет

7.000 €

МАШИНА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА СО ПОВРАТ НА ПАРИ

Опис на проектот

Проектот предвидува поставување современи машини за селекција и автоматски прием на пластични шишиња во Општина Ресен. Машините ќе функционираат по принцип „поврат на пари“ – секое вратено шише ќе обезбеди симболична финансиска награда или ваучер за граѓанинот. Со ова ќе се стимулира селекцијата на отпад, ќе се намали количината на пластика на депониите и ќе се заштити животната средина. Машините ќе бидат поставени на фреквентни места (центар, училишта, маркети), со можност за директно празнење и транспорт до центар за рециклирање. Овој проект не само што ќе донесе чиста околина, туку и ќе ја зајакне свеста кај граѓаните, особено кај младите, за значењето на рециклирањето и циркуларната економија.

Влијание на проектот

Почиста средина, намалување на пластичен отпад и стимулирање на граѓаните преку поврат на пари или ваучери.

Целна група

  • Сите жители на Општина Ресен
  • Младите и учениците
  • Локалните маркети и компании за рециклирање

Рок на реализација

2026 година (набавка, поставување и поврзување со рециклажен центар)

Буџет

25.000 €

МУЗИЧКА СОБА И СТУДИО ЗА МЛАДИ – КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува адаптација и опремување на модерен простор што ќе служи и како музичка соба и како студио за снимање за младите таленти во Општина Ресен. Просторот ќе биде акустично изолиран, опремен со инструменти (пијано, тапани, гитари), микрофони, озвучување и професионална аудиотехничка опрема. Ќе постои можност за снимање песни, поткасти, музички спотови и организирање работилници со професионални музичари. Со ова младите ќе добијат професионални услови за проби, настапи и креативно изразување наместо импровизации. Студиото ќе поттикне нова музичка сцена во Преспа, ќе обезбеди креативен простор за културни здруженија и ќе го збогати културниот живот во општината.

Влијание на проектот

Поддршка на младите таленти, развој на локална музичка сцена и создавање современ креативен центар во Преспа.

Целна група

  • Млади музичари
  • Ученици
  • Културни здруженија
  • Локални бендови
  • Љубители на музика и култура во Општина Ресен

Рок на реализација

2026 година (адаптација, опремување и пуштање во употреба)

Буџет

60.000 €

ИЗГРАДБА НА МИНИ ГОЛФ-ТЕРЕНИ – НОВА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНА АТРАКЦИЈА ВО РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современи мини голф-терени во Општина Ресен, кои ќе претставуваат нова спортско-рекреативна содржина и туристичка атракција. Мини голфот е спорт и забава што ја практикуваат сите генерации – деца, млади, возрасни и семејства. Терените ќе се изградат на погодна локација во градскиот парк или туристичкиот центар во Преспа и ќе содржат 9-12 тематски патеки со различни пречки и дизајни. Проектот ќе придонесе за збогатување на туристичката понуда, поттикнување на рекреацијата и активниот туризам, како и за создавање ново катче за дружење и забава. Мини голф-терените ќе се користат и за локални и регионални натпревари, со што дополнително ќе се промовира Општина Ресен како иновативна и туристички ориентирана општина.

Влијание на проектот

Нова спортска и туристичка атракција, збогатување на понудата за граѓаните и туристите и промоција на Преспа како дестинација за активен одмор.

Целна група

  • Граѓаните на Општина Ресен
  • Туристи од земјата и странство
  • Ученици
  • Семејства
  • Спортски рекреативци

Рок на реализација

2028 година (проектирање, изградба, опремување и пуштање во употреба)

Буџет

95.000 €

ИНСТАЛАЦИЈА НА ПАМЕТНИ КЛУПИ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува поставување паметни клупи во централни делови на градот, паркови и туристички локации во Општина Ресен. Паметните клупи ќе овозможат бесплатно полнење на мобилни уреди преку соларна енергија, Wi-Fi конекција, ЛЕД-осветлување и сензори за мерење на квалитетот на воздухот и температурата. Со ова решение граѓаните и туристите ќе добијат современ урбан мобилен сервис, а истовремено ќе се промовира користење обновливи извори на енергија. Клупите ќе бидат изработени од издржлив материјал и ќе се вклопат во јавните простори со модерен дизајн. Овој проект ќе ја зголеми дигиталната поврзаност, ќе ја подобри туристичката понуда и ќе обезбеди нова функционалност на јавните површини во општината.

Влијание на проектот

Модерни јавни површини, бесплатно полнење и Wi-Fi, екорешение со соларна енергија и подобра услуга за граѓани и туристи.

Целна група

  • Граѓани на Општина Ресен
  • Ученици
  • Млади
  • Туристи
  • Посетители

Рок на реализација

2027 година (набавка, поставување и пуштање во употреба)

Буџет

40.000 €

ПАРК ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО РЕСЕН – ПРОСТОР ЗА ОДМОР, РЕКРЕАЦИЈА И ДРУЖЕЊЕ

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на посебно дизајниран парк за стари лица во централниот дел на Ресен. Паркот ќе содржи сенки и клупи за одмор, пешачка патека со рамна и безбедна површина погодна за движење со бастуни и помагала, маси со шах и домино за социјални активности, мал цветен и зелен дел за релаксација и уживање во природата, како и лесни справи за физички вежби наменети за постари лица. Просторот ќе биде осветлен и уреден за целосна безбедност, а со тоа ќе се создаде пријатно катче за дружење, рекреација и одржување на физичката активност на повозрасната популација. Овој парк ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на старите лица, нивна социјализација и активно стареење во здрава и пријатна средина.

Влијание на проектот

Подобрена социјализација и здравје на старите лица, безбедно катче за рекреација и дружење, уреден и зелен простор во Ресен.

Целна група

  • Стари лица од Општина Ресен
  • Нивните семејства
  • Здруженија на пензионери
  • Локалната заедница

Рок на реализација

2027 ‒ 2028 година (планирање, изградба и уредување)

Буџет

50.500 €

ИЗГРАДБА И ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА РЕСЕН ‒ ЈАНКОВЕЦ

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на современа пешачка патека што ќе ја поврзе Општина Ресен со село Јанковец, наменета за пешачење, рекреација и спорт. Патеката ќе биде со рамна и безбедна површина, со зелен појас покрај неа и клупи за одмор. За да се овозможи користење и во вечерните часови, целата траса ќе биде опремена со енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Патеката ќе овозможи здрав начин на живот за граѓаните, ќе ја зголеми поврзаноста меѓу Ресен и Јанковец и ќе придонесе за развој на туризмот и урбаното живеење. Овој проект ќе стане ново катче за спортување, прошетки и семејни активности, а со тоа и дополнителна вредност за локалната заедница.

Влијание на проектот

Здрав начин на живот, безбедна рекреација, подобра поврзаност на Ресен и Јанковец и нова урбана атракција.

Целна група

  • Граѓаните на Општина Ресен
  • Жителите на Јанковец
  • Туристи
  • Љубители на спорт и рекреација

Рок на реализација

2026 година (планирање, изградба и поставување осветлување)

Буџет

340.000 €

ИЗГРАДБА НА ПЕШАЧКА ПАТЕКА РЕСЕН – ЦАРЕВ ДВОР

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на уредена пешачка патека што ќе ја поврзе Општина Ресен со село Царев Двор. Патеката ќе биде со рамна, безбедна и приспособена за пешачење, трчање и рекреативно возење велосипеди. Ќе бидат поставени клупи за одмор, канти за отпадоци и зелен појас покрај патеката за подобра естетика и уживање во природата. За зголемена безбедност, делови од трасата ќе бидат опремени со енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Оваа патека ќе им овозможи на граѓаните и туристите здраво рекреативно катче, ќе ја подобри поврзаноста на градот со едно од најважните села во Преспа и ќе придонесе за развој на спортскиот и руралниот туризам.

Влијание на проектот

Зголемена рекреација, ново катче за спорт и туризам, подобра поврзаност меѓу Ресен и Царев Двор и подигнат квалитет на живот.

Целна група

  • Граѓаните на Ресен
  • Жителите на Царев Двор
  • Туристи
  • Рекреативци

Рок на реализација

2026 ‒ 2027 година (проектирање, изградба и опремување)

Буџет

435.000 €

ПРЕНАМЕНА НА ПОСТОЈНОТО ИГРАЛИШТЕ НА ПОТЕГОТ РЕСЕН – ЦАРЕВ ДВОР ВО СПОРТСКА ЗОНА СО ПАТЕКА ЗА ТРЧАЊЕ И СПРАВИ НА ОТВОРЕНО

Опис на проектот

Проектот предвидува целосна пренамена и уредување на постојното игралиште на излез од Ресен кон Царев Двор, во современа спортско-рекреативна зона. Ќе се изгради кружна патека за трчање со безбедна подлога, наменета за рекреативци и спортисти. Во просторот ќе бидат поставени справи за вежбање на отворено (кардио- и фитнес-опрема), како и клупи и сенки за одмор. Ќе се задржи и дел од површината за спортски активности (фудбал, кошарка или одбојка) за младите. Просторот ќе биде осветлен со енергетски ефикасни светилки за вечерна употреба. Проектот ќе се реализира во соработка со локални компании што ќе помогнат со донации или јавно-приватно партнерство. На овој начин се создава модерен и функционален спортски комплекс што ќе го поттикнува здравиот живот и активната рекреација на граѓаните.

Влијание на проектот

Модерен спортски простор, поттикнување на здрави навики, подобра рекреација и јавно-приватна соработка за локален развој.

Целна група

  • Жители на Ресен и околните села
  • Млади спортисти
  • Рекреативци
  • Семејства
  • Компании што поддржуваат спорт

Рок на реализација

2027 година (планирање, изградба, поставување опрема и осветлување)

Буџет

110.000 €

ПЛАНИНСКА ПАТЕКА НИЗ ШУМА: СОУ „ЦАР САМОИЛ“ – МАНАСТИР „СВ. БОГОРОДИЦА“ – с. ЈАНКОВЕЦ

Опис на проектот

Проектот предвидува уредување на оф-роуд планинска патека низ шумски предел, која ќе ја поврзува трасата од СОУ „Цар Самоил“ преку манастирот „Св. Богородица“ до с. Јанковец. Патеката ќе биде со природна подлога (земја, чакал и дрвени делници) и ќе овозможува користење за планински велосипеди и пешачење. Ќе се трасираат две нивоа: рекреативна патека за семејства и љубители на лесни прошетки и спортска делница со поголем предизвик за велосипедисти. По должината ќе се постават заштитни огради на стрмнини, информативни табли, патокази и места за одмор со клупи. Патеката ќе промовира здрав живот, авантуристички и екотуризам и ќе создаде нова атракција во Преспа, во комбинација со културното наследство на манастирот.

Влијание на проектот

Развој на авантуристички туризам, промоција на здрав живот и нова атракција за велосипедисти, планинари и туристи.

Целна група

  • Млади
  • Планинари
  • Велосипедисти
  • Туристи
  • Рекреативци
  • Љубители на природа во Општина Ресен

Рок на реализација

2027 година (трасирање, уредување, поставување сигнализација и инфраструктура)

Буџет

45.000 €

РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА САНИТАРНИТЕ ЈАЗЛИ ВО ОСНОВНИТЕ И ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ЦАР САМУИЛ“ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува целосна реконструкција и модернизација на санитарните јазли во сите училишта во Општина Ресен. Во моментов, поголем дел од санитарните јазли се во дотраена состојба, со застарена водоводна и канализациска инфраструктура и недоволни хигиенски услови. Со проектот ќе се изврши замена на водоводни и канализациски цевки, поставување нови WC-школки, мијалници, славини и сушачи за раце, како и нови подни и ѕидни облоги со керамика. Ќе се инсталира енергетски ефикасно осветлување и вентилација за одржување на хигиената. Реконструкцијата ќе обезбеди здрави и безбедни услови за учениците и наставниците, ќе го подобри нивото на хигиена и ќе придонесе за достоинствени училишни простори.

Влијание на проектот

Подобрена хигиена, здравје и достоинствени услови за учениците и наставниците во сите училишта во Општина Ресен.

Целна група

  • Учениците во сите основни училишта во Општина Ресен
  • Учениците во средното училиште во Општина Ресен
  • Наставниот кадар

Рок на реализација

2026 година (проектирање, реконструкција и пуштање во употреба)

Буџет

130.000 €

ОПРЕМУВАЊЕ НА САЛА ЗА ПИНГ-ПОНГ ВО РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува адаптација на помал спортски објект или простор во Општина Ресен што ќе биде наменет исклучиво за пинг-понг. Салата ќе биде опремена со професионални маси, рекети, мрежи и простор за тренинг, натпревари и рекреација. Ќе се овозможи користење и од ученици од основните и средното училиште, како и од љубители на спортот од сите возрасти. Салата ќе може да биде и домаќин на регионални турнири, со што ќе се промовира пинг-понгот како спорт што развива брзина, концентрација и физичка активност. Проектот ќе го збогати спортскиот живот во општината, ќе овозможи нови активности за младите и ќе го поддржи здравиот начин на живот.

Влијание на проектот

Развој на спортот пинг-понг, нов простор за рекреација и можност за организирање турнири во Општина Ресен.

Целна група

  • Ученици од основните и средното училиште
  • Млади спортисти
  • Спортски клубови
  • Рекреативци и љубители на пинг-понг од Општина Ресен

Рок на реализација

2027 година (адаптација/изградба, опремување и пуштање во употреба)

Буџет

27.500 €

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛ. „11 СЕПТЕМВРИ“ – ПОТЕГ ОД УЛ.„МИТЕ ТРПОВСКИ“ ДО УЛ. „НАУМ ВЕСЛИЕВСКИ“

Опис на проектот

Проектот предвидува целосна реконструкција на улицата „11 Септември“ на потегот од ул. „Мите Трповски“ до ул. „Наум Веслиевски“, односно паралелната улица што се наоѓа зад зградите на ул. „Јосиф Јосифовски“ и која во моментов е еднонасочна. Улицата е во лоша состојба со оштетен коловоз и недоволна сигнализација. Со проектот ќе се изврши замена на коловозната подлога, уредување на тротоарите и поставување нова сообраќајна сигнализација. Оваа реконструкција ќе овозможи побезбедно движење на возила и пешаци, ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе придонесе за подобар урбан изглед на централното градско подрачје.

Влијание на проектот

Побезбеден и уреден сообраќај, подобрена инфраструктура и подобар квалитет на живот за жителите на централното подрачје.

Целна група

  • Жителите на околните згради и куќи
  • Учесниците во сообраќајот
  • Сите граѓани што се движат низ центарот на Ресен

Рок на реализација

2027 година (проект, изведба, пуштање во употреба)

Буџет

325.000 €

АДАПТАЦИЈА НА БАРАКИТЕ КАЈ ГРАДСКИОТ ПАЗАР И ИЗГРАДБА НА ЈАВНИ ТОАЛЕТИ

Опис на проектот

Проектот предвидува реконструкција, уредување и модернизација на постојните бараки и изградба на функционални јавни тоалети. Со текот на годините пазарот стана центар на економска активност, но со недоволни услови за продавачи и купувачи. Новиот проект ќе обезбеди хигиенски стандарди и пристап за лица со попреченост. Ќе се адаптираат бараките за потребите на локалните производители и ќе се изградат јавни тоалети достапни за сите посетители. Со ова, градскиот пазар ќе стане современо и уредено место за трговија, развој на локалната економија и промоција на преспанските производи.

Влијание на проектот

Современ и функционален пазар, подобри услови за продавачи и купувачи и развој на локалната економија во Ресен.

Целна група

  • Локални земјоделци и производители
  • Трговци
  • Посетители
  • Сите граѓани на Општина Ресен

Рок на реализација

2027 ‒ 2028 година (проектирање, реконструкција и изградба)

Буџет

90.000 €

СВЕТЛЕЧКА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ

Опис на проектот

Проектот предвидува поставување современа светлечка сигнализација на најфреквентните пешачки премини во Ресен и Преспа, со цел зголемување на безбедноста на пешаците и возачите. Системот ќе се состои од ЛЕД-светлечки панели вградени во коловозот и вертикални знаци со соларно напојување, кои се активираат при присуство на пешак. Оваа технологија обезбедува јасна видливост дење и ноќе, како и во услови на намалена прегледност (магла, дожд, снег). Проектот е особено значаен во близина на училишта, детски градинки и централните градски улици. Со вакви решенија, Општина Ресен ќе го подобри сообраќајниот ред, ќе ја зголеми безбедноста на своите граѓани и ќе покаже дека се грижи за модерна и сигурна инфраструктура.

Влијание на проектот

Зголемена безбедност на пешаците, особено децата и возрасните, преку современи и енергетски ефикасни решенија за сообраќај.

Целна група

  • Пешаците (ученици, постари лица, граѓани)
  • Возачите
  • Училиштата и институциите
  • Сите учесници во сообраќајот

Рок на реализација

2026 година (избор на локации, набавка, поставување и пуштање во работа)

Буџет

73.000 €

ИЗГРАДБА НА КРУЖЕН ТЕК „МАКАЗИ“ – СТРАТЕГИСКА СООБРАЌАЈНА ВРСКА ЗА ПРЕСПА

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на кружен тек на локацијата Макази, каде што се спојуваат патиштата од Ресен кон Битола и од селата Претор и крајезерските населби кон главниот пат за Битола. Оваа раскрсница е клучна сообраќајна точка за жителите на Преспа и туристите, но во моменталната состојба е небезбедна, непрегледна и често оптоварена со сообраќај. Со изградба на модерен кружен тек ќе се подобри проточноста на возилата, ќе се намали бројот на сообраќајни несреќи и ќе се обезбеди безбедно движење за сите учесници во сообраќајот, вклучително и товарниот транспорт. Кружниот тек ќе биде димензиониран според европски стандарди, со јасна сигнализација, улично осветлување и уредено зеленило во централниот дел.

Влијание на проектот

Поголема безбедност и проточност кај клучна сообраќајна раскрсница, намален ризик од несреќи и подобра инфраструктура за жителите и туристите.

Целна група

  • Жителите на селата Претор и крајезерските населби
  • Граѓаните на Ресен
  • Туристите
  • Сите транзитни возила што поминуваат кон Битола

Рок на реализација

2027 ‒ 2029 година (проектирање, изградба и пуштање во употреба)

Буџет

530.000 €

ЗАСАДУВАЊЕ НА УРБАНИ МИНИШУМИЧКИ И КАТАСТАР ЗА ЗЕЛЕНИЛО ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува двојна иницијатива: засадување урбани минишумички и изработка на прв катастар за зеленило во Општина Ресен. Урбаните минишумички ќе бидат создадени на неискористени јавни површини, покрај улици, во паркови и околу училишта. Ќе се користат автохтони дрвја и грмушки со брз раст што ќе обезбедат сенка, ќе апсорбираат загадувачи и ќе ја подобрат естетиката на градот. Паралелно, ќе се изработи катастар за зеленило – дигитална мапа со сите дрвја, паркови и зелени површини во општината. Ова ќе овозможи системско планирање на нови садења, редовно одржување и мониторинг. Во активностите ќе бидат вклучени ученици, граѓани и еколошки здруженија. Со проектот Ресен ќе добие нови зелени оази и модерен алат за управување со животната средина.

Влијание на проектот

Нови зелени површини, почист воздух, дигитален катастар за зеленило и одржливо управување со еколошките ресурси на Ресен.

Целна група

  • Жителите на Општина Ресен
  • Ученици и млади
  • Еколошки здруженија
  • Локални институции
  • Идни инвеститори

Рок на реализација

2026 година (садење, изработка на катастар и пуштање во употреба)

Буџет

75.000 €

МОДЕРНИ ФОНТАНИ ЗА ПИЕЊЕ ВОДА НА ЈАВНИ ПРОСТОРИ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува поставување модерни и функционални фонтани за пиење вода на повеќе јавни простори во Општина Ресен – паркови, плоштади, спортски терени и училишни дворови. Фонтаните ќе бидат изработени од издржливи и хигиенски материјали (инокс и камен), со систем за филтрација и економична потрошувачка на вода. Некои од фонтаните ќе бидат приспособени за лица со попреченост и за домашни миленици. Со нивното поставување, граѓаните и туристите ќе имаат постојан пристап до чиста и безбедна вода за пиење, особено во летните месеци. Овој проект ја промовира здравата навика за консумација на вода, ја намалува употребата на пластични шишиња и ја подобрува еколошката слика на општината.

Влијание на проектот

Побрз пристап до чиста вода за пиење, здрави навики, поддршка за туристите и намалување на употребата на пластика.

Целна група

  • Граѓаните на Општина Ресен
  • Ученици
  • Спортисти
  • Туристи
  • Лица со попреченост

Рок на реализација

2027 година (набавка, поставување и пуштање во употреба)

Буџет

32.000 €

ИЗГРАДБА НА ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ВО ОПШТИНА РЕСЕН

Опис на проектот

Проектот предвидува изградба на модерни и безбедни велосипедски патеки во градот Ресен и кон туристичките локалитети околу Преспанското Езеро. Патеките ќе бидат физички одвоени од коловозот, со јасна сигнализација, ознаки и осветлување. Ќе се уредат делници низ градските улици, кои ќе го олеснат секојдневното движење на велосипедистите, како и патеки што ќе ги поврзат парковите, училиштата и спортските терени. Во втората фаза ќе се развијат туристички патеки што ќе водат кон селата и крајезерските зони, со што ќе се поттикне екотуризмот. Воспоставувањето велосипедска инфраструктура ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, почиста животна средина, подобро здравје на граѓаните и промоција на активен и одржлив начин на транспорт.

Влијание на проектот

Зголемена безбедност за велосипедисти, почиста околина, развој на екотуризам и поттикнување на здрави животни навики.

Целна група

  • Жители на Општина Ресен
  • Ученици
  • Млади
  • Туристи

Рок на реализација

2026 ‒ 2028 година (проектирање, изградба и поставување сигнализација)

Буџет

850.000 €

СТУДИЈА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ И ПОСТАВУВАЊЕ СЕНЗОРИ ЗА АЕРОЗАГАДУВАЊЕ – „ДИШЕТЕ СЛОБОДНО, БИДЕТЕ ИНФОРМИРАНИ!“

Опис на проектот

Проектот предвидува изготвување студија за причинители на загадување на воздухот во Општина Ресен и поставување на три автоматски мерни станици од најнова генерација (Melvine). Овие станици ќе овозможат 24/7 мониторинг на сите значајни загадувачи во воздухот со висока прецизност (PM1, PM2.5, PM10, CO, CO₂, NO, NO₂, SO₂, O₃ и УВ-индекс). Податоците ќе бидат достапни во реално време преку клауд сервер, што ќе овозможи локалните власти, институциите и граѓаните да имаат сигурни информации за квалитетот на воздухот. Собраните резултати ќе бидат основа за студија со препораки и мерки за намалување на загадувањето. Овој проект обезбедува транспарентност, зголемена еколошка свест и подобар квалитет на живот.

Влијание на проектот

Прецизни податоци за воздухот, поголема свест кај граѓаните и основа за ефикасни мерки против загадување.

Целна група

  • Сите жители на Општина Ресен
  • Локалните институции
  • Индустријата
  • Училиштата
  • Туристите

Рок на реализација

2026 година

Буџет

16.700 €

ДИГИТАЛНА ОПШТИНА РЕСЕН – МОДЕРНИ УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Опис на проектот

Проектот предвидува трансформација на Општина Ресен во дигитална општина преку воведување современи електронски услуги достапни за сите граѓани. Ќе се развие интегрирана веб-платформа и мобилна апликација за поднесување барања, следење предмети, плаќање комунални такси и даноци, пријавување проблеми и директна комуникација со општинските служби. Ќе се воведе електронски архивски систем и дигитален катастар за урбано планирање и зеленила, како и онлајн буџет со јавна транспарентност. Овој проект ќе ја зголеми ефикасноста на администрацијата, ќе ги намали трошоците за граѓаните и ќе овозможи транспарентност и брза комуникација. Дигиталната општина ќе биде пример за модерна, достапна и ефикасна локална самоуправа во Македонија.

Влијание на проектот

Побрзи и полесни услуги за граѓаните, транспарентност, ефикасност и модернизација на општинската администрација.

Целна група

  • Сите жители на Општина Ресен
  • Локални бизниси
  • Институции
  • Инвеститори

Рок на реализација

2026 ‒ 2027 година (развој на платформа, дигитализација на услуги и промоција).

Буџет

46.000 €

МЕСНИ ПРОЕКТИ

УЗ Ресен

  • Реконструкција на ул. „11-ти Септември“
  • Реконструкција на ул. „Кузман Јосифовски“
  • Реконструкција на ул. „Мите Трајчевски“
  • Реконструкција на ул. „Населба Пролет“
  • Реконструкција на ул. „Коле Неделковски“
  • Реконструкција на ул. „Мите Богоевски“

МЗ с. Наколец

  • Асфалтирање улици
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро

МЗ с. Штрбово

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро
  • Асфалтирање селски улици

МЗ с. Крани, с. Арвати

  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Реконструкција на споредни улици

МЗ с. Долно Дупени

  • Обезбедување дополнителни количини вода за пиење
  • Уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро
  • Асфалтирање селски улици

МЗ с. Брајчино

  • Асфалтирање селски улици

МЗ с. Љубојно

  • Асфалтирање селски улици
  • Реконструкција и модернизација на санитарните јазли во ОУ „Димитар Влахов“
  • Инсталација на паметна клупа
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Сливница

  • Асфалтирање селски улици
  • Инсталација на паметна клупа
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Претор

  • Асфалтирање споредни улици
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Реконструкција и доопремување на пешачка патека Претор – Крани ‒ Сливница
  • Инсталација на паметна клупа

МЗ с. Рајца

  • Асфалтирање споредни улици
  • Набавка на хлоринатор

МЗ с. Курбиново

  • Асфалтирање споредни улици
  • Чистење на речно корито

МЗ с. Асамати

  • Асфалтирање селски улици
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Изградба на спортско игралиште

МЗ с. Грнчари

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Подмочани

  • Набавка на хлоринатор
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Горна Бела Црква

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Козјак

  • Асфалтирање улици
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Изградба на фекална канализација

МЗ с. Долна Бела Црква

  • Асфалтирање улици
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро

МЗ с. Царев Двор

  • Уредување на речното корито
  • Изградба на пешачка патека Ресен – Царев Двор
  • Нови бунари за стабилен водоснабдителен систем и замена на постојната линија кај Царев Двор со висок притисок
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Асфалтирање улици
  • Поставување модерна фонтана за вода кај селскиот дом
  • Реконструкција и модернизација на санитарните јазли во ОУ „Браќа Миладиновци“
  • Инсталација на паметна клупа

МЗ с. Езерени

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Дрмени

  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Лавци

  • Проширување на мостот на патен правец од с. Дрмени до с. Лавци
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Перово

  • Асфалтирање селски пат од Горно Перово до Долно Перово
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Покрвеник

  • Изградба на мост на селската река
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Шурленци

  • Асфалтирање улици
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Волкодери

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Стење, с. Конско

  • Изградба на фекална канализација с. Конско
  • Обезбедување дополнителни количини вода за пиење с. Конско
  • Асфалтирање
  • Инсталација на паметна клупа
  • Чистење и уредување на крајбрежјето на Преспанското Езеро

МЗ с. Сопотско

  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици

МЗ с. Златари

  • Реконструкција на локален пат од Ресен до с. Златари
  • Асфалтирање

МЗ с. Јанковец

  • Промена на азбестни цевки од водоводна мрежа
  • Асфалтирање улици
  • Изградба и осветлување на пешачка патека Ресен ‒ Јанковец
  • Патека за рекреација од СОУ „Цар Самоил“ – манастир „Пресвета Богородица“ с. Јанковец
  • Уредување на училиштен двор и нов парк за деца
  • Инсталација на паметна клупа

МЗ с. Избишта

  • Асфалтирање улици
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Уредување на повеќенаменско спортско игралиште

МЗ с. Крушје

  • Санација на селски дом

МЗ с. Болно

  • Асфалтирање улици
  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини
  • Набавка на хлоринатор
  • Санација на патот Ресен ‒ Болно

МЗ с. Евла

  • Асфалтирање улици
  • Санирање на мостот на реката

МЗ с. Горно Дупени

  • Асфалтирање улици
  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини

МЗ с. Лева Река

  • Чистење и еколошка санација на речното корито и одводните канали за обновување на протокот кон Преспанското Езеро
  • Асфалтирање улици
  • Реконструкција на селска чешма со природна минерална вода

МЗ с. Прељубје

  • Реконструкција на локален пат

МЗ с. Кривени

  • Санирање на пристапни патишта до земјоделски површини