Загаденоста, дивите депонии и јавната чистота – што ќе преземете?
Ќе воведеме систем за екоселекција на отпад, ќе се исчистат запуштените локации, ќе има екоедукација во училиштата и акции со заедницата. Ќе се отстранат сите диви депонии и ќе се спречат нови. Ќе засадиме повеќе дрвја и ќе го зајакнеме инспекцискиот надзор. Чистото опкружување не е луксуз – тоа е основно право.
Довербата во системот е слаба. Како ќе ја вратите?
Со искреност и отвореност. Секоја одлука, тендер и буџет ќе биде јавен. Ќе има алатки за директна комуникација со градоначалникот, јавни седници и транспарентни услуги. Ќе воведеме електронски систем за пријави и увид во работењето. Граѓаните мора да знаат што се случува – и зошто.
Иселувањето и наталитетот – имаме ли иднина без луѓе?
Не, немаме. Но имаме шанса да ја вратиме иднината ако создадеме услови луѓето да останат. Тоа значи работа, домување, квалитетно образование, безбедност и културен живот. Ќе вложуваме во млади семејства, ќе стимулираме повратници и ќе покажеме дека Лозово е место каде што вреди да се живее.
Зошто граѓаните да ви дадат доверба? Што ве издвојува од другите?
Јас не ветувам чуда – но ветувам работа, чесност и постојано присуство. Секогаш сум бил на терен, достапен и со народот. Она што ме издвојува е тоа што не се кријам кога е тешко, туку тогаш работам најмногу. Мојата докажана работа ме издвојува од сегашниот градоначалник, кој не успеа да го одржува она што го изградивме. Разликата веќе ја направија граѓаните – и таа е неспоредлива.
