Како ќе се справите со загадувањето и јавната чистота?
Не сме осудени да живееме во ѓубре. Ќе воспоставиме ефикасен систем за селекција на отпад, санација на диви депонии и редовно одржување на јавната чистота. Ќе набавиме современа опрема и ќе ангажираме повеќе комунални работници. Ќе вложиме и во едукација – секој граѓанин е дел од решението.
Како да ја повратиме довербата во системот и да се бориме против корупцијата?
Со дела, не со зборови. Ќе воведеме целосна транспарентност: јавни извештаи и отворен пристап кон граѓаните. Секоја одлука ќе биде достапна за увид. Општината ќе стане сервис, не тајна соба. И тоа ќе ја врати довербата – кога луѓето ќе видат дека некој конечно работи за нив.
Како да го спречиме иселувањето? Имаме ли иднина без луѓе?
Нема општина без граѓани. Ќе креираме услови за младите да останат и семејствата да растат тука. Тоа значи работни места, квалитетно образование, сигурна социјална поддршка и пристојна инфраструктура. Ќе работиме со државата, но и самостојно ќе бараме проекти и средства што ќе ја вратат перспективата во Свети Николе.
Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што ве прави различен?
Затоа што не ветувам што не можам да исполнам. Затоа што не гледам на функцијата како на трофеј, туку како на обврска. Јас сум човек од народот, со години вклучен во локалниот живот, со искуство, со енергија и со чесна намера да направиме разлика. И ќе направиме.
