Драги мои сограѓани, пријатели, соседи!

Јас сум Соња Стаменкова, родена во селото Саса, во работничко семејство, кое ме научи на вредностите на трудот, чесноста и упорноста. Повеќе од три децении работев како медицинска сестра – професија во која секојдневно се среќавав со болката, потребите и надежите на луѓето. Тоа искуство ме научи на блискост, емпатија и вистинска грижа за другите. Како психолог и Гешталт психотерапевт ја продлабочив мојата посветеност кон луѓето, разбирајќи ги нивните предизвици и начини како заедно да се надминуваат. Трета година по ред работам како образовен асистент на ученици со посебни образовни потреби вградувајќи го целото мое искуство во грижа и помош на овие благородни ученици. Мојата животна приказна е водена од четири вредности: близина, храброст, емпатија и доверба – истите принципи со кои сакам да ја водам општината и да бидам вистински сервис на граѓаните.

Денеска Ви се обраќам не само кандидат за градоначалничка, туку и како ваша сосетка, пријателка и човек кој сака да ви служи со искреност и доверба. Нашиот град е симбол на трудољубивост, достоинство и заедништво. Верувам дека вистинското лидерство значи да се биде близу до народот, да се слушне неговиот глас и да се обезбеди јасна визија за иднината. Ќе водам со близина, емпатија, храброст и доверба, затоа што верувам дека општината не е само институција - туку семејство и дом за сите нас. Ја гледам нашата општина како зелено, безбедно и хумано место за живеење, каде што младите ќе остануваат и ќе создаваат своја иднина а постарите ќе живеат со достоинство и почит. Заеднички ќе градиме и создаваме општина по мерка на сите. Вашата доверба е мојата сила.

Со почит и благодарност,

Соња Стаменкова.

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

  • 1. Мартин Малчев
  • 2. Влатко Андоновски
  • 3. Валерија Стојановска
  • 4. Адријана Пауновска Спасевска
  • 5. Митко Јангеловски
  • 6. Викторија Стоименовска
  • 7. Снежана Илиевска
  • 8. Бранко Костадиновски
  • 9. Дејан Велиновски
  • 10. Ќирка Атанасовска
  • 11. Јанче Стојковски

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

Реализирани проекти 2017 – 2021

  • Со изградбата на улица „Даме Груев“ долга 670 метри решаваме повеќедецениски проблем на жителите од Суво Маало.
  • Реконструкција на патен правец Македонска Каменица – Саса во должина од 10 километри.
  • Улица „Вера Јоциќ“ во должина од 471 метар.
  • Реконструкција и доизградба на улица „8-ми Септември“ со должина од 265 метри.
  • Улицата „Пере Тошев“ долга 140 метри со повеќе нови паркинг-простори.
  • Изградба на локален пат до маало Бошнаци и крак до Врбачко Маало во село Косевица, должина 2 км.
  • Асфалтирани се повеќе кратки локални пристапни патишта во должина од 7 850 метри за олеснет пристап до домовите и имотите на жителите од руралните средини.
  • Локален пат со должина од 1,9 километри што ги поврзува селата Луковица и Косевица.
  • Реконструкција на сите фреквентни улици во централното градско подрачје (дел од ул. „Александар Македонски“, „Самоилова“, „Руенска“ и ул. „Првомајска“)
  • Нови пешачки патеки, тротоари и пристапни улици во централното градско подрачје и кеј на Каменичка Река.
  • Нов систем за парно греење во Здравствената станица во Македонска Каменица.
  • Нов систем за парно греење во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
  • Изградени се нови објекти и помошни простории за потребите на месните заедници во речиси сите селски средини.
  • Изградба на парк „Младост“ на 5 000 м 2 , каде .што во изработката на идејното решение учествуваа младите од Македонска Каменица.
  • Нов водовод за потребите на приградската населба Павлиш Дол. Должина 2 километри, опфаќа над 150 домаќинства.
  • Автоматски хлоринатори за водоводните системи во повеќето рурални средини со кои обезбедуваме чиста вода за пиење.
  • Инсталиран нов модерен и штедлив смарт систем за осветлување на целата територија на општина Македонска Каменица по ЕСКО-модел.
  • Доизградба на градскиот кеј на Каменичка Река во должина од 360 метри.
  • Изградивме нова атмосферска канализација на улица „Вера Јоциќ“ и почетокот од улица „Александар Македонски“.
  • Нова атмосферска канализација во централното градско подрачје, крак 1, 6, 7, 8, 9.
  • На четири локации во градот изградивме нови паркинг-простори. Вкупна површина над 5000 м 2 .
  • Инсталиран систем за наводнување на парковите и градското зеленило со техничка вода.
  • Инсталиравме нов водоснабдителен систем – пумпна станица за потребите на индустриската зона.
  • Инсталирани се фотоволтаични системи на двете училишта и детската градинка за заштеда на електрична енергија до 47 %.
  • Зголемен број и зголемен паричен износ на стипендии за најдобрите ученици и студенти.
  • Во соработка со МОН и Рудник САСА започна дуалниот образовен процес во СОУ „Миле Јаневски Џингар“.
  • Нови современи нагледни средства и смарт-табли за потребите на средното и основното образование.
  • Набавени се 200 електронски уреди (таблети) за следење онлајн настава на учениците од социјално загрозените семејства.
  • Енергетски ефикасна надворешна столарија во ООУ „Св. Кирил и Методиј“.
  • Обезбеден бесплатен превоз на сите дечиња од руралните средини што сакаат да посетуваат детска градинка.
  • Зголемен износот за новородено дете (за првородено во годината од 12 000 на 20 000 и за секое родено во текот на годината од 6 000 на 10 000).
  • Уредени и опремени се повеќе занимални простории и училници во ЈОУДГ „Бамби“.
  • Правилник за еднократен паричен додаток за самохрани родители и еднородителски семејства и деца без родители.
  • Ново инклузивно детско игралиште во дворот од ЈОУДГ „Бамби“.
  • Поставена е супермодерна справа за улично вежбање во рамките на повеќенаменското спортско игралиште во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“.
  • Повеќенаменското спортско игралиште во училишниот двор на СОУ „Миле Јаневски Џингар“.
  • Обезбедивме средства за силна материјална и финансиска поддршка за спортските клубови кои успешно се натпреваруваат во државните првенства и меѓународните натпреварувања.
  • Целосно реконструиран трибинскиот дел од градскиот стадион во Македонска Каменица со поставени 1 500 столчиња.

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Од изборната програма НА ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Димчо Атанасовски-Џими 2021 ‒ 2025, што (не) направија тие, ветено а не остварено, издвојуваме само дел:

  • Рекреативен центар за возрасни лица;
  • Изградба на нова општинска зграда;
  • Реконструкција и пренамена на општинската зграда;
  • Реконструкција и адаптација на старите училишни згради во руралните средини;
  • Осветлување на градскиот стадион;
  • Изградба на мини амфитеатар во дворот на СОУ „Миле Јаневски-Џингар“;
  • Уредување на градската депонија;
  • Изградба на спомен-обележје на бранителите од конфликтот од 2021 година;
  • Изградба на инпозантен осветлен црковен крст;
  • Поставување на знамето на Општина Македонска Каменица;
  • Изградба на нови индустриски зони;
  • Водоснабдителен систем;
  • Реновирање на базен;
  • Бесплатен јавен превоз;
  • Субвенции за енергетско-ефикасни фасади;
  • Изградба на пензионерски дом;
  • Изградба на социјална станбена зграда;
  • Реконструкција и монтирање на нови противпожарни хидранти;
  • Тендер за набавка на монтажни куќи за лица од социјален ризик;
  • Откупен центар за земјоделски производи;

МОЈАТА ВИЗИЈА

Визија за развој на Македонска Каменица

Мотивот за повторната кандидатура е да продолжиме таму каде што застанавме, затоа што во последните четири години општината во секој поглед назадуваше.

Госпоѓо Стаменкова, која е вашата визија за Македонска Каменица во наредните години?

Мојата визија за Македонска Каменица за наредните четири години е да ја претвориме општината во пример за младинска енергија, иновации и одржлив развој. Визијата е општина во која :

- Секоја улица е осветлена,

- Секое дете има еднаква шанса во образованието,

- Младите имаат поддршка за свој бизнис и идеи,

- Културата и спортот го збогатуваат секојдневието,

- Инфраструктура за сите,

- Граѓаните активно одлучуваат заедно со локалната власт,

Мојата мисија е да создадам општина во која секој човек ќе се чувствува слушнат, почитуван и поддржан. Општина која повторно ќе ги отвори вратите на сите граѓани, ќе дава поттик за секоја нова идеја, на секој млад претприемач, ќе ја чува природата и ќе обезбедува достоинствен живот за старите и ранливите. – Да создадеме економски посилна, развојно ориентирана и инклузивна општина којашто има капацитет да обезбеди одржлив локален раст и развој. Општина Македонска Каменица во периодот 2017 ‒ 2021 година направи многу за да го подобри животот на граѓаните. Активно ја спроведуваше агендата за чиста и здрава животна средина, користење на обновливите извори на енергија и постигна значајно ниво на енергетска ефикасност особено кај институциите од јавниот сектор. Многу наши дечиња, ученици, вработени во јавните институции работеа во современи, енергетски ефикасни објекти. „Зелената агенда“ на Општина Македонска Каменица ќе продолжи!

Зошто повторно се кандидирате за градоначалник?

Се кандидирам затоа што работата што ја започнавме не е завршена. Првиот мандат беше исполнет со предизвици – од глобалната пандемија до економските кризи – но и покрај тоа, успеавме да реализираме многу значајни проекти. Сепак, останува уште многу работа. Имам енергија, знаење и визија да продолжам да ја водам општината напред. Најважно од сè, имам доверба во граѓаните што секогаш биле моја најголема поддршка.

Кој е мотивот за оваа ваша одлука?

Одговор: Најголемиот мотив за мене се граѓаните на Македонска Каменица. Нивната доверба, нивните потреби и нивните очекувања ме обврзуваат да се борам за подобра иднина. Верувам дека заедно можеме да изградиме општина која не само што ќе биде пример во регионот, туку и место каде што младите ќе остануваат, каде што младите ќе инвестираат и каде што сите ќе живееме во сигурност и достоинство.

Што е тоа што треба да се направи во следниот мандат?

Следниот мандат го гледам како период на стабилност и напредок. Ќе продолжиме со редовна реконструкција и изградба на нови улици и тротоари. Ќе обезбедиме пристапност на лица со попреченост – со ниски рабници, рампи и уредени премини. Ќе инвестираме во јавни простори, паркови, детски игралишта на територијата на целата општина, во зелени површини кои ќе бидат безбедни и современо опремени. Ќе обезбедиме локации за поставување на мобилни услужни дејности со кои ќе заживеат одредени делови на градот како на пример плоштадот и паркот Младост. Ќе воспоставиме систем на брза реакција на комунални проблеми

– оштетени улици, јавна чистота, улично осветлување

– преку директна комуникација со граѓаните.

Урбанизацијата на делови од градот и селата која ја започнавме во нашиот минат мандат ќе го продолжиме како основа и неопходност за иден развој на општината. Ќе ги активираме запоставените стратешки документи ЛЕР, ЛЕАП и Тригодишниот план за енергетска ефикасност, патокази за иден развој на општината.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се срцето на секоја заедница. Без нив нема иднина. Затоа, мој приоритет е создавање услови младите да останат овде. Тоа значи поддршка за нивните идеи, стипендии, спортски и културни активности, но и можности за вработување. Ќе воведеме субвенции за млади претприемачи, затоа што иднината ја гледаме во креативноста и трудот на младите генерации. Ќе обезбедиме поголема младинска вклученост во одлучувањето, преку младински совети, иницијативи и програми. За секој млад претприемач кој се соочува со предизвици и тешкотии во работењето ќе понудиме соработка со општина како склучување на договори за откуп на производи кои не можат да ги пласираат на пазарите со што ќе се врши промоција на производителот но и на општината Ќе изградиме систем кој ќе го спои претходното искуство и новата визија – општина која се развива одржливо, транспарентно и со силно учество на граѓаните. Со вложување во образованието и преку младински проекти, сакаме Македонска Каменица да стане град во кој младите ќе се чувствуваат ценети и мотивирани.

Што планирате во делот на спортот, образованието и здравството?

Во спортот ќе продолжиме со обновување на спортските терени и поддршка на локалните клубови. Сакам секое дете да има можност да спортува и да се развива здраво. Во образованието ќе инвестираме во модерни училишта, дигитална опрема и програми за усовршување на наставниците. А во здравството, наш приоритет е да обезбедиме современи услови за граѓаните – ќе соработуваме со надлежните институции за дополнителни медицински кадри и нова опрема во здравствениот дом.

Зошто граѓаните да гласат за вас? Што е тоа по што се разликувате од другите?

Не барам глас за мене, туку за делата и за правецот кој заедно го започнавме. За само половина година ја раздолжив општината за 45 000 000 денари. Оставив триесетина подготвени проектни документации, петнаесетина проекти во тек на реализација и обезбедени финансиски средства за нивна целосна реализација. Најважно од сè - секојдневно бев достапна за граѓаните, со отворен пристап и со транспарентност која ја крена довербата високо. Тоа е начинот на кој сакам да продолжам – чесно, одговорно и блиску до вас.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Нашата општина е силна онолку колку што е силна секоја поединечна група граѓани. Затоа, визијата „Заедно ги менуваме состојбите“ се темели врз инклузивни и одржливи политики што ги обединуваат младите, жените, пензионерите и сите граѓани во заедничка цел – подобар и поквалитетен живот во Македонска Каменица.

  • Млади:

Младите се иднината на општината и затоа за нив ќе подготвивме посебни програми. Преку младински локален
совет, стипендии и грантови за иновативни идеи ќе им дадеме глас и поддршка. Ќе продолжиме со организирање
младински кампови, волонтерски акции и културни фестивали, како и обезбедување нови спортски терени и
дигитални зони за учење и дружење.

  • Жени:

Жените се двигател на семејството и заедницата. Затоа ќе овозможиме обуки и финансиска поддршка за женско
претприемаштво, советувалишта за личен развој и поддршка при вработување. Преку програми за рамноправност ќе
обезбедиме жените да бидат активно вклучени во носењето одлуки и во локалните економски иницијативи.

  • Пензионери:

За пензионерите, кои го изградија овој град, предвидуваме социјални и здравствени програми, културни настани и
дневни активности во соработка со здруженијата на пензионери. Ќе обезбедиме подобар пристап до здравствена
заштита, бесплатни превентивни прегледи и спортско-рекреативни содржини за активна старост најважното барање
кое произлегува од обезбедување на сигурна и достоинствена старост е изградба на Дом за стари лица и
обезбедување на услуги за помош во домот.

  • Здравство и социјала:

Поддршка за стари лица и пензионери – услуги за помош во домот.
Поддршка на лица со попреченост.
Фонд за итна помошна социјално ранливи семејства – поддршка во кризни ситуации( пожар, невреме и други
елементарни непогоди)
Поддршка на млади семејства, - зголемување на еднократниот износ на новородено дете, ослободување од
комунални давачки за изградба на нов дом, субвенции за згрижување во градинка

  • Образование:

Во образованието ќе вложуваме во модерни училници, дигитална опрема и обуки за наставници. Ќе поддржиме
дополнителни часови, курсеви по странски јазици и ИТ-обуки, со цел нашите ученици да бидат конкурентни и
подготвени за новото време. Ќе воведеме бесплатен оброк за секој ученик и бесплатни ученички униформи, и други
поволности кои ќе го зголемат квалитетот на живот на учениците )

  • Култура:

Културата ја гледаме како мост што ги поврзува генерациите. Со нови културни манифестации, фестивали и
работилници ќе ја зачуваме традицијата и ќе ја поттикнеме креативноста. Поддршка ќе добијат младите уметници и
локалните културни здруженија.

    • Спорт:

Спортот е здравје и заедништво. Ќе продолжиме со инвестиции во спортски игралишта, сали и опрема. Ќе поддржиме
локални клубови и спортски настани со цел младите и децата да се развиваат здраво и активно.
Животна средина:
Чиста животна средина е предуслов за квалитетен живот. Ќе работиме на санација на депонијата, пошумување и
едукација за селекција на отпад. Нови паркови, зелени површини и системи за наводнување ќе го направат нашиот
град поубав и поеколошки.
Со овие политики и активности сакаме да изградиме општина по мерка на сите – со почит кон младите, поддршка за
жените, грижа за пензионерите и силни инвестиции во образование, култура, спорт и животна средина.
Заедно ги менуваме состојбите – затоа што само заеднички можеме да создадеме подобра иднина за Македонска
Каменица.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Изградба на Дом за стари лица

Опис на проектот

Еден од приоритетите во Општина Македонска Каменица што произлезе од средбата со граѓаните и средбите со Здружението на пензионери е изградбата на Дом за стари лица на Општина Македонска Каменица. Проектот ќе биде финансиран од буџетот на Општината и од други извори на финансирање ( влада, други извори на финансирање, европски фондови).

Влијание на проектот:

Бенефити кои ќе ги почувствува целата заедница затоа што обезбедување на достоинствен и сигурен пензионерски живот ќе им значи подеднакво на сите.

Целна група: пензионери

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

Инвестиции во водоснабдувањето

Опис на проектот

Проектот за решавање на проблемот со водоснабдувањето во Македонска Каменица има цел да се обезбеди континуирано, квалитетно и сигурно снабдување со вода за домаќинствата, индустријата и јавните објекти. Активностите вклучуваат модернизација на постојаните водоводни системи, изградба на нови резервоари и водоводни линии, воведување на мерки за заштеда и ефикасно управување со водните ресурси. Со овој проект ќе се намалат загубите на вода, ќе се подобри квалитетот на пивката вода и ќе се обезбеди стабилно снабдување дури и во сушните периоди. Проектот исто така вклучува едукација на граѓаните за рационално користење на водата и подигнување на свеста за важноста на одржливото управување со водните ресурси. Со овие активности, Македонска Каменица ќе обезбеди сигурна инфраструктура за водоснабдување, ќе ја заштити животната средина и ќе создаде услови за економски и социјален развој на заедницата.

Влијание на проектот:

Сигурност и континуирано водоснабдување, подобрен квалитет на вода, заштита на животната средина и поддршка на локалниот развој.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2025-2027 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

Поддршка на Локални бизниси и Развој на Туризмот

Опис на проектот

Македонска Каменица има голем потенцијал за развој на туризмот благодарение на природните богатства, културното наследство и географската положба. Регионот нуди чиста природа, планини, река и езеро кои се погодни за екотуризам, лов и риболов, како и за планинарење и велосипедизам. Развојот на сместувачки капацитети, етнокуќи, мали хотели може да ја зголеми атрактивноста на општината. Организирање на културни и спортски манифестации и фестивали ќе придонесат за збогатување на туристичката понуда. Со подобрување на инфраструктурата, уредување на јавни простори и воспоставување туристички инфоцентар, Македонска Каменица може да стане значајна дестинација за домашни и странски туристи, што ќе придонесат за економски раст и нови работни места. Склучување на договори за откуп на производи од локални млади бизнисмени што имаат сопствени производство. Со ова општината директно ќе им помага на локалните производители, од друга страна ќе се промовираат и општината и производителите.

Влијание на проектот:

Проектор ќе го зголеми бројот на туристи, ќе поттикне локален економски развој, нови работни места и ќе ја промовира општината на туристичката мапа.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица

Нова Административна Зграда

Опис на проектот

Изградба на нова административна зграда ќе овозможи современи услови за работа на локалната администрација, поголема ефикасност и достапност за граѓаните, како и простор за воведување дигитални услуги. Постојната општинска зграда во договор со граѓаните и институциите во државата ќе се искористи за потребите на општината и населението.

Влијание на проектот:

Проектот ќе ја зголеми административната ефикасност.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

ПРОЕКТИ

Поддршка и Развој на Селективни форми на Туризам

Опис на проектот

Македонска Каменица нуди услови за развој на селективни форми на туризам, како еко-, рурален и културен. Природните убавини, традиција и гастрономија претставуваат основа за автентична понуда. Со нивна промоција се овозможува одржлив развој, збогатување на локалната економија и отворање нови работни места.

Влијание на проектот:

Зголемување на бројот на посетители и промоција на природното и културно наследство.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА - НА ОРИГИНАЛНИ БИЗНИС-ИДЕИ НА МЛАДИ ПРЕТПРИЕМАЧИ

Опис на проектот

Финансиската поддршка на оригинални бизнис-идеи на млади претприемачи овозможува развој на иновативни проекти, поттикнува самовработување и креира нови работи места. Со инвестиции во младите се зајакнува локалната економија, се стимулира креативноста и се создаваат одржливи можности за иднината.

Влијание на проектот:

Зголемување на вработеноста и економската активност и ќе се поттикне локалниот развој.

Целна група: Младите од Општина Македонска Каменица

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица

Е-Влада

Опис на проектот

Е-општина Македонска Каменица претставува дигитална платформа за модернизација на јавните услуги. Со воведување на електронски системи се овозможува побрз, поефикасен и транспарентен пристап за граѓаните и бизнисите. Ова ќе ја зголеми ефикасноста, ќе ја намали бирократијата и ќе ја поттикне дигиталната трансформација.

Влијание на проектот:

Побрзи и ефикасни услуги, зголемена транспарентност и дигитална трансформација.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2027 година

Буџет

Буџет на општина Македонска Каменица

Спорт

Опис на проектот

Развојот на спортот во Македонска Каменица ја промовира здравата животна средина, физичката активност и заедништво. Инвестициите во спортските клубови и рекреативните активности овозможува подобрување на квалитетот на живот, поттикнуваат младинска вклученост и го збогатуваат локалниот културно-спортски живот.

Влијание на проектот:

Подобрување на здравјето, младинска активност и зајакнување на локалната заедница.

Целна група: Млади.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на општина Македонска Каменица

Образование

Опис на проектот

Развојот на образованието во Македонска Каменица обезбедува модерни и инклузивни услови за учење. Инвестициите во училиштата, дигитални технологии и професионални обуки ги поттикнуваат учениците, го развиваат креативното мислење и ги подготвуваат младите за пазарот на трудот, со зголемување на знаењето и компетициите.

Влијание на проектот:

Подобрено образование, зголемени компетенции и подготовка на младите за идниот пазар на труд.

Целна група: Млади

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица

Културни настани и Фестивали

Опис на проектот

Организација и продолжување на традицијата на културни настани и фестивали, вклучувајќи музика, театар, фолклор и традиционални активности. Овие настани ја промовираат локалната кутура, поттикнуваат туризам, создаваат економски можности за бизнис и ја зајакнуваат заедницата преку активно учество на граѓаните.

Влијание на проектот:

Зголемена културна промоција, развој на туризам и економска придобивка за заедницата.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Систем за Наводнување и Одводнување

Опис на проектот

Инсталирање систем за наводнување на зелените површини ќе овозможи нивна редовна одржливост, подобрување на урбаната естетика и создавање поздраво животно опкружување. Системот за одводнување ќе спречи задржување на атмосферските води, ќе го заштити јавниот простор и ќе обезбеди долготрајна функционалност на инфраструктурата.

Влијание на проектот:

Подобрена урбана средина, заштита од поплави и унапредена одржливост на зелените површини.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

Пешачки и Планинарски Патеки

Опис на проектот

Развој на пешачки и планинарски патеки во Македонска Каменица овозможува организирани активности во природа, со информативни табли и означени маршрути. Ова го поттикнува екотуризмот, го промовира здравиот начин на живот и ја зголемува привлечноста на регионот за туристи и локални жители.

Влијание на проектот:

Промоција на екотуризам, здрав начин на живот и зголемување на локалната привлечност.

Целна група: Сите граѓани

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на општина Македонска Каменица и други извори

Сместувачки Капацитети со Јавно-Приватно Партнерство

Опис на проектот

Развојот на сместувачки капацитети преку јавно-приватно партнерство овозможува пренамена на објекти, изградба на апартмани. Ова го зголемува туристичкиот потенцијал, привлекува повеќе посетители и ја зајакнува локалната економија, додека се поттикнува иновација и квалитет на услуги.

Влијание на проектот:

Зголемен туристички потенцијал, повеќе посетители и одржлив економски раст.

Целна група: Сите граѓани.

Рок на реализација: 2025-2029 година

Буџет

Буџет на Општина Македонска Каменица и други извори

МЕСНИ ПРОЕКТИ

Македонска Каменица

    • Воведување на правилник за улично осветлување со кој ќе се ослободува од плаќање на такса за улично осветлување
    • Продолжување на канализација во Тачовска маала
    • Изградба на ул. „Карпошова“
    • Реконструкција на градскиот базен за пливање со јавно приватно партнерство.
    • Пристапен пат до нови градски гробишта
    • Реконструкција на ул. „Валевичарска“
    • Реконструкција на ул. „14 Јуни“
    • Реконструкција на ул. „Јаков“
    • Изградба на дел од ул. „Горна Река“
    • Изградба на повеќе детски игралишта низ Македонска Каменица
    • Изградба на нови и уредување на постојните тротоари, како изградба на пристапни патеки до колективните објекти за домување
    • Поставување маалски патокази во сите рурални населени места.
    • Изградба на пешачка патека до Павлиш Дол
    • Обезбедување ново софистицирано противпожарно возило
    • Изградба на повеќенаменски мини игралишта во руралните средини
    • Изградба на мини трибини во дворот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“
    • Реконструкција на покривна конструкција, фасада и ограда на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица
    • Изградба на зелен пазар
    • Опремување на лабораторија за контрола на водата и нова филтер-станица
    • Изведба на нови извори за водоснабдување за Македонска Каменица и с.Дулица, како и реконструкција и обнова на постоечките

Село Цера

    • Локален пат до маала Цветанци,
    • локален пат до маала Шопје,
    • локален пат до маала Гребење,
    • локален пат до маала Парилци,
    • локален пат до маала Стамболии
    • поврзување на Цера со Саса
    • Резервоар за вода во Долна Цера

Село Дулица

    • Реконструкција на пат од Сушички мост до училиштето,
    • локален пат до маала Јуковци,
    • локален пат до манастирот

Село Тодоровци

    • Поврзување на Тодоровци со Луковица

Село Луковица

    • Реконструкција на локален пат до Чорбаџиска Маала,
    • локален пат до Ефендиска Маала,
    • поврзување на Луковица со Тодоровци

Село Косевица

    • локален пат до маала Чукаревци,
    • локален пат до Горанци,
    • локален пат до Пашите,
    • локален пат до Паровци,
    • поврзување на Косевица со Моштица

Село Костин Дол

    • Локален пат до маала Осојанци,
    • локален пат до Лажовци,
    • локален пат до Јузунска Маала
    • локален пат до маала Папурица,
    • локален пат до маала Крушките

Село Моштица

    • Локален пат до Гребенска Маала и реконструкција на локален пат од Божаница до маала Селото.
    • Поврзување на Моштица со Косевица.
    • Поврзување на Моштица со Саса.
    • Водовод за селото.
    • Изградба на резервоар за вода за училиштето и селските гробишта

Село Саса

    • Локален пат до Равен Дол, локален пат до Филиповци, локален пат до Трканица, локален пат до Османлии и Груовци. Поврзување на Саса со Цера. Поврзување на Саса со Моштица

Македонска Каменица

    • Воведување на правилник за улично осветлување со кој ќе се ослободува од плаќање на такса за улично осветлување
    • Продолжување на канализација во Тачовска маала
    • Изградба на ул. „Карпошова“
    • Реконструкција на градскиот базен за пливање со јавно приватно партнерство.
    • Пристапен пат до нови градски гробишта
    • Реконструкција на ул. „Валевичарска“
    • Реконструкција на ул. „14 Јуни“
    • Реконструкција на ул. „Јаков“
    • Изградба на дел од ул. „Горна Река“
    • Изградба на повеќе детски игралишта низ Македонска Каменица
    • Изградба на нови и уредување на постојните тротоари, како изградба на пристапни патеки до колективните објекти за домување
    • Поставување маалски патокази во сите рурални населени места.
    • Изградба на пешачка патека до Павлиш Дол
    • Обезбедување ново софистицирано противпожарно возило
    • Изградба на повеќенаменски мини игралишта во руралните средини
    • Изградба на мини трибини во дворот на СОУ „Миле Јаневски Џингар“
    • Реконструкција на покривна конструкција, фасада и ограда на ЈОУДГ „Бамби“ Македонска Каменица
    • Изградба на зелен пазар
    • Опремување на лабораторија за контрола на водата и нова филтер-станица
    • Изведба на нови извори за водоснабдување за Македонска Каменица и с.Дулица, како и реконструкција и обнова на постоечките

Село Цера

    • Локален пат до маала Цветанци,
    • локален пат до маала Шопје,
    • локален пат до маала Гребење,
    • локален пат до маала Парилци,
    • локален пат до маала Стамболии
    • поврзување на Цера со Саса
    • Резервоар за вода во Долна Цера

Село Дулица

    • Реконструкција на пат од Сушички мост до училиштето,
    • локален пат до маала Јуковци,
    • локален пат до манастирот

Село Тодоровци

    • Поврзување на Тодоровци со Луковица

Село Луковица

    • Реконструкција на локален пат до Чорбаџиска Маала,
    • локален пат до Ефендиска Маала,
    • поврзување на Луковица со Тодоровци

Село Косевица

    • локален пат до маала Чукаревци,
    • локален пат до Горанци,
    • локален пат до Пашите,
    • локален пат до Паровци,
    • поврзување на Косевица со Моштица

Село Костин Дол

    • Локален пат до маала Осојанци,
    • локален пат до Лажовци,
    • локален пат до Јузунска Маала
    • локален пат до маала Папурица,
    • локален пат до маала Крушките

Село Моштица

    • Локален пат до Гребенска Маала и реконструкција на локален пат од Божаница до маала Селото.
    • Поврзување на Моштица со Косевица.
    • Поврзување на Моштица со Саса.
    • Водовод за селото.
    • Изградба на резервоар за вода за училиштето и селските гробишта

Село Саса

    • Локален пат до Равен Дол, локален пат до Филиповци, локален пат до Трканица, локален пат до Османлии и Груовци. Поврзување на Саса со Цера. Поврзување на Саса со Моштица