Драги прилепчани,

Прилеп е мојот дом и мојата гордост. Тука сум родена, тука го поминав моето детство, се изградив како личност, го формирав семејството и ги одгледав децата. Овој град ми ги подарил најубавите спомени и сеќавања, од мирисот на прилепската чаршија, преку многубројните адети и богатата традиција, до топлината на луѓето.

Денес нашиот Прилеп е уморен и потонат во мрак, запуштен, без урбан дух и без јасна визија. Ова не е градот што го заслужуваме ние, ниту иднината што ја посакуваат нашите деца. Како дел од образовниот систем, во училниците, секојдневно ме допира крикот на младите, нивните скршени желби и надежи, стравовите што им растат побрзо од нивната храброст.

Време е Прилеп да дише и да живее! Мора да биде чист и безбеден град, со модерна инфраструктура, уредени села, силна економија, спорт и култура кои обединуваат, современи училишта и градинки полни со детска насмевка.

Прилеп на достоинствени и горди граѓани, град во кој младите остануваат и ја градат својата иднина тука ‒ дома.

Функцијата градоначалник е чест, но и голема одговорност. Со неа не се игра! Само со чесност, пожртвуваност, моралност и етичност можеме да донесеме вистински резултати. Јас верувам дека Прилеп може повеќе и знам дека заедно можеме да направиме поубава приказна за Прилеп.

Нашата сегашност и нашата иднина, нашата среќа и нашата перспектива зависат само од нас. Ве повикувам заедно да продолжиме со позитивни промени, да го вратиме сјајот на нашиот град и да чекориме напред, обединети, кон подобро утре!

Со почит и благодарност,

Петра Лукароска

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ПРИЛЕП

  • 1. Драгица Николовска
  • 2. Филип Секулоски
  • 3. Александар Китаноски
  • 4. Стеван Талески
  • 5. Сузана Дарковска
  • 6. Сенад Шабаноски
  • 7. Саша Лепиткова
  • 8. Игор Јордановски
  • 9. Сашка Димоска Петреска
  • 10. Златко Талески
  • 11. Анета Неданоска
  • 12. Бајрам Јусуфоски
  • 13. Магдалена Тројачанец Ристевска
  • 14. Душко Стојсавлевиќ
  • 15. Наталија Тасламическа Јордевски
  • 16. Слободан Илијоски
  • 17. Билјана Темелкоска
  • 18. Роберт Костовски
  • 19. Тања Барлакоска
  • 20. Филип Димески
  • 21. Стефани Видеска
  • 22. Кирил Цуцулески
  • 23. Васко Мисески
  • 24. Марија Соколоска
  • 25. Глорија Блажеска
  • 26. Жарко Колевски

Драги сограѓани, пријатели и роднини,

Прилеп е наш дом - не туѓ проблем! Застанат во времето, потонат во безидејност, мрак и тишина, сонува за прогрес. Доста е! Прилеп може и мора повеќе!

Научивме вредна лекција - вие ја правите промената и вашиот глас мора да се слуша и почитува.

Со нас ќе имате јасни правила во транспарентен и функционален систем. Ние нудиме достоинствен, безбеден и чист град кој ќе даде шанса за младите.

Не смееме да ризикуваме со иднината, мора да ја чуваме надежта.

Ја враќаме општината дома – кај нас, кај граѓаните.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Реконструкција на булевар „Гоце Делчев“ и „Прилепски бранители“ со тротоари, велосипедска патека и нова урбана опрема во центарот на градот
  • Набавка на четири нови современи градски автобуси
  • Изградба на мултифункционален парк кај вештачкото езеро „Прилепско езеро - нови авантури, нови можности“
  • Асфалтирани и рехабилитирани патишта на територија на општината во должина од над 80 км преку Општина Прилеп, ЈПДП, АФПЗРР
  • Реконструкција на мостот и улицата „Трајко Николоски“
  • Реконструкција на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Орде Чопела“, ООУ „Блаже Конески“, како и вложувања во сите училишта (фасади, подови, тоалети, осветлување, дограма, лаборатории, лифтови, котлари, спортски сали и др.)
  • Реализирани 90 % од градежните активности за новата детска градинка „Бајка“, реконструкција и санација во сите градинки (фасада, санитарни јазли, кровови, котлари, дограма, опрема и др.)
  • Реконструкција на Градски стадион
  • Отворен Центар за деца со церебрална парализа
  • Отворен ИКТ Центар по највисоки безбедносни стандарди
  • Изградба на надвозник кај ТИРЗ – Беровци и други проекти

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

Ветено, НЕОСТВАРЕНО:

  • Гасификација;
  • Уредување на индустриски зони;
  • Изработка на ГУП и ДУП;
  • Изградба на фабрика за селекција на отпад;
  • Општински објекти со фотоволтаици;
  • Подземни контејнери, нови дрвореди и зеленило;
  • Влезовите до Крушево и М. Брод без велосипедски и пешачки патеки;
  • Кружни текови кај Табана, Нова автобуска и Градска кафеана;
  • Изградба на ул. „Победа“;
  • Реконструкција на Старата градска чаршија, плоштадот „Александрија“, „М. Цепенков“;
  • Намалување на сметките за вода;
  • Градинка во с. Тополчани;
  • Проширување на Старски дом „К. К. Платник“;
  • Изградба на затворен базен;
  • Пристапни патишта, поила, микроакумулации;
  • Младински културен центар;
  • Уредување на речното корито;
  • Монтажна гаража меѓу општинската зграда и поштата;
  • Тротоари за пешаци и изградба на велосипедски патеки и др.

Јавните претпријатија со вкупна загуба од над 2.000.000 евра. Поскапени се сметките за данокот на имот, водата, комуналните услуги, паркингот, градскиот превоз. Улиците се во катастрофална состојба, неосветлени, со многу кучиња скитници. Градот е во хаос!

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирам? Што е мотивот?

Прилеп заслужува подобро! Го познавам градот, неговите предизвици, но и неговиот неискористен потенцијал. Моја мотивација не е функцијата, туку вистинската промена – промена што ќе донесе достоинствен живот за сите, особено за младите, и ќе го врати оптимизмот во секое маало и село.

Колку е важно да се има визија за општината и за нејзиниот развој?

Визијата е темелот на секој успех. Без јасен план, управувањето се сведува на „крпење“ на проблеми. Го гледам Прилеп како чист, безбеден и организиран град со модерна инфраструктура, силна економија, урбанизирани села, градинки и училишта полни со детска насмевка. Визијата за Прилеп е отворено, правично и хумано општество во кое секој човек е важен.

Што мора да се направи во следниот мандат?

Моите проекти ќе го променат секојдневието, а ќе понудат и системски решенија: подобро образование, социјална заштита, поддршка за млади, енергетска политика, развој на руралните средини и др. Инфраструктурата е важна, но промените се случуваат кога ќе инвестираме во луѓето.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите се нашата иднина, но и нашата сегашност. Приоритет ми е да останат дома, со стабилни работни места, да им обезбедиме подобро образование, културен, социјален и спортски живот, да им понудиме алтернативи, да им дадеме глас.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните? Кои се проблемите и како може да се решаваат?

Прилеп не е безбеден град! Гореа автомобили, се фрлаа бомби во локалите, живеевме во мрак поради нерешена улична осветленост, владееше сообраќајна небезбедност, вандализмот стана хоби, ја изгубивме војната со кучињата скитници. Мора да има контрола на јавниот простор, мора да го вратиме чувството на сигурност.

Дали доброто планирање на просторот и мобилноста се клуч за забрзан развој, но и за поквалитетно живеење? Што сметате дека е неопходно да се преземе во следниот период?

Просторот и мобилноста не се само урбанистички прашања, туку прашања на квалитетот на животот. Прилеп има потреба од ревидирање на урбанистичките планови, повеќе зелени површини, пешачки и велосипедски патеки, ефикасен јавен превоз и решавање на паркирањето. Така се сака Прилеп.

Особено во зимските месеци македонските градови се меѓу најзагадените во светот. Во многу места имаме проблем со диви депонии, а граѓаните имаат сериозни забелешки за јавната чистота дури и во најурбаните места. Осудени ли сме сите ние да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Мора да дејствуваме веднаш, дишеме воздух што убива. Прилеп заслужува мерни станици за квалитет на воздухот, ќе поттикнуваме еколошка енергија и транспорт, ќе водиме системска борба против дивите депонии. Еколошката свест ќе биде тренд, а комуналните услуги ќе ги задоволат потребите на градот.

Довербата на граѓаните во системот е на многу ниско ниво, а општата перцепција на јавноста е дека корупцијата цвета во нашата држава. Дали може да ја повратиме таа доверба? Дали подобрувањето на општинските услуги, зголемувањето на транспарентноста и отвореноста на општината кон граѓаните може да даде нова надеж?

Доверба во институциите мора да има. Само преку целосна транспарентност, достапни и ефикасни услуги, како и директна комуникација со граѓаните, можеме да ја вратиме вербата дека општината е сервис на граѓаните, а не затворен круг на интереси.

Иселувањето е еден од најголемите проблеми, а следствено и наталитетот е во драстично опаѓање. Имаме ли иднина без луѓе? Како да ги задржиме луѓето во своите места да продолжат да живеат со перспектива за себе и за своите деца?

Без луѓе, нема иднина. Со стимулации за млади семејства, нови инвестиции и животен стандард што овозможува стабилност, можеме да ги задржиме луѓето тука. Тие сакаат сигурност, перспектива и чувство дека се вреднувани, мора да добијат!

Зошто граѓаните да гласаат за вас? Што е тоа по што сте различни од другите за да ви ја дадат токму вам довербата?

Ветувам работа, посветеност и отчетност. Разликата меѓу мене и другите е во искуството, принципите и искрената грижа за Прилеп. Функцијата не е привилегија, туку обврска ‒ обврска да се служи, да се слуша и да се дејствува. Прилеп е мојот дом, граѓаните ‒ моја фамилија.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Програма и Приоритети

  • Функционален и безбеден јавен простор
  • Хуман урбанизам во функција на граѓаните, не на поединци! Изработка на ГУП и нови ДУП
  • Функционален локален пат со современа хоризонтална и вертикална сигнализација
  • Доста беше мрак! Јавно осветлување што свети!
  • Нови паркинг-места
  • Дигитални, осветлени и модерни автобуски постојки
  • Хидранти и ПП-апарати во општински објекти
  • Набавка на противпожарни возила
  • Нови велосипедски патеки и повеќе паркиралишта за велосипеди
  • Регистар на ранливи семејства и семејства во ризик
  • Одржување на јавниот ред и мир и санкционирање на прекршувањата
  • Стационар за кучиња со адекватен капацитет и ветеринарен третман
  • Град без комарци и глодари!
  • Чиста и здрава животна средина
  • Замена на дотраената водоводна и канализациска мрежа
  • Изработка на ЛЕАП со акцент на депонијата во Алинци
  • Систем за селектирање на отпад во функција
  • Расчистување на дивите депонии и одговорност за нивно создавање
  • Инсталирање нови подземни контејнери во урбаните заедници
  • Нова услуга на ЈКП „Комуналец“ – подигнување на кабастиот и инертниот отпад
  • Мерни станици за квалитет на воздухот
  • Дуплирање на градските дрвореди – 2000 садници годишно
  • Субвенции за инвертер-системи и велосипеди
  • Инфраструктура за електрични возила (полначи)
  • Формирање и финансирање на екотимови во училиштата
  • Монтирање јавни тоалети/контејнери за јавна хигиена
  • Општина по мерка на граѓаните
  • Граѓански собир – задолжителен настан еднаш на 3 месеци со НВО, месни заедници и граѓани
  • Дигитална трансформација на Прилеп – отчетен град без корупција
  • Спортски сали и редовно одржување на спортските терени
  • Фонд за поддршка на организации што промовираат алтернативен спорт
  • Децентрализација на културниот живот и институции
  • Фокус на традиционални настани и фестивали (Пиво фест, Карневал Прочка, Театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, „Пеце Атанасовски“, Мариовско-мегленски средби, Детски фестивал „Ѕвездички“, „Jazz Weekend“)
  • Нови прилепски херои во Алејата на познатите
  • Фонд за културно-уметнички друштва и ликовна колонија
  • Фонд за семејства во ризик (самохрани родители, болест, пожар, поплава)
  • За пензионерите: мобилни тимови за домашна нега, бесплатен превоз во пазарни денови
  • За земјоделците: проширување на хидросистемска мрежа и бунари
  • За сточарите: изградба на поила за добиток
  • Младите во фокусот – Нова парадигма
  • Функционален младински совет со сопствен буџет
  • Поддршка на млади претприемачи до 29 години со грант до 60 000 денари
  • Фонд за младински иницијативи до 30 000 денари
  • Млади практиканти (студенти) во администрација со платена практична работа
  • Програма за ментално здравје на млади во Младински центар
  • Локален фонд за средношколци – награди за најдобри ученици
  • Дневен престој во основните училишта
  • Менструална хигиена во средните училишта
  • Тимови за заштита од насилство во сите училишта
  • Субвенции за возачки испит за деца од самохрани родители (10 000 денари)
  • Субвенциониран престој во градинка за деца од ранливи семејства
  • Еднократен паричен надоместок за новороденче од 8 000 денари

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

ПАРКИНГ ПРОСТОР И КОНЗОЛИ НАД РЕЧНОТО КОРИТО ОД ГРАДСКА РЕКА

Опис на проектот

Изградба на две паркинг-платформи над речното корито од Градска Река, со вкупно 100 паркинг-места. Платформите ќе бидат на 2 локации помеѓу мостот на ул. „М. Шаторов Шарло“ кај ООУ „Кочо Рацин“, опремени со модерно LED осветлување, видео надзор, паметна е-наплата и јасна сигнализација. Дополнително, од двете страни на речното корито градиме конзолни проширувања за пешачка и вело-патека со повеќе зеленило и урбана опрема. Проширување од +2м корисна ширина по страна од речното корито (ширината на коритото од 24м се прилагодува на 20м) во делницата од мостот на ул. „11-ти Октомври“ до мостот на ул. „Димо Наредникот“. Проектот го решава хроничниот недостиг од паркинг-простор, отвора можност за втора лента од двете страни на кејот, го намалува метежот, зголемува безбедност на пешаците, а центарот станува организиран и атрактивен.

Влијание на проектот:

Одржливо и трајно решение на паркинг-просторот, без метеж, отвора нови работни места и го трансформира центарот со модерен и функционален урбан идентитет.

Целна група

Граѓаните на Прилеп

Рок на реализација

2028 година

Буџет

2.000.000 € (комбинација на општински буџет и државни фондови, без дополнително задолжување на граѓаните)

TOPTASH SKYLINE

Опис на проектот

„TOPTASH SKYLINE“ - новото срце на активниот туризам и рекреација во Прилеп! Модерен парк на локација Шаторов Камен до Топташ на 1.000.000 m², ќе ја спои природата со современите урбани трендови на рекреација и одмор. Предвидува инфраструктура со пристапен пат и паркинг-простор, велосипедски патеки, мотокрос траса и ЛЕД-осветлување. Ќе креира рекреација и забава за сите генерации со Skyline панорамски платформи, кампинг-зона, детски игралишта, летниковци, зона за социјални игри, болдеринг, фитнес и јога зони, патека за трчање, зона на тишина и сл. Ќе биде изработена интерактивна веб-страница и апликација со информативни содржини, виртуелна тура и GPS-навигација низ патеките. „TOPTASH SKYLINE“ ќе биде препознатлив симбол на Прилеп, простор каде што природата и модерниот живот се надополнуваат, создавајќи нова уникатна туристичка атракција, нови работни места и место за гордост на граѓаните.

Влијание на проектот:

Социјализација и активен живот, одржлив туризам, нови работни места и модерен простор за спорт, култура и рекреација. Прилеп – уникатна атрактивна дестинација.

Целна група

Сите граѓани и туристи

Рок на реализација

2029 година

Буџет

7.000.000 € (фазно финансирање со општински средства, државна поддршка и можност за донации и спонзорства)

МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР

Опис на проектот

Изградбата на современ Младински културен центар зад спортската сала „Партизан“ ќе биде новата иднина на Прилеп – простор за креативност, учење и културни доживувања, каде што младите ќе се чувствуваат вклучено, без разлика на социјалната, економската или етничката припадност. Центарот ќе нуди мултимедијални сали, музички и театарски простори, уметнички работилници, изложбен простор, co-working зона, дигитален хаб за ИТ-обуки и стартап-иницијативи, Gaming простор, простор за ментално здравје, младинско кафуле, зелена зона и урбана градина. Опремен со современа техничка опрема, интернет, климатизација и енергетски ефикасно осветлување, центарот ќе поттикнува креативност и социјализација на сите ученици, студенти, уметници, таленти и младински организации. Тука младите ќе творат, ќе учат и ќе созреваат во инспиративна и безбедна средина, развивајќи таленти и иновативни идеи.

Влијание на проектот:

Младински активизам и креативност, задржување на младите во градот, учење и социјализација, развој на таленти и иновации, мотивирана и солидарна младина.

Целна група

Млади на возраст од 15 до 29 години

Рок на реализација

2028 година

Буџет

3.000.000 €

ПРОЕКТИ

УРЕДУВАЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА ДАБНИЧКИ КАНАЛ

Опис на проектот

Речното корито на Дабничка Река, на потегот од Касарната до вливот во Градската река, моментално е извор на зараза и загадување. Време е да прерасне во современо уреден простор со поплочено и заштитено речно корито, потпорен ѕид и модерно дизајниран кеј со зелени површини, пешачки и велосипедски патеки, урбана опрема и осветлување.

Влијание на проектот:

Намалување на загадувањето, подобрување на квалитетот на животот и формирање нова зелена и рекреативна зона.

Целна група

Граѓаните на Прилеп

Рок на реализација

2028 година

Буџет

2.000.000 евра

ОБНОВА НА ПЛАНИНАРСКИОТ ДОМ „ДЕРВЕН“

Опис на проектот

Обнова и модернизација на изгорениот планинарски дом „Дервен“, некогаш омиленото прибежиште на планинарите, со нови содржини: простор за одмор и рекреација, уредени велосипедски и пешачки патеки, адреналински парк, полетувалиште за параглајдинг и младински активности. Развиваме планински туризам и даваме поддршка за локалните мали бизниси.

Влијание на проектот:

Развиваме атрактивен планински туризам, спортски и младински активности, како и локален економски развој.

Целна група

Граѓаните на Прилеп

Рок на реализација

2027 година

Буџет

600.000 евра

ДВА КРУЖНИ ТЕКА – НОВА АВТОБУСКА

Опис на проектот

Еден кружен тек на крстосницата каде што се спојуваат ул. „Леце Котески“ и булевар „Гоце Делчев“ пред преминот на железничката пруга, и втор кружен тек на крстосницата меѓу ул. „Браќа Миладиновци“, ул. „Архиепископ Доситеј“, ул. „Карпалак“ и булевар „Гоце Делчев“, крстосница што води кон Точила, со современа хоризонтална и вертикална сигнализација.

Влијание на проектот:

Ефикасна сообраќајна регулација, намалување на сообраќајниот метеж, долгорочна безбедност и урбан развој.

Целна група

Граѓаните на Прилеп и околните градови и населени места.

Рок на реализација

2026 година

Буџет

300.000 евра

ВЕЛОСИПЕДСКА ИНФРАСТРУКТУРА ВО ГРАДОТ

Опис на проектот

Прва велопатека: бул. „Г. Делчев“ – нова автобуска – Точила – ул. „П. бранители“ до Поштата;
Втора велопатека: ул. „М. Козар“ – ул. „В. Карангелески“ – бул. „Г. Делчев“ кај кружен тек „П. бранители“;
Трета велопатека: кружен тек „П. бранители“ – ул. „Ј. Јорданоски“ – Табана – ул. „Кеј 1 Мај“ – ул. „К. Ј. Питу“ – НУЦК „М. Цепенков“.

Влијание на проектот:

Поттикнување здрав и еколошки превоз, спорт и рекреација, зголемена безбедност на сите учесници во сообраќај.

Целна група

Велосипедисти и лица што управуваат со електрични тротинети.

Рок на реализација

2028 година

Буџет

1.000.000 €

НОВИ СОДРЖИНИ ВО МУЛТИФУНКЦИОНАЛНИОТ ПАРК ПОКРАЈ ПРИЛЕПСКО ЕЗЕРО

Опис на проектот

Го враќаме сјајот на Паркот покрај езеро! Ќе ги обновиме постојните содржини, ќе изградиме кампинг-зона и летна сцена за концерти и културни настани, ќе има нови дрвореди и ќе обезбедиме редовно одржување и чистење. Ќе изградиме велопатека во два правци – од кружниот тек „П. бранители“ до езерото – осветлена и опремена со модерна урбана опрема.

Влијание на проектот:

Зголемување на туристичката, културната и спортската понуда, поттикнување младински активности и локален економски развој.

Целна група

Граѓаните на Прилеп и туристите

Рок на реализација

2027 година

Буџет

600.000 €

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТАРАТА ЧАРШИЈА

Опис на проектот

Замена на дотраените травертински плочи со гранитни плочи, подземни инсталации за сите жици и кабли, нова водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација. За зголемување на безбедноста на објектите ќе биде инсталиран видеонадзор и ново ЛЕД-осветлување. Изведбата ќе трае максимум 90 дена, а ќе се реализира во договор со дуќанџиите.

Влијание на проектот:

Модерна инфраструктура, поголема безбедност, уреден јавен простор и подобри услови за граѓаните и малите бизниси.

Целна група

Граѓаните на Прилеп, најзасегнати сопствениците и закупците на дуќани во Старата чаршија.

Рок на реализација

2027 година

Буџет

500.000 €

ФОТОВОЛТАИЧНИ СИСТЕМИ И БАТЕРИИ НА ОПШТИНСКИ ОБЈЕКТИ

Опис на проектот

Обновливите извори на енергија, зголемена енергетска ефикасност и развој на паметни енергетски системи, создаваат одржлив развој на Прилеп. Ќе оживее ЈП за енергетика со сопствена програма и буџет со цел инвестиции, производство и управување со енергија од општинските објекти. Цел: Пет општински објекти годишно со инсталирани фотоволтаични системи.

Влијание на проектот:

Одржлив развој, енергетска ефикасност, заштита на животна средина, намалени трошоци со подобар квалитет на живот.

Целна група

Граѓаните на Прилеп

Рок на реализација

2028 година

Буџет

500.000 €

ПРИСТОЈНИ ГРОБИШТА

Опис на проектот

Инфраструктурата на гробишта е на најниско ниво. Граѓаните носат голема тага за своите починати најмили. Време е да им обезбедиме современ паркинг за возила, дигитализирани и модерни автобуски постојки, да ги асфалтираме сите улички за лесен пристап и до подалечните гробни места, да засадиме повеќе садници и редовно да го одржуваме зеленилото.

Влијание на проектот:

Достоинствено место за почит кон починатите, полесен пристап, современи услови и мирна атмосфера за граѓаните.

Целна група

Граѓаните на Прилеп

Рок на реализација

2026 година

Буџет

300.000 €

МЕСНИ ПРОЕКТИ

РИД

  • Потпорен ѕид на ул. „Благоја Крстески“
  • Улично осветлување на ул. „Димче Карески“
  • Промена на водоводна мрежа на ул. „Димче Карески“
  • Поставување лежечки полицаец пред подрачното ООУ „Кочо Рацин“
  • Асфалтирање на ул. „Димче Карески“ и ул. „Владо Стојаноски“
  • Осветлување и реконструкција на скали од ЈЗУ Општа болница до стадион „Г. Делчев“

КОРЗО

  • Изведба на тротоар на ул. „Блаже Иваноски“
  • Санирање на проблемот со поплавување на ул. „Александар Македонски“ во населба Димо Наредникот
  • Осветлување на ул. „Александар Македонски“ до фабриката „11-ти Октомври“
  • Реконструкција на паркови во населба „Димо Наредникот“
  • Ставање во функција на спортската сала „Македонија“
  • Реконструкција на ул. „Самоилова“, со велопатека, тротоар и зелен појас

ВАРОШ

  • Реставрација на домот „Орде Чопела“
  • Асфалтирање на ул. „Орде Чопела“ кон ООУ „Блаже Конески“
  • Реконструкција на подрачно ООУ „Блаже Конески“
  • Поставување лежечки полицајци во близина на подрачно ООУ „Блаже Конески“
  • Поставување лежечки полицајци на ул. „Димче Антулески“ и ул. „Орде Чопела“
  • Реконструкција на паркот „Орде Чопела“
  • Реновирање и одржување на маалските улици
  • Потпорни ѕидови

ВАРОШКО МААЛО

  • Сообраќајно решение за попрегледна крстосница на ул. „Кузман Јосифоски“ и ул. „Егејска“
  • Изведба на тротоар на ул. „Егејска“
  • Поставување лежечки полицајци во близина на ООУ „Климент Охридски“
  • Изведба на тротоар на ул. „Архиепископ Доситеј“
  • Санирање на проблемот со поплавување од кружен тек кај Основен суд до Нова автобуска
  • Уредување на тротоари на ул. „Сотка Џигиџиќ“

ЦЕНТАР

  • Реконструкција на паркот „Ортаџамија“
  • Изведба на тротоар на ул. „Мице Козар“
  • Просторно уредување зад Домот на културата „Марко Цепенков“
  • Засадување дрвја на ул. „Прилепски бранители“
  • Реновирање на ул. „Киро Пајмакоски“

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

  • Осветлување на пешачката зона на ул. „5-та прилепска бригада“
  • Изведба на тротоар на ул. „Кеј 9-ти Септември“ кај зградите „Ѓогдере“
  • Реконструкција на паркот зад згради „Ѓогдере“
  • Реконструкција на тротоарот на ул. „11 Октомври“ од зградата Табана до кружниот тек кај „Кам маркет“
  • Изградба на тротоари на ул. „Октомвриска“

ГОРНА ТОЧИЛА

  • Урбано уредување на просторот, асфалтирање улички и паркинг-места, изведба на тротоари, паркови и зеленило
  • Обнова на дрвореди на ул. „Браќа Миладиновци“
  • Тротоари по должината на ул. „Кузман Јосифоски“
  • Парк за домашни миленици

ДОЛНА ТОЧИЛА

  • Реконструкција на постојниот парк во Точила, со нови содржини и урбана опрема
  • Асфалтирање и реновирање улици
  • Детски парк кај „Хидроулик“
  • Уредување и осветлување на просторот пред ООУ „Блаже Конески“ и ЕМУЦ „Ристе Ристески-Ричко“

ТРИЗЛА 1

  • Асфалтирање на ул. „Браќа Шемкоски“
  • Детски парк на ул. „Никола Карев“ зад Здравствен дом
  • Поставување ЛЕД-светилки и засадување дрвја на ул. „Прилепски бранители“
  • Детски парк кај интернатот „Орде Чопела“

ТРИЗЛА 2

  • Водовод и канализација
  • Улично осветлување на ул. „Дебарца“, „Три багреми“, „Ердован Шабаноски“ и „Дабнички завој“
  • Изградба на парк
  • Автобуска линија за градски сообраќај

БОНЧЕЈЦА

  • Асфалтирање на простор околу зградите Бончејца
  • Санирање на проблемот со атмосферската канализација кај градинката „Бончејца“
  • Уредување на тротоари на ул. „Бидимаж“
  • Обновување на зелениот појас на ул. „Димо Наредникот“
  • Уредување на мост на ул. „Димо Наредникот“, нова ограда, осветлување и зеленило

ВИШНЕ

  • Реконструкција на детското игралиште во населба Типски Аличаир
  • Поставување лежечки полицајци на ул. „Бранко Секулоски-Бељата“
  • Асфалтирање на ул. „Јоска Јорданоски“
  • Ново сообраќајно решение (еднонасочна улица) на ул. „Крушевска“

СТОЧЕН ПАЗАР

  • Атмосферска канализација, проширување и асфалтирање на ул. „Осоговска“ и „Бистра Планина“
  • Детско игралиште со урбана опрема во Сточен пазар
  • Детско игралиште со урбана опрема во Жабино Маало
  • Атмосферска канализација во населбата Жабино Маало
  • Чистење на речното корито од вегетација

ТАПАНИ

  • Реконструкција на парк на ул. „Македонска“
  • Осветлување на маалски улички

НАСЕЛЕНИ МЕСТА

  • Во сите населени места: - Нивелирање и порамнување на полски патиштата; - Реконструкција на минимум една улица - Јавно осветлување - Изградба/реконструкција/одржување на комунална мрежа
  • с. Чепигово - детски парк
  • с. Мажучиште - уредување на централното подрачје, спортско игралиште
  • с. Селце - линија на јавен превоз
  • с. Ново Лагово - детски парк
  • с. Алинци, с. Веселчани, с. Загорани - реконструкција на патот од с. Алинци, низ с. Веселчани до с. Загорани
  • с. Тополчани - асфалтирање на улици, реконструкција на Дом на култура, јавен превоз
  • с. Канатларци - нова детска градинка, спортско игралиште
  • с. Галичани - реконструкција на патот од с. Ново Лагово, низ с. Галичани до с. Кадино Село
  • с. Кадино Село - спортско игралиште
  • с. Мало Коњари - котлара во ООУ „Страшо Пинџур“
  • с. Големо Коњари - реконструкција на детски парк, оградување и трибина на фудбалскиот стадион на ФК „Коњари“, реконструкција на локалното езерце
  • с. Беровци - реновирање на стадионот
  • с. Оревоец и с. Крстец - реконструкција на патот од магистралниот пат низ с. Оревоец до с. Крстец
  • с. Витолиште, с. Полчиште, с. Крушевица - јавен превоз, одржување на постојната водоводна мрежа

НАСЕЛЕНИ МЕСТА

  • Во сите населени места: - Нивелирање и порамнување на полски патиштата; - Реконструкција на минимум една улица - Јавно осветлување - Изградба/реконструкција/одржување на комунална мрежа
  • с. Чепигово - детски парк
  • с. Мажучиште - уредување на централното подрачје, спортско игралиште
  • с. Селце - линија на јавен превоз
  • с. Ново Лагово - детски парк
  • с. Алинци, с. Веселчани, с. Загорани - реконструкција на патот од с. Алинци, низ с. Веселчани до с. Загорани
  • с. Тополчани - асфалтирање на улици, реконструкција на Дом на култура, јавен превоз
  • с. Канатларци - нова детска градинка, спортско игралиште
  • с. Галичани - реконструкција на патот од с. Ново Лагово, низ с. Галичани до с. Кадино Село
  • с. Кадино Село - спортско игралиште
  • с. Мало Коњари - котлара во ООУ „Страшо Пинџур“
  • с. Големо Коњари - реконструкција на детски парк, оградување и трибина на фудбалскиот стадион на ФК „Коњари“, реконструкција на локалното езерце
  • с. Беровци - реновирање на стадионот
  • с. Оревоец и с. Крстец - реконструкција на патот од магистралниот пат низ с. Оревоец до с. Крстец
  • с. Витолиште, с. Полчиште, с. Крушевица - јавен превоз, одржување на постојната водоводна мрежа