Драги сограѓани,

Како психолог, психотерапевт и училиштен психолог, целиот мој професионален живот е посветен на луѓето, на децата, на семејствата и на заедницата. Работев и како образовен асистент и како соработник со невладини организации, нудејќи психосоцијална поддршка за маргинализирани заедници. Паралелно, веќе 16 години сум активен музичар – пејач, а со тоа сум бил во постојан контакт со илјадници луѓе. Тие искуства ме научија на едно: секој човек заслужува внимание, почит и еднаква шанса. Женет сум и татко на две малолетни ќерки. Тие се мојата најголема инспирација и сила, и токму тие ме потсетуваат секојдневно колку е важно да создадеме подобра иднина за сите деца во Делчево. Се кандидирам за градоначалник затоа што верувам во потенцијалот на Делчево и во силата на заедништвото. Верувам дека можеме да продолжиме по патот на успехот, да изградиме град што нуди можности за младите, грижа за секое семејство и стабилна иднина за сите генерации.

Моите приоритети ќе бидат:

  • континуитет на започнатите проекти и нивна успешна реализација,
  • подобра инфраструктура и квалитетни јавни услуги,
  • можности за младите и поддршка за семејствата,
  • транспарентно, отчетно и чесно управување.

Ве повикувам да ми ја дадете вашата доверба, вашата поддршка и вашиот глас. Заедно
можеме да го изградиме Делчево какво што го заслужуваме – град на можности, развој и
заедништво.

Со почит и благодарност,

Дејан Глинџарски

СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИОТ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА И КОАЛИЦИЈАТА ЗА ОПШТИНА ДЕЛЧЕВО

  • 1. Катерина Величковска
  • 2. Горан Димитровски
  • 3. Игор Гошевски
  • 4. Моника Стојанова
  • 5. Стивен Мицевски
  • 6. Благој Стоименовски
  • 7. Шабан Багашов
  • 8. Ацо Соколовски
  • 9. Сања Костадиновска
  • 10. Бојана Василевска
  • 11. Харис Мингаров
  • 12. Павел Стојчевски
  • 13. Ангела Стојчевска
  • 14. Гоце Стоиловски
  • 15. Никола Арсов

Драги сограѓани,

Ние сме кандидати за советници и се обраќаме директно до вас – нашите соседи, пријатели и сограѓани. Веруваме дека проблемите со кои се соочува нашата општина се заеднички проблеми и затоа ние ќе бидеме вашиот глас во Советот. Ќе се бориме вашите идеи, предлози и потреби да бидат слушнати и претворени во реални решенија. Не ветуваме невозможни работи – ветуваме чесност, транспарентност и посветена работа. Со вашата доверба ќе продолжиме да ја градиме Општина Делчево во која сите ќе се чувствуваме како дома.

ШТО НАПРАВИВМЕ НИЕ:

  • Изградена пречистителна станица за чиста вода по швајцарски стандарди
  • Изграден нов водовод во с. Звегор
  • Изградена фотоволтаична централа
  • Изграден нов водовод во с. Габрово
  • Изградени два нови бунара, нови прекидни комори, нови пумпни станици
  • Изграден нов резервоар за вода во с. Звегор
  • Изграден нов резервоар за вода од 800 м 3 на Чука
  • Изградена нова детска градинка за 150 деца
  • Изграден пешачки мост на река Брегалница
  • Изградена градска капела
  • Изграден современ градски зелен пазар
  • Изграден паркинг на пазарот и улици „3“ , „4“ и „6“
  • Изградена фекална и атмосферска канализација и 90 % од улиците во нас. Пролет
  • Изградена фекална и атмосферска канализација 95 % во градот и 90 % од улиците во нас. Басарица
  • Комплетно реконструирана салата АСНОМ
  • Реконструиран мостот на река Габровчица
  • Изградена регулација на реката Габровцица во должина од 700 метри
  • Изработени новогодишни фигури,куќички и набавена нова елка висока 13м
  • Изработени и поставени нови 115 клупи и 60 канти во центарот на градот
  • Изградени и реконструирани 68 улици, заменета азбесната водоводна мрежа со полиетиленска во 90 % од градот, изработена техничка документација за водоснабдување на Голак
  • Изграден локалниот пат с. Турија – с. Илиово од 1 км
  • Реконструиран локалниот пат до с. Стамер 1,3 км
  • Реконструиран локалниот пат до с. Разловци 10 км
  • Реконструиран булевар „Македонија“
  • Реконструиран патот низ с. Звегор

А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!

  • Ветија градски пазар ‒ не изградија.
  • Ветија пешачки мост ‒ не изградија.
  • Ветија нова детска градинка ‒ не изградија.
  • Ветија пречистителна станица ‒ не изградија.
  • Ветија асфалтирани улици во населба Басарица ‒ не изградија.
  • Ветија асфалтирани улици во населба Пролет ‒ не изградија.
  • Ветија капела ‒ не изградија.
  • Ветија смена на азбесните цевки со полиетиленски ‒ не направија.
  • Ветија реконструкција на булевар „Македонија“ ‒ не направија.

Затоа сè што тие ветија и не направија ние во овие два мандати го направивме и уште многу други работи.

МОЈАТА ВИЗИЈА

Зошто се кандидирате? Што е мотивот?

Се кандидирам затоа што верувам во Делчево и во луѓето што живеат тука. Мојата професија како психолог и психотерапевт ме научи дека секој човек има потенцијал – истото важи и за нашата општина. Мотивот ми е моето семејство, моите две ќерки и сите деца на Делчево – да создадеме град каде што вреди да се остане, да се гради иднина и да се живее достоинствено.

Колку е важно да се има визија за општината и општеството во целина?

Визијата е патоказ. Општина без визија е како брод без компас. За мене, визијата за Делчево е јасна: модерен град со силна економија, развој на инфраструктурата, подобри јавни услуги и општество што се грижи за секој поединец. Но локалната визија мора да биде дел од поголема слика – визија за едно праведно и солидарно општество.

Што мора да се направи во следниот мандат? Дали се доволни инфраструктурни проекти?

Инфраструктурата е важна, но не е доволна. Покрај патишта, улици и јавни простори, мора да се вложи во луѓето. Тоа значи подобро образование, програми за младите, поддршка за бизнисите и грижа за ранливите категории. Сакам Делчево да биде општина што инвестира во човечки капитал, бидејќи луѓето се срцето на секој развој.

Колку се важни младите за нашата општина?

Младите не се само иднината – тие се сегашноста. Без нив нема прогрес. Мора да им понудиме можности за вработување, културен и спортски живот, и простор каде што нивните идеи ќе се слушаат. Како градоначалник, ќе се залагам Делчево да стане град кој ги задржува младите, а не да ги губи.

Како гледате на општата безбедност на граѓаните?

Безбедноста е предуслов за квалитетен живот. Осветлени улици, безбедни училишта, функционална соработка со полицијата и систем за превенција на ризици – тоа се моите приоритети. Граѓаните мора да се чувствуваат сигурни во секој дел од градот и во секое време.

Дали планирањето на просторот и мобилноста се клуч за развој?

Да, апсолутно. Доброто урбанистичко планирање и модерниот сообраќаен систем значат повеќе ред, подобра мобилност и помалку хаос. Ќе работам на создавање функционални решенија за паркирање, пешачки и велосипедски зони, како и подобар јавен превоз.

Што со загадувањето и јавната чистота? Дали сме осудени да живееме во ѓубре и отровен воздух?

Не, не сме. Но потребна е решителна акција. Ќе преземам системски мерки за намалување на загадувањето – поддршка за еколошко греење, чистење на дивите депонии и подобрување на јавната хигиена. Делчево мора да биде уште по чист и здрав град, затоа што здравјето нема цена.

Како да ја вратиме довербата на граѓаните во системот?

Со чесност и транспарентност. Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари. Ќе воведам отворен буџет, редовни средби со граѓани и јавни консултации за секоја важна одлука. Корупцијата нема место во институциите. Само на тој начин ќе ја вратиме довербата.

Како да се спречи иселувањето и падот на наталитетот?

Ова е најголемиот предизвик. Ќе се залагам за подобри услови за живот – максимална соработка на општината со бизнис секторот за да се отворат повеќе работни места и работниците да имаат достоинствена плата. Ќе воведам локални мерки за финансиска поддршка на младите брачни парови и семејства со деца. Нашата цел мора да биде Делчево да стане место каде што луѓето избираат да останат, а не да заминуваат.

Зошто граѓаните да гласаат за вас?

Бидејќи јас сум еден од вас. Психолог, татко, сопруг, сограѓанин, музичар – човек што го познава Делчево и ги живее неговите предизвици секој ден. Мене ме движи искрена желба да служам и да бидам глас на луѓето. Различен сум затоа што сум човек што верува во дијалог, почит и заедништво. Со вашата доверба, ќе изградиме Делчево со визија, надеж и можности за сите.

Заедно да ги менуваме состојбите!

Моето мото е јасно – вистинските промени не се прават со празни зборови, туку со дела што допираат до секој човек. Како психолог и човек што секојдневно работи со луѓе од различни
генерации и профили, јасно знам дека заедницата е силна онолку колку што е силна грижата за сите нејзини членови. Затоа, мојата програма се темели врз меки политики и активности што ќе го подобрат секојдневието на нашите граѓани.

  • Млади

Ќе го мотивираме младинскиот центар за максимално вклучување во носењето на политиките и стратегиите на општината коишто ќе значат забрзан развој на општината по
мерка на младите. Програми за стипендии и практики во локални фирми, за да се поттикне нивното останување во Делчево. Поддршка за младински иницијативи во културата, спортот
и уметноста – со јасен буџет наменет за нив.

  • Жени

Ќе воведеме програми за економско јакнење на жените преку обуки и мали грантови за бизнис-идеи. Поголема поддршка за мајките – преку локални субвенции за згрижување
деца и подобри услови во детските градинки. Активности за спречување и подигање на свесноста за семејно насилство, со отворање советувалиште за жени и семејства.

  • Пензионери

Подобро искористување на Клубот на пензионери со редовни културни и спортски настани. Организација на бесплатни здравствени контроли и програми за активно стареење.
Субвенции за режиски трошоци за најранливите категории пензионери.

  • Образование

Подобрување на условите во училиштата и дигитализација на наставата .Организирање едукативни кампови и натпревари за најмладите. Психолошка поддршка во училиштата
преку мрежа на стручни соработници.

  • Култура

Поддршка за локални културни друштва и манифестации. Организација на Фестивал на младинска култура, кој ќе го става Делчево на културната мапа на Македонија. Заштита и
промоција на културното наследство на нашиот регион.

  • Спорт

Инвестиции во спортските терени и хали, особено за младите спортисти. Субвенции за спортски клубови и програми за масовен спорт. Организација на традиционални спортски
турнири коишто ќе ја зајакнуваат заедницата. Транспорт и мобилност Подобрување на локалната сообраќајна инфраструктура. Безбедни пешачки патеки и велосипедски зони.

  • Животна средина

Системска борба против дивите депонии и редовно чистење на јавните површини. Поддршка за граѓани што сакаат да преминат на еколошко греење. Засадување дрвја и уредување на зелените површини, со вклучување на граѓаните во заеднички акции.

  • Транспарентност и услужност

Воведување отворен буџет – граѓаните секогаш ќе знаат како се трошат нивните пари. Онлајн услуги и брза комуникација со општината преку дигитални алатки. Редовни средби
со граѓаните за да ги слушнеме нивните проблеми и идеи. Верувам дека вистинската сила на една општина е во заедништвото. Кога младите, жените, пензионерите, работниците и бизнисмените ќе почувствуваат дека имаат глас и поддршка, тогаш навистина „заедно ги менуваме работите“. Со чесност, отвореност и посветеност ќе ја водиме Општина Делчево кон подобра иднина.

КАПИТАЛНИ ПРОЕКТИ

Дом за стари лица – „Сигурна старост“

Опис на проектот

Во Делчево недостасува институција што ќе им овозможи на постарите сограѓани достоинствен живот во нивната трета доба. Со овој проект предвидуваме изградба на модерен старечки дом, со капацитет од околу 80–100 корисници, кој ќе обезбеди здравствена и социјална грижа, психолошка поддршка и организирани активности за подобрување на квалитетот на животот. Домот ќе биде изграден според современи стандарди за безбедност и удобност, со простории за рекреација, медицинска нега и културни активности. Проектот е планиран во соработка со Министерството за труд и социјална политика и приватни партнери, со можност за вработување на медицински сестри, негуватели, психолози и персонал од Делчево.

Влијание на проектот:

Подобрен квалитет на живот за постарите лица, достоинствена грижа и нови работни места во Делчево.

Целна група: Постари лица и нивните семејства, здравствени и социјални работници.

Рок на реализација: 3 години

Буџет

1,7 милиони евра (ЈПП - јавно приватно партнерство)

Куќа на културата – „Срце на градот“

Опис на проектот

Делчево е град со богата културна традиција, но младите уметници и културните работници имаат потреба од соодветен простор за изразување. Со овој проект ќе изградиме современа Куќа на културата – мултифункционален центар со голема сала за театрални претстави, концерти и јавни настани, изложбен простор за ликовни уметници и музички студија. Во просториите ќе се организираат културни работилници за деца и млади, книжевни вечери и фестивали. Овој проект ќе биде столб на културниот живот во Делчево и регионален центар за размена на уметност и идеи.

Влијание на проектот:

Културна ренесанса во Делчево, повеќе настани, простор за младите и заживување на локалниот туризам.

Целна група: Млади, уметници, културни работници, сите граѓани на Делчево.

Рок на реализација: 4 години

Буџет

2 милиони евра (Европска инвестициска банка)

Централен плоштад – „Лице на Делчево“

Опис на проектот

Централното градско подрачје во Делчево е срцето на заедницата, но има потреба од современо уреден и функционален плоштад што ќе ги поврзува граѓаните. Со овој проект предвидуваме изградба на модерен плоштад со отворен простор за јавни собири, културни настани и семејни прошетки. Плоштадот ќе вклучува уредени пешачки зони, клупи, зелени површини, фонтана и урбана опрема со пристап за лица со попреченост. Овој простор ќе биде симбол на заедништво и место каде што делчевци ќе се среќаваат, ќе празнуваат и ќе градат заеднички дух.

Влијание на проектот:

Ново препознатливо лице на градот, простор за настани и дружба, урбан центар на заедништво.

Целна група: Сите граѓани, туристи, бизниси околу централното градско подрачје.

Рок на реализација: 2 години

Буџет

1,4 милиони евра (општински буџет и ЕУ-фондови)

ПРОЕКТИ

Уредување на речното корито на Брегалница – „Реката како живот“

Опис на проектот

Реката Брегалница е едно од најголемите природни богатства на Делчево, но не доволно искористено. Проектната документација е изготвена со сите потребни дозволи. Одговорно и посветено ќе продолжиме со реализација на овој проект со тоа со кој планираме комплетно уредување на речното корито- изградба на кеј со пешачки и велосипедски патеки, спортски зони, детски игралишта и места за одмор и рекреација. Ќе се изврши чистење на дивите депонии и заштита на животната средина, со посебен акцент на биолошка разновидност и зелени појаси. Овој проект ќе ја врати реката на граѓаните, ќе ја направи безбедна, убава и достапна за сите, а воедно ќе го поттикне локалниот туризам.

Влијание на проектот:

Здрава, чиста и уредена Брегалница – место за спорт, одмор и гордост на Делчево.

Целна група: Граѓани од сите возрасни групи, туристи, спортски здруженија.

Рок на реализација: 3 години

Буџет

1 милион евра (Европска инвестициска банка)

Три кружни крстосници на булевар „Македонија“ – Безбедност и проточност

Опис на проектот

Булеварот „Македонија“ е најфреквентната сообраќајница во Делчево и претставува главна артерија што го поврзува центарот на градот со индустриската зона и периферните населби. Најголемите сообраќајни проблеми се јавуваат токму на трите клучни крстосници: кај бензинската пумпа „Дади компани“ (бул. „Македонија“ и ул. „Индустриска“), кај постојните семафори (бул. „Македонија“ и ул. „Маршал Тито“) и кај бул. „Македонија“ и ул. „Скопска“. Со изградба на три кружни крстосници, врз основа на веќе изготвената проектна документација, ќе се намали метежот, ќе се зголеми проточноста на сообраќајот и, пред сè, ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Овој проект ќе овозможи побрзо движење низ градот, ќе ја намали можноста за сообраќајни несреќи и ќе придонесе за модерно и функционално уредување на градската инфраструктура.

Влијание на проектот:

Зголемена безбедност, намален метеж и современ изглед на главниот булевар – Делчево со модерен сообраќаен систем.

Целна група: Сите граѓани на Делчево, посетители, возачи, пешаци, велосипедисти.

Рок на реализација: 2 години

Буџет

1,4 милиони евра (општински буџет + државна поддршка и европски фондови за инфраструктура).

Театар во Спомен-дом „АСНОМ“ – Културно срце на Делчево

Опис на проектот

Делчево е град со богата културна и историска традиција, но недостасува современ простор за изведба на театарски претстави, концерти и културни манифестации. Со овој проект предвидуваме изградба и целосно опремување на театарска сала во Спомен-дом „АСНОМ“, со капацитет од 250 до 300 седишта, модерна сцена, светлосна и аудиотехника. Театарот ќе биде дом на аматерските и професионалните театри, простор за културни групи, училишни приредби, фестивали и концерти. Со тоа ќе се создаде услов за континуирана културна продукција во градот и ќе се поттикне интересот на младите кон уметноста. Проектот предвидува и соработка со Македонскиот народен театар, културни институции и невладини организации за програми и обуки.

Влијание на проектот:

Современ театар во Делчево – нов дом на културата, младите и уметниците, соодветен простор за настани и развој на културниот живот.

Целна група: Млади, културни работници, уметнички здруженија, сите граѓани на Делчево и регионот.

Рок на реализација: 3 години

Буџет

2 милиона евра (општински буџет, Министерство за култура, европски фондови за културна инфраструктура)

МЕСНИ ПРОЕКТИ

с. Разловци

    • Изградба на нов водовод во селото и поврзување на главниот цевковод од езерото Лошана
    • Изградба на две улици и една пристапна патека
    • ПИзградба на улицата што води до селските гробишта
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад Рехабилитација на земјоделските патишта

с. Тработивиште

    • Изградба на улицата од црквата до пречистителна станица
    • Реконструкција на улицата од раскрсница кон с. Разловци до клучка кај регионалниот пат кон Пехчево
    • Изградба на патот што води до селските гробишта
    • Изградба на патот до Свети Води
    • Изградба на мултифункционално игралиште, поставување на клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад, рехабилитација на земјоделските патишта.

с. Стар Истевник

    • Изградба на две улици
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

с. Нов Истевник

    • Реконструкција на патот што го поврзува регионалниот пат со с. Нов Истевник (маало Пасјак)
    • Изградба на пристапен пат до геоморфолошкиот локалитет Кукуље - поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

с. Вирче

    • Изградба на нов водовод и поврзување со главниот водовод од пречистителната станица
    • Изградба на две улици
    • Регулација на речното корито во должина од 200 метри
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад Рехабилитација на земјоделските патишта.

с. Град

    • Изградба на три улици
    • Регулација на речното корито во должина од 200 метри
    • Изградба на пристапен пат до пештерата Коњска Дупка Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

с. Стамер

    • Изградба на фекална канализација со пречистителна станица
    • Изградба на две улици
    • Изградба на пристапен пат до палеонтолошкиот локалитетот во с. Стамер и негово уредување со урбана опрема
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.
    • Изградба на мултифункционално игралиште

с. Звегор

    • Изградба на три улици
    • Рехабилитација на пристапниот пат до геолошкиот профил во с. Звегор
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Габрово

    • Изградба на три улици
    • Изградба на четири пристапни патеки
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Чифлик

    • Изградба на две пристапни патеки
    • Поставување на заштитна ограда на патот од с. Чифлик до Таушанско Маало
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад/li>

с. Полето

    • Изградба на две улици
    • Канализирање на ендекот кој минува низ дел од с. Полето
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с .Ветрен

    • Изградба на две пристапни патеки
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Киселица

    • Изградба на пристапен пат до Киселичка Пештера
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Селник

    • Изградба на пристапен пат до црквата „Света Петка“
    • Изградба на пристапен пат до археолошкото наоѓалиште Кадин Чифлик
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Вртиславци

    • Изградба на пристапен пат до археолошкото наоѓалиште Чука - могила од римско време
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Драмче

    • Изградба на пристапен пат до црквата „Св. Архангел Михаил“
    • Изградба на пристапен пат до Јазова Чука
    • Изградба на пристапен пат до Филиско Маало
    • Рехабилитација на пристапен пат до Градиште- населба од железно време
    • Рехабилитација на пристапен пат до некропола Врница и некропола Вчковско Маало
    • Поставување јавно осветлување во сите маала
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Очипала

    • Рехабилитација на пристапен пат до Малчовско Маало
    • Рехабилитација на пат до долни бавчи
    • Поставување јавно осветлување во сите маала
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Косово Дабје

    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување клупи и канти за отпадоци

с. Илиово

    • Изградба на пат од школото во с. Бигла до клучка кон с. Турија
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување јавно осветлување во сите маала
    • Рехабилитација на патот кон селските гробишта
    • Поставување клупи и канти за отпадоци

с. Бигла

    • Изградба на пристапни патишта
    • отклон од главен пат до Бумбарско Маало
    • отклон од главен пат до Црвенџиско Маало
    • отклон од главен пат до маало Бојчовци
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување јавно осветлување во сите маала
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

с. Турија

    • Изградба на две пристапни улици
    • Рехабилитација на земјоделските патишта
    • Поставување јавно осветлување во сите маала
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад

Планина Голак

    • Нов детален урбанистички план
    • Изградба на нов водоснабдителен систем
    • Изградба на пречистителна станица за отпадни води
    • Комплетна реконструкција на детското одморалиште со јавно приватно партнерствои
    • Изградба на „оф роад“ планински велосипедски патеки
    • Реконструкција на спортските терени на планината Голак
    • Изградба на планинарски дом за развој на планинарските спортови

Езеро Петрашевец

    • Изготвување ДУП за изградба на туристичка населба

Делчево

    • Изградба на пречистителна станица за отпадни води
    • Изградба на локален пат Делчево – с. Бигла
    • Изградба на регулација на коритото на река Брегалница низводно во должина од 550 метри

Центар

    • Изградба на катна гаража со Јавно приватно партнерство на местото на стариот градски пазар
    • Реконструкција на улица „М. М. Брицо“ од мостот до ЈКП
    • Изградба на дополнителен паркинг-простор во Здравствен дом „Гоце Делчев“
    • Изградба на јавно осветлување од градски пазар до спој со улица „Светозар Марковиќ“
    • Реконструкција на пристапни улици – краци на „Н. Ј. Вапцаров“ пред станбени згради
    • Изградба на две мултифункционални игралишта
    • Поставување контејнери за селекција на отпад

Населба Ново Делчево

    • Изградба на тротоари на сите улици
    • Изградба на нов парк од постојниот се до градскиот базен и поставување ЛЕД-енергетски ефикасно улично осветлување

Милково Брдо

    • Реконструкција на улица „Пере Тошев“
    • Реконструкција на улица „Браќа Миладиновци“
    • Реконструкција на дел од улица „Гоце Делев“
    • Реконструкција на улица „Ѓорче Петров“
    • Реконструкција на улица „Браќа Миладиновци“
    • Реконструкција на улица „Даме Груев“
    • Реконструкција на дел од улица „Вера Јоциќ“ покрај реката Габровчица
    • Изградба на мултифункционално и фудбалско игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

Населба Први Реон

    • Реконструкција на комплетната водоводна мрежа
    • Изградба на продолжеток на улица „Голачка“
    • Изградба на улица „Разловечка“
    • Изградба на улица „Петрашевска“
    • Изградба на ново мултифункционално и фудбалско игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

Населба Втори Реон

    • Изградба на продолжеток на улица „Ванчо Прќе“
    • изградба на мултифункционално и фудбалско игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

Населба Расадник

    • Изградба на продолжеток на улица „Грозданец“
    • Реконструкција на улица „Мито Хаџивасилев-Јасмин“
    • Реконструкција на мост кај градски гробишта
    • Изградба на ново мултифункционално и фудбалско игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

Населба Звегорска Река

    • Донесување нов ДУП
    • Изградба на двете главни улици во населбата со краци
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Рехабилитација на фудбалско игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.

Населба Басарица

    • Изградба на две улици
    • Изградба на пристапен асфалтиран пат од населбата до асфалтен пат кон с. Полето
    • Изградба на мултифункционално игралиште
    • Поставување клупи, канти за отпадоци и контејнери за селекција на отпад.