А ШТО (НЕ) НАПРАВИЈА ТИЕ?!
По 4 години од претходните избори, со разлика од 16 гласа добивме градоначалник, кој:
- не овозможи да проработи готова, изградена детска градинка и изграден планинарски дом;
- кој ги изгуби доделените средства за изградба на Дом за стари;
- смени 6 директори на КЈП „Водовод“.
16 дена граѓаните штрајкуваа против загадувањето од градската депонија! Дозволи општинските училишта да создадат милионски долг кон „Водовод“. Веднаш штом дојде на власт, пред општинскиот буџет донесе минус. Никаква посветеност за искористување на геотермалните води за бањски цели- занемарена важноста на геотермалниот капацитет на Кочани. Недостиг на активности и решение за бездомните кучиња. Непочитување и невреднување на зголемен обем на работа на административните службеници во Општина Кочани. Градоначалникот со таков впечаток како ништо да не работи, нејасно што почнува да работи и кога тоа ќе се заврши. Без дебати со јавноста, активности и јасни пораки освен од време на време за празници, честитка за граѓаните, да посака многу здравје и среќа. Едноставно имаше летаргичен мандат, дури и тоа е комплимент.
Владеењето на локалната администрација предводена од градоначалникот Љупчо Папазов и политичката структура на ДМПНЕ во Кочани во изминативе 4 години не донесе ништо ново, освен старо-новиот начин на нивното владеење, кој е препознатлив по недомаќинско трошење на општинскиот буџет, (зло)употреба на службената положба за лукративни цели и секако спроведување на партиски одлуки од нивниот штаб. Една од надлежностите на градоначалникот што е опишана во чл. 50, ст. 1, точка 8 од Законот за локална самоуправа, а тоа е „го извршува буџетот на општината”, поранешниот градоначалник Николчо Илијев при неговото заминување од функцијата и примопредавање на 5.11.2021 год., на сите сметки на општината остави салдо со вкупно 63.039.669,00 ден., за да може новоизбраниот градоначалник Папазов за околу половина година од преземањето на должноста да се „соочи“ со финансиски тешкотии при администрирањето на општинската каса, со тоа што почна со отпуштање на првиот ешалон партиски послушници коишто тој ги донесе во општинската администрација, дел од нив си заминаа, дел останаа волонтерски ангажирани, а дел од нив сѐ уште се таму и за нив „некако“ условно се стекнаа финансиски околности за плата.
Една од финансиските „тешкотии“ за градоначалникот беше намирувањето на патните трошоци за учениците од селата и приградските населби, нешто слично како во време на Ратко Димитровски кога автобуски билет чинеше повеќе од такси- услуга во истиот правец, зарем нештата не коинцидираат!? Особено интересно ако истакнеме дека во времето на Димитровски, Папазов беше директор на КЈП „Водовод“.
Од аспект на комуналната дејност, градот и населените места се задушуваат во неисчистен отпад и мини депонии. Претходните 4 години во Кочани ги одбележа катастрофално менаџирање со градската депонија (граѓанско незадоволство од труењето на воздухот од депонијата) и секако штетно раководење со Комуналното претпријатие „Водовод“, каде што за 3,5 години се сменија 6 директори. Со огромни долгови (10,5 милиони денари) кон КЈП „Водовод“ останаа неколку општински училишта. Сообраќајниот хаос и недоволниот простор за паркирање во централното градско подрачје е сериозен проблем кој претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го менаџира ниту со доволен дополнителен паркинг ниту со проект/решение за катна гаража. Градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да реализира целосно оформени проекти: изградба на Дом за стари лица (со доделени средства од централната власт на сметката на Општина Кочани), ниту да го реши проблемот со Старата касарна, каде што нелегално живеат семејства во супстандардни услови, а фекалиите од овој објект се слеваат директно низ улиците во централното градско подрачје. За 3,5 години не успеа да стави во функција готов, новоизграден објект на градинка („Детелинки“). Не успеа да го стави во функција готов, новоизграден Планинарски дом!!! Локалниот економски развој во овој мандат на ДПМНЕ како воопшто и да не беше дел од надлежностите на Општината и градоначалникот како нејзин застапник. Единствени реализирани проекти во нивниот мандат беа неколку инфраструктурни проекти (улици и патишта) коишто беа обезбедени и идејно и финансиски во време на градоначалникот од СДСМ. Согласно со Законот за санитарна и здравствена инспекција и Законот за здравствена заштита, секоја општина е должна да формира канцеларија за унапредување на здравјето на населението/пациентите, во мандат на Папазов таа не е формирана. Општинската администрација, овластените инспектори во Општината работат динамично, не постапувајќи во законски дадените рокови, а за тоа немаат соодветна контрола од давателот на нивните овластувања – градоначалникот.